И јас мислам дека големо влијание за тресење на рацете има и самото крцкање на прстите.Го имам ова слушано и од постари дека можи рацете да се тресат од тоа.
нема врска крцкањето на прстите...и мене ми се тресат рацете буквално како што спомнавте погоре дури и кога треба кафето да си го донесам некогаш повеќе некогаш помалку....зависи тоа е наследно
Тресењето на рацете зависи од повеќе фактори меѓу кои би ги издвоил следниве: 1.староста -како доба кога целиот организам губи хармонија, 2.низок крвен притисок- поради слаба физичка активност или наследени предиспозиции за тоа, 3.проблем со нервите-кај нервозни личности и кај други ментални пореметувања(страв,психози) кај луѓето. Сето тоа може да се надмине доколку пиете апчина за смирување,избегнувате стресни ситуации,имате повеќе самодоверва во самите себеси,ако се најдувате во хармонична средина,ако се соочите со проблемот лице влице и малку спорт добро би ви бил
И ти успева со бкомплекс? јас б6пијам 3години по ред и ништо .смени 2-3месеца со б копмлекс и пак ништо.знам дека ми е од стрес пошто оној месец доста се нервирав па почнаа сега и нозете да ми се тресат и устата
јас мислам дека најмногу ќе ти помогни опуштање и што помалку нервози . знам дека идат и стресни ситуации но секогаш гледај на посветла страна и одавезно редовно јадење а меѓу оброците јади овошје и благо . за да избегнам стресна ситуација обично готвам или чистам по дома и задолжително музикааа
Нема врска крцкањето на прстите туку нервите, или пак е генетско наследство (или двете) Јас имам тремор на раце исто од некаде 13 годишна возраст. Одпрвин не обрнував на тоа посебно влијание, но подоцна.... Запишав средно уметничко каде ми требаа стабилни раце, прецизни потези... Почнав да учам шминка - истиот проблем. А за кафиња пренесување да не зборувам (рацеве ми знаат колку ми биле од жешко кафе изгорени) Штом сум маааалку вознемирена рацете ми играат неконтролирано како да имам Паркинс! Знаев дека татко ми има тремор на раце но мислев дека му е скорашен, поради годините, нервите, штознам... Подоцна, кога веќе треморот ми стана сериозен проблем, татко ми ми кажа дека цела негова страна од фамилијата (од мајка му) го има. Значи кај мене е генетски. Плус при мало надразнување на нервите, трема пред настап (што ми е неизбежно) или ладно, треморот се потенцира. Стравот ми беше ужасен. Милион пати ми се случило да ме прашаат ``што ти се тресат рацете така`` (посебно при палење цигара ) а јас да не сум ниту свесна дека тие ми треперат како луди! По консултација со матичната докторка, -ми препиша Хелекс од 0,25 (пола) штом констатирам дека треморот зема замав, или пред јавен настап и слично. И навистина ми помага. Во меѓувреме одам на јога и медитација така да мислам дека и тоа додатно ме смирува. Тhat's been mine experience with this problem! За крај да свртиме малку на шега (на сопствена сметка) Поздрав! Х*Д*В!
Рацете најмногу ми се тресат пред испит, значи од стрес ... Или кога сум гладна, хипогликемија тоа е наследно од татко ми ... Но најмногу од стрес кој што не можам да го контролирам, посилно од мене е
и јас сум загрижена мн на сестрами мн и се тресат рацете и целото тело бесе на испитување ама не и најдоа ништо као се ок ама она пак се тресе ако имате некоја идеа или лек ве молам пишете
јас кога сум вознемирена ми се тресат рацете...значи вознемиреноста на лик вешто ја прикривам но рацете и дишењето ме издаваат често...помош?????
Веќе пијам Б кмплекс пред некое време почнав многу да се губам...крва ми ослабнала скроз а некакви резерви и железоот ми слаби...не се разбирам многу од медицина.....ама битно б комплексот го пијам за тоа белки ќе ми помогне и со маната!!!
^^Ќе мораш подолг период да пиеш препарати на база на железо, најдобро да си земеш од оние што содржат комбинација од железо, Б12 и фолна киселина, и да внесуваш повеќе храна што содржи железо (месо, зелен лиснат зеленчук, семе од коприва, чај од коприва, какао, црно чоколадо...). Б6 не ги прекинувај, ама не останувај само со нив.
Ме разочарува тоа што читам дека многу луѓе го имаат овој проблем, ТРЕСЕЊЕ НА РАЦЕТЕ.....Сите викаме пиј ова пиј она, мисли позитивно...Но кога ке дојде моментот на страв од ШТО АКО МИ СЕ ЗАТРЕСАТ РАЦЕТЕ И ДРУГИТЕ МИ СЕ ПОТСМЕВААТ заборавам и позитивно да мислам и се друго.... За жал мене покрај рацете во последно време почна да ми се тресе и главата и нозете, некогаш и устата (кога треба да се фотографирам) Па се прашувам Господе што е со мене?????????????? Има ли лек ??????? Сум пробала речиси се...ама никако засекогаш да ми престане тоа проклето тресење на рацете................... Се обидувам во такви критични моменти да ДИШАМ ДЛАБОКО некогаш успева некогаш не...............Ве молам пишувајте уште совети за тоа како да го надминеме овој проблем, и секако доколку наидам на корисна информација во однос на ова веднаш ќе ве известам......Само да бидеме ХРАБРИ и УПОРНИ и еден ден ќе се извлечеме од ова....еден ден..... Сепак ми дава надеж тоа што многумина се имаат излечено од ова, па верувам дека и ние ќе го дочекаме тоа...
Е па Ани мораш да пиеш витамин Ц со фолна киселина и Б6...Плус добро е да земеш шумливи таблети со железо...добри се од Суправит.Или Фероглобин капсулите побарај ги...Како си дозволила толку да ти ослаби крвта? Обавезно слати, спанаќ, месо,јајце,ете темно чоколадо е добро,чај од коприва итн.А намали кафе и алкохол.И одмарај повеќе.
Така оди тоа...прво раете,па нозете и на крај устата ...кај мене тресењето на рацете никогаш не се смирува ,секогаш исто,може само да се зголеми-дас е намали не... нозете и устата ми се тресат при појак стрес,пиев хелекс,редовно сум со б6 и бкоплекс и ц витамини и све...исто и исхрана пазам...но не...тоа продолжува и страшно ме нервира...ај докторот ми рече може од штитната жлезда ти е,бев на патофиза проверив се е ок,значи остана опцијата стрес....како да се надмине...храбар си се бориш,но некогаш ти доаѓа да се откажеш од се
na sin mi isto taka mu se tresea racete i go vodevme vo sveti nikole kaj edna zena i mu pomina ni rece deka se isplasil i od stres mu bilo sega fala bogu e dobar.