1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовните проблеми најдоминантни?!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Bitter-Sweet, 12 јануари 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    Размислував на оваа тема и решив да ја создадам, не знаев дали да ја ставам во категорија Психологија или овде но ајде овде нека биде.
    Ќе почнам со моето лично искуство, во животот сум среќна за многу нешта но штом во љубовта ќе се исушат розите и ќе останат само трњето тогаш станувам несреќна и покрај тоа што реално имам други причини за среќа. Тогаш како да не ме интересира ништо друго, се чувствувам лошо, страдам, не сум расположена. Тоа е чест случај и кај други, кај девојки кои пишувале на форумов за такви (љубовни) проблеми, кај мои познати лица, кај оние за кои се зборувало јавно и за оние кои дури си го одзеле животот поради несреќна љубов? Зошто? Што е тоа што не тера да се чувствуваме лошо и да не ги гледаме добрите нешта околу нас? Зошто љубовните проблеми толку не окупираат? Можеби затоа што тоа е нешто што се случува без наша волја односно срцето си тера по свое и не го слуша мозокот? Тоа не бира кого смее да сака.
    Знам дека има во животот и пострашни проблеми, но во оваа тема конкретно ме интересира ваше мислење зошто љубовните проблеми толку не толчат и ни ја одземаат сета радост?
     
    На ***nekoja*** му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Де бре. Па нели до вчера пишуваше во темите дека си среќна во љубовта? :^):^) :o :o
    Што те разочарало на пример тебе највеќе?
    Скрши го мразот.
     
  3. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.774
    Не мора да значи дека ако вчера било најубаво и денес е.
    И мене ме кршат, најмала ситница но кога се зборува за големи на пример неверство губам верба во се. За сето останато, друштво финансиски проблеми не ставам при срце.
    Факт е дека кога некој е во фаза на големи љубовни проблеми може да се случи да дојде до целосна промена на личноста.
    Мене највеќе ме разочарува тоа што луѓето кои ветуваат дека никогаш нема да ме повредат, го прават сосема спротивното.
     
    На Yeeah, crazylady, mila1111 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
    Не, туку сериозно ја прашав, не гледав да ја навредам. Видов пред некој ден убави мислења во врска со љубовта, па сега одеднаш ова го пишала...
    Ама ако, се е можно, јбг... :worried:
     
    На Bitter-Sweet и JustFun им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.594
    Допаѓања:
    155.795
    Пол:
    Женски
    Ма ако не се разочарувавме од љубовта, кој ќе одеше странство?
    Патем, на темата, немора да значи дека се најдоминантни ама не рануваат онаму кај што најмногу боли. Сите имаме различни типови на проблеми ама овој ни е заеднички и затоа можи да се класифицира како најдоминантен. Иначе и самите знајме дека успех на работа, на факултет, добро завршена задача не исполнува исто како и љубовта (зависно од тоа кон која работа постапуваме со најмногу емоции) и кога ќе загубиме работа, падниме испит, или не успеваме да завршиме задача сме потиштени и тоа трае подолго или пократко. Љубовта трае подолго или пак, болката од љубовта која останала, зошто ние не сме се врзале кон предмет туку кон друго човечко суштество и врската меѓу луѓето е подлабока и посериозна место таа кон задачите, кон хобито и предметите.
    Барем јас вака ги сфаќам работите зошто крај краева чувствата се тие шо го прават човекот - човек, па затоа мислам дека љубовта е едно убаво и во исто време лошо чувство, баш онака, го прај светот наеднаш и го руши во секунди. И толку.
     
    На crazylady, SnowWhite8, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.530
    Пол:
    Женски
    @Marick14 точно е дека дека бев многу среќна во врската која ја имав,знаев дека некој тоа ќе го примети, но ете одеднаш ама баш одеднаш се смени се, се заљубив во личност со која немам шанси и му раскинав на дечкото. Свесна бев дека не можам да бидам со тој што го засакав но не можев да продолжам со врската каде ќе бидам со еден а ќе мислам на друг. Пред да ја отворам темава дознав дека тој во кој се затрескав си нашол некоја девојка и тогаш нешто како да се скрши во мене. Ете тоа се случи. Затоа и се замислив и ја отворив темава. Сега сум во ред. :)
     
    На Роберт 7, crazylady, BoneMachine и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Логички е љубовните проблеми да се доминантини, кризи во брак итн., животот на човекот се состои од многу сегнемти, празен стомак не мисли на религија и поезија и тн. приоритетна листа е тоа и таму некаде во последните проценти од комплетен живот спаѓа љубовта. Е, тоа нешто кое еден сам човек не може да го реализира и не зависи од еден. Оној што вложува дел од себе во врска и тоа не е возвратено и ценето или ќе си замине ликот, тогаш настанува таа болка што се доживува посилно од физичка болка. Не е толку страшно :) ништо страшно што не се надминува, секој поминува низ тоа додека не наиде на "совршен", стабилен партнер, потоа се' негативно претходно бледее, губи важност едноставно.
     
    На crazylady и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.306
    Пол:
    Женски
    Сега и јас да прашам: љубовните проблеми најдоминантни?

    Мислам дека не. Но ако зборуваме генерално. Ако зборуваме во однос на форумов или во однос на членовите на форумов - можеби. Зошто? Затоа што сите сме отприлика во таква возраст кога ни треба љубов, врска, кога телото ни бара поврзување со друга личност, кога мислите ни се движат во потрага по сопатник, а очите бараат и бираат. Некои се во возраст кога сакаат да оформат семејство, некои веќе оформиле... Ете затоа тука и воопшто на луѓе во овие возрасти кои се сретнуваат на форумов, можеби многу доминантни им се љубовните односи и можните љубовни проболеми, кога ќе искрснат.

    Но, генерално, не се солгасувам дека љубовните проблеми се најдоминантни. Всушност, ако одиме по логиката на некои јавни личности - така ќе испадне. Ама во држава која се распаѓа, во која владее невработеност, сиромаштија, никаков систем и милион други проблеми - не. Во свет во кој се водат војни, владее глад, се шират болести, секојдневно се случуваат природни непогоди, владее загаденост, се сечат шумите, се шири озонската дупка, пропаѓа самава планета - НЕ.

    Според тоа, се' е работа на перцепција и резултат на микросветот во кој живееме.
     
    На blueberry93, <Глуварче>, kjukli и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.239
    Допаѓања:
    124.402
    Мене љубовните проблеми не ми биле најголеми во животот. Сум раскинала скоро 10 годишна врска, и не сум се мавала од земја. Кога сум немала партнер, сум работела саботи и недели до 8 саат, не сум имала обврска према никој освен желба за напредување, лично, професионално. Сум читала повеќе, сум скитала повеќе, до 3 саат ноќе сум се журкала, во 8 на работа насмеана.

    Повеќе мака сум имала од други работи, ама веројатно имам некогаш научено да потиснувам се. На 40 ќе избие тоа, ама, никогаш не сум оставила да ме тишти нешто долго, најмалку љубовта. Свесна бев секогаш дека следниот е подобар, дека подобро е сама отколку несреќна у пар, сум верувала дека ако треба да биде ќе биде. Така што љубовните проблеми не ми се доминатни.

    Сега кога немам, а се надевам дека веќе и нема да ги имам љубовните проблеми, некако многу ми е полесно и се чувствувам поисполнето оти на повеќе полиња постигнувам. А и останите евентуални проблеми ми личат помалце битни, кога знам дека семејството е побитно од се. Хиерархиски, љубовните проблеми се доле некаде... се надевам нема да се појават.
     
    На Несудената, Lady Phoenix, kjukli и 2 други им се допаѓа ова.
  10. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.437
    Допаѓања:
    4.647
    Ќе ти бидат најдоминантни ако ти сама си го дозволиш тоа. Размисли дека на светов има многу мноооогу полоши нешта што може да ти се случат. А ако после сите обиди да биде подобро, после сите жртвувања за да се успее, повторно нема промени тогаш е повеќе и од јасно дека не се потребни повеќе напори. Едноставно, тоа што е вистинското уште не си го пронашла. И дури е подобро и да ги имаш тие проблеми, и да ги оставиш позади себе за да бидиш свесна и да го препознаеш кога ќе дојде. Јас лично уште пред 4 години додека бев во врска друга, почнав да имам симпатии за друго машко што само два реда муабет имав со него направено во животот и кој е 6 години постар од мене. И морав да ја прекинам тогашната врска. Не планирав ништо со него, но не можев да бидам во врска едноставно. И сосема случајно после пола година се најдовме една вечер во исто друштво седнати. И се почна така... Моментално сме со стабилна врска 2 ипол години, но претходно поминавме година време исполнета со ептен лоши работи. Но знаевме дека ќе успееме и се трудевме навистина навистина.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.364
    Пол:
    Женски
    Ако на љубовните проблеми им се оддава најголемо значение, тогаш да, за некој се најважни.
    Истото е и за парите, за некој се многу а за друг помалку важни.
    Зависи кој колку важност му придава на нештото.
     
    На Несудената му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    измеѓу паузи у програмирање денес се роди идеа дека можеби некогаш концептот на длабока реалност бил вистински/постоечки...што нажалост не е точно после втора светска

    околу темава одговорот зошто еден проблем изгледа доминантен у нечиј живот може да се најде у пирамидата на Абрахам Маслов (хиерархиа на потреби)
    [​IMG]
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.005
    Допаѓања:
    4.821
    Пол:
    Женски
    Ми има логика само ако тоа love / belonging не се однесува стриктно на партнер, има луѓе имаат љубов ама не им е се баш екстра, зависи од гледната точка така што имаш право за концептот за реалност.
     
  14. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.490
    Допаѓања:
    26.329
    Пол:
    Женски
    Како што кажа една членка погоре најдоминантни се ако сами си дозволиме има многу полоши работи од љубовни проблеми.
     
    На blueberry93 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не. Животот е многу повеќе од едно љубовно разочарување, па не гледам ако некој ве изневерил или оставил, како тоа е проблем, а камоли па најдоминантен :D Тоа што одредени одлучуваат да си го тупат и комплицираат, како и впрочем за се една работа во животот, now that's their problem :D
     
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Егото е најголема фрка во тие љубовни соидиненија.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  17. <Глуварче>

    <Глуварче> Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2016
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Љубовта е премогу голем збор за да се употребува само во поврзаноста со партнерот.
    Ние лугето често знаеме да бидиме себични.Се поврзуваме со еден човек и забораваме на останатите.Мислиме дека треба да најдеме некоја сродна душа која ке не направи целосни.Љубовта е создадена за да ги поврзува сите човечки души во едно, а не само да биде насочена кон еден човек со кој си во сексуални односи или со луѓето во кои си во крвен однос.
    За жал љубовта ја поставуваме само во неколку релации како на пример меѓу партнерите.Голема грешка.Треба да ја ставаме во секој дел од нашиот живот, затоа што е создадена токму затоа да ја има насекаде.
    Пробај да ја почуствуваш љубовта на други места, во други форми и ке сфатиш дека љубовта мегу тебе и пратнерот не е најдлабинска.
    Кога ке ги откриеме сите форми на љубов можеби и ке испадне така дека љубовните проблеми се најдоминатни.Можеби затоа што на светот му фали повеке љубов, па од тој недостаток искачаат сите проблеми со кои се соочува светот.
     
    На theowndemon и Outlook им се допаѓа ова.
  18. ccca

    ccca Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2013
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    1.205
    just ask yourself ако имаш тежок запек стомакот те убива од болење потечен ти е и имаш експлозивни гасови што смрдат како микс од варено јајце и нешто умрено.

    дали ке бидеш толку мн напалена према идеата да најдеш некој што има кола,скап мобилен,стан само за него,добра плата,облека што соодветно му прилега на телото,хигиена за пофалба,особина да секогаш е присебен и во моментот и да е способен да носи и соодветно комуницира одлуки(за некој е екстра и да е субмисив...зависно од ниво на самодоверба).

    drum roll please: oдговорот е НЕ
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Никогаш не ми биле доминантни, може и затоа секогаш сум имала среќа по тоа прашање.
    Мене друго ме мачело и ме мачи од секогаш, се надевам не уште за долго. Секогаш доминирало на мапата...тажно и огромно, како болно врапче со скршени крилца. Ах уел...