Кога последен пат плачевте ? Вчера вечерта. Два сериозни проблеми во исто време.Незнаев на кој да се посветам и да го решам. Бев слаба,и заплакав. Неможев да издржам.
Кога последен пат плачевте ? Неам плачено одамна али готова сум кај и дае ќе ми пукне филмот и ќи се изнаплачам фино лепо па шо сака нека биде
Кога последен пат плачевте ? На 18ти мај. И тоа во школо. Се карав со еден другар, и уште не му зборам, а ни оне мен
Кога последен пат плачевте ? Пред испитот, завчера! Толку трема ме фати што мислев дека заборавив и како се викам!
Кога последен пат плачевте ? сега...сега плачам...не знам што се случува...тотално сум разочарана! си заминав од кај него оти имав раб...и се беше прекрасно функциониравме прекрасно....поминувавме убави моменти не расправавме....и додека бев тука се убаво одеше се слушавме по 100пати во ден се смеевме и наеднаш вечерта почна да ми најдува рачки за да не се вратам....почна со мене мн лошо да се однесува а не знам која е причината...не знам што се случува....каде згрешив! не ми се ни јавува....а верени сме?!....што ли да правам...??/ .....што ли се случува???
Кога последен пат плачевте ? Пред малку....Едноставно премногу проблеми ми се собраа,под голем стрес сум,а и ситуацијата со него ме избудалува.Не можам веќе,сакам мозокот на пасење да си го пуштам и со ништо да не се замарам....
Кога последен пат плачевте ? Пред две-три недели. Едноставно ми дојде преку глава и ми пукна филмот, па се истурив квалитетно. Ич не можам да чувам и трупам емоции и нервози во мене, ко да ме гушат и морам да ги извадам надвор, макар и со солзи.
Кога последен пат плачевте ? Во четвртокот... Можеби пак ќе плачам за некој саат како што е тргнато...