1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Thinspiration

Дискусија во 'Психологија' започната од Amaia, 16 ноември 2010.

  1. Amaia

    Amaia Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2010
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Thinspiration ( thin - слаб/а, inspiration - инспирација).
    Сметам дека соодветното место на темата е овде, бидејќи темата е тесно поврзана со човечката психа.
    Искрено, денес прв пат чув за овој поим и бев доста изненадена. Имено една моја другарка, која навистина има вишок килограми денска ме праша: „Кој е твојот мотив за одржувањето на твоето тело, која е твојата инспирација?“ Бидејќи, таа за да го симне вишокот килограми, пронашла нова инспирација (или тинспирација).
    Се зачудив премногу.. Па зарем би требало да постои инспирација или било што, за да се трудам да изгледам и да се чувствувам привлечно. Или доколку немам вито тело, а сепак сакам да имам, зарем ми треба инспирација или нешто слично?
    Самото тоа, што ќе имаш тело какво што посакуваш, тоа чувство на пријатност во сопствената кожа, таа сексипилност која можеш да ја почувствуваш во секое време, без никаков повод или причина е доволна, повеќе од доволна.
    Затоа мои драги форумџики, ве прашувам:
    *Дали сте слушнале за овој нов поим?
    *Што мислите во врска со тоа?
    *Дали неговата употреба е „продуктивна“?
     
  2. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Искрено прв пат слушам за поимот, изгледа нешто од поновите генерации е :D . Сепак мислам дека борбата со килограмите и не е баш лесна. Убаво е да имаш нешто што те држи до целта. Имав како помала вишок килца и тоа многу, ама бев решена ептен да ослабам. Памтам дека на фрижидерот си имав ставено слика од мене кај што сум најдебела и искрено голем удел имаше таа слика во тоа што успеав да се доведам на нормала :) Можеби не ме инспирираше, ама дефинитивно ме тргаше од се во фрижидерот. :D
     
  3. lorijana

    lorijana Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    35
    Прв пат слушам1 јас за среца ја имам таа среќа да имам добра линија :clap:
    и мислам дека кога се работи за дебелината треба прво и основно да гледаме за нашето здравје,јасно ни е што се дебелината предизвикува и мене само тоа ми е еднинствена инспирациј :rock:
     
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.481
    Прв пат слушам и јас дека вакво нешто постои.
    Мене ми претставува моето тело, тоа ми е како сила што ме трга од кујна.
    Јадам многу, ама пазам на телото. Едноставно горда сум на него и секој качен килограм ми ствара мака. :)
     
  5. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Тинспирација ми е мојот задник :rofl:
    Го сакам,љубам,обожавам,поштовам ,му се восхитувам и верна му сум до гроба ! :rofl:
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  6. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.668
    Пол:
    Женски
    прв пат слушам за ова не сум ни знаела дека постои..
    таинспирација ми е мојот задник и моето тело, си ги сакам им се восхитувам горда сум со нив х)
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Да бидам искрена првпат слушам за вакво нешто.
    Мене не ми е потребна посебна инспирација за да ја одржувам линијата. Едноставно сакам да сум задоволна кога ќе се погледнам во огледало.
     
  8. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато и за thinspiration и за про-ана и за про-миа :D