1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Westworld (2016)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Bender Rodriguez, 26 октомври 2016.

  1. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ај вака сеа – бидејќи серијава веќе ја имам препорачано, а и знам дека неколку луѓе од форумов веќе ја пратат, ја отварам темава у надеж дека ќе се развие дискусија, бидејќи серијава стварно нуди многу теми за тоа.

    Се работи за Westworld, релативно нова серија од HBO, со солидно голем буџет и одлична актерска екипа, која ги вклучува Ентони Хопкинс, Ед Харис, Лук Хемсворт, Џејмс Марсден, Џефри Рајт и Танди Њутн, меѓу другите. Освен тоа, сценариото е напишано од Џонатан Нолан.



    Накратко, приказната е следнава: во иднината, еден од омилените начини на забава на луѓето е посетувањето на тематскиот парк, Вестворлд, во кој можат целосно да се соживеат со животот на Дивиот запад, без граници и правила. Домаќините во паркот, односно неговите жители, се андроиди, кои од секој аспект многу наликуваат на луѓето и чија единствена цел е – исполнување на секоја желба на гостите.

    Нештата почнуваат да се комплицираат по последниот апдејт на софтверот на андроидите, чија цел е да ги направи уште послични на луѓето. По ова, андроидите (или домаќините) започнуваат да се однесуваат невообичаено и во спротивност со начинот на кој се програмирани. Дали нивното невообичаено однесување е резултат на човечка грешка, еволуција на свеста или нешто трето, останува да видиме.

    До сега, излезени се четири епизоди, и во нив има доста материјал за дискусија. Низ интернетов веќе кружат голем број на теории и објаснувања за настаните кои ги видовме до сега, но повеќе би сакал да чујам што имаат членовите на форумов да кажат за серијава.

    Неколку прашања кои у моментов ми паѓаат на памет (колку да тргне дискусијава, де :D) се:
    • Што на вас, засега, ви се допаѓа кај Вестворлд, а што не?
    • Што мислите за етичките импликации од создавање на вештачка интелигенција, а што за моралните, при создавање на интелигентни суштества чија едиствена цел е да служат за изживување и забава на луѓето?
    • Во која насока мислите дека ќе се одвива приказната?
    • Дали имате некоја теорија за ликовите и приказните кои, засега, се недоволно обработени – на пример, ликот на Ед Харис или на Арнолд?
     
    Последна измена: 26 октомври 2016
    На Mishela, sparklie, TheTribe и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Ја следам серијава откако почнаа да искачаат "реклами" на HBO на ФБ. Ми делуваше интересно, а самото тоа што Ентони Хопкинс игра една од главните улоги, ми беше пресудно да почнам да ја гледам, иако следам премногу серии. Всушност, постои ли такво нешто како "премногу серии"? :?:

    Иако не сум преголем обожавател на Sci-Fi, се решив да ја гледам серијава. Секогаш кога има некоја етичка дилема која се разработува на малите екрани, искушена сум да се придружам.

    Ми се допаѓа како е изведена. Како е заплеткана уште од самиот почеток. Ми се допаѓа начинот на која е реализирана. Почнувајќи од музиката и шпицата на најавата, до самите филмски сцени. Иако, со овие детали и важни прикриени работи кои ни се пред нос, тешко е малку да се следи од аспект на еднаш неделно прикажување.

    Другиве прашања се доста комплексни, па ќе оставам прво да се придружат и други, пред да почнеме подлабоко да дискутираме за тоа.

    Браво за темава. :)
     
    На sia.bella, 1209 и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    388
    Допаѓања:
    1.326
    Пол:
    Женски
    Очекувам машините да се побунат иначе не би имало смисла. Ќе кренат револуција на чело со Долорес
     
    На Victorian, Dabria, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Dabria

    Dabria Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2016
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    1.225
    Пол:
    Женски
    Леле сакав јас да ја отворам темава ама си ме претркал. :^)

    Серијава ми е прејака! Една од подобрите серии што ги имам сретнато во последно време, уште од првата епизода ми го задржа вниманието и моментално пробувам да ги натерам сите мои блиски луѓе да ја загледаат. :D
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Да ви се придружам и јас на темава. :hai:

    Не сум некој фан на Sci-fi, на вестерн па уште помалку, ама болдираните прашања на @Bender Rodriguez ме натераа да пуштам прва епизода и не зажалив.

    Ги изгледав сите епизоди во еден здив, сега не знам што да мислам и од каде да почнам. Као демек отворив нешто да читам теории, не само што ништо не ми се разјасни, се дозбунив. Мислам дека ќе има уште едно гледање, таман дури да излезе наредна епизода. Бара внимание и концентрација секоја епизода, целата мистерија е во деталите (кои јас најверојатно повеќето ги пропуштив :$), затоа сега на поправен, па потоа ќе коментирам подетално.

    Генерално, ако нешто може да се заклучи од досега излезените 4 епизоди е тоа дека серијата е одлична како за почеток, ветува многу. Ми се допаѓа баш секој сегмент - од актерската екипа и нивната глума, самата приказна, па се до најавната шпица и музиката.

    Кога сум кај музиката, зар би можел еден вестерн без Кеш да пројде? Се наежив на сцената со таткото на Долорес...

     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и 1209 им се допаѓа ова.
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Ако де, направи и ти тема за Вестворлд, само крсти ја „Pomosss, itno eee!“ – сигурно ќе има поголем интерес него за мојава. :D

    Она што особено ми се свиѓа у Вестворлд е посветеноста на детали, која е стварно зачудувачка. Земете ја воведната шпица, на пример – само за изработка на концептот им биле потребни 5 недели! Автоматското пијано истовремено го симболизира Дивиот запад и првите примитивни роботи, начинот на создавање на андроидите е направен да личи на Витрувијан од Да Винчи, итн.

    Освен тоа, Џејмс Марсден, попознат како роботскиот удварач на Долорес, у едно интервју има изјавено дека веќе постои напишан и осмислен материјал за 5-6 сезони од серијава! Ова значи дека создавачите на Вестворлд имаат јасна идеја и насока во која ќе се развива серијава и не планираат да ги измислуваат работите as they go along. А имајќи ја во предвид огромната посветеност на детали на луѓево, може да очекуваме голем број на easter eggs или clues за приказната дури и во првиве епизоди – за тоа во која насока ќе се развива во иднина или можеби за тоа што се случувало во паркот во минатото.

    Прочитав една теорија на интернетов дека Вилијам (типот што прв пат доаѓа у Вестворлд со братот на жена му, Логан) и Ед Харис, ака Човекот у црно, се истата особа, само у различно време, односно дека дешавките на Вилијам ни го прикажуваат минатото на Ед Харис. Не сум сигурен на што точно ја темелат оваа теорија (можеби на тоа што се тотално спротивни у својот однос кон домаќините), но еден фан со остро око забележал дека логото Westworld у сцената кога Вилијам прв пат доаѓа у парков е некако по-vintage од сегашното лого, што укажува на тоа дека неговата приказна уствари е сместена во минатото. Освен тоа, тој активно комуницира само со еден домаќин, а тоа е Долорес, која, како што дознавме, е уствари првиот домаќин на паркот евр.

    Иако звучи интересно, мене теоријава не ми е баш веројатна, пред се поради тоа што гледаме у серијава дека низ годините домаќините добиваат различни улоги во паркот – кои се шансите Делорес да останала у истата улога на ќерка на фармер целото ова време? Али, пошто продуцент на серијава е Џеј Џеј Абрамс, за кого сите знаеме дека сака да умрсува муда и различни тајмлајни, можда и не е толку неверојатно.
     
    На do-re-mi, Annath, Madam-A и 4 други им се допаѓа ова.
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Jaс ќе ви се придружам откако ќе излезе цела сезона и ќе ја изгледам или барем откако ќе најдам време да седнам и да изгледам неколку епизоди по ред, оти со една нејќе да прекинам. Ја гледав само првата, ме воодушеви и многу ми изгледа интересна, ама немам време оти Х фајлс сакам да ја догледам, а имам уште 3 сезони :D
     
    На Madam-A, Victorian, Dabria и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    @1209, жити мене, не ја гледај последната сезона, од 2016-та. Слушај паталец што ти вика. :D
     
    На Gosh, Lady Phoenix и 1209 им се допаѓа ова.
  9. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Оф топик извинете...три се без новата. Ако ми велиш ама мене ќе ме јаде црвот ако не ја изгледам и таа:D само од свои грешки учам :P
     
    На Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав и јас некаде теоријата што ја пишал Бендер, можеби е точна, што само би ми ја направило серијата уште покомплицирана за гледање и да се прашувам што во која временска рамка се случува.

    Мене нешто друго ме замисли... Во втора или трета епизода, не се сеќавам баш кога Човекот во црно кажува дека доаѓа во паркот практично 30 години, што се осеќа како да е роден таму, дури и му е се дозволено да прави во паркот. Ако таа негова изјава се сфати буквално, можеби значи дека Арнолд „умрел‘‘ таму, па е повторно „роден‘‘ како Човекот во црно. Ама пак ако беше така тој би знаел за лавиринтот кој го бара и немаше да копа по тајните кои Арнолд ги оставил.

    Јас претпоставувам дека Арнолд е жив на некој начин, можам само да нагаѓам како... Трансформиран во Бернард или некој што допрва ќе се појави, скриен во некоја лабораторија сорабoтувајќи со Форд... Засега толку ми текнува... :D

    Мислите дека ќе се роди некоја љубов меѓу Долорес и Вилијам? Уште нешто такво фали, таман за да се дозаплетка и искомплицира се.

    Вечерва планирам еден маратон повторно, па ќе се вратам со нови теории и прашања. :)
     
    На Madam-A, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Дефинитивно е „жив“, ако не поинаку, тогаш во главата на андроидите. :)

    Инаку, мене ми се свиѓаше теоријата за бикамерализмот и самата идеја за тоа како првите луѓе кои станале свесни за сопствените мисли, „гласот“ што го слушале во главата, кој им кажувал што да прават го тумачеле како Бог и како тој принцип, со еден дел од мозокот кој „слуша“, а друг кој „збори“ може да се искористи за развивање на свеста кај андроидите. Типувам дека Арнолд одлучил дека „божјиот“ глас кој ќе го слушаат роботиве у глава и кој ќе им помогне да станат свесни е неговиот. :D

    У однос на теоријата „Човекот во црно = Вилијам“ веќе реков дека не ми е баш веројатна, а и онака, не ми праи нешто многу кеиф, затоа што не е некој wow plot-twist и мислам дека нема којзнае колку да допринесе за подобрување на приказната.

    Мојата теорија е дека лавиринтот кој го бара Човекот во црно е осмислен од Арнолд (евентуално, Арнолд и Ентони Хопкинс) и дека никој друг у паркот не е ни свесен дека постои. На што го базирам ова? - па, типциве што се „пазачи“ на паркот и пратат што се случува преку монитори се збунети од стварите што ги прави Ед Харис, ама му допуштаат пошто е нели, стален муштерија. Никој, у ниеден момент, не рече - „Аха, овој ја игра приказната со Лавиринтот!“, што ми е знак дека не знаат за него.

    А што има у лавиринтот? Е, тек тука може да развиваме теории на заговори. :D По мене, могуче е дека Арнолд го дизајнирал лавиринтот како скриен дел од паркот, у надеж дека некој гостин ќе успее да го открие и...

    у него да најде нешто со што кај роботиве ќе се активира слободна волја, самосвест и сл. и на некој начин, ќе ги ослободи од ограничувањата наметнати од нивните креатори.

    Појма неам, само размислувам гласно. :D
     
    На Madam-A, sia.bella и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  12. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Ја гледавте новата епизода? Ќе коментираме? :?: Или да ставам спојлери? :tmi:
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  13. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    Возбудлива епизода... Немаат крај прашањата :^)

    Долорес полека станува бед ес, ама дали тој потег кога ги испука оние кои го нападнаа Вилијам беше само автоматска реакција или свесно донесување на таква одлука? После ова, во секој случај се поставува прашањето дали сега Долорес може да убива и гости, се разбира доколку посака... Ако да, тогаш би можело и кај останатите домаќини да се развие таквата способност, а тоа би значело само едно - катастрофа.

    Во текот на цела епизода, Долорес имаше визии, секаде го гледа симболот на лавиринтот. Можно е таквите визии да се сеќавања од нејзините претходни ажурирања/надоградувања или пак некакви пораки од Арнолд? Уште поголемо прашање е тоа со кој разговараше во два наврати - на почеток на епизодата кога беше со Вилијам и после разговорот со Форд кога остана сама. Бернард? Арнолд? И зошто Форд баш сега ја прашува дали кога имала последен контакт со Арнолд? И што беше реакцијата на Форд на крајот од разговорот кога Долорес праша дали се стари пријатели? Му се насолзија очите или само мене ми се причини?

    Еден од најдобрите моменти во епизодата, дефинитивно беше средбата на Човекот во црно и Форд. Од нивниот разговор очигледно е дека се познаваат од порано, Човекот во црно му се обрати со Роберт, а сценаристите така добро се погрижиле овој да не му се обрати со неговото вистинско име. Додека разговараа мене ми светна некоја идеја дека можеби Човекот во црно му „пресудил‘‘ на Арнолд по налог на Форд, па сега со години се враќа во паркот сакајќи да пронајде некоја подлабока смисла во животното дело на човекот кој го „убил‘‘.

    Како да се малку случувањата со главните ликови, сега се воведуваат и споредните, кои можеби би играле некоја клучна улога понатамошниот тек на серијата, овде мислам на дечкото од лабораторијата со врапчето, кој пројавува интерес за програмирање и на девојката која работи со Бернард откако го пронајде тој делот вметнат во домаќинот. Можеме само да претпоставуваме на кој му пренесувал или примал информации...

    Крајот, како и целата епизода - прејак. Одвај чекам наредна... :~:

    Чиј е скалпот на кој е нацртан лавиринтот? И повторно симболизам, во самиот центар на лавиринтот - Витрувијанскот човек.

    После повторно гледање на епизодите имам две теории за лавиринтот. Едната, помалку веројатна, дека новиот свет кој го прави Форд ќе биде нешто такво. А другата, дека лавиринтот е место кое всушност е излез за домаќините кои успеале да стигнат до таму и достигнале такво ниво на свест што заслужуваат да бидат вистински луѓе, or at least на оваа другата страна. Се сеќавате на разговорот со плавушата во втора епизода пред Вилијам да влезе во паркот, кога ја праша дали е вистинска, а таа кажа „if you can't see the difference, does it matter?‘‘
     
    Последна измена: 2 ноември 2016
    На 1209, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Мислам дека беше свесна одлука, пред се поради тоа што нејзината улога како „домаќин“ (проста ќерка на фармер) не предвидува ракување со оружје. Ако се сеќаваш, кога дечко и ја учеше како да пука, таа не можеше да го стисне чкрапалото – тоа и успеа за прв пат кога ја нападнаа во шталата.

    Од сцената во кампот од пред некоја епизода, кога роботиве беа заглавени во loop, затоа што единствениот кој има „овластување“ да цепи дрва, т.е. да ракува со секира им го снема, може да се заклучи дека не сите домаќини имаат исти способности и можности, односно дека имаат ограничувања за тоа што можат да прават во согласност со нивната улога во паркот.

    Од друга страна, Долорес е посебна – и затоа што е прва од домаќините, а како што дознавме и од епизодава, затоа што на неа Арнолд и ја доверил мисијата да му помогне да го уништат паркот по секоја цена.

    На почетокот ни е кажано дека домаќин не би повредил ниту еден жив створ, што е прикажано со тоа што муви ги лазат дури и по очите, без овие да реагираат (исклучок е повторно Долорес, која ја гледаме како убива мува).

    Мене ми се наметна друго прашање во однос на ова од последнава епизода, у сцената кога домаќиниве го тепаат Логан. Очигледно дека физичка интеракција со гостите (т.е. ќутек) е дозволена (за да се добие на реализам, нели), но прашањето ми е до кој степен домаќините смеат физички да ги повредат гостите и како е регулирано колку ќутек е тамански, а колку е премногу?

    Мислам дека патот до лавиринтот и е скриен некаде во „потсвеста“ (или што и да е андроидскиот еквивалент на потсвест:D), а визиите се начин за Арнолд да ја насочи кон него. Она што мене ме мачи е зошто ова се случува баш сега, 35 години по отварањето на паркот и смртта на Арнолд, а не порано? Дали последниве апдејти на Форд се одговорни за ова? И дали е тоа намерно или случајно направено од негова страна?

    По мене, дефинитивно се работи за Арнолд. Она што е застрашувачки е фактот што таа свесно и намерно го излажа Форд.

    Ова и мене ме интересира. Дали беше само рутинска проверка поради аномалиите кои се јавија кај домаќините после новиот апдејт или можеби Форд е свесен или барем ја насетува „мисијата“ на која се наоѓа Долорес, а тоа е пронаоѓање на лавиринтот?

    Ако добро разбрав, Човекот во црно е еден од инвеститорите (или единствениот) кој по смртта на Арнолд го спасил паркот од пропаѓање. Она што мене ми беше интересно што и Форд очигледно знае за постоењето на лавиринтот и тоа што се наоѓа во него – што значи дека мојата првична теорија дека лавиринтот е творба на Арнолд за која никој друг во паркот не знае не е точна. Од друга страна, можеби во него има и нешто скриено – нешто што ќе им овозможи ослободување на домаќините од ропството – за кое никој друг, па ни Форд не знае. На ова ме наведува и фактот што и Долорес е во потрага по него.

    За смртта на Арнолд не мислам дека е одговорен Човекот во црно. По мене, има две варијанти: или Арнолд самиот си го одзел животот, згрозен од она што го создал – интелигентен облик на живот, осуден да живее во ропство и да служи за изживување на садистичките гости или, во својата фанатичност да создаде андроид што посличен на човек, Долорес (која е нели првата) ја направил целосно свесна и со слободна волја, по што, сфаќајќи ја судбината што ја чека и животот кој ќе биде осудена да го води, таа го убила.

    Врапчето мислам дека служеше да ни покаже дека дечково тежнее кон нешто повеќе во животот, размислува outside of the box и има одредена почит, па дури и восхит, кон вештачките форми на живот кои ги создаваат. Бидејќи баш он стапи у контакт со Проститутката, мислам дека на некој начин ќе стане нејзин сојузник или во најмала рака, нема да го пријави нејзиното нетипично однесување. Очигледно е дека дечково чувствува одредена емпатија кон домаќините и на нив гледа како на нешто повеќе од обични машини.Останува да видиме што ќе се случува со нив двајца понатаму.

    Ова исто беше интересен момент и остава доста простор за шпекулации. Дали се работи за обична индустриска шпиунажа, па роботов пренесувал информации за технологијата од паркот на конкурентска фирма или можеби го „снимал“ однесувањето на некои гости, по што доказите за нивниот садизам ќе бидат искористени за да се уценуваат?

    Исто така, не е познато дали ова е нешто што е инсталирано во домаќинов од скоро, што би значело дека некој од вработените има двојна агенда, или е нешто поставено уште на почетокот (од страна на Арнолд, на пример) што до сега не го приметиле?

    А ако е замисла на Арнолд, дали тогаш служи за примање наредби, а не за праќање на податоци, и дали е ова одговорно за промените во однесувањето на домаќините? Во сцената со Долорес кај гатачката, таа на својата рака на слично место приметува конче, кое го повлекува, по што раката и се „отпарува“ – дали ова значи дека и таа има ваков уред во себе?

    Ми истекнаа доста теории и размислувања за кои допрва ќе видиме дали ќе се остварат или не. На пола од серијава сме, па очекувам дека ќе се откријат уште многу работи понатаму.

    У секој случај, за секое прашање на кое серијава ни дава одговор (или навестување) се јавуваат уште десет нови. Останува да видиме дали барем нешто ќе се разјасни дефинитивно како што се наближуваме кон крајот на сезоната или на одговорите ќе мора да чекаме уште една година. :)
     
    На Madam-A, sia.bella и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  15. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    963
    Допаѓања:
    17.156
    Пол:
    Женски
    И јас ова размислував, колку всушност овие „контролорите‘‘ ја имаат под контрола целата приказна, како и тоа дали ако домаќинот би земал оружје од гостинот би можел да го убие гостинот. Всушност, домаќините се програмирани заштитнички да се однесуваат ако се заканува некоја опасност по гостинот, сега најверојатно со апдејтите не оди се по планот.

    Дефинитивно дека дечкото пројавува амбиции за нешто повеќе. Во овој случај одлично ми беше прикажан контрастот кога човек друг човек го обезвреднува (кога му се обраќа со „ти си само месар и никогаш нема да бидеш нешто повеќе од тоа.“) и кога овој се „поврзува“ со домаќините доживувајќи ги, како што рече, нешто повеќе од обични машини.
     
    На Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Shit is going down!

    Во последнава епизода, колку работи се разјаснија, исто толку и се умрсија. Што ново научивме?

    • Дека домаќините од првата генерација може и да не бидат во системот за следење, што значи дека освен роботското семејство на Форд за кое никој не знаел, сосема е можно да има и други домаќини кои талкаат наоколу без никој да знае, со сопствена тајна агенда.
    • Дека домаќините уствари се поинтелигентни од луѓето, но дека интелигенцијата им е ограничена.
    • Дека некој не само што им испраќал информации на домаќините со помош на сателит, туку и дека на многу им е изменета програмата и примарната директива – со што тие можат да ги лажат, а најверојатно и да ги повредат луѓето.

    На два пати во епизодава, прво Бернард, а потоа и ај-ти женската, прашаа „Арнолд?“, што укажува на тоа дека повеќе не се сигурни дека Арнолд навистина е починат, туку дека сеуште е некаде во паркот. Не знам, опцијата Арнолд да се физички жив ми делува малце неверојатна – како што реков, претпоставувам дека Арнолд „живее“ или во некој скриен дел од програмата на домаќините, или можеби неговите инструкции оставени на времето се пренесуваат до нив по пат на сателитот.

    Уште една можност, која ми делува помалку веројатна, но не и невозможна, е да постои домаќин во кој на некој начин Арнолд успеал да ја пренесе својата свест и тој всушност да биде Арнолд во физичка форма. Сега кога дознавме дека постојат домаќини кои можат да се движат низ паркот без ничиво знаење, се отвараат уште многу можности.

    Малце ми беше безврска моментот како Мејв лесно успеа да ги „убеди“ или подобро речено, уцени, двата касапи да ја апгрејдуваат. Мислам, кога би требало да бирам потенцијално губење на работното место и создавање на суперинтелигентен андроид кој, да не се лажеме, порано или подоцна ќе се сврти против своите човечки робовладетели, па – мислам дека би го одбрал првото. :D Очигледно е дека дечкиве не размислиле баш за импликациите на тоа што го направија.

    Во однос на вмешаноста на Тереза во репрограмирањето на домаќините и испраќањето информации до нив, не знам, некако – I don’t buy it. Прво, некако ми е ептен out of character за неа, и второ, не знам што би добила она со тоа. Единствен лик кој од „ослободувањето“ на домаќините од ропството и уништувањето на паркот би можел да добие нешто е Арнолд, за кој знаеме дека бил против него уште на почетокот и, евентуално, Форд. Поише ми изгледа како некој да направил да изгледа дека Тереза стои позади работиве, а зошто, останува да видиме.

    И кога сме више кај Форд, он како лик ми е сеуште мистериозен. Од една страна, на моменти делува скроз луциден и нормален, како човек кој ги држи сите конци во рацете. А од друга, го гледаме како си муабети со виски со стар домаќин во подрумот и сега, како се дружи со своето несреќно андроидско семејство – работи што ретко кој нормален би ги направил.

    У моментот кога детето-Форд објаснува зошто го убило кучето, т.е., дека Арнолд му рекол дека така треба да направи, фацата на Форд е безизразна, па не знаеме дали гласот на Арнолд во главата на детево за него е изненадување или не.

    У секој случај, заклучокот е дека за секое срање што се случува се работи за човечка грешка – намерна или случајна – репрограмирањето на Мејв од стрна на исплашените техничари, некажувањето на Бернард за работите кои ги открил, само затоа што Тереза му раскинува и чувствата му се повредени. У секоја ситуација, човекот е најслабата алка.
     
    На sia.bella, Madam-A и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  17. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    Јас решив да ја изгледам, сеа сум втора епизода, ама пред се друго да почне да ми станува нејасно:D сакам една работа да си разјаснам, како се одвиваат работите во паркот, дали домаќините се програмирани постојано секој ден да ги повторуваат истите работи? Уствари не може да ги повторуваат оти го прават она што им го бараат клиентите, aма не ми јасно како си го тераат виртуелниот живот некако збуњена сум.
     
    На Lady Phoenix, Victorian и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  18. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Не е експлицитно објаснето у серијава, али еве ја мојата логика :D:

    Домаќините следат одредена шема или loop, која ја повторуваат - ама, тоа не мора да значи дека таа трае еден ден. Loop-от на Долорес, на пример, трае еден ден - сабајле станува, иде до град, слика, се враќа дома приквечер и спие. Дечко и кој доаѓа у градот исто така има(ше) loop од еден ден.

    Некои други домаќини, кои се дел од покомплексни наративи, како на пример, трагање по злато, ловење на криминалци и сл., имаат loop-ови кои траат подолго (повеќе денови), односно се додека не се комплетира приказната од која се дел, а после, јово-наново.

    Инаку, да, гостите имаат апсолутен приоритет, па така секој домаќин има „задача“, доколку некој гостин стапи во интеракција со него, да го тинтра на секој можен начин, па дури тоа и да значи да го наруши или прекине својот зацртан loop. Муштеријата е увек у право и ствари од тој тип.

    Накратко, домаќинот си го „живее“ животот кој му е програмиран - сеедно дали трае еден ден или повеќе - и кога ќе го заврши, почнува одново. Освен ако некој гостин не му го поремети тоа.

    Се надевам не те дозбунив уште поише, пошто иако се трудев да биде што поедноставно објаснувањево, пак испадна некако умрсено. :D
     
    На oliviamars, sia.bella, 1209 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.805
    Допаѓања:
    38.210
    Пол:
    Женски
    @Bender Rodriguez не не, баш ми се доразјасни она што јас горе долу го имав склопено како теорија. Нешто така и јас си претпоставувам. Мислам дека секој од домаќините има одреден спектар на однесување, гестови и работи кои може да ги прави, па затоа некаде мислам дека првата епизода беше тоа, кога нешто излегува ептен од контрола, односно некој гостин излегува многу од контрола домаќините блокираат оти немаат програмирано шема на однесување за таква ситуација. Не знам мене така ми делуваше по првата епизода. Ќе видим секако, како и да е има што да правам цела ноќ иако првично имав друга замисла :D
     
    На sia.bella, Bender Rodriguez и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  20. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    5.357
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата епизода од серијата, ама после случајно на HBO го фатив филмот. Јас мислев дека е епизода од серијата и дека покажуваат востание на роботите од 70тите (facepalm) Дури кога заврши филмот сфатив дека е уствари е ФИЛМ (немав поим дек серијата е базирана врз филм).

    Многу работи ми стана појасни гледајќи го филмот, а и многу ме заинтересира па дефинитивно ќе продолжам да ја гледам серијата.

    Дали ќе има шанси и во серијата освен West World, да ги има и Roman World и Medieval World?!
     
    На sia.bella, 1209, Lady Phoenix и 1 друга личност им се допаѓа ова.