USAID (Усаид)

Дискусија во 'Политика и настани' започната од DaisyDoo, 4 февруари 2025.

  1. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Абе ние кога викавме тука на форум дека треба да воведеме закон како Грузија каде што јавно и транспарентно мора секоја странска НВО донација да биде јавна и транспарентна па секој да знае од каде и кој е спонзориран и каква агенда шири, вие пишувавте како е недемократски, руски, путлерски, ваков - таков, а секоја сериозна земја има таков закон за да не може да им роварат странски агенди и да прават јавен политички наратив.

    И сеа кога се откри за УСАИД, кукање и лелекање од Галичник до Река. Исто ќе биде кога ќе се открие и за овие ако се спонзорирани. Исти шлајм е се тоа.
     
    На Amellie13, Букерко и eliesaab им се допаѓа ова.
  2. staycalm

    staycalm Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    4.736
    Допаѓања:
    25.847
    Пол:
    Машки
    Кои тоа ние Били, ти се расправаше со мене за дискриминаторски закон од Грузија, никој друг. :D Може другите не се сеќаваат, еве потсетувањее за каков закон станува збор.

    Подобро никој воопшто да не ги финансира ни тие ни тие, отколку да биде финансиран фар рајт шлајмот, ако тоа означува некаква „еднаквост“, а притоа едните не заслужува да се во иста реченица со другите. :f:
     
  3. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.377
    Допаѓања:
    40.702
    Пол:
    Машки
    Исти шлајм се и едните и другите, и ултимативно позади нив најверојатно и истите луѓе стојат.

    Небитно, еве ти го законот, и истиот го има и САД. Не гледам како за некој ова може да е лош закон, освен ако не е дел од тие што се офајдиле од странски донори. ;)

    Under the bill - which passed its third and final reading with 84 votes against 30 on Tuesday - NGOs and independent media that receive more than 20% of their funding from foreign donors would have to register as organisations "bearing the interests of a foreign power".

    They would also be monitored by the Justice Ministry and could be forced to share sensitive information - or face hefty fines of up to 25,000 GEL ($9,400; £7,500).
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Што дека ќе се донесе каков било закон во државава кога ништо не функционира? Кој каква агенда ширел, па што шири тој Лазаров во етер да ве прашам? Колку киксови направи? Се смееше на силување, канеше порно глумец да кажува која смрдела, па уште и новинар како Попетрески опрема да му давал. Боже, боже. Не може светот да функционира по желба на група луѓе во Македонија и цело време зазамете став дека вие на некому нешто ќе му наредите и тоа било универално добро. Се оправи ли Македонија откако ги укина УСАИД парите? Раст колку е ? Стигна ли до 10%? Иселувањето запре ли? Корупција веројатно нема. Тоа се измислици, оној штетел, овој штетел, за да се избегне фактот дека македонските власти нанесоа ненормална штета на државата и затоа е унаказена.

    20% од Грузија се под руска окупација, извршени се геноциди во два региони, вие за НВО зборите. Проблемот е што Русија не одговара и не платила оштета, а не па да командува во соседна држава какви закони ќе се носат и кој и што смее да функционира. По таа логика, треба нас Тирана и Софија да ни наложуваат закони, како смееме да функционираме, за да биде исто како во Грузија и треба да не смееме да загазиме накај Групчин, штом се споредувате со Грузија. Имате среќа што не сте Грузија, не ви е вас потешко отколку на Грузијците, полесно ви е и дебело тоа го искористувате и ширите пропаганда, а не се работи ич ништо во државата.

    Кристијан Голубовиќ не беше кај Лазаров гостин? Не објаснуваше како убил човек, како со чекан му ја скршил ногата? Па имал импакт, публика, надеж бил, кои глупости. Па да има ред во државата ќе одговараше за тоа што промовира криминалци како Кристијан и порно глумци? Не ја канеше Тара што се дрогира? Дно па и уште воодушевени сте. Брее.

    Криминалци, порно, наркомани, па имаше и еден геј гостин во фустанче, а него го зезаше покоен Зоки фаци со Лазаров на поткаст, не гледав, ама читнав деновиве нешто за Зоки, и тоа ми излезе. Мизерија од невиден ранг. Какви јутјубери има во странство, македонските се под нула.

    Никаква етика, никаква култура оди во етер, уште зборуваат на искривен скопски, ни мајчин јазик не научиле, правоговор не знаат, ама надеж биле, како да не. Во други понормални земји народот си има критериум што гледа, разбира од квалитет, не се пали на навреди, пцуење и таквите исчезнуваат оти нема логика да снимаат за без пари. Кај нас и во Србија идоли се оние како Бака Прасе.
     
    Последна измена: 10 март 2025
  5. Букерко

    Букерко Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2023
    Пораки:
    151
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Машки
    Да беше Центар за заштита на жртви од семејно насилство, не верувам дека некој ќе имаше одредена логична причина истиот да беше затворен. Зошто истиот не е дефиниран како закрила на сите жртви на семејно насилство? Прво измислија термин "род" (психолошки, не граматички) кој го одделуваат од термилот "пол", и со ваквите проекти му даваат своевидна општествена функција.

    Преку промовирање на проекти на невладиниот сектор, под закрилата на човековите права, каде сакаат да се инфлилтрираат и во образовниот систем, наудиваат на масовен отпор кај самите родители односно граѓани.

    Мојот личен став е дека нашата влада треба да менаџира со нашите пари, каде ќе има соодветна распределба на државниот буџет со секој сектор. Убаво е да има и одредени странски донации и проекти од странски физички и правни лица, во доменот на културата, ама истото треба да биде предоминатно со учество на министерството за култура. Тука лежи туристички туризам, но главната причина треба да е заштита на историското и културното наследство. Средства има, само лошо се прераспределени.

    Истиот став го имам и за изградбата на џамии, кои почнаа да никнуваат како печурки.

    Сума сумарум, отпорот кон УСАИД е за идеолошката компонента која се вметнува со најголем дел од нивните проекти, таа компонента не кореспондира со вредностите на најголем дел од нашите граѓани.

    Што е за поздравување, и моменталниот режим во САД се согласува дека најголемиот дел од овие трошоци се непотребен трошок за американскиот даночен обврзник, што е основна логична појдовна точка за размислување. Истите пари можат и мораат да се инвестираат во САД, било во инфраструктура, било во подобрување во условите во здравството или образованието.
     
    На LadyR и eliesaab им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Koja транспарентност ќе ја бара Македонија од било кого кога е каша попара и нефункционална? Ако дошло Македонија на велесили да им бара есап, Македонија што не наплаќа данок и струја во Арачиново и што има стотици џамии на диво, а не смее да ги чепне, тоа е смешно. Транспарентност? Па има и имиња, презимиња, имаат тие нво адреси, мејлови, гостувале по тв, се знае што работат колку транспарентност е потребна за Македонија каде во државни институции никој не крева ни телефон? Абе многу високи критериуми имате, ама за другите, за нас тоа не важи. И што се оправи овдека откако УСАИД ги укина парите? Гледам смет нема на секое ќоше, улиците немаат дупки, врие народ по градови и сега, сме се оправиле, значи до УСАИД било.
     
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.838
    Допаѓања:
    9.485
    Пол:
    Женски
    Популистичка одлука и ништо добро нема да произлезе. Ја скрати помошта таму каде што е потребна, додека паразитите секогаш ќе дојдат до нови средства за шмукање, или да не мисли некој дека Америка ќе се откаже од своето влијание во светот, ахахах.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Машки
    Ами ако веќе се фаќаш мори Тање за наркомани го имаш ете Зеленски, наркоманчина прва класа, па пак беше промовиран на големо во Вајт Хаусо со Бајдена и лидерите од ЕУ си го имаа на ти го, дај ми го, инаку ако ти смета и порњавата ами таа индустрија мори Тање од кај Америте ни дојде, таму барај кривец, е сега знам ти ја осеќам болката за УСАИД не велам не пари се во прашање, ама и без нив се можи вервај, се користеа за пропаганди за неубај работи, се потплаќаа новинари, аналитичари, медиуми, емисии... тоа одамна требаше да се реши, ама ете даде госпо дојде господино Трамп и ги реши како два и два :)
     
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Тара Симов не беше дрогирана и не се пушташе во живо да кажува дека имала незаштитен секс? И таа му беше гостинка на Стефан така? Што пример се промовира пред младите? Зеленски не гостува на македонски подкасти и медиуми. Да, да, па гледам затоа не сака Мицко да пресече за тој бедниот минималец, дека потплаќани биле новинари и затоа ќе јадат папаја во Влада, дека УСАИД плаќал медиуми, глупости. И тоа што пола затвореници вршат кривични дека додека се на викенд, еве како тој денеска што признал дека го уби златарот оти се дрогирал, сигурно се странските медиуми криви. Со овој народ, оваа држава дури добро е што постои. Инаку, какви јутјубери има, какви кадрирање, какво монтирање, какво информирање, Македонија да ја видиш ќе се запрастиш, ја направиле поубаво од реално што изгледа.

    Ништо од никаде не ти дошло, такви си биле луѓе овдека, не ми правдај алхоличари, наркомани, силувачи, бандити, простаци, порно глумци. Карло Бос колку години има? Помалиот брат му е над 40, овој накај 50. Тој снима веројатно од времето кога ние како мутави од сиромаштија ни интернет немавме.
     
    Последна измена: 10 март 2025
  10. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Машки
    Не знам Тање не ми е битна Тарето, инфлуенсерка како инфлуенсерка секакви ги имаш, оди во клуб се и сешто ќе најдеш во една вечер исто ти е, туку овај другиов треба ѓоа побитен да ни е иако не гостува по наши медиуми, но како шо оди работата и го бркаат не ме чуди во блиска иднина да се нацрта на некој поткаст наш, само слатки се парите од УСАИД пак се голта и замижува на се и сешто 8)
    Македонија си е убава, ваквите шо постојано плукаат по неа поради одредени цели нечинат.

    Дошло дошло како дошлоо, туку се надевам како дојде така и ќе замине.
    А кој снима и колку време не знам Тање не ги пратам до толку, ете ти ги пратиш и знаеш, види од кај им се продукциите и за кај снимаат пак ќе видиш шо од кај иди.

    Имај убава вечер и полека со гледањето. 8)
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Гледав една супер репоража од странци и во Кратово најдоа ѓубре само рекоа „Македонци, имате убава земја, ама не ја валкајте, не е убаво тоа“, ама бирале кадри, знаат како се снима, информации, речити, харизматични, ова македонската работа, се собрале таму кој од кој и само трескаат глупости, раскажуваат за криминал, кој колку мажи сменил, за убиство, па и како некој врв биле, па и опрема да им се дало, лелеле. А тоа го гледаат и деца на јутјуб, и нив им се наметнуваат пропалитети како идоли. Мали деца во фамилија не сакаат да учат, ќе биле јутјубери, им кажале возрасните дека и од глупости може да се заработат пари.
     
  12. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.362
    Допаѓања:
    41.642
    Па уствари и Наше Маало беше финансирано од УСАИД...

    Целта беше да ни се исперат мозоците демек можело соживот, дека ромите можат на школо да одат и дека албанците можат македонски да зборат течно Ц2...
    И дека згради зборат.

    Е ова ако не е пропаганда и програмирање, па уште и на деца, еве на.
     
    На Mrs. right и Biljarkata им се допаѓа ова.
  13. Realist1

    Realist1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2019
    Пораки:
    1.859
    Допаѓања:
    4.588
    Пол:
    Машки
    Game over.
    IMG_3002.jpeg
     
    На Букерко и Bratot им се допаѓа ова.
  14. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    4.829
    Допаѓања:
    16.655
    Пол:
    Машки
    На Realist1 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    7.223
    Допаѓања:
    27.816
    И кај нас се што беше финансирано од донатор стоеше со знаме и дисклејмер.
    Петко за деца серијата е финансирана од UK, исто и дел од Биби и Боби епизодите. Си стои знаменце.
    US ги финансираше ИРЛ и 360 последно, претходно Вчерашни новости, фамилија Марковски итн.
    Какво странско влијание, невидено :x
    Сума сумарум, од 23 програми на УСАИД во земјава 1 , со букви една, од 1 милион долари за неколку години, или во УСАИД рамки penauts, еден од најмалите проекти тука покриваше лгбти+ популација.

    Во земјава има 4 шелтер центри за жени жртви на насилство. Сите до едсн функционираат/функционираа со донатроска поддршка, највеќе од УСАИД. Таман со затворањето и на тие ќе имаат можност психопатите и повеќе да ги малтретираат своите жени на кои местото им е само дома.
    Македонија има свој буџет? :rofl: собери износ на донаторска поддршка годишно и види за колку го надминува годишниот буџет на земјава..

    Ајде со среќа одлив на хх милиони долари годишно од оваа силна македонска економија.
     
    Последна измена: 29 март 2025
    На CameliaMiller, Tanjamm, staycalm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Точно дека секакви странски донатори финансираа проекти за соживот. Намерата не е лоша, ама не е тоа за нас, не ни иде. Арно, ама не бива соживот, не сме ние на тоа ниво цивилизирани за да прифатиме и да не прифатат. Пример, инспекторка што работеше на таков проект инаку Македонка, јавно на тие настани каде се јадеа риби и грав за Бадник и овчо месо и баклава за Бајрам, кажуваше дека е убаво што Македонија е мешана, а неформално во разговор со мене ми кажа дека за Бајрам во албанско школо не ни сакале да примат Македонци, велеле „што ќе ни е тоа, не ни треба“. И се виде тоа, децата Македонци стигнаа, овие масата ја местат, ставаат чинии, а пола не ни зборуваат македонски. Инспекторката јавно вели дека сите сме луѓе, сите исто можеме и вредиме, мене насамо ми вели „се јавија од Липково во полиција, сосетката имала дечко, доаѓал по нејзе од Скопје, ние да сме преземеле мерки“. Вакво општество што со сила се држи заедно и на стаклени нозе не е шлајм?

    Македонија пари нема, не ни имала, и тие пари што ги има, добар дел се одлеваат во општини кои данок или не плаќаат, или минимално, од страв и зор за да се одржи државата каква таква. И тие пари што завршуваат кај Македонците, се крадат во голем дел, па затоа каниме амбасадори во општина чија фасада се распаѓа и личи на штала, што е антицивилизациски, непочитување на било кој што таму ќе влезе, ама тоа е слика и прилика колку сме знајни, паметни, кадарни да водиме држава.

    Ние дека знаеме, можеме, е научна фантастика. Народов не е уништен од тоа што некој зборел за ЛГБТ, туку е уништен од пороци, пие, пуши, се коцка, нема никаква финансиска писменост, ги мрзи да работат, ќе начука 50 години, уште не е финансиски независен, што сакаш од таков народ? Никакви пари не можат да не расипат, оти сме расипани одамна, а и никакви пари не можат да не оправат, оти уживаме да сме контра цел нормален свет, божем паметни.

    И филмови кога се снимаат во државата, тоа се копродукции, значи странци финансираат. Е за ова имав истражувано во студентски денови.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.772
    Допаѓања:
    40.566
    Пол:
    Женски
    Па можеби и ни треба пропаганда ако мислиме дека роми не заслужуваат да идат во школо и дека треба со пиштоли да се пукаме зашто сме различна националност со една друга заедница. :|
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.480
    Допаѓања:
    13.717
    Тие серии прикажуваат некое идеално живеење меѓу луѓе од различни националности. Што треба да снимаат? Дека повеќе од 20 години има тепачки на национална основа по Скопје и цел северозапад по градовите и во автобусите? Тоа е реалноста, ама ако тоа го прикажат, никој нема да стапне овде ни како турист, ни да инвестира.