Тоа е многу чест случај во школите во Македонија. Речиси кај сите. А знаете како е во гимназиите? Со определување смерови се мешаат одредени деца од класовите кои се заинтересирани за одреден смер да ги следат часовите со кои се карактеризира истиот, а на останатите се враќаат целиот клас сите. Во просек, 4 смера, значи еден клас се дели на 4 групи и одат на часови со групи од останати класови, и после пак се собираат на другите класови заедно. Луѓето се бунат дека ќе биде со полн капацитет, со по 30 деца во клас, ама не е така. Децата меѓусебно ќе имаат контакт со уште повеќе ученици. Ужас, едноставно.
Гимназијалците и основците нема потреба навистина да одат физички, ама стручните медицински мора, барем на пракса да одат, макар и во просториите во училиштето, не мора на болница. Нема смисол да завршат за сестри, а да не знаат да приклучат инфузија. Јас губев пракса едно полугодие кога беше епидемијата со морбили, фала Богу што бев 4та година, и веќе ги знаев најголем дел од работите, ма да и тогаш изгубив некои знаења, ама да бев 3та, ќе беше многууу полошо.
Во Тетово и Гостивар онлајн настава за средношколците во текот на првите две недели. https://republika.mk/zivot/zdravje/onlajn-nastava-vo-srednite-uchilishta-vo-tetovo-i-gostivar/ Дискриминирачка мерка. Кога требаше само Тетово да биде во карантин не го издвојуваа и ставаа или на сите или на ниеден град полициски час. А сега?
Од една страна сметам дека ова е оправдано поради ситуацијата во овие два градови, но од друга страна се прашувам по отворањето на средните и основните училишта за колкав временски период ќе дојде до слична ситуација во останатите градови.
Оправдано ќе беше доколку беше и спроведено и во другите градови. Не може за едните мајка, а за другите маќеа. Не е потребно да се чека до кога ќе дојде, пример ситуацијата во Скопје не е нешто поразлична.
Оваа власт и овој народ не се нормални , а бе сите молчат додека си играат играчки со нас и со децата наши ..... само едно прашање и да напоменам не сум антиваксер и не ме интересира тој дел ама со кој здрав памет ставаат рестрикции и забрани за влез во објекти со капацитет над 30 лица , а ќе ги набуткаат по 35 деца во една просторија 5 на 5 метри ..... какви црни проколи ќе спроведат во зграда каде немаат ни вода ни услови за основна хигиена , дистанца и растојание 30 см од дете до дете и се разбира 5 саати со маска на лице ..... Најбитното денес во 5 до 12 ќе се состануваат , ќе договараат , ќе одлучуваат... и народов си уживка си брка работа толку беше галама 15 мин и сега ги нема никаде , медиумиве си ќутат , како добро дресиран добиток сме станале ... Срамота е повеќе да се крене прашина за влез во кафани и кафичи од моментов со загрозување на здравјето на младите а воедно и загрозување на јавното здравје ...
И јас тоа викам. Ама не треба Филипче и комисијата да се свесни дека ситуацијата и дури полоша. Повеќе заболени, повеќе транспорт со автобуси, поголеми училишта. За што добиваат плата? За да лаат по медиуми дека ситуацијата е под контрола?
Тетово има огромен број на села околни. Не знаете колкави се гужви низ градот кога средношколците чекаат за автобуси, комбиња за накај своите села. Арно и текнало на Теута да побара, не е тоа дискриминирачки, нека побараат и другите.
Не дискриминирачки од нејзина страна. Дискриминирачки е од страна на Филипче и комисијата кои не донесуваат разумни одлуки.
Не е логично да одат децата на школо во толкав број и по цели часови. Колку ќе додржат со маска? Нема кога ќе идат на школо и одат дома да носат маска сигурно. Па да не зборуваме за средношколците. Хаос е државава. Според мене требаше да си применат модел на комбинирана настава. Вака сите што немаја прележано, ќе прележат, па дури и ќе има реинфекции. Затоа што децата се преносители. Со оваа одлука го загрозуваат здравјето на сите. Али кога дозволија разни веселби зошто да не дозволат и физичко присуство? Пресудни беа свадбите мораја да се оддржат со толку многу гости, тих проблем како тоа не се напрајла свадба. Одлуките им се само така нафрлани. Да не бидиме и ние нешто поразлични од соседите
Еве сите што имаме школски деца, добивме деновиве протокол за одвивање на наставата со физичко присуство. Се ок, само ми боде очи она што не видов во протоколите: Нигде не пишува дека се обврзуваат училиштата да обезбедат сапун во тоалетите! Ова ми е најосновна работа што треба да ја има во секоја институција. Значи останува таа работа на родителите (да им дадат секој на своето дете или да купуваат за одделението) И не ми држи аргумент од типот - се нема финансии за тоа. Има начини како да се обезбедат пари за тоа, сме имале успешни примери како тоа може да се обезбеди уште пред пандемијата.
Па и во Битола голем број од учениците се од околните села дури и градови(Ресен, Прилеп…) особено за средните стручни училишта. На Теута на место и е барањето, но кога веќе донеле ваква одлука, нека биде за сите. Да не испадне после 2-3 недели сите на teams да се вратат.
Секој факултет автономно ќе одлучува изгледа. Нас на медицински ни рекоа дека вежбите ќе ни бидат физички, а предавањата веројатно онлајн.
Како очекуваат децава да одржуваат хигиена кога толетите се во катастрофална состојба. Уште јас кога бев средно, ретко кога да дочекаш во толетите да има сапун и тој што го имаше сигурно некои плукал во него. Едноставно само одвратно чувство имаш. За разлика од другите градови, Скопје ти е жариште. Децата требаа да си почнат со онлајн настава, па да речеме за месец се смири бранот па да тргнат со физичко присуство.
Јас мислам дека наставата треба да се одвива онлајн барем додека не се смири ситуацијата.Како е можно при толкав број заразени од кој голем број се деца,и понатаму да се инсистира на одење во училиште со физичко присуство?
Па ете почна пописот, водат кампања за избори. Се е то смислено. Мора да одат децата на школо иначе како ќе кажат дека се што прават може да се спроведи. Ќе биди во смисла ете успешно ни се протоколите, не се разболуваат во школо, можиме да тераме и попис и избори
Јас имам основно школо во близина, пројдов пред некој ден. Абе ко да сум патувала назад во 2019 се осетив, наставнички со родители си се смешкаат рамо до рамо без маски, деца се гушкаат без маски, значи ни п од протоколи. Али океј ајде ќе се лажеме дека се почитуваат мерките .