1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Југославија-еднопартиски систем и животот во тоа време

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Karamela12, 12 декември 2020.

?

Дали би живееле во република како што била Југославија?

  1. Да

    117 глас(а)
    75,5%
  2. Не

    38 глас(а)
    24,5%
  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Гостопримство, но и влијание од медиумите некогаш и денес, инерција. Српско-хрватскиот некогаш бил заеднички јазик. Со словенците и словенечкиот е истата ситуација - тие во Македонија зборуваат српски, полесно им е така да се разберат.

    Причината е што тој и да сака, не може да да зборува македонски бидејќи (претпоставувам) не го познава ниту бил во контакт со истиот. Можеби после 1-2 години би прозборел. Но за разлика од тоа многумина македонци го учеле или биле повеќе изложени на српскиот или хрватскиот, макар преку медиуми (музика, тв, филмови, списанија, книги...) па можат да се обидат да зборуваат на тој јазик.
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.081
    Пол:
    Женски
    Јас па , и кога одам во Србија ( т.е кога одев пред коронава а и во иднина кога ќе одам ) си зборувам на македонски јазик . Само имавме мало недоразбирање околу макијатото , кај нас е макијато , во Ниш и Белград е еспресо со млеко . Барем каде што ние пиевме кафе беше така . Ако веќе зборувам на друг јазик ( на пример на море во Албанија , не зборуваа ниту македонски ниту српски , само албански и англиски ) , тогаш зборувам на англиски .

    А кога пробувам да зборувам на српски , си делувам смешно сама на себе , камо ли на соговорникот :rofl: . Ќе се искине од смеење додека се разбереме :D .
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Кога зборувам со срби/хрвати/црногорци, 'само ми иди' да зборам српски. (facepalm)
    А не знам убо да зборам и звучам ко идиот.
    Морам да се опоменувам себе си да си зборам на македонски.

    Не страдам по СФРЈ, ама ич.
    Напротив. Не ја почитувам како општествено уредување.
     
  4. zoya

    zoya Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    115
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Југославија како општествено уредување НЕ, но како концепт на унија помеѓу поранешните републики ДА. Ако нешто научивме овие 30 год е тоа дека сме премногу мали и незначајни да делуваме поединечно. За жал, после војната во Босна не знам колку е можно да се случи повторно обединување.
     
  5. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Машки
    Вечна ви слава!
    4 Мај 1903 - Ѓорги Делчев
    4 Мај 1980 - Јосип Броз Тито

    download.jpeg
    "Тито на гробот на Гоце Делчев"
     
    На Bratot му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    Вечна нека му е славата!
    1.jpg 2.jpg
     
    Последна измена: 5 мај 2021
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Машки
    :l:
     
    На Sofronko и daylight им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Овие видеа се мнооогу интересни да се гледаат од денешна перспектива!

    Обрнете внимание на едноличноста на одговорите кои луѓето од тоа време ги даваат. Тоа е одраз на нивната тогашна свест и секако политиката во тоа време. А со каква свест се луѓето, отприлика таква им е или таква ќе им биде и државата... па дури и ако настапи демократија, осамостојување и слобода на говорот како 1991 година.

    Од лицата на луѓето се гледа дека се среќни или барем весели, со релативно добар стандард на живеење а особено во споредба со минатото (другарите прикажани на 22:30 сигурно имале уште подобар стандард), тогашната држава се погрижила тоа да биде така.
    Но дали се погрижила за иднината? Дедото на 19:00 веројатно не е свесен колкава вистина кажува, а уште помалку што произлегува од таа вистина, тој вели: „Како него нема друг!!!...„ Имено, ако нема, што ќе се случи откако тој ќе си замине? Што ќе биде кога ќе си замине „големиот и убав човек, светски миротворец, голем визиоенер и херојот на нашето време„.? Одговорите постепено се дознаваа по 4 мај 1980, а особено деведесеттите години од 20. век.

    Најдобра е бабата на 10:08 особено на 10:23 кога новинарката ја прашува: „И каков човек е, што мислите вие?„ а таа ѝ одговара „Го знам ја дека е добар, стара сум ја, ајт...„ :D

    Други занимливости што можат да се воочат од видеото - 3:06 изгледот на скопската улица „Водњанска„ (денес неправедно и бесмислено прекрстена во М. Тереза) целата е калдрма. 15:10 „Ја Холандија, Тито добра!„ 18:46 го поздравуаат и на албански и не како последно, сите тие деца и млади во видеото, денес 2021 год, имаат околу 50-65 години, не ми се верува :o :shake:
    Сакате да кажете дека еден ден и ние нема да бидеме повеќе млади? :?: :headbang:
     
    Последна измена: 6 мај 2021
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  9. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Тие што мислеле поинаку, знаеш кај биле?
    На Голи Оток.
     
    На asdas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Машки
    Sa tolikim iskustvom koje imate, kako bi ste odgovorili na pitanje mladog coveka, sta to ipak znaci biti Komunista?
     
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Извадок од филмот Балкански шпијун (1985)

     
  12. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки

     
    Последна измена: 12 јуни 2021
  13. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    Животот во Југа




     
  14. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.241
    Допаѓања:
    166.063
    Малку оф топик- водњанска беше калдрма до пред дваесетина години, плус, минус, и ништо не ни фалеше.
    Друго нешто воочив, по неодамнешната посета на Македонија. Во меѓувреме Србија изградила автопат од друга димензија, Македонија уште ги прави фамозните патишта до Битола и Охрид, еве веќе 10 и повеќе години. :| Да ја немаше и таа инфраструктура од Југославија, по земјен пат ќе се одеше. Али демократија и просперитет, тоа е|(
     
    На Abel, Konfetka, venus♡ и 4 други им се допаѓа ова.
  15. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    2.276
    Допаѓања:
    5.171
    Пол:
    Машки
    :u: :l:
     
    На Wideperpetual и Bratot им се допаѓа ова.
  16. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    Фотосторија: Скопје - Југославија

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]


     
    На Nikolina35, daylight, Billy Idol и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bratot

    Bratot Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2019
    Пораки:
    3.947
    Допаѓања:
    13.758
    Пол:
    Машки
    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]

    [​IMG] [​IMG] [​IMG] [​IMG]
     
    На daylight, Billy Idol и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  18. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Налетав на многу интересен сајт Yugopapir кој пренесува извадоци од некогашниот југословенски печат, низ кој може да се насетат сите мани и доблести на некогашната СФРЈ, еве неколку статии:

    Напис за расипаната :?: југословенска младина кон крајот на шеесетите од 20. век.

    :o Американски турист раните осумдесетти години изненаден како тоа југословените не знаат колку пари чинат лекарствата во нивната сопствена земја и дека не се плаќа школарина:
    Линк до целата статија на српскохрватски јазик

    (facepalm) Претскажувањата на некои од „видовитите„ во јули 1991 за иднината на Југославија
     
    На Billy Idol му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.611
    Допаѓања:
    36.905
    Пол:
    Машки
    Доволно е да се разговара со некој Скандинавец во години кој ја памети Југославија каква била.
    Швеѓани, Норвежани, ќе ви кажат дека по урнекот на Југославија е граден нивниот општествен систем кој го имаат денес. Copy - Paste. Најдобриот систем во светот, со најголеми права и најдобар животен среќен век. По сите параметри и индекси се на прво место. Тоа можевме да бидеме и ние.
    Впрочем и ЕУ е градена по системот на Југославија, што само говори колку напредна била таа држава во секој поглед.
     
    На Sofronko и Bratot им се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Сепак текстовите низ југословенскиот печат од тие времиња укажуваат и на разни проблеми со опаѓање на стандардот.

    Декември 1977 за „авантурите„ низ кои минувале купувачите на автомобили:
    Како се купува во Југославија автомобил: Враќање нема, појдете во сервис нека ви го поправат!

    За трупањето долгови, април 1985
    Југославија во големи долгови - списокот на најголеми загубари

    Септември 1986:
    Го помниме времето на благосостојба, како стигнавме до сегашните (1986) кризи и рестрикции?

    Скапо летување низ Јадранот предстоечкото лето 1988:
    Дали на Јадранско море можат сите Југословени - или само милионерите?