Сепак е учителка. Не е човек кој цело време е на телевизија. Можеби има трема. Тоа што не пишува убаво или пак е возбудена не значи дека е неписмена.
Од кога критериум за наставник е кажување шали? За сламки се фаќате. Денес треба да излезат со резултати од можните болни од Цаца, така?
На Правен факултет сум. Семинарски се само еден од начините на полагање на влезен колоквиум. Испитите ќе се спроведуваат кога ќе се создадат услови, освен ако не изменат нешто заради одлуката од влада.
Гледате дека се мачат со електронската табла не прифаќа наредба за пишување,не пишува со креда па да може убаво да напише. Поважен е квалитетот на часот и колку учениците ќе научат а не дали се смеела или убаво пишувала. Всушност ова се часови за седмо,осмо оделенци не за првачиња.
Не знам колку сте запознаени со Монтесори начин на предавање.... Ова беше се' што Монтесори не го налага
Не сум запознаена. Ама еве како студентка а и неодамна ученичка, шалите биле смешни само од наставници што се стварно забавни. Наставник што глуми смешен, го постигнува само апротивното. Во ек на пандемија, да критикуваш наставник којшто најверојатно е прв пат на ТВ... нема поента.
Кој го изјавил тоа? И зашто да не? Има луѓе факултети што завршуваат од дома. Друго решение не гледам освен да се продолжи семестарот преку лето или да се поништи годината.
Леле Чка, виц ли е ова Они не знаат една проширена реченица да состават, ти ми зборуваш за математика
Затоа што живееме во Република Северна Македонија, во која што добар дел од населението не поседува компјутер или стабилна интернет конекција.
Ќе рече некој ајде де 21 век сите имаат лаптоп , телефони и 31ви да е тоа не е решение со оглед на тоа што еве најпрост пример кај мене на фалултет уште им стои објавата дека факултетот нема да работи 14 дена, ниту известување за онлине, тек па можам да ја замислам организацијата за онлине полагања. Друго, учење факултет на ваков начин лично мене ми е без врска, ја затупеа младинава со интернетов.
Дај жити се, како може да заборави да пишува? Водителот го фати срам па он место неа пишуваше. Ако не знае нека вежба, не да се појавува на тв. Има и други учители. Нејзе не и е училницата 30 деца сега, туку многу повеќе. Што научија за функци и дропки денеска? Ова е чист доказ дека децата треба да имаат екстра часови после коронава, или летово, или не знам што, само вака не. И јас имам професори он лајн, 4 дена уста пена му фати на човекот, плус предваше на англиски што не му е мајчин јазик, и тоа на 35 луѓе и никој не заспа. Напротив многу научивме. Ова денеска беше огромно изненадување за мене.
Кај мене на факултет таа електронска настава се одвива само преку комуникација на меил. За онлајн предавања не знам зошто немале можност. А некои професори па и на меил не сакаат да вратат. А не па да очекувам електронски да спроведат полагања.
Прашање плус, многу ме интересира како би функционирале оние факултети каде што личната комуникацијата е задолжителна? Стоматолог по кој основ може да учи онлине? Хирург? И да не набројувам....
Има квалитетни решенија за онлајн настава, но некој треба сето тоа да го организира и воспостави систем. Еве едно квалитетно решение, а кое не се базира на емајл, вајбер, скајп, но главното прашање е: „Дали се има желба за учење“? Онлајн-настава со помош на апликацијата ZOOM Подолу на линкот го имате целиот текст како да се превземе апликацијата, како да се инсталира, како да се користи и така натака. https://emiter.com.mk/vesti/18792?f...1E2ksApr_TSNB3xWdNNsd74#.XniHgw1ZfTw.facebook
Донесена е уредба дека е дозволено да се полага online, а дали ќе се полага секој универзитет и факултет ќе одлучи. Пишува дека мора технички да биде регуларно. Како што пиша и @cresa-jagoda голем број функционираат само на мејл, нема никакво предавање, само пратени материјали, а не полагања.
Мислам дека направија голема грешка со одлуката да се полага онлајн. Предавањата ајде да речиме дека може онлајн, ама друго не. Најдобро ќе беше да полагаме јуни. @Glowy УКИМ веќе донесе одлука за онлајн предавања и полагања за жал.