USAID (Усаид)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DaisyDoo, 4 февруари 2025.

  1. DS10

    DS10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2024
    Пораки:
    3.132
    Допаѓања:
    4.947
    Пол:
    Машки
    На eliesaab, Realist1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  2. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    4.116
    Пол:
    Женски
    Конкретно за Велес неколку училишта се реновирани преку Јапан проектите, градинките во далечната 2015-16 преку ЕУ, некои се преку ИПАРД и ИПА.
    Дека се сјани и вие не се, ама точно сламка за која се држиме барем нешто да се направи.
    Има и во овие проекти ( особено ЕУ) 20% финансирање од министерствата наши ама тоа е мн ситно.
    ЕУ се добри ама има многу подточки -барања и не се баш едноставни за работа. Вака убаво звучи нели парк направен со ЕУ за тебе шо е слоганот, училиште и сл. Останатите се полесни во смисла на реализирање и контрола.
     
    На Victorian, NoirSerpentine и Tanjamm им се допаѓа ова.
  3. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Тоа отровното растение што од Грција преминало кај нас и се појавило во Тиквештијата, и што е штетно за добиток, посеви и луѓе и предизвикува смрт, видовте чиј банер стоеше на пресот? Аххаха, значи странци плаќаат за да мапираме и уништиме отровно растение. Сите тие истражувања за рисови, мечки, мапирање на штркови, и слично, тоа ќе биде мисловна именка. Еве го сега додека пишувам некој граѓанин се јавува на Алфа и труе предавници, вакви, такви, пари, Џилас, се живо измеша. Еве соросоиди ја уништиле СФРЈ вика. Нема разбирачка со Македонци. Само навреди, клевети, пцуење, затупавеност, тоа е заштитен знак на менталитетот, и непособност секако. Народот е премногу неначитан, повторува тоа што некаде сретнал по фб, не ни гугла. Лесно им е на работливите, на паметните, вредните, еден Словенец нема да биде погоден како еден Македонец од сето ова. Допрва нема да има можности за младите, никакви. А најважното, губиш контакти. Ако останеш да комуницираш само со Македонци што се страшни манипулатори, неработници, забушанти, само ќе затупавеш, ништо друго. И не си правете филмови дека знаеме, можеме, имаме, ние сме најпропаднати на Западен Балкан, и нема никогаш да се оправиме. Народ што пцуе, колне, инсуинуира, лаже, од тој народ не бива ништо.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  4. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    11.779
    Од проективе што ги финансираат UNDP, Ipard и УСАИД имам спремано документација проектна, во предмерот кај што се пишува цената колку ќе чини тоа што ќе се прави, сите цени беа х2 или х3 од реалната на пазарот. Пример ако вистински би чинело 30к евра за нешто, ние гледавме барем на 100к да заокружиме.
    Од тие пари сите лижат прсти. И општо добро се прави за народот и тие повисоките во структурата лапаат добри пари.
     
    На Victorian, Realist1, NoirSerpentine и 4 други им се допаѓа ова.
  5. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.309
    Допаѓања:
    4.116
    Пол:
    Женски
    И ЕУ не се поарно. Еве провери работат преку PRAG ( може и грешка да сум) што се не се бара. Барем на почетокот беше со ова.
    Мислам убиство е само документација да спремиш не па да аплицираш. За цените излишно е да се коментира..
     
    На Victorian, Vikktorr и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Кога се реновира една градинка, градежните материјали ги купуваат од тука и тоа е вложување во нашата економија, а и работниците кои работат се од тука, локални фирми и нив им се даваат пари за сработеното. Кога се гради пат со странски пари, исто го градат локални фирми или евентуално фирми од соседна општина. Епа сега тоа ќе го нема, милиони и милиони минус во оптек во државата, голем застој, а работници што немаат што да работат, ќе ги пуштат дома преку зима или ќе ги одјават, ќе им дадат отказ, некои фирми ќе се затворат можеби, оти немаш што да работиш. А колку е државава асална и спремна да ги задоволи потребите на граѓаните, видовме преку милион примери, ко на пример моја сосетка три години моли да и пратат образовен асистент за дете со посебни потреби, па дури и кај градоначалникот бараше прием и пратиле, ама Албанка, а детето е Македонец, уште и ако не знае јазик, една помош, што да ти кажам. Чекам 2026 година да дојде, да кукаат тука како се е поскапено, а работа нема и платите стагнираат. Ако прекине Work and travel, тие неколку илјади млади Македонци ќе треба некаде работа да бараат. Тие 341 што Трамп ќе ни ги депортира, исто не знаеме што калибар се, ако и нив овде ќе им треаб егзистенција. А дека оваа блокада Македонците си ја бараа, оооххх, со боринче си ја бараа. Ти платил Американецот три школи да реновираш во Охрид и 5 патишта, доаѓа како турист, такси превоз што чини 150 денари му го наплаќаш 1.500. Сметајте дека и за влез во шенген ќе плаќаме и ќе не скенираат, уште една пречка до тоа некој да отиде, работи и да донесе пари назад.
     
    На Vikktorr му/ѝ се допаѓа ова.
  7. wendy2

    wendy2 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    11.779
    Дали ќе бидат засегнати Work & Travel програмите?
     
  8. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.103
    Допаѓања:
    9.411
    Пол:
    Женски
    Иди сега некој нека пише работно искуство USAID, одма го крка.. :rofl:

    Туку на темава ова е добро, пошто овие од кај нас више нема да лапкаат пари за џаболебарење и глупи проекти.
     
    На eliesaab и Букерко им се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    188.223
    Зошто? Ради creative pricing пракси? :smirk:
     
    На Victorian и Realist1 им се допаѓа ова.
  10. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    А нема ревизија, финансиски надзор, било што? 3 пати поскапо е премногу за да се провлече незабележано.

    Инаку, стар штос е дека ваквите организации се навистина хуманитарни, но пред се за вработените и оние кои се финансирани од нив.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    188.223
    Па као за буџети од милиони, смешно е да се заокружува на помалку:wasntme:
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Antebellum

    Antebellum Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    3.103
    Допаѓања:
    9.411
    Пол:
    Женски
    Ради лоповлук од лесни проекти. :D
     
    На Victorian, Realist1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  13. Deus ex mahina

    Deus ex mahina Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2018
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    313
    Пол:
    Женски
    Мала цена да се плати, и поради друго - Усаид со децении е главна алатка на американската "soft power" политика, долар овде долар онде, лесно се купува влијание, политичко, културно и економско, па сигурно и ова x2 или x3 е добро пресметано, во една планирана коруптивност.
    Цената е ниска и поради Кина, која ја научи лекцијата, па веќе спроведува слични развојни политики.
     
    На Realist1 и Biljarkata им се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Ааа па ние што сме битни за некој да ни влијае. Мене ми е тоа смешно и умислување. Нас сите пари албанското малцинство ни ги дрпа. Тоа што Македонците го собираат преку даноци го даваат на Арачиново, еднаш дури и пола милион евра им дадоа, па нас некој демек сакал да не има во сфера на влијание. Нас може секој да не командува како сака и кога сака, без денар. Едноставно сме малку, пресиромашни, дипломатија никаква, никаков капацитет за ништо, здравство, образование, инфраструктура, нула. Па и цркви ни реновирале. Боже па МЦП каде е? И која е логиката бе да даваат пари на некои мизерии што трчаат од казино на казино, од брз кредит на брз кредит, и истите да ги пцујат „јјјаа, ни ја растурија државата“(комшијата што пие и ја тепа жената секоја ден ова му го кажал, мора да е вистина), а државата пропаѓа од невоспитани, насилни, пијандури, мрзливи, од луѓе што крадат итн.

    Македонија да е моќна членка на ЕУ, да им треба, да, а вака за ништо не е. Комотно можат луѓето да потпираат врата на полско веце во некое селско школо со стап, и таман таквата состојба ти покажува дека таквите луѓе не се добри партнери, нема ни да бидат. Со вакви ако фатиш работа, епа те цицаат и тоа е како некој тумор, расте, ти расипува здравје, ти бара да му ги санираш проблемите секоја година, оти не му оди и така. Во Свети Николе едно 15 години фалат испаднати букви кај што пишува Автобуска станица, и до денес е така и таква држава и народ биле погодни за нечија сфера на влијание. оооффф
     
  15. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    IMG_2581.jpeg
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    https://racin.mk/svet/ilon-mask-spodeluva-lazhni-videa-za-usaid-napraveni-od-rusi/

    Toa погоре е од српски извор, препишале од Русите сигурно. На Хепи пред некој ден додека одеше емисијата стоеше на екранот „Трамп сака силна Србија“. Не кажал, самите си измислиле. А што е најстрашно немаат ни некој регулатор да изрече опомени, казни за целосно измислени изјави кои никогаш, никаде не биле кажани.
     
  17. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    Се е руска пропаганда кога излегува миризливиот веш на либералите
    https://infomax.mk/гренел-290-милио...P8DM4SHL6Ba60HqOMY_aem_ShwWvK4KuxZ6XGoCPoSx9g
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    301
    Пол:
    Машки
    Речиси сите вработени во USAID cе ставени на административно отсуство.

    Од 10.000 вработени, ќе останат нешто помалку од 300.
     
    На eliesaab и Realist1 им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    И офнет исто, три години пласира пристрасни проруски вести со шеговити наслови, тоест наслови извадени од контекст, бетер е од српските. Тој преземе од српските, тоа што му чини,, секако. Тоа е непочитување на етичкиот кодекс на новинарите, ама офнет не го води новинар како што знам. Вие на офнет верувајте му, не на школото што е реновирано, се читаме догодина ова време, со иста плата и цени до плафон, тогаш немојте да се жалите. Како и да е, независно што ќе пишете, вече @KuklickaSk ви кажа дека тоа се милиони и милиони кусок во државата, значи економски удар, сега најдете некоја вест од некој профил како Бангладеш за 10 години економски ќе гази и пишете дека ќе се селите таму.

    И да гледам, денеска сме 7.2.2025 година, дека платиле некоја ѕвезда да ја фали Украина, затоа втората армија во свет не го ослободи Курск до 1 октомври 2024, а не го ослободи ни до 20.1.2025 до инаугурацијата на Трамп. Сигурно е до парите, нема до што да е.
     
    На KuklickaSk и DaisyDoo им се допаѓа ова.