nee bajacka zenata e eden vid bioene rgicar se vika Milka masira zenata i od bolki ne samo od stres. jas sum od kumanovo ako sakate ili nemozete da najdete eve go brojot ke se najdeme i ke ve odvedemeova e na sestrami taa e poslobodna i podobro znae Sneza 071 469974 a mojot e blagica 071 8320343 pozdrav.
Здраво на сите.Истиот проблем го имам и јас.Рацете ми се тресат уште од мала.Не го приметував тоа многу , но во последно време мислам дека се почесто ми се случува.Најмногу ги осеќам кога сум исплашена, возбудена, нервозна, и токму во оние моменти кога ми треба прецизност јас едвај ќе ја завршам работата или што и да е што треба да направам.Незнам што да правам и како да си помогнам. Можеби е наследно но сепак имам само 16 год. мислам дека не би требало да е толлку изразено тоа.
мене ми се дешава некад цело тело да ми се тресе не само рацете мислам дека е од возбуда или од нервоза
И мене ми се случува често да ми се тресат рацете и понекогаш ме загрижува тоа, но најверојатно е од стрес и нервоза. И да... многу ми е срам случајно да не го приметат тоа другите.
Јас дознав дека на тетка ми и се треселе рацете, значи постои можност тоа да е НАСЛЕДНО. Баба ми ми кажа дека тетка ми одела на психијатар и така и поминало. Еве веќе не и се тресат рацете. Мене се уште ми се тресат рацете. Бидејки од овие б комплекс и б 6 немам многу подобрување( сепак не престанувам да ги пијам), неколку пати сум пиела и диазепам, ма и тоа не помага, па затоа решив при првата прилика да си го побарам чарето кај жената во Св. Никола за која спомена Благица, можеби тоа ке помогне, обидете се и вие, мислам дека вреди да пробаме...
јас со тој проблем се носам од 12 години...и по доктори и по се сум шетала па џабе...се е то од стрес и нервози...
Е това ти је чудо не видено .................. никнаа купишта бијо енергетичари и масери тино иван исцелител а сега и оваја милка ах што се нема дасе најде по светов кога човек је во мака па и вакви врачови и врачалки да ги лажат
Некои 2-3 месеци веќе како константно ми се тресат рацете. Значи не при стрес, нервоза или не знам што, туку по цел ден. Почнаа и луѓето околу мене да ме приметуваат и прашуваат, посебно кога држам цигара во рака. Наследно да е - не е, никој од моето семејство го нема овој проблем, дури ни баба ми и дедо ми кои имаат над 80 години. Крвта ми е добра, скоро ја проверував. Стварно не знам што ми се случува..
Ух и мене мноогу често ми се случува можам да кажам секогаш кога ке се изнервирам и друго. Колку што знам не е ништо страшно, мене ми имаат кажано дека е од умор нервоза или пак мене од што ми беше - прегладнетост! Се најадов и ми пројде одма
И мене ми се тресат многу често.. Дури еднаш игравме една игра и еден другар ми вика де бре за една игра толку се изнервира,цели раце ти се тресат.А јас не бев изнервирана,не ни приметив дека ми се тресат рацете. Ми се има во повеќе случаи ова десено..
Нервозна сум и тоа мн. Ама последиве денови не сум се изнервирала за ништо. И мене во последно време ми се тресат рацете ама иам приметено дека само навечер и плус тоа осекам дека левата повеке и кога сум кревала нешто тешко незнам сеа сто е проблемао ако знаете ве молам кажете ми !!!!
И мене ми се тресат рацете, откако знам за себе. Но првите проблеми дојјдоа во забавиште со пишувањето. Тогаш бев по доктори, болници и тоа во Скопје иако не живеам таму. Оттогаш ништо, не сум примала никаква терапија, не сум пиела никакви лекови. Мислев дека со текот на времето ќе биде подобро, како што велеа и докторите - ќе се намали, но не! Наполнив 18 години, па дојјде време да полагам за кола, но треба лекарско. Бев да вадам прред 1 месец, ми дадоа потпис секаде, освен психијатарот. А зошто? Покрај другото треба да мижеш и да ги држеш рацете исправено, но мене ми се тресат. Тој ми рече да идам повторно, и бев, но не ми даде потпис. Па не ми дадоа лекарско - падна во вода мојот план да положам ова лето, а не знам дали и воопшто некогаш ќе можам. А да не набројувам колку ми смета при носење кафе, особено ако филџаните се полни, потоа при држење пластична чаша, дури и кога држам тенок лист хартија, од кој треба да прочитам нешто, а тресењето се зголемува пропорционално со бројот на личности пред кој треба да читам. Тресењето на рацете е еден од симптомите за пирамидо - екстрапирамиден Синдром ( ако знаете или најјдете некаква информација за овој синдром - пишете ). И да, дали некој од вас, со овој проблем има возачка дозвола?
^И јас го имам потполно истиот проблем. Премногу често ми се тресат рацете. Испијам едно кафе и одма ми се затресуваат рацете а срцето како да ми бие 120. Кога излезам на табла во школо ја земам кредата и неможам да напишам ништо од што ми се тресат рацете. Летото сакав да работам како келнерка ама неможев поради овој проблем. Го земам кафето и додека го однесам на масата пола го нема од што ми се тресат рацете. Кога треба нешто да направам пред многу луѓе, да презентирам нешто пред класот рацете ми се тресат како ненормална и јас поцрвенувам целата од срам. Си палам цигара и неможам да си ја погодам устата што се вели(знам смешно е ова ) од што ми се тресат рацете.
Здраво феминки, И јас го имам истиот проблем со тресењето на раце, не е битно дали сум нервозна, под стрес или имам трема секогаш ми се тресат рацете. Уште пред 4г почнаа да ми се тресат но сега многу почесто. Бев и на лекар али ништо не ми кажаа за ова само ако сакам да одам кај психолог. Според медицинска гледна точка тресењето на раце можело да биде предизвикано од некоја случка од минатото со која сме се истраумизирале. Но, сепак не отидов. Мене рацете ми се тресат и додека пишувам на тастаура и додека јадам, додека седам на часови и слушам, додека слушам музика буквално секогаш е сега не знам дали и во сон. За наследна не мислам дека е зашто немам никој во фамилија на кој му се тресат рацете како на мене од чиста мира, но на едниот дедо му се тресат пошто правеше магнетна резонанца и не знам и уште што таму. Fun Fact: На наставничката во 2-3 одделение и кажав дека и се тресат рацете а сега мене ми се тресат. Дали е карма или клетва не знам.
Мене истото ми се случи кога се омажив. Од стрес нервоза ми се тресеа рацете потоа ми остануват такви како на инвалид додека не ги масирам не ми поминуват и нормално диз... 5 пијав за да се смирам ама тоа ми остана ...