Напишав и "покрај другото служеле како алатка за ширење на либералната ретардирана агенда". Позначајните елементи од нашето опшество треба да се реализираат со нашите буџетски средства. Средства има, само лошо се менаџира со истите. Проблемот лежи во концептот на социјална држава односно во дел од социјалните расходи, и секако, во државната администрација која претставува преголем буџетски товар. Парите од буџетските корисници на САД треба да се реалираат во нивното општество, а не да служат за санирање и решавање на глобалните проблеми.
Не ме сфаќаш. Сарказам е. Ми се повраќа знаеш од таа умисленост на неписмен народ што нема поим колку е буџет на општината во која живеат, немаат поим кое околу нив, кој го има изградено, и никаде на кажуваат истите дека самите општини, таму каде е мешано, денар данок не се собира од другите нации. Е сега, оваа одлука дали парите ќе ги види обичен Американец или не, исто ми се фаќа, битно ние нема да ги видиме и дебело го заслужуваме тоа. Зошто? Затоа што сме рани куче да те лае, и да измислува теории на заговор. Оваа одлука е директно сиромашење на населението, затапување, изолација, а сите околни ќе земат пари од ЕУ, Македонија ни до тоа пенџерче не може да се довлечка сирота. Ама ако ни е. Сега ми текна, УСАИД правеше проект за волонтери да ги посетуваат старите и болни лица во општини во Македонија. Да им се купи, пазари, зачисти, зготви јадење, еднаш или двапати неделно, ама веројатно е поарно некој старец во некое село да умре сам и болен, па кога ќе засмрди трупот до средсело, ќе го најдат. Тоа што сега немаме деца со посебни потреби, не значи дека нема да ги имаме, арно ама сите тие дневни центри, здруженија за нив, проекти да вежбаат, сензорни соби, и УСАИД помага. Штом сметаат Македонците дека за лицата со посебни потребни не треба ништо, нека нема. Ти се роди ли утре дете со посебни потреби, ништо, ќе си седиш без работа, нема да има дневен центар да го носиш таму да се занимава. Што се контролира? Задник го боли Американецот што немале Македонците да реновираат кула во Кратово, што им се распаднал споменик во Кочани, што не знаат кој дуќан каде бил во Велес, нивни проблем.
Нема зошто луѓе да знаат сѐ и да се сметаат за неписмени ако не знаат нешто. Вработените во општините земаат плата за да се грижат за прераспределувањето на парите кои ги добиваат. Како така што се контролира? За да можат да аплицираат за нешто, мора да се приложат најразлични документи, да се има увид во буџетот, да се прегледуваат статистички информации кои некогаш се одвај достапни и до јавноста, а не пак за странци. Имаат поголем увид во сите работи отколку самите наши институции, а тоа воопшто не е мала работа. Тајна служба не може да дојде до овие информации ама со вакви проекти не мора ни да се мачат за да стигнат до информации, ние самите им ги даваме. Да напишеш дека не им е гајле притоа мислејќи дека сето тоа нема цена е многу наивно.
Е никој. Седам дома досадно ми е немаше шо да праам и го смислив само ова. На 1000 евра донирани за некое училиште нво имаат лапано по еден милион евра. Ми работи имагинацијата нели? Или може па вистина е. Зависи како одговара да гледаш на работите, а ја неам корис од усаид па да лажам.
Во тие документи за апликација сигурно не оддаваат државни тајни. Може се приложуваат статистики за одреден сектор, а тие статистики општините ги даваат на ДЗС, па од ДЗС презема Евростат. Не знам што е тоа толку бомбастично што би дознале за нас? Дека немаме патишта и канализации по селата? Тоа не е ништо интересно, ни бомбастично. И демек логикава е да ни дава некој милиони за да нешто наводно дознаел за нас? Македонија не е велесила, не е ни регионална сила, и која е логиката да крпат дупки на некои неодговорни што не знаат да менаџираат со пари, па и на истите да им даваат алиби да измислуваат терории на заговор. За тие земји што им е битно да знаат што се случува, тие не зависат од просење. Јас да сум Американка, ама баш ми е гајле што се случува во некоја земја каде уште во школите се греат на ќумбе како во турско време. Нема тоа „јас немам корист“(небаре некој треба да ви донесе пари кеш дома и да ви наполни фрижидер), имате сите корист. Им помагаше УСАИД на сите општини, освен ако седите некаде на планина во некоја колиба, па и во тој случај имате роднини по градовите. Во маркетинг агенциите знаеше и УСАИД да нарача истражување, што мисли народот за нив и дали ги знае. И поим немаа, тапа, е тоа се правеше секоја година и луѓе во цела МКД земаа некој скромен хонорар да го сработат тоа. Сега ќе нема УСАИД, ќе нема ни истражување, така да честито осиромашување, тие луѓе ќе аплицираат таму каде вие работите, и нив леб ќе им треба. А кога ќе дојде некој што е поткован со знаење, вашата плата или ќе стои во место или ќе летате, оти кога има повеќе кадар, има и повеќе избор, за помалку пари.
Ауф ауф се стресовме дека ќе ни ги земат работните позиции, многу начитаните интелектуалци од организациите како усаид. Слободно нека дојдат да видат како е да се работи за 450-500 евра. Едвај чекам да почнат да се појавуваат околунас. Ако не сме велесила ај да дадеме кој шо сака по дома да ни прави. Тање де свести се малку не само туку на муабет да се најдеш
1,5 billion to Serbia DEI?! Тоа е 1,5 милијарди? Трамп случајно знае кај е Србија and he doesn't like this Во прилог на муабетот на @NoirSerpentine ,,in the past, USAID have been able to assist countries that the US does not have diplomatic relations with, such as Iran,,. Трамп doesn't like this either
Teбе така ти се чини. А ти што мислиш, дека тие биле ултра богати досега? Ете дека не знаете, туку пишувате на памет, фантазирате, а лесно е да се прочита, ама кој ќе бара. Кадар на ЗНАМ што сега доби висока позиција, жената имаше регистрирано здружение, немаше вработени, човек здружение и аплицираше секаде каде имаше шанса за грантови и да, кажа дека нашите лобирале и местеле, така што жената заработуваше по 20.000 денари месечно кога минималецот беше 15.000 денари, ама мајка, две деца, онлајн учење, па беше задоволна од флексибилноста, можеш да вклучиш дете да учи онлајн, и дали ќе излезеш во 10, 11 од тебе зависи, важно да си ја завршиш работата. Епа некој таков кога ќе остане без работа, ќе работи и за 500 евра, што ти е чудно? Некој нешто ти прави, со тоа што ти реновира градинка? Нобелова би ви дала за манипулации. Каква е таа држава што нема една мочана градинка да реновира? Кога бев во Пробиштип, толкава табла оди ќе ти извади стоеше на градинка, реновирано од УСАИД, плус и игралиште направено. Луѓе што не се кадарни една градинка да средат, мислам бедно е да се каже дека би биле потребни некому, дури и за роварење, пиши пропало. Пред некои 10 години, јас не бев оти беше преку работна недела, но пријателки беа, УСАИД преку маркетинг агенција, организираше луѓе од цела МКД, е сега оти таму има секакви, не сфаќаат од прва, да ги спремат, правеа обука во Струга во хотел. Епа Американецот плаќа за хотел на луѓе од сите градови, плаќа превоз за тие луѓе до Струга и назад, дава пари на маркетинг агенцијата, дава за преведувач оти се тапа, не знаат англиски, дава на крај за хонорар на тие луѓе што ќе сработат. Тие пари ги земале хотелиерот, превозниците, луѓето, маркетинг агенцијата, а поентата беше да мерат висина, тежина кај деца од школска возраст, ама како правилно тоа да го сторат. Ееејј, ќути ти се мешаат во штипки, ти распаѓаат држава, замисли мереле висина и тежина на деца, каков шок, ејј. За да ти даде газдата 500 евра плата, треба да ги извади од некаде, не растат на дрво, а ако општо нема пари во државата, нема ни за тебе, многу просто. Сите тие НВО имаат ИТ инженери, често снимаат видеа за секакви потреби, ангажираат фотографи, сметководство мора да има, нели? Кирии некаде плаќаат, така?. Ама добро, и треба се тоа да се секне еднаш и да се дозапусти. Си пишал од организациите како УСАИД. Како да се тоа 5 човека во една канцеларија на едно место и еве ти си сигурен дека тие не се пописмени од тебе. Најписмената административка во општината не работи во УСАИД, ама работи со програми со УСАИД. Тие во „Порака наша“ на пример, не работат во УСАИД, ама работат со програми на УСАИД. Кај нас на работа еднаш дојдоа две просечни практикантки што можеа да развијат потенцијал, се осети ароганција кај газдата, дека ете ние сме заменливи. Нека стигнат кај тебе сега на работа 5 цв од солидни работници што би те замениле, и покачување ќе добиеш кога ќе си го видиш тилот.
И сеа со твојов пост само потврди тоа шо ја го кажувам, замисли за мерење на деца висина и тежина вршеле обуки платени во хотел во туристичко место па некои од нив и втор и трет пат требало реобука, тебе нели ти звучи тоа на перење на пари? Не а? Човек здружение кажуваш- како коже еден човек да биде здружение? Или тоа е нешто ко 100 000 евра за тренинг на магарето шо беа? Најписмена административка или администрација во општина не ни треба да работи со здруженија како усаид туку треба да изнајде начин како самата општина ќе го полни буџетот и парите од буџетот ќе ги користи за реновирања и подобрување на условите на луѓето кои живеат во таа општина. Не ми соли памет како треба некој да ни даде а особено не ми кажувај какви крлежи се вработени во организации како усаид. Иначе слободно нека стигнат, да видат како се вади парчето лебче а не ко амеби со години се цица од нечија цицка и се работи на разни интереси за остварување на надворешни цели.
Никој не рече дека имало реобука, сам тоа ти си го измисли, па и дури изглуми финансиска полиција перење на пари имало, исто измислица и манипулација, ко демек голема досетливост. Туку имаш собрано на пример 50 луѓе од сите градови, и некој има 30, друг 50 години, сите се различен калибар, добар дел не знаат ни англиски јазик, мораш да им објасниш и да им се преведе. И не мерат деца по хотели, ќе мерат по школи или нешто слично. И НЕ знаеш, затоа се чудиш како може да има човек здружение, па како може да има издавачка куќа со еден вработен на адреса каде газдата си живее, како може медиум да биде со еден човек, односно портал или радио? Фризерница со еден човек? Може. Или само за здруженија не важи според тебе, а за некој молер важи, демек услови на функционирање се утврдуваат на форум. Не се работи за магариња, ама одеа по школи, анализи правеа за заштита на македонскиот јазик, кој бил Блаже Конески, Петре М.Андреевски итн, ама многу згрешиле, чист криминал, ја растурија оваа младина што само демолира урбана опрема. Одамна требаше да ги скинат сите пари за Македонија. Јас сум поборник дури и се што е злоупотребено со камата да се врати, и ако јас лично се прашувам, уште утре треба да си заминат сите амбасадори од тука. Општините не наплаќаат данок кај албанското население, не можат. Еве нека се покаже Македонија, нека наплаќа данок со 100% ефикасност, па Македонија нека помага на други земји. Нека дознае и Македонија каде што се случува, демек со крпење на туѓи дупки, се дознавало нешто наводно многу битно.
Укуцајте УСАИД систем капка по капка, ќе видите дека донираа за поголеми приноси за пченка. Трамп и УНХЦР ги замрзнува. Ова си е инаку одлична мерка за Американците, нивни пари во нивни џеб, а кој не стигнал да си купи амбулантно возило, пожарно, едноставно не треба да има статус на држава. И додека плукаа и пцуеја граѓаните, потајно мислеа дека тоа така ќе си тераат со децении демек друг ќе им води сметка, тие мудреци ќе изигруваат и ќе ликуваат како тоа некој нешто им дал оти биле многу битни.
Па ти рече тема за вториот мандат на Трамп треба. Или не беше ти? Да ја отвори некој де. Како може да ги замрзне унхцр? Мислиш членството на ус во истата?
Уште една одлична мерка, читам дека САД, за изминатата година, донирале 2 милијарди што претставува 40% од вкупниот износ што го примила оваа организација, односно вкупно примила околу 5 милијарди (поточно 3 милијарди од други држави)! Тарифите кон Мексико и Канада се замрзнати откако Мексико постави војска на јужна граница, а Канада ќе инвестира во возобновување на северната граница. Претходно им го свитка коленото со НАФТА, само сега политичката клима во Канада е поразлична од пред 5-6 години каде столицата на Трудо е разнишана, па дури и поднесе оставка од лидерската функција на партијата затоа што, според анкетите, ги очекува дебакл на наредните избори. Очекував поголем отпор со кој ќе собереше некој политички поен на домашната политичка сцена. Веќе имаме волја и желба за започнување на преговори помеѓу Руската федерација (најсвежа вест од денес, Песков изјави дека РФ е подготвена за преговори со Зеленски иако е нелегитивен претседател), а Зеленски изјави дека денес Украина е поблиску до мир од било кој момент од претходните три години. Трамп го достигна пикот на својата популарност со овие шашави популистички политики, ја стабилизираше состојбата на јужната граница, започна со акции за депортирање на илегалните мигранти кои имаат криминално минато (и Колумбија го свитка коленото), имплементираше серија на идеолошки политики со кои заокружи серија предизборни ветувања, како и тоа започна економска агенда за намалување на федералните трошоци. Моја лична замерка околу оваа ставка е воениот буџет кој мора постепено да се намалува. На власт е само 2 недели, а веќе ги размрда глобалните политички сили. Во однос на темава, Македонија го прави клиничкиот центар од времето на Груевски, односно помина скоро една деценија, а не е ставен камен со камен. Ако не се лажам, проекциите беа околу 100 милиони евра, пари кои можеа да бидат обезбедени, но немаше политички консензус. Средства има или може да има, но политичка волја нема. Со една одлука може да се смени состојбата на здравствените работници и здравствениот персонал кои нема пензинско и здравствено осигурување. Со планско планирање може да се обезбедат средства за постепено менување на возниот парк, било за јавниот превоз или за потребите на болниците. Притоа нема потреба ни да се зголемуваат даночните стапки или да се воведе скалест данок, доволно е да се сузбијат даночните отстапки. И да, мора да се намали државната администрација односно одредени надлежности од централно ниво во целост да се префрлат на локалното ниво. Тоа значи значително намалување на улогата, задачите, функциите и формата на Владата. Нешто што сака да имплементира и новата администрација на САД, од федерално ниво, надлежностите да ги префрли на федералните држави, така ќе има помалку федерални агенции и тела. И што е поинтересно, додека Трамп ужива по пикот на популарноста, Демократката партија ужива непопуларност невидена последниве неколку децении.
Со укинување на УСАИД, губи нашата држава, а со тоа и граѓаните и тоа баш многу. Од плаќање на фирми за пракса на млади, до реновирање болници, опремување државни организации, поддршка на мали и средни претпријатија во развој, поддршка на земјоделство... итн итн. Давањето на пари на земјите од развој е заедничка иницијатива на јаките економии кои се обврзани да даваат % од нивниот БДП во овие цели. Прочитајте за ODA assistance и кои земји се членки и даваат пари зa official development assistance, каде и за што?. Има нешто што се вика soft power (изгуглајте), и има нешто што се вика зајакнување на држави за да може да бидат трговски јаки и спремни за трговска соработка. Дополнително е зајакнувањето на држава како партнер членка/сојузник на НАТО која има независни и силни институции. Кратењето на УСАИД во земјава директно афектира околу 200 лица (вработени во USAID и по проекти). Тие луѓе ќе се снајдат дали во земјава или во странство, не е тоа необразован кадар, па да пати за леб. А колку ќе ја чини нашата економија немање прилив на милиони долари годишно, сами израчунајте. И со оглед на сите кратења на помош и од други држави, баш ме интересира нашиве драги и мили политичари кого ќе го бараат за да им купи кола, им направи буџет, им направи годишен план, им опреми канцеларија, им обучи вработени како да користат ексел и слично.. Инаку у Велика Британија, односно Борис Џонсон направи нешто слично, само 'добро упатените ' експерти на темава појма немаат. Го укина DFID (еквивалент на USAID) и го додаде development во министерството за надворешни работи. И што се смени? Ништо. Пак даваат пари, пак даваат проекти. И да, малку е глупаво одредени ликови да коментираат работи за кои прочитале само во ФБ коментари.
Многу си запознаен со амриканската политика. Па едно прашање Мислиш дека ставањето на данок ќе оди во полза на муриканските компании и муриканската економија дека зависат од увоз особено кинески?