Tромбо ангитис/бургерова болест

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од blue_butterfly, 6 мај 2021.

  1. blue_butterfly

    blue_butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    ВЕ МОЛАМ ДАЛИ НЕКОЈ СЕ СООЧУВА СО ОВАА БОЛЕСТ,БОЛЕСТ НА НАЈМАЛИТЕ,НАЈСИТНИТЕ КРВНИ КРВНИ САДОВИ....ДИЈАГНОСТИЦИРАНА Е КАЈ МОЈОТ СОПРУГ,МАЖ НА ВОЗРАСТ ОД 46 ГОДИНИ,СТРАСТВЕН ПУШАЧ :(.....ВЕЌЕ СЕ ЈАВИ ГАНГРЕНА НА 4 И 5ОТ ПРСТ НА ДЕСНАТА НОГА,МАЛОТО И ДОМАЛОТО ПРСТЕ......ПОВРШИНСКИ,СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА НЕМА ПРОДРЕНО ВО ПОДЛАБОКИТЕ ТКИВА.......
    ВЕ МОЛАМ ЗА ИСКУСТВА,АЛТЕРНАТИВНА ТЕРАПИЈА,НЕСТО НА ПРИРОДНА БАЗА,БАБИНИ ЛЕКОВИ.....СЕ ШТО КЕ ВИ ПАДНИ НА ПАМЕТ
    ИНАКУ ВЕКЕ СЕ ЛЕКУВА НА РЕУМАТОЛОГИЈА,НО ВЧЕРА ПРИ ПОСЕТА НА ОРТОПЕД ЗА ПРВПАТ СЕ СПОМНА АМПУТАЦИЈА........КОЈА СЕ НАДЕВАМ ДЕКА НЕМА ДА ЈА ИМА БИДЕЌИ СЕ НАДЕВАМЕ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ПОВРШИНСКА НЕКРОЗА,И ДЕКА САМОТО ЗДРАВО ТКИВО ЌЕ ГИ ИСФРЛИ ТИЕ НЕКРОТИЗИРАНИ ДЕЛОВИ ;(;(;(:(:(:(:(
    АКО ИМА НЕКОЈА ПОУПАТЕНА ВО ОВАА ПРОБЛЕМАТИКА,МОЛАМ ЗА МИСЛЕЊЕ И СОВЕТ......
     
  2. blue_butterfly

    blue_butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Зарем никој нема да пиши нешто, нешто утешително, па и нека излажи ако треба
    Цело време пратам, нема одговор, дај Боже никој да не се соочува со ваква ситуација
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.213
    Допаѓања:
    56.800
    Слушајте лекари и нека не ве залажуваат со бабини лекови и приказни дека нема да ви треба лекар после тоа.
    Ако лекар каже ампутација, консултирајте се слободно со друг ама не идете на инат дека ќе помине без ампутација.
    Близок човек бараше лек по алтернатива, се изнадаваа пари и секакви верувања чуа и од надрилекари за еликсири и од лекари од приватни болници кои гледаа дека пациентот не е во добра состојба па си мислеа "ќе земат уште некоја пара уз пат", па им продаваа приказни за непостоечки третмани со матични клетки. Семејството западна во долгови само и од ништо немаше корист, на крај ем што мораше да се ампутира - ем мораше многу повисоко отколку што би било да едноставно слушаа лекар.
    Слушајте ги лекарите пред сѐ и со среќа.
     
  4. IRBBB

    IRBBB Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    3.175
    Допаѓања:
    13.896
    Пол:
    Женски
    @blue_butterfly престанок на пушење под најитно!
    Сѐ останато во консултација со специјалисти ревматолози и васкуларни хирурзи.
     
    На Alisa22, tamche995, Hristina7991 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.416
    Допаѓања:
    5.656
    Пол:
    Женски
    Не се лажете со бабини лекови и слушајте ги докторите.
    На мојот дедо му ја ампутирана ногата ете од тоа што се правеше многу паметен со бабини лекови и не ги слушаше докторите, да послушаш на време ќе му беа отсечени само два прста, а на крај заврши со скоро цела ампутирана нога.
    Не сакам да ти стварам страв и паника, ама најдобро е да слушате доктор.
     
    На blue_butterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  6. blue_butterfly

    blue_butterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 ноември 2017
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Јасно е тоа дека треба да се слушаат докторите, само до вчера никој не обрнуваше внимание на тоа дека прстите се во таква состојба, и дека треба несшто да се превземи, инаку сопругот се лечи на реуматологија,со дијагниза васкулитис, трбоангитис или бургерова болест. Тие промени ги има скоро месец и половина и во досегашното лекување воопшто о не се спомнуваше ампутација или некој друг зафат, туку ни велеа дека тие се површински промени и самото ткиво ќе почни да ги отфрла. И сега наеднаш дојде дека треба дел да се ампутира(4 и5 прсте и дел од страничниот дел на стапалото) Па ни дојде како гром од ведро небо, иако сум со позитивна мисла дека сепак со терапијата што ја прима ќе можеме да избегнеме ампутација.... А тоа за бабини лекови пишав, онака, инаку имам завршено средно медицинско училиште, знам како одат работите, само се јавија некои нејаснотии во целиот процес, па сакав да слушнам некои искуства.... Ви благодарам