USAID (Усаид)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DaisyDoo, 4 февруари 2025.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Шеговити наслови и листа со сите што се офајдиле од УСАИД, и каде се донирало, и за какви проекти.
    Офф.нет го цитира Денешен.мк кој ја објави цела листа.

    Според информациите во Македонија УСАИД истуриле $290 милиони.

    Цитирано од Денешен:

    Агеницијата УСАИД, за која новоизбраниот претседател на САД Донлад Трамп, рече дека е „водена од куп радикални лудаци“, кои тие ги плаќаат, а за која бизнисменот и милијардер Илон Маск, копреседавач на Одделот за владина ефикасност, ја нарече „криминална организација“, била многу дарежлива и во Македонија и тоа, контото го полнела на одредени групации, меѓу кои и таа предводена актуелната потпретседателка на СДСМ Фани Каранфилова Пановска, во својство на извршна директорка на Фондацијата Отворено општество, односно Сорос, фирмата на новинарот Васко Попетревски која стои зад емисијата 360 степени, весникот „Слободен печат“, „Топ тема“ на Телма, новинарот Лирим Дулови, МИН, ИКС, екс министерката за финансии Нина Ангеловска и други.

    Според документите до кои дојде „Денешен. мк“, на Каранфилова Пановска, УСАИД и дал 1.191.546,99 долари за проект за граѓанско учество C-1676, кој трабло да се реализира од 1 октомври 2016 до 15 август 2021.

    Од оние кои што најмногу се офајдиле од Американците, секако е новинарот Васко Попетревски, кој од УСАИД добил над милион долари.

    За “Продукција на телевизиски програми „360 Степени Вју“”, Попетревски добил 1.444.270,00 американски долари, за период од 09 септември 2016 до 08 септември 2019 година.

    За проектот “БМАП – Вклучување на граѓаните во новинарска содржина на 360 Степени”, добил 19.883,00 американски долари.

    Име на спроведувачот (имплементаторот) на проектот:

    Internews, Сараево, Босна и Херцеговина, Друштво за аудио и видео продукција 360 Степени ДОО.

    Име на лицето кое е определено како одговорно лице за реализација на проектот: Васил Попетревски – директор на Друштво за аудио и видео продукција 360 Степени ДОО и краен корисник: Друштво за аудио и видео продукција 360 Степени ДОО.

    Помошта на УСАИД Попетревски ја добил за период од 20.12.2018 до 19.06.2019.

    За проектот “БМАП – Грант за инвестиции во технологија за 360 Степени”, Попетревски добил уште 8.030,00 американски долари, за преиод од 15.12.2018 и датум на завршување на проектот 30.09.2019.

    Потоа, следува уште една помош за Попетревски за “БМАП – Вклучување на граѓаните во новинарска содржина на 360 Степени 2”, странска помош од 19.760,00 американски долари, датум на започнување: 01.11.2019 и датум на завршување: 30.04.2020.

    Во 2021 добил уште една помош за “БМАП – Грант за инвестиции во технологија 3”, донација од 13.926,00 американски долари, за период од 01.10.2021 до 31.12.2021.

    Попетревски учествува и во голем проект „Граѓаните против корупција“, вреден околу 4,8 милиони долари, поточно 4.798.478,07 американски долари. Проектот почнал на 03.04.2023 година, а треба да заврши на 02.04.2028 година.

    Покрај Попетревски, во овој проект се и:

    1)Македонски центар за меѓународна соработка

    2) Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

    3) Институт за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС – Скопје4 Стопанска Комора на Северна Македонија

    5) Здружение на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА – ИРЛ Скопје

    6) Друштво за аудио и видео продукција 360 Степени ДОО Скопје

    7) Здружение на граѓани Балканска истражувачка репортерска мрежа Скопје

    име на одговорно лице за реализација на проектот: Александар Кржаловски – Директор

    краен корисник:

    1) Македонски центар за меѓународна соработка

    износ на доделени средства од Проектот во висина од: 1.751.209,17 американски долари

    Здружение на граѓани Центар за граѓански комуникации ЦГК Скопје

    износ на доделени средства од Проектот во висина од: 512.102,14 американски долари

    Институт за демократија СОЦИЕТАС ЦИВИЛИС – Скопје

    износ на доделени средства од Проектот во висина од: 416.407,94 американски долари

    4) Стопанска Комора на Северна Македонија

    износ на доделени средства од Проектот во висина од: 499.998,48 американски долари

    5) Здружение на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА – ИРЛ Скопје

    износ на доделени средства од Проектот во висина од: 655.310,00 американски долари

    6) Друштво за аудио и видео продукција 360 Степени ДОО Скопје

    износ на доделени средства од Проектот во висина од: 501.167,61 американски долари

    7) Здружение на граѓани Балканска истражувачка репортерска мрежа Скопје

    – износ на доделени средства од Проектот во висина од: 417.291,72 американски долари

    Покрај Васил Попетревски, УСАИД му донира пари и на Мирослав Јовановиќ – СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОО Скопје, и тоа за „Програм за медиска асистенција БАЛКАН (БМАП), Грантови за намалување на ризикот (РРГ)“, донацијата од 99.384,00 американски долари, за период од 01.08.2023 година до 01.08.2024 година. Име на спроведувачот (имплементатор) на проектот: 1) INTERNEWS – Sarajevo, Bosnia and Hercegovina

    2) СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОО СКОПЈЕ

    Име на одговорно лице за реализација на проектот: Мирослав Јовановиќ – Управител на СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОО СКОПЈЕ.

    Краен корисник: СЛОБОДЕН ПЕЧАТ ДОО СКОПЈЕ.

    Потоа за прокетот “Програм за медиска асистенција БАЛКАН (БМАП)”, добива помош од 24.860,00 американски долари, за период од 15.12.2018 до 30.09.2019. А 4.550,00 добива за уште еден проект за период од 01.10.2021 до 31.01.2022.

    УСАИД донира и 813.509,00 американски долари на “Топ тема на ваша страна”, за период од 23.09.2016 до 22.09.2018. Име на спроведувачот (имплементаторот) на проектот: Телевизија Телма, Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС. Име на лицето кое е определено како одговорно лице за реализација на проектот: Атанас Кировски – директор и главен уредник на Телевизија Телма. Краен корисник 1: Телевизија Телма со износ на доделени средства од Проектот во висина од: 542.248,00 американски долари и краен корисник 2: Македонски центар за меѓународна соработка – МЦМС со износ на доделени средства од Проектот во висина од: 271.261,00 американски долари.

    Над 4 милиони долари, поточно 4.420.000,00 американски долари, УСАИД им долелила на МИМ и ИКС за медиумска писменост „Младите размислуваат”, за период од 05.05.2021 до 04.05.2026.

    Име на спроведувачот (имплементаторот) на проектот: МЕЃУНАРОДЕН БОРД ЗА ИСТРАЖУВАЊА И РАЗМЕНА ИНЦ. САД преку МЕЃУНАРОДЕН БОРД ЗА ИСТРАЖУВАЊА И РАЗМЕНА ИНЦ. САД – Подружница Скопје.

    Име на лицето кое е определено како одговорно лице за реализација на проектот:

    Дејан Докузовски – законски застапник

    Краен корисник 1: МАКЕДОНСКИ ИНСТИТУТ ЗА МЕДИУМИ со износ на доделени средства од Проектот во висина од: 612.336,00 американски долари

    Краен корисник 2: ИНСТИТУТ ЗА КОМУНИКАЦИСКИ СТУДИИ со износ на доделени средства од Проектот во висина од: 659.344,00 американски долари.

    Краен корисник 3: Младински образовен форум со износ на доделени средства од Проектот во висина од: 498.088,00 американски долари.

    Екс министерката за финансии Нина Ангеловска за проектот „Градење на подобра македонска заедница за е-трговија“, добила 34.445,00 американски долари, за период од 01.07.2023 до 31.07.2024 година.

    Да не биде само дека луѓе блиски до СДСМ се офајдувале со грантови, и овие од ВМРО не се многу позади нив.

    [​IMG]

    Еве и за какви други проекти се спонзорирало.

    [​IMG]

    Може некои од овие имиња, и вработени во овие организации се кријат зад никови овде на форумот. :^)

    Во тој случај, се што може да им порачаме ние обичните граѓани е дека го предвидовме ова уште кога почна војната во Украина, и уште тогаш им рековме да си бараат работа со време.

    Епа сега, добредојдовте на отворениот капиталистички пазар. И со среќа барање работа. Ви посакуваме исто платена како што обичните граѓани ја работат.
     
    Последна измена: 7 февруари 2025
    На Bratot, Antebellum, Outlook и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Не си превидел ништо, туку мислиш досетлив си и пишубваш со злобен тон, демек си фатил некого во лага или не знам што. Имам сретнато такви доста надвор од форумот, 90% се такви од луѓето. Што има направено Васко Попетревски против државата на пример? Да не е криминалец случајно или терорист? Му ги гледаш емисиите? Слободен печат на пример? Кога последен пат си купил весник, паметиш? Знаеш колку чини да се има медиум и да се вработат новинари, нека се 5-10, колку и да се? Знаеш дека снимател, новинар, монтажер чинат пари, а ти ги гледаш нивните програми гратис, не плаќаш? Знаеш дека Македонија нема никаков пазар за медиуми? Знаеш дека има реклами што никогаш никој не ги плаќа од позиција на моќ? Ако беше досетлив ова ќе ти текнеше. И ИРЛ постои поради странски донации. Тоа Младински образовен форум не е МОФ, така? Како мислите дека Скопје има пазар да постојат 10-20-30 медиуми? Порано на прсти се броеја медиумите и гледам тоа не ви текна, а државата не е побогата. Очигледно живеат од странски донации по ова. Тоа мислам дека не е тајна, одамна е објавено, од основањето веројатно, не дека Денешен, ископал нешто тајно, ама кога ги читам МОФ не мислам кој им дава плати на новинарите.

    И многу сте смешни што нешто си ликувате демек вие работите, вие знаете, тие биле некои без труд добивале пари. Прво тие знаат одлично англиски, а обична раја само пишува во ЦВ, а не знае јазик. Оооффф, лелел, еве проверив, баш УСАИД има плаќано пракси преку АВРМ. Хахахах, добро тие чесни Македонци, што поседуваат фирми нели се способни да платат 100 евра на практикант? Зошто дозволиле Американци да ги плаќаат младите, а нив тие млади да им работат? Колку ИТ инженери работат во тие погоре што си ги ставил? Секој медиум има по еден, некои и по два ИТ инженери. Ќе дојдат кај тебе да бараат сега работа? Ќе фриленсаат и тие, и тоа нема да ти биде конкуренција, нема да те погоди економски?

    Кај вас се е терорија на заговор, но тие милиони минус во економијата, ќе значат сиромашење на народ, младина што ај што ништо не разбира, нема ни каде да се обучи ни за што, школите има да се дораспаднат, не, нема да има дружби, собирања по школи, доаѓање на ученици од други земји итн, што секако ако не се мешаш со попаметни, затупавуваш.

    И многу ми е смешно како тоа платена пракса, реновирање на школо го гледате дури како тероризам. До кај сме со нашите што ширеа лажни вести од Велес за Трамп? Затвор? Потерница на Интерпол? Становите што незаконски ги заработија на грбот на Американците ќе им се одземат ли? Со тоа до кај сме бре невини и чесни луѓе? Со изборите во Венецуела до кај сме? Најдоа ли кој за пари ремети избори на друг крај на свет? Зошто за ова не глумите досетливи?

    И самиот МИМ е основан од странци и по дански модел е таа школа. Не сте откриле топла вода, па како демек шокирани. Знаете ли вие од кога постои МИМ воопшто и дека од сам старт е основан по странски модел и со странски пари. МИМ постои од времето кога вие не бевте фанови на муџи и не знаевте за збор пропаганда. Благодарение на МИМ има сиромашни деца што добија шанса да се школуваат. Некоја потпросечна тетка што првпат слуша за МИМ ќе мисли дека таму има инкубатори во кои изведуваат сатанисти, нели, тој наратив го ширите? Првите генерации во МИМ веќе се во 5 деценија од животот, ама вие во 2025 година откривате дека ееејјј МИМ странци го финансирале. Хахаа.
     
    На malerozna, KuklickaSk и JoyJoy им се допаѓа ова.
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Леле вакво кукање и плачење одамна немаме прочитано на форум. :D

    Од претерана ароганција, а неукост си патите Тање. Живеевте во бабл кој пукна. Сега не знаете што со себе....

    Повелете на интервју. Секогаш има отворени места во приватните компании за тие што со своето искуство и знаење можат да направат импакт.

    За фриленс пак, треба уште повеќе вештини, оти таму маркетот е глобален и конкуренцијата е од цел свет.

    Англиски јазик како вештина во 2025 е нужно да се знае за било која административна работа. Па, за жал нема да ви биде многу од корист, ќе треба да понудите многу повеќе. :(
     
    На Bratot, Mrs. right, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Јас имам работа. Течно зборувам француски, италијански, имам 1 степен германски, ама тоа само основно знам, ме го сакам јазик, и малце турски самоука од Јутјуб, како и да е. Во приватен сектор сум и мене не ме загрозуваат нови кадри, оти ги нема, на УКИМ има се помалку и помалку запишани млади за мојата струка, а и се сакаат резултати на брзина. Не ми одговори како тоа МИМ работел против терористичка Русија илим против сиромашна Македонија, кога истиот постои веќе 20 и кусур години? Што направил Попетрески против Русија наводно нели или против државата? Што направил тој МОФ не ми е јасно? Кој е тоа чудо што сега го откри.

    Ти можеш за мене да пишеш 1001 пат дека работам во НВО, но тоа не е вистина и тој муабет нема да развие економија во државата, нема да понуди ништо ново за младите, нема да реновира школо, да поправи пат, нема од тоа да никне водовод и канализација во некое село, апсолутно ништо. Тие милиони што нема да се слеат во македонската економија, нема да ги покрие некое генијално откритие наводно на форум или некој пост од офнет со општо познати работи. И Македонија нема шанса за нови и свежи пари од некаде.

    Не може во оваа држава само поддржувачи на Русија и Хамас да имаат вештини, а сите други да немаат никакви вештини. Не мора да имаат вештини, самото тоа што ќе чукаат на врата луѓе останати без работа, ги знам добро газдите, веднаш тој факт ќе го напомнуваат и ќе ве држат на штрек. Оти се такви, расипани, алчни, скржави. Неукост е во 2025 година некој да дознава првпат за МИМ, а од таму се излезени и познати новинари, Сеад, Мрѓа, Мирјана Мирчевска, и Сашка од ИРЛ и многу други.
     
    На KuklickaSk и JoyJoy им се допаѓа ова.
  5. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Па ако е така тогаш што си толку загрижена дали некоја емисија на тв ќе биде укината?

    Ако е толку добра и гледана, има начини како да се спонзорира, преку маркетинг, реклами и други канали. Ако не може да најде спонзори, значи не е успешна, и луѓето што работат таму не поседуваат квалитети.
    Нека си стават клуч и нека се распуштат кога не ги бива.
    Нека остават на деца со 500 еур опрема што имаат повеќе гледања на Јутјуб, Тикток и други социјални мрежи.

    Имаме толку многу млади што буквално со нула буџет имаат огромен импакт во медиумскиот Зошто тие не се поддржани? Оти не сакаат да се контролирани и да го следат наративот наметнат од тој што стои зад овие донации?

    Па, ние на форумов имаме повеќе читања од нивните емисии ако се земат во предвид алатките за посети. Лесно тоа се проверува.

    Нека се запрашаат зошто е тоа така, и зошто никој не ги гледа.
    Подобро парите нека ги донираат во школи и патишта, отколку во пропаганда, па може тогаш и ќе имаат поголемо прифаќање меѓу народот. Вака прочитани се.
     
    Последна измена: 7 февруари 2025
    На Outlook и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    ЛЕЛЕ!!! шо направи бе човек :lol: :lol: Сега ќе те стави тања на листата прорусин со мене, КГБ агент! Не дека си прорусин туку дека им ги откри како ги лапаат лесно паричките автоматски влегуваш дека си прорусин нешто слично ко не испаднавме да гласаме за промена на името оти резултатите секако ќе беа наместени па автоматски бевме врмовци.
    Колку само крлежи има и какви големи суми на незаработени пари имаат добивано и трошено, едвај чекам да ми станат конкуренција на пазарот на трудот сега - СО АНГЛИСКИ БЕ !!
    Ги уби без пушка со постов, свака част ти се поклонувам.
     
    На Bratot, Mrs. right, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.391
    Допаѓања:
    40.766
    Пол:
    Машки
    Англиски и од компјутерски вештини Windows, Microsoft Word, Google Chrome и Firefox

    Што ќе правиме сега ние кога ќе ни ги земат работните места, ќе мора во Русија и Белорусија да одиме да работиме. :D
     
    На eliesaab и Realist1 им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Јас не реков дека сум загрижена за таа емисија, но, не сме во 1992 година кога постоела само МТВ. Тоа не е добро, да немаш медиуми. Ако се снашол да му дадат пари, зошто Васко да не си работи? Не краде, не ни лаже, таман си е емисијата, 100 пати поарна од оние глупости каде цел ден се јавуваат пензионери. Да не е Стефан Лазаров поарен од Попетрески, Слободен печат или од Телма? Што ако има гледаност? По таа логика зошто ти не си речеш „чекај бе, не фриленсам за западњаци, ги мразам, не сакам да работам за нив“. Дали ти ќе ја дадеш твојата опрема на друг? Не. Никој не би. Зошто Васко е на тапет на пример, а ти или некој друг не? Не е добро Скопје да има еден весник и една телевизија и што ми е гајле кој го финансира МОФ, што ми прави лошо мене МОФ? Ај види дека и МОФ имаше одлични приказни за криминал со брзи кредити. Ааа, тоа една државна тв нема да смее да го пишува, ако биде под контрола на власта.

    Не сум загрижена, само ви кажувам дека не е ок да немаш ништо, ич ништо, па и да се гордееш. Па вие тука зборувате и за школите да не донирале, лошо било, не ви чинело. Не може од форум некој да каже каде ќе донираат, и дали ќе донираат и за што. Нивни пари, за што сакаат ќе ги дадат, за што сметаат.

    И знаеш како било порано, ај прашајте ги постарите, дури и градовите многу доцна добиле канализација. Тетка ми е пензионерка, сега има 68 години, а пред 50 години живеела близу плоштадот, собирала измет во канта, па го фрлала во река кај што живеат Ромите. И другите правеле исто. Замисли колку сме биле затуцани, а тоа не било одамна и навистина е жално и срамота. Во селата уште е така, се чистат полски вецеа, се фрла тој измет во река, ако го фрлат во Пчиња, сметај тој во Вардар се бања во измет. И тоа е ок? Сакаш да ми кажеш дека ако УСАИД на пример ти даде пари за канализација, дека ти е смртен непријател, нешто те оштетил со тоа? И џабе го правиме муабетот, УСАИД е завршена приказна, само ви кажувам џабе се радувате. Кога во државата фалат пари, фалат во сите сектори, ќе се почувствува. Ако сега се затворат 10 нво во Скопје, ако згаснат 5 медиуми, ете ти помалку клиенти, оти сите тие си имаат веб страници, нема веб страници, и ќе има вишок ИТ инженери од сите тие фирми, и ќе бараат работа секаде. Македонија ниту е голема, ниту е развиена. Работа нема, голем избор нема. Не е добро било кој да остане без пари и без работа во државата, треба да биде обратно. Изолирана држава не е добра опција.

    Знам едно девојче психолог, работеше во некој шелтер за тепани жени. Мислам дека странци им плаќаа. Не е проблем што странци ја плаќаат, проблем е што Македонија има насилни мажи што тепаат жени, а не што нејзе странци ја плаќале. И цело време велите некој да се снајде, да се видело колку знае, да се докажел, а самите членови во други теми пишуваат дека праќале десетици мејлови и од никаде немало никаков одговор. Парите ние ги изгубивме како држава, тоа е готово веќе, само ќе бидеме уште позатуцани, сиромашни, уназадени, вие се радувате како којзнае што се случило. Кој каде ќе троши негови пари е негово право. Вие вашите заработени пари ги делите како друг ќе ви каже? Не. Епа зошто некој друг би делел свои пари како што вие сте замислиле. И премногу самоуверено настапувате, никој немало да ви ја земе работата, а поцркавте за поскапувањата. Не мора да ти ја земе работата директно било кој, самото тоа што ќе стагнираш не е ок, тоа е изгубено време.
     
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.063
    Допаѓања:
    188.224
    upload_2025-2-7_18-1-28.png
    Рекол Милтон Фридман, на англиски;)
     
    На Outlook, Realist1 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    Усаид и програмите за биолошко оружје во украина
    Ви реков Witch hunting ќе има у мурика кога ќе дојде трамп.
    dasdsa.png
    GdxV-sMWsAAbXlY.jpg
     
    На Bratot, sonuvana и Billy Idol им се допаѓа ова.
  11. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    Ги чекам срцките :D piar.jpg
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Не гледајте лично, гледајте општо. Ќе возиш по некој пат со дупки, не, не, нема веќе будали од САД да даваат пари да асфалтираш и да пцуеш, колнеш, а општината и градоначалникот не се одавде, епа ќе кршиш кола. Како за сите, така и за тебе.

    Мостот во Кратово, ако го покопаат крадци на злато уште малце, ќе се урне и тоа ќе е единствено гратче со урнат мост. Не, нема да се најдат будали да бркнат во џеб, да ти дадат да реновираш мост, тоест ти ги реновираа кулите, ти пцуеше, и во тој случај тие што сега во Кратово држат кафуле, ресторанче, кога ќе видат никој не доаѓа ни мрсул да фрли во градот, и тие ќе одат во Скопје да работат, ќе затворат, и не се сите глупи. за влез во шенген чешлање ќе има, нема да се оди како досега и шуто и рогато.

    Ќе отидеш на клиника, ти треба апарат да направиш преглед, а стариот се расипал, инаку дониран, нов нема да ти дадат, ќе дадеш добра пара во Систина, не е некој должен да ти мислиш кај ќе се лечиш, дури пцуеш, колнеш, измислуваш.

    А незаменливи ретко има во Македонија, општо ретко се раѓаат луѓе да се толку талентирани. Евентуално Жан Митрев, доктор за срце може е незаменлив и сличните, другото е заменливо. И дали вие ќе трпите да донирате со години за некого, да ги дрпаат тие пари, да си градат болници, да средуваат школи, па да купуваат трактори преку ИПАРД членови на ВМРО, па да ве пцујат, колнат, да кажуваат како вие треба да живеете, што да правите?
     
    На Dilajla123 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  13. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.279
    Допаѓања:
    2.814
    Пол:
    Женски
    Да, само што тие играчи се навикнати на лесни доларчиња, без многу труд. Попат го заборавиле и тоа што го знаеле, умислувајќи дека се прогресивна елита.
    Опасен може да биде нивниот гнев, бидејќи се навикнати да бидат " битни ".
    Предвидливо е каде ќе се насочат, но тоа е веќе друга приказна....
     
    На Bratot, Mrs. right, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.270
    Допаѓања:
    35.222
    Пол:
    Женски
    Срам да ви биде на сите што се ситите на тоа што УСАИД нема да дава пари во државава. Бедни сте во душа и појма немате дека со тие пари се реновираа училишта за деца. Имаше навистина корисни проекти. Плус без тие пари и те како ќе осетиме сите недостаток. Добра финансиска инјекција беа за државава.
    Тие што се ситите ќе ве замолам да најдете друг сличен извор на пари ако сте способни и кадарни де.
    Инаку сте само македончиња (со многу мало м) што ја потвдуваат онаа народната Да му цркне козата на комшијата.
     
    На malerozna, Dilajla123, RespectAndObey и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Aма многу сте бре аналитични, ама како не ви текна дека за еден медиум дури е поарно да опстојува со донации, ќе биде независен, а не да зависи од бизнисмен што е член на партија. Кога ќе дознавме за аферата со брзи кредити, да не беа тука медиумите што се независни? Медиум што зависи од газда член на партија, ќе шири лаги, едните ќе ги куди, другите ќе ги фали и тоа не е информирање, не е независно. Е така било во 1992 година. Бирн, Призма? Ги има ли на листата? И тие мислам опстојуваат со странски пари.

    Тоа што вас не ви се допаѓа што Русија не ја победи Украина СЕ УШТЕ, па демек наративот не чинел, е проблем што вие сте екстремно лоши пријатели, на пријателите им копате гроб(ова не го прават ни оние затуцаните муџахедини), имате насилна природа, па ја правдате со лош наратив и затоа сите знаат дека Македонците се квази пријатели и затоа јадеме плуканици секаде, заслужено со 103% Ај малце другите народи и држави, нека се занимаваат со овој наш наратив. Зошто не лежеа затвор момчињата од Велес што со ширење на лажни вести и профит ја поматија изборната волја во САД? Зошто не се откриени нашите ИТ инженери што за пари реметеа избори во Венецуела? Со кое право? Вие имаат проблем во вистината, не се медиумите. А за парите е завршено, муабетот е џабе, и тоа што се ситите на непознати луѓе, па како ли се однесувате со тие што ги познавате? Сигурно славите кога комшијата ќе добие отказ? И не ве плаќа никој, па само трчате по форум пријавувате мислења, барате банови, а да ве плаќа некој? Лелел, најголеми кодоши би биле.

    Крајно државата нека опне повисок данок, ама нека има реновирани школи, болници, што го боли полов орган Американецот или било кој што тонеш во измет? Твој проблем. Ако немаме болници, школи, па ние ништо не вредиме и не вредиме навистина.
     
    Последна измена: 7 февруари 2025
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    Никој не ја спори намената дека усаид во пракса би требало да помага и помагал, ние спориме дека парите не завршувале таму кај шо треба, па завршувале на места како лџбт кои што од 2020-2024 имаат земено над 4 милиони долари за промоција на лџбт пропаганди.
    Независен медиум не се финансира од здружение независен медиум се финансира од граѓани кои сакаат да донираат за тој да опстои, здружението за донацијата го користи медиумот за остварување ма пропагандни цели.
    Незнам шо те копка толку и те боли тоа дека милиони пари од усаид не се користени како шо треба и сега излегува тоа на видело и ни кажуваш како било ок се. Па еве ги извештаите ок ли е? Лажат ли сеа пак и извештаите од усаид ли е руска пропаганда?
     
    Последна измена: 7 февруари 2025
    На Bratot, *Amethyst* и Billy Idol им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Донираш ли ти за медиуми и другите? По колку донирате? 200 денари за мтв народов не сакаше да плаќа. Сега гледам листата погоре, и значи да не ни финансираа странциве, ќе гледаме само МТВ и таму уште пее Александар Сариевски кој одамна е починат. МТВ друго ништо нема и тие се едни страшни неработници, ама никаде не сте пишале дека таму има збирштина од неработници, дури ни на работа не одат некои.

    ЛГБТ ги имало, има и ќе ги има. Ако им дале пари, им дале, не се твои пари. Ако дале за ЛГБТ, не даде за тероризам. И зошто воопшто имаш во државата геј популација, нели само семејни вредности тука виреат? Никој не прави пропаганда да се тепаат и колат жени, и да се сликаат и снимаат голи, па тоа се прави често. Зошто? Не знам дали се сеќаваш кога многу одамна, јас дете бев Чомовски го направи првото интервју со геј во Македонија, со Кочо од Битола, па никој не рече дека е тоа пропаганда? Зошто?

    И тоа не работат, не знаат и примаат долари се исто лаги. Дефектолог што работи во Порака наша е навистина дефектолог, психологот е навистина психолог, не се дојдени од нива каде собирале пченка, па демек сега ги учите „ајде нека почнат да работат“. Примале пари во долари. Не, во денари плата примаат и тоа може да биде и хонорарно, не мора да значи дека имаат и платени придонеси. Ама лесно било. Како не. Сте биле некогаш во некој таков центар? Знаеш дека некои се агресивни? Па 5 минути нема да седиш таму да те пратам, не да работиш.

    И од таа листа погоре, сите фирми постојат, не се фиктивни ни фирмите, ни луѓето, а тие пари се дадени за неколку години. Добро, топ тема нема да ја снимаат со искршен леген, треба камера која чини неколку илјади долари, за добра емисија требаат три камери, а на нив три сниматели, тонец, режисер, мгс, графика, монтажер, итн, плус водител(нели имаа 3 водители, плус репортери за прилози). За тие луѓе треба плати и придонеси во рок од 3 години гледам таму или нека се и две, колку и да се. За да возат да снимаат на терен, треба возило кое не иде на вода, треба гориво. Па и вашите газди ги даваат тие пари за 2-3 години ако пресметаш плати, придонеси, даноци, кирии на канцеларии итн. Зар на ова не ви текна? Ништо не ме боли мене, туку ви се чудам на пресметките. А службени телефони на тие вработени нели им треба? И цело време за емисијата стои кајрон - надворешен проект, финансиран од....Не сте ја откриле Америка вчера, одамна е тоа познато. КОД нели е надворешен проект? Не ги гледам, ама се.
     
    На JoyJoy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    126 милиони долари имаат донирано на радикални организации.. дај молам те престани со глупите пропаганди.
    Ако мажот ја тепа жената мажот е крив нема причина која го оправдува насилството. Ти ми вадиш причини и ми ги оправдуваш истите поради кои тој ја тепал жена му. И сеа на сите овие извештаи ти ми спориш како извештаите се пропганден материјал и усаид е супер организација? Добро е тање напиј се едно пиво, знајме да читаме и да размислуваме дали нешто е ок или не е, не сме со мозок на кокошка сите.
     
    На Bratot, *Amethyst* и Billy Idol им се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.554
    Допаѓања:
    13.905
    Koи се тие радикални и од Македонија ли се? Ал нусра се спомна, ама има ли во Македонија такво нешто? Колку знам не. И како тоа не рабоеле, па „ххехехех, да почнеле да работат“, па јас како гледам Топ тема оди редовно, секој ден имаат по 3 или 4 гости, снимките не се од телефон или по скајп како што прават на други ТВ со цел да заштедат на гориво, да не праќаат екипа, што е смешно, ама без пари, тоа е. Како тоа Слободен печат не работи? Ме мрзи да барам, ама нели ја открија тие аферата со Јилдиз Веапоска која остана без органи? МТВ дали некогаш има извадено екслузива? Не паметам, тешко.

    Најголем дел од ЛГБТ во Македонија се Македонци по националност. Па што вергале дека светот ќе го подучувате на семејни вредности?
     
  20. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.922
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Машки
    Нема рационална дебата со тебе, ко расипана лента си, се измеша и баби и жаби. Замисли усаид наместо промоција на лџбт 4 милиона евра да дале за лекување на болни деца м? Шарената кој ја финансираше? Се си викам и бомбите можда беа?
    Ова ли ми го правдаш?
    IMG_2588.jpeg IMG_2587.jpeg IMG_2586.jpeg IMG_2585.jpeg
    За ова ли ме убедуваш?
    Еве ти и едно видео да си поуживаш
    Земи си марамчиња за солзите
    https://x.com/WallStreetApes/status/1887722098212413522

    А и да ти о јаснам зошто ти ги финансираат нво та и медиумите со оваа слика IMG_2593.jpeg IMG_2594.jpeg
     
    Последна измена: 7 февруари 2025
    На *Amethyst*, eliesaab и Цобра им се допаѓа ова.