Travel group internacional (Club restaurant Duomo)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Offspring, 17 јануари 2012.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    Веќе втор пат во рок од еден месец на мајка ми и стигнува некаква си награда за патување во Шпанија, Бугарија или Грција :^) Со платено сместување, само да си поднесе патни трошкови.
    Незнам од каде ја наоѓаат баш неа, и за каква награда станува збор... Дали некој имал искуство со ова? :^)
     
  2. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883

    Да се надоврзам на муабетов, и мене ми стигна ваква порака негде декември месец.
    Се јавив, ми кажаа само дека лица над 27 години или 26 не ме фаќајте за збор, можат да ја искористат наградата, секако патните трошоци и сите додатни си ги плаќаш сам. Само сместувањето е бесплатно.
    И ме зачуди, од кај баш јас?
    Пошто пораката беше преку bluezone за пораки што праќаш преку нет, али само една единствена порака имам пратено преку bluezone, ме зачуди многу. :^)
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    Травел Груп, или веќе не знам под кое име, се истите оние Травел Хаус што ширеа превари на народот и откако еднаш ги разоткрија си отворија нова фирма, под ново име.

    Има пишувано на форумов за ова тука, па прочитајте пред да им се јавите.


    И Офи да ти одговорам на прашањето, имињата и адресите ги наоѓаат по рандом избор. Познавам луѓе на кои им стигаа такви писма на име на веќе починато лице.
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.897
    Чудно, а мајка ми пак никако не праќала преку тоа Bluezone :D Од каде ли ја нашле, 2 пати стигнува ова во рок од еден месец :^)
    Вика, "Подарокот го добивате по случаен избор"
    :^)

    Едит, Артемиссион мислењево
    Ме потсети на ова :D

    http://www.southparkstudios.com/full-ep ... e03-asspen

    Кој го гледал - Знае! :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Па не дека јас ќе одев, и све да ми беше платено пак немаше да идам. :D
    Не верувам на вакви ствари, само ме зачуди кај ме најдоа, и чисто и реков на мајка ми да праша.
    Јас припотресена дека на нејзино име е бројот мој, па да испита терен.


    Да се информираш - да, а на лепе(слепе) очи да одам негде - no thanks. :)
     
  6. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    5.142
    Не сум слушнала за овие, ама знам други агенции што нуделе вакви „поволности“, и на крај сумата што треба да ја платиш излегува многу голема, и всушност како сам да си го плаќаш патувањето односно не се исплаќа.
    Ти кажуваат дека ти си добитник, а да се распрашаш и пола Македонија се добитници. :D
    Од она што го знам јас, не треба да им се верува на ваквите.
     
  7. Asja

    Asja Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2011
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    аа за малку и јас ќе поверував..ми стигна пораката од блуезоне,и навистина помислив дека сум добила..дури и се јавив во агенцијата,ме повикаа да одам на разговор кај нивната канцеларија,тоа било тука негде кај Плаза..но ,откако се интересирав тука у фемина,ехее видов колку други „добитнички„ имало како мене..па затоа,не обрнав внимание ни на другите пораки кои ги праќаа..позз
     
  8. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.255
    Пред некој ден и мене ми стигна едно вакво "изненадување" на фејсбук. Од Агенција за млади Јупитер.
    Демек добитник сум на платено сместување во приватен апартман на островот Пат во Хрватска. Некој мој пријател играл па ме препорачал и мене као, бла, бла, бла..
    Не верувам во вакви работи. Не се ни замарам да проверувам.
     
  9. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.653
    И сестра ми и една колешка добија преку ФБ патување ама до Банско од истата агенција, па еве ги гледам до сега веќе пет пати беа. Живи глупости!
     
  10. Alyssia

    Alyssia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    патување од агенцијата јупитер

    Една моја другарка ја избрале од агенцијата Јупитер за неколку дена во Банско, Бугарија и можело да земи 5 луѓе, меќутоа има информации дека агенцијата била лажна, ветуваат дека е платено сместувањето во хотел, а потоа можело да побараат сам да си платиш... Дали некој има или познава некој друг со вакво слично искуство во врска со агенцијата?
    Благодарам :)
     
  11. Filiposka

    Filiposka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    И мене ми падна такво патување до Банско,ама и јас слушнав дека било лажно.Денес требаше да ми се јават за да им потврдам дали ќе одам или не,ама сеуште ги нема.........може се попречени од протестиве :lol: .........како и да е јас секако неможам да одам :( така да нема да видам дали е лажно или вистинито
     
  12. Alyssia

    Alyssia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    2
    и на другарка ми требаше денес да и се јават ама не ја прашав дали и се јавија, бидејќи се одлучивме да не одиме :)