Спомнав претходно дека земав oд плавиот против првут, навистина веќе немам првут, ама косата многу често ми се мрси. Денес ја ако ја измијам, утредента ми е мрсна на коренот.
Мене многу убаво ми мирисаат и долготраен им е мирисот. Штета што не ми се погоди шампонот,може ќе пробам уште еднаш ќе го купам онај за сува и оштетена коса.
Мене убав и долготраен ми е мирисот...задоволна сум од шампонот, а користев за сјај, сега наредно ќе купам за сува и оштетена таков ми треба мене
купила мајка ми пред некој ден,за оштетена коса мислам дека,знам портокалов е и го пробав,добар е ,малце ми е густ некако ,али ќе видиме и понатака,мислам дека ќе го биде
Јас веќе еден месец го користам шампонот за сува и оштетена коса и сум премногу задоволна Со шампоните што ги користев претходно никако не можев да ја исчешлам косата без да употребам некој регенератор или субрина, а со овој шампон косата ми е многу мазна лесно се чешла и преубаво мириса
Kaков е шампонов по стуктура? Густ или проsирен ? Јас имам мрсна коса, преферирам од оние проsирните, па затоа да си прашам. И има за сите типови на коса, така?
Густ,кремаст некако бисерест.Ме разбра ? Чекај еве една сликичка Иначе ова стварно е Сајос. Мене ми се свиѓа,многу е убав,ја мазни косата,со малку шампон прави доста пена. Мене ми е следен на листа. Едно :up: за шампониве.
После тој за волумен, сега зедов Репаир шампон (за оштетена коса) и не ми е ништо посебен! Тој за волумен поубав ми беше. Иначе е бел, кремаст, прави богата пена, ама не можам без регенератор, сепак ми ја заплеткува колку-толку...
јас го користам регенераторот за обнова на косата и задоволна сум ја прави мека и свиленкаста и убаво мириса
Си го купив оној розевиот,за shine boost и првиот пат се измив и ми беше топ. Но секое чудо за три дена. Се измив уште 3-4 пати со него и видов уствари каков е, НИКАКОВ! Косата ми е како сено, како неизмиена, катастрофа. Worst shampoo ever!
Јас го имам тој за сува и оштетена коса,првите 2 пати ми беше добар,и е добар ти ја омекнува косата навистина,убаво мириса,и лесна е за чешлање али луѓе после 3от пат кожата на главата ме чеша...е тоа ми е вечит проблем.Неможам да си најдам асален шампон затоа што после неколку миења од сите ме чеша кожата на главата.
Трендафилче јас пред една недела ставив фарба махагони браун. Многу убава боја е. Мене не ми излезе баш како на сликата дека мојата коса е знаеш многу темна и затоа, но сепак сум многу задоволна. Нема да згрешиш ако избериш некоја од нив. Убави се многу.
Искрено сум разочарана Очекував многу повеќе од овие шампони. Го користев тој розевиот, со розева лента де, купив и ист регенератор, абре косата вториот ден ми се мрсеше Катастрофа жива. Добро може не одговараат на мојата коса, може на некој му се ОК. Една другарка веќе го користи нејзиното второ пакување и е презадоволна. Ама мене ама баш ич не ми праат мерак. Затоа се откажав и од фарбата Сајос, а ми беше на пик- следна за купување.
Го имав шампонот за оштетена коса, тој со портокалево што е. И ИЧ, ама ич не сум задоволна. Ко тесто ми ја правеше косава, заплескана, ми изгледаше ко да не ми е миена со денови.. А и една другарка ми кажуваше дека го користла истиот, и кај неа имало ист ефект.. own:
Jас земав шампон и регенератор од тие со црвена лента-за фарбана коса. И искрено, одлични ми се, посебно шампонот. До сега од ниеден шампон не сум почувствувала дека можам и без регенератор да поминам, секогаш морало. Сега првпат ми се случува и да не морам регенератор да ставам, зашто воопшто не ми ја заплеткува косата. И многу е мека и свиленкаста. А регенераторот сега ради реда го користам, да не остане толкаво шише.
Јас го имам овој: И сум онака, задоволна. Инаку да, точно е. Брзо се мрси косата од шампонов особено ако имаш проблеми со мрсна коса, а и ја спласнува малце. Затоа мислам дека овој е повеќе за оние со сува коса.