Ако ме читаше од почеток ќе видеше дека не ми е проблем дали ќе и бидам прв или не. Секако за се има граница. Така да не би земал некоја која била само сексуален објект. Човек има потреба од секс само кога мисли на тоа. Доколку си ги доведеш во ред мислите потреба за секс ќе имаш тогаш кога ти сакаш, тогаш кога е време. А не како животно, да се препуштие и ајдеее секој момент секој час. Мислам ако така ви е ок терајте. Јас се ограничувам од се што води кон безбожништво. Така да нема да жалам за такви шански, да ги наречам шанси ајде ама тоа се повеќе мински полиња на кои би награбусил како и духовно така и физички.
Денеска секој 5ти е депресивен зашо сами си се дијагностицираат со депресија. 20 посто од нив дали биле на психијатар, или земале антидепресивни. Пола од нив за мене се деца што од дома или средината не добиваат внимание, па се жалат за секоја глупост. Постои депресија и сигурно денеска повеќе од минатото. И нема зашо у селата да била застапена депресијата повеќе, кога има премногу студии што докажуваат дека природата, чистиот воздух и тишината придонесуваат за психичка благосостојба кај луѓето.
Јас не сфаќам кои екстреми ги вадите и што ви е поентата ама еве вака ќе ги напишам во две реченици да видите колку е без врска. Ако не родела на 18, менопауза после, нема раѓање и гарант ако воопшто забремени ќе има критична бременост. Жена или е со 1 партнер или мора да е соголена до 5 на улица и шмрка и се пијани и не знае кај се наоѓа. Значи средина нема никад. Или е супер "прибрана" или е "распуштеница"
Ако си верник ко што кажуваш ќе знаеш дека Бог вика, САКАЈ ГИ ГРЕШНИТЕ. Така да целиот муабет ти е џабе, кога ти грешните не би ги погледнал, а камо ли да им подадеш рака за спас. Ми се лоши од вакви верници како тебе.
Животните имаат секс само кога им се сезони за ПАРЕЊЕ, не се ебат за задоволство(освен делфини, ете). А ако си христијанин, да те потсетам дека секој грев иста тежина е, и доста пати е спомнато во Библијата, дека право на судење има само Бог. Не си ти Господ да осудуваш живот на други. Сите талкаме по различни патишта, се е тоа во планот на Господ и верувам дека секој ќе си го најде правиот пат на крајот. Ти гледај си твојот двор да е сметен, а не на комшијата.
Не, јас не вадам заклучоци и тези засновани од податоци во мојата потесна фамилија. Доволно е да побараш официјални податоци за светското население, ако пред 100 години имало 1 милијарда жители, сега броиме над 8 милијарди, сѐ тоа благодарение на медицината, науката, вакцините... Многу е жално млад човек кога ќе видам толку убеден дека неговите ставови верувања и мислења се единствената вистина, па и утре задутре ќе зависат животи од нив, и тоа сопствените деца. Малку самокритика и преиспитување нема да ти штети воопшто, напротив ќе се изненадиш доколку си ги прошириш видиците. Ова е најдобро намерен совет кон тебе, и пак ќе се повторам, светот не е црно-бел и најмалку е важно нашите верувања да ги ставаме пред среќата и здравјето на другите, т.е најблиските и оние чии животи зависат од нас.
Баба ми (мајка на татко ми) пуши трева, еднаш месечно обавезно пали, па еве здрава, права пред еден месец наполни 94. А татко ми е и најголем противник за тоа, со мислења како Витали, до пред 7год кога не фати со баба ми и братучедка ми како вртиме џоинт. Од тогаш не го слушнав да рече нешто лошо за оние кои пијат, пушат и шетаат до 6 наутро. Не можете да ги осудувате луѓето ако пијат по некоја чашка или пушат, некогаш и оние "примерните" знаат да испаднат бетер од ѓаволот.
Ајде доволно е, темава не во здравје, па да се дискутира што е здраво, што не е. Ниту пак е за возраст за станување родител, и таква има посебна. @Vitaly престани да ја носиш оф-топик темата, коментирај во склоп на вовед и наслов, или ќе добиеш бан и од тука.
Од 13 години имам депресија и анксиозност. Тоа беше во 1991ва. Знаеш кога ми поставија дијагноза? Во 2001ва. Односно, сама си ја поставив, со помош на сопругот, кој тогаш ми беше дечко и најде на интернет опис на анксиозност и со испринтани листови отидов кај тогашниот психијатар, кој е воедно и професор, и ми ги задржа текстовите, за да научи повеќе. Не е дека немаше депресивни претходно, туку како прво, никој не одеше на психијатар, освен ако не стане ептен психотичен, па на сила да го однесат. Втора работа, што пола од дијагнозите кои денес ги знаеме, не ни постоеја. Анксиозност како дијагноза ја немаше кај нас, кога јас заболев.
Ај не продавај глупи причи. На баба ми бебе меѓу мајка ми и тетка ми на само 3 месеци и умрело, незнаеле докторите што му е, висока температура имало. Дедо ми од 3 деца, 2 починале под година, 4тото заедно со мајка му,голем плод било, неможеле да ги спасат. Се преженил татко му, од 2 деца, едно преживеало,другото мртво родено. И сега има спонтани абортуси и секакви ситуации и тогаш имало. Свекрва ми во 4ти месец на дете меѓу мм и сестра му од нигде никаде имала спонтан. Мајка ми имала пред мене 3 спонтани. А да, на тетка ми свекрвата има 102 години. Познавам доста стари близу 90/100 години што се, што реално не е малку. Не кажувај прикаски, дај факти. Јас си го дрогирам детето, чепче му ставам кога има температура. Ќе ме стигне божјата казна. Олабави се малку, озбилно
Мене сега дечко ми на 19 ме запроси зошто и онака мислевме да живееме заедно. Долго време сме заедно и го знам целиот муабет како тоа е гооолем чекор и како сум "бебе" на оваа возраст, ќе ги скипам тие одговори. Моментално сме на одмор и решивме да им кажеме на родителите кога ќе се вратиме дома. Они беа океј да живеам кај него зашо више сите сме блиски и некако "наши" сме. Ама некако страв ми е за ова како ќе изреагираат. Пак планирам да одам на факултет, да неам деца дур да завршам ама знам дека секако ќе кажат дека сум млада за ова што е океј. За други сериозни работи до сега секогаш ми викале "ова е твој избор ние не можеме да ти кажеме како да го живееш животот" така да се наведам и за ова ќе бидат такви.
Паа сметаме дека не ни прави разлика многу. Дали ќе живееме неколку години заедно па брак дали сеа исто ни се чини. Имам "живеено" со него во смисла на седење кај неговиве за распуст и слично и си ги знаеме нашите навики и маани.
Ако се плашиш што ќе ти кажат родителите, значи не си спремна уште. Кога ќе си спремна, нема да се грижиш за нивната реакција. Живеење заедно без брак и живеење заедно во брак прави разлика голема. Ако не ви прави разлика тогаш живејте заедно без брак. Бракот е поголема обврска од живеењето заедно, така и разводот е потежок одколку само да раскинеш со некого. Џабе викаме дека само едно ливче хартија е и исто е, не ни е исто на никого, ако беше исто немаше ни да стапуваме во брак. Секако дека можеш да одиш на факултет, ама не е лошо да имаш некоја пара кога ќе почнете да живеете заедно. Каде ќе живеете, кај него или кај негови родители? Ако е кај негови родители, кој ќе ве финансира, дечкоти е целосно независен и може да те поддржи за сите трошоци, или мајка му и татко му плаќаат? Ако плаќаат неговите не е во ред да стапите во брак без пари, ќе треба да плаќаат луѓето за уште еден човек. На 19 год гледај фокусот да ти е учење и заработка на пари, ако имате план за живеење заедно, пробајте, зошто да не, добро е од млада да се учиш да се носиш посамостојно со обврски, но не брзајте со брак.
По тоа што го пиша, прстенот не ви менува од тоа што веќе сте планирале. Имав другарка што се вери, па една година не ни живееја заедно дури се средат, договорат за понатамошно живеење. Кажи им на твоите сигурно веќе се свесни дека си во сериозна врска, а за понатаму ќе си одлучите вие сами. Не мора да се избрзувате за брак.
Работите, имате сопствени финансии? Не е баш исто живеење заедно и брак, ама добро, вие си знаете. Не мора да избрзувате. Плус, седење неколку денови кај него дома за распуст е пак скроз различно од женење и мажење.
Би те советувала да си поживеете заедно, без брак. Бракот никаде не ви бега, ако после неколку години се' уште сакате, зошто да не? Навистина си премлада, ако, живејте заедно и добро е да поживеете пред да стапите во брак, не се избрзувај беспотребно. Генерација со сестра ми си, како неа те советувам
Исто е во смисла на обврски... нема некоја разлика по мене. Единствена разлика што во разделбата ја имавме ние што бар по судови не одевме, од тој аспект добро е што во брак не бевме. Иначе според мене, исто функциониравме како и било кои двајца со пемпеле од матично.