Тапа е Џабе потрошено време. Тооолку празен простор неискористен. Ништо посебно нема да понуди, маркетот ист како и сите, само да ти се сврти во глава од толку лифтови. Еднаш бев и доста ми е.
Сум била неколку пати и не сум посебно воодушевена. Премногу простор, а не искористен, подвижните ленти се многу лоши, со штикла се лизга . Мене ми е премногу бело, некако паника ме фаќа од толку бело.
Јас во Џамбо ќе добиев напад на паника од толкав простор, некако се дезориентирав, почнав да се потам и тешко дишев Прв и последен пат што сум била.Ај барем да вредеше...
ми се допаѓа маркетот бидејки има се што ти треба и голем избор. А инаку целиот трговски ми е онака. просечен.
бев на отварањето со другарки,и бидејќи не сум од Скопје си одевме зо воз(кој поаѓаше во 18:50) и на одење влеговме и ако ви се верува сите на разни страни се изгубивме,јас во џамбо,кој во јоркер,кој седнал на јадење и не само што го пропуштивме возот,(следен имавме во 10 и 30) туку џабе телефони одвај се најдовме... безвезе толкав простор,неискористен.
Мене искрено многу ми се допадна ние од другите градови можеме само да сонуваме за таков центар трговски или што и да е. Најмногу ми се допадна Џамбо си се изнапазаривме во него а и забавно ни беше и мислам дека има за секого по нешто.
Премногу зафатен простор- за премал број на продавници. Тоа ми е првиот впечаток, но навистина морам да признаам дека ми се допаѓа супер-маркетот. Внатре има и од пиле млеко Убави се и летните тараси, но треба да се заживеат, бидејќи поголемиот дел од луѓето не ни знаат дека истите постојат хаха. Недостигаат уште неколку продавници за облека, оние од типот на Њу Јоркер, за широка потрошувачка и уште едно кафуле.....другото е ок, ги задоволува моите стандарди Многу ми се допадна тоа што во трговскиот има и фризерница, фасцинирана сум од тој факт
Пропадната инвестиција. Толкав огромен очекував којзнае што све да нема, а што има? Џамбо, Нју Јоркер, Еуроазија, Најк, Лај-Нинг, Веро и Мц другото што ништо посебно тапа кафичи на сред трговски. Ај јас си го чекам овој во К4 да видиме се надевам ќе биде покорисен.
Трговскиов според мене е на одлична локација, во близина на ГТЦ нема друг толку слободен простор. Но има толку многу негативности. Прво паркингот зашто е на приземјето? Нели можеше да направат подрум, а приземјето да е продавници? После првиот спрат е маркетот и огромен простор си зафаќа а и најсредено Веро ми е се има во него. Ама кафичите се толку лошо без план направени расфрлани ептен. И вториот спрат има 5 продавници и ооооооооогромен простор дупка да не речам. Тој простор да бил затворен, да си бил вистински втор спрат ќе има место за уште мноооогу продавници. На толкава огромна зграда со 40000 метри квадратни, да има маркет, 10 продавници, џамбо, 5 кафичи е стварно промашено! Може во него да има 100тина продавници на 40000 метри квадратни и паркинг во подрум. А не вака се качуваш на втор спрат и го гледаш веро
одам во Веро центар секој ден бидејќи ми е блиску, однадвор многу ми се свиѓа, но одвнатре не, го делам истото мислење како и повеќето на форумот, можеше тој простор поинаку да се искористи и да има повеќе продавници, вака секогаш ми делува празен, сепак Рамстор ми е поубав, поорганизиран и повеќе избор на продавници има.
За убав убав е , делува многу убаво кога ке влезеш ама има само 5 продавници бе.....2 бутика , неколку за патики и тоа... и многу голем празен простор има можеле стварно повеке да направат...таму единствено можеш да искочиш на кафе, во мц или на гиро/колач ама по неколку одења здосадува...а за шопинг не е иако тоа би требало да му биде намената
Ми се допаѓа и локација зашто беше толку запоставена, како селско буниште изгледаше. Изгледот е исто многу добар но имам впечаток дека внатре има малку работи. Мислам дека ќе беше подобро на таа локација да се отвореше Ramstore, а VERO center да беше кај стара железничка.
Одлично место, што беше тоа претходно, место за панаѓур секоја 3та година. Одличен изглед, но мислам дека има доста неискористен простор, но како и да е пак е супер направено.
од целиот веро центар само Џамбо вреди,другото е за никаде многу голем простор кој е неискористен,башка тие дуќаните што се на другиот крај некако ми се како изолирани,никогаш не сум видела дека некој поминува накај нив.... А за одење си одиме редовно со малата,ака како што реков претхотно само во Џамбо
Нонстоп сум во посета на веро центарот и единствено нешто што вреди таму е маркетот и џамбо има и од пиле млеко ....