Барав тема,но не можев да најдам,се надевам не грешам што ја отварам затоа што ми се случи нешто што ме загрижува... Последната менструација ми траеше доста долго,две и пол до три недели,со средно крварење,она не обилно,ни многу малку. За време на тоа немав односи,а ни во поблиското минато. Некој ден по завршувањето имав однос,меѓутоа беше пропратен со многу болка во левиот јајник и вагината. Јајникот ме болеше неколку дена наназад меѓутоа ми се случило и порано,од прелада. Би сакала да ми кажете дали имам причина за грижа бидејќи болката при односот не беше занемарлива, до граница на неизржливост. Дали инфекции или сексуално преносливи бактерии можат да бидат причина?
Што може да биде причина незнам ,ама има место за грижа и треба да одиш на гинеколог уште во понеделник.Прво проблем е толку долго да имаш добиено,а второ толкава болла...Незнам,ама мора да посетиш гинеколог.
Да,утре обавезно ќе се јавам. Прочитав по интенети дека доста честа појава е, и да, може да биде предизвикана од инфекции и бактерии (кламидија) или од грч на вагиналните мускули. Да си помислам јас прво на најлошото, кламидијата во најголем процент не дава симптоми кај мажите,така да тие кутри можи ни да не знат дека ја имат! И друга работа,вакви смотани грчој досега не сум имала...Чешки тие да се,шо да речам.