Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Vichy

Дискусија во 'Лице' започната од babyblue, 4 јули 2010.

  1. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски

    За Vichy не знам, моја препорака е да отидеш во аптека и да разгледаш што имаат да понудат па да избереш. За да не ти ја мрси кожата најдобро е да има назнака Oil free или Water based.. Исто така пожелно е да стои Non-Comedogenic што би значело дека нема да ги блокира порите и верувам тоа ќе ти олесни со затворените пори. Можеби би требало да побаш некој производ со салицилна киселина или BHA- тоа е назнаката што би требало да ја бараш.. Овој вид киселини пробиваат во долните слоеви на кожата и помагаат да се исчистат порите од внатре со тоа што вршат регулација на себумот а исто така и помагаат порите да се зацврстени и со тоа помалку склони кон полнење и запушување.
    Во моментов јас користам хидратантен крем на La Roche Posay од линијата Hydraphase. Името е LRP Hydraphase intense legere 24hr rehydrating fill-in care со Хијалуронска киселина. Јас би ти препорачала да го пробаш ако најдеш дека цената ти одговара. Во моментов за жива глава не можам да се сетам на точната цена ама знам дека беше околу 1700ден. Не е скромна но споредено со друга козметика и со квалитетот што го добиваш, се исплати. Доаѓа во пакување од 50мл но трае подолг период бидејќи нема потреба да се користи во голема количина. Не ја мрси кожата ама добро се справува со чувството на сувост и затегање што знае да се појави после миење. Плус е што ја прави кожата пополна и повитална а со тоа порите визуелно се намалени. Јас кремата ја користам на комбинирана кожа, склона кон неправилности и поприлично осетлива.. и задоволна сум. Мислам дека некој со твојот тип на кожа, што нема склоност кон акни, уште повеќе би уживал во кремата.. Убив со објаснувањево :sweat::lol: ..ако ја пробаш пиши искуство :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt, buba4e89, Sexybaby86 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125

    Фала ти за објаснувањето баш го ценам. :)
    Цената нема проблем само да мк се погоди. И дали е погодна за под течна пудра?
     
  3. Majra

    Majra Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2016
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    84
    Пол:
    Женски
    Od
    Одлична е. :) Кратко откако ќе ја нанесеш кожата е како да нема ништо на неа, освен што е освежена и хидрирана. Не прави да лизга пудрата и да изгледа пренатрупано. Многу убава крема. Друга што би ти ја препорачала е Garnier Botanical Cream with rose water, дневна крема за лице. Ако не си побала до сега, дај и прво на оваа шанса. Кремата е прекрасна, се осеќа како ти ја потхранува кожата. Кај мене единствен проблем беше мојот тип на кожа, односно склоноста кон акни(што предизвикани од стрес, што од Helicobacter Pylori) па затоа не ја користам постојано но дефинитивно ја комбинирам со оваа на La roche posay. Гарнието, споредено со другата, после нанесување делува малку помрсно, односно и дава сјај на кожата но сепак не ја мрси. Наменета е за дневна употреба, значи може и под пудра, секако доколку пудрата не е премногу мрсна. На почетокот јас ја користев и наутро и навечер но откако ја земав таа на LRP, оваа главно ја користам навечер, во денови кога осеќам дека ми треба нешто повеќе од обична хидратација. Тоа се денови кога сум претерала со чистење на лицето па кожата ми покажува знаци на сушење и сл. Главна причина што ја пренаменив во ноќен крем е што максимална заситеност на крема која мојата кожа ја поднесува е таа на дневна крема. Се друго со побогата формула, особено во форма на крем, балзам или маслен серум , ми ги блокира порите и ми е повеќе на штета отколку корист.
    Да не должам со муабетов.. се на се, бидејќи кажа дека акните не ти се главен проблем, би ти препорачала да ја пробаш оваа крема, не е скапа, ја има во секој супер тинекс што ја прави лесно достапна за разлика од Виши или ЛРПосе кои може да се случи да не ги најдеш секој пат кога ти требаат:|. Или пробај ја таа со екстракт од зелен чај.. од истата линија е, името е Garnier botanical cream with green tea leaves. Исто со природна основа, за разлика од таа со водичка од роза, оваа матира. Изгуглај ги трите и спореди :):hug:
     
    На buba4e89 и Rose96 им се допаѓа ова.
  4. Kija94

    Kija94 Активен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2018
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Ги има ли некоја користено ампуливе. Вреди ли да фрлам толку пари или не?
     

    Прикачени фајлови:

  5. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.207
    Допаѓања:
    139.690
    Сум слушнала дека се многу добри, ама не сум ги користела. А се мислев неколку пати, само некако цената премислува.
     
  6. lal

    lal Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    23
    Каде може да се купат маските за лице?
     
  7. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.625
    Допаѓања:
    106.583
    Пол:
    Женски

    Зегин , Еурофарм
     
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.492
    Пол:
    Женски
    Вчера читав околу виши, читав рецензии, читав креми серуми гелови и помагала за подобра кожа ама некако сум неодлучна.
    Сетот кој сега го користам не е нешто нај нај, виши ги мислам веќе одредено време, сакам да земам гел и крема гелот е оној зелениот што го имате простирано овде, па би сакала да ве прашам како сте задоволни од виши колекцијата, која колекција ми ја препорачувате за уништено лице во кратки црти, имам црвени точки од брумчиња кои за жал никогаш не ги снема, во последно гледам дека и нови две не заминуваат кон историјата туку остануваат грди лузни, не сјајно лице без енергија..
    Не можам да се пофалам дека сум ја третирала кожата ама еве од скоро почнав да се трудам.
    Ја имам колекцијата од лореал ама не сум задоволна.

    @Rose96 @Mishela
    Не ми текнува друг кој да тагнам еве @Lady Phoenix
    Што би ми препорачале за посјајно лице и за лузните од ситни бримчиња бидејки не сум тип што нанесува пудра па сакам да си го негувам лицето..
     
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.000
    Допаѓања:
    81.341
    Пол:
    Женски
    Oд Виши имам користено повеќе декоратива, од препаративната козметика само гел за миење и крема Нормадерм мислам, ама ми беа добри тогаш. Нормадерм е линија за комбинирана и масна кожа.

    Моја другарка го пофали оној хидратантниот серум од Виши - Mineral 89. Лично го немам користено зашто мислам дека има хијалурон а за тоа ми е рано, но ете погледни го чисто ориентационо, поготово ако имаш дехидрирано лице.

    Јас во моментов сè што користам за кожата ми е од The Ordinary и Alverde, па за да не мешам муабети за друга козметичка линија во темава, можеш да ѕирнеш тука во темава за The Ordinary производите, зашто има некои продукти кои се баш за средување на флеките/лузни од акни. Можеби ќе ти се допадне нешто, јас пишав и таму, задоволна сум ептен.
    Еве линк : клик до тема.

    Се надевам другите ќе споделат повеќе за препаративата на Виши, јас бев поголем љубител на нивните пудри oтколку на ова другово, ама имам впечаток дека кремите за лице им се солидни. :)
     
    На IamSexyAndIKnowIt и vitamina им се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.492
    Пол:
    Женски
    Не ги спомнав намерно алверде и ординари бидејки тука немам ни дм не сум видела ни ординари козметика па затоа се префрлив на виши :)
     
  11. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @vitamina ако не пречи, да се умешам јас околу Виши. Најтопла препорака од мене за Slow Age колекцијата. Преубави креми, богати и хранливи, но не ја мастат кожата и се баш против urban ageing, а мислам дека тоа е она што ти треба според описот на твојата кожа. Колку што те сфатив, не ти е масна/комбинирана, па моја препорака би бил дневниот крем (не флуидот) и ноќниот крем, како и кремата за околу очи.
    Гел за миење не сум сигурна дали имаат, ако имаат, убаво би било нели кога веќе користиш еден бренд, да ја набавиш целата колекција, односно оние производи што тебе ќе ти требаат.
    Види тука подетално:
    https://www.vichy.co.uk/slow-age

    Кремата кај тебе сигурно ја има, во МК ја немам видено, но јас флуидот го користев и одличен е за мојата комбнирана кожа :)
    Ја имам користено и Нормадерм линијата, ама тоа е за млада проблематична кожа, така што не би рекла дека е за тебе :)
    Идеалиа е исто убава дневна крема за нормална до сува кожа, дури и мене ми одговараше. Дава убав сјај и хидратација, но Slow Age мислам дека повеќе би ти одговарала.
     
    На anetass, vitamina и kravce им се допаѓа ова.
  12. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    @vitamina јас го користам гелот со хијалурон веќе 3 недели и имам само пофални зборови. Мојата кожа е комбинирана и многу чувствителна од аспект што што и да ставам на лице, ми се исфрла веднаш. Од Виши тоа не ми се случува. А гелов преубаво ја хидратира кожата, ја омекнува, ја прави мазна и нежна и се користи 2 пати на ден на исчистена, измиена кожа. Може да се користи и наместо крема.

    Работата е што секоја кожа е приказна за себе и според тоа што ти го бара треба да најдеш нешто, ама со која било линија на Виши мислам дека нема да имаш утка.
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.492
    Пол:
    Женски
    Многу фала за исцрпниот одговор.
    Ќе барам само кажи ми што конкретно од линијава да земам..
    Крема, гел и за подочњаци или??
     
  14. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Јас би го земала дневниот крем (не флуидот), ноќниот крем и кремата за околу очи @vitamina . Флуидот мислам дека не е за тебе, колку што те сфатив немаш ти мрсна кожа. Има и маска за лице, не знам каква е, ама ако мислиш дека ти треба и маска, најдобро е да е се од ист бренд за поголем ефект.
    Гел за миење не знам дали има од Slow age линијата, би требало да има. Ако најдеш тестери да си пробаш, најубаво. Кај тебе сигурно има, да не купуваш на слепо. Ама според тоа што опиша дека бараш, мислам дека колекцијава е полн погодок за тебе. Преубави се кремите на Виши сите што сум ги пробала, хидратантни и даваат живост :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.492
    Пол:
    Женски
    Ќе пробам. Само да ги дотрошам резервите што ги имам и ќе ја земам колекцијава.
    Во маркетот во кој одам ја имаше само онаа зелената т.е и гелот за миење и кремата не знам како беа мислам таа погоре што е ставена на слика.
    Од овие тек ке пребарам знам дека би можела да најдам.
    Јас ќе ги земев тие во маркетот али после твојот иацрпен пост ова колекција ќе ја земам .
     
  16. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    Ако мислиш на овие @vitamina
    75733217-7C83-4468-ADDD-4108E8E7C624.png
    Оваа линија Normaderm е за проблематична млада кожа со акни.
    За нас во 30-тите се добри Slow age, Idealia, Aqualia thermal, па и Liftactive. Јас имам пробано само производи од Slow age и Idealia, за другиве не можам да кажам. А, да, имав мало тестерче од дневна крема на Aqualia thermal, убава беше, многу лесна и хидратантна, ама мислам во оваа линија нема анти ејџ состојки.
    Да не зборувам на памет, разгледај им го сајтот, имаш да одбереш што проблематика имаш и според тоа ќе ти даде кои производи би ти одговарале. И разгледај ги сите линии, има убаво објаснување за секој производ од секоја линија за што е и како е :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.968
    Допаѓања:
    219.492
    Пол:
    Женски
    Да, на тие мислев дека тука ги имаше во маркетот што ги гледав.
    Мене искрено ми се потребни производи за освежување на кожата, имам плус како уништена кожа, не можам да доловам али јас самата не се сметам за негувана кога ќе се погледнам и покрај кремите што ги шлапам..
    Имам црвенки, имам некои такви белези од ранчиња, кожата ми има не убава боја омалаксана..
    Анти ејџ мене и не ми треба во моментот ама е добро да се превенира мислам оти натаму одам :)
    Ако кремава е за ова погоре што пишав ич нема да се мислам.
     
    На Sexybaby86 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sexybaby86

    Sexybaby86 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    4.997
    Допаѓања:
    96.215
    Пол:
    Женски
    @vitamina Витаминче можеби и Идеалиа ќе ти се допадне, таа е баш за хидратација, сјај на кожата и изедначување на тенот. Сепак, кремиве немаат силен анти ејџ ефект, претежно се на водена основа со хијалурон па добри се за превенција. Ако си во 30-тите, мораш да мислиш на тоа :D
    Ако има тестери од кремчињата, најубаво да си пробаш пред да купиш. Побарај совет која за што е и од таму кај што ќе купуваш :)
    Ама Нормадермот што си ги видела во маркет не се за тебе дефинитивно, тие се за млада проблематична кожа, тинејџерска да не речам и сушат доста :)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. BellaS

    BellaS Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    974
    Допаѓања:
    931
    Пол:
    Женски
    Дали некоја го има користено серумов? Искуства?

    v.png
     
  20. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Јас. Врати се неколку постови погоре и ќе прочиташ.
     
    На BellaS му/ѝ се допаѓа ова.