Затоа што никој не се покажува во вистинско светло од самиот старт. Затоа што дури и оние кои излегуваат со тебе само поради забава, од почеток ти симнуваат ѕвезди. И тоа додека не се затрескаш. Е после тоа иде она познатото „е чекај, ама јас не сум за сериозна врска“ или „супер е вака да си излегуваме ама јас ќе се допишувам и ќе излегувам со уште 4-5 други“. Епа тоа се кажува на почеток. И како потоа да не се донесуваат одлуки базирани на емоции кога ти мислиш си во сериозна врска, а тоа уствари да ти било врска без обврска?! Без лутење Били, но повеќето момци мислам дека сте токму вакви.
Не.. Ќе го преболи таа, кога ќе се наслади од него. И не е до жените, туку е до емоциите. Некогаш и треба да искусиш разни ситуации, за да се снаоѓаш повеќе во иднина. Не е исто друг да ти кажува, и сам да почувствуваш.
Во право си, така се изразив пошто повеќе женски го имаат проблемов. Јас тука го читам over and over А зошто паѓате на тоа симнување ѕвезди? Една зрела особа многу лесно може да ги увиде и разграничи намерите на другата страна. И се, повеќето, токму овакви како што кажа. Јас не сум, секогаш кажувам уште од старт. Но, никогаш не можам да знам како ќе биде по месец-два кога би ја запознал другата страна подобро? Што ако сум имал намера со неа да бидам во долга врска, но во меѓувреме сум сфатил дека сепак карактерно не ми е компатибилна, но имаме физичка конекција и го обзнанам тоа?Емоции се во прашање, непредвидливи се, не знаеме што и како да очекуваме. Иако уште од сам старт се знае и гледа, како во случајов со девојката, но не сакате да верувате во истото, замижувате пред зборовите, се надевате, ризикувате. А, јас мислам дека ризик се превзема само и само ако има шанси да се добие. Па, нели овде кажуваа финти пред некое време како да го натерале да се заљуби во нив? И кога мислев вас жените, мислев на вас, овде на форумот пошто сте мнозинство и повеќе вие изнесувате овакви слични проблеми. Иако ниту ние воопшто не сме имуни на истите. Ете @Stark ако не се лажам пред некое време бараше совет за идентична ситуација. И јас сум искусил слично, па затоа и го давам истиот совет. Слушал паталец, а не гаталец. Но, може Вајлд е во право дека секој треба прво да искуси на своја кожа, па да знае како е.
Дали сум незрела затоа што верувам кога некој ќе ми каже дека има сериозни намери со мене, а истовремено се допишувал со други? Дали сум незрела затоа што не контролирам што прави во секој чекор и сакам да имам доверба? Дали сум незрела затоа што сметам дека на одредена возрст треба да си свесен за сопствените постапки и треба да знаеш да се однесуваш подеднакво одговорно кон туѓите емоции како што се однесуваш и кон своите? Ако ова ме прави незрела, тогаш да, таква сум. А ако вас (повеќето, можеби конкретно ти не си таков) ве прави зрели, дораснати и излезени од пубертет симнувањето ѕвезди на личност со која немате сериозни намери тогаш честитки, такви сте. А конкретно за ваков случај каде на почеток сакаш сериозна врска а потоа емоциите ти се промениле, воопшто не осудувам доколку тоа се соопшти на прикладен начин со отворен разговор. Но ако почнеш само со избегнување и очекување дека личноста сама ќе сфати, тоа е крајно неодговорно и кукавички.
Stark ne treba tolku bukvalno da gi sfakja rabotite i razmazuva nekogo epten i okej e. Xd Inaku mislam me citiras za licnosta so imala mn strast ama nisto povekje kd toa. Valjda misli na seksualnosta, pa ottuka kje kazam.ako e samo toa, ne e dovolno za vrska. Potrwbmo e i komunikacija,iskrenost i nesto povekje od empatija t.e griza i vnimanie eden za drug, samo da ne premini epten vo ligusenje oti pa ce mi bidi odbivno epten. Xd
Само што ја видов сликава и ме потсети на дискусијата тука. Не вреди да се измачувате и време да си губите, ако вие сакате нешто сериозно, а другата страна си игра топло ладно.
по колку време човек ќе знае дека е нешто сериозно или не?Не разбирам стварно што прават мажите,а ние девојките чекаме и се надеваме дека некој ќе не сака искрено и ќе не сфати сериозно,стварно е жално.Зошто ние сме секогаш(скоро) тие што лесно се врзуваат а машките вечно се во потрага во поголема бројка?Како да сфатам дека некој ме гледа за сериозно не разбирам
Јас мислам дека проблемот не е во нас девојките, туку во вас момците. Вие сакате отворени несериозни врски базирани само на страст. И тоа со повеќе девојки истовремено сакате само да се забавувате, да си го губите времето. А емоции не вклучувате. Толку ли е тешко да бидете сериозни? Тешко ли ви е со една иста девојка да бидете? Толку ли ви е тешко освен страст да вклучите и емоции? Ако некоја не ви се допаѓа карактерно, па не можете да ја сакате и да имате сериозна врска со нејзе, тогаш зошто воопшто си го губите времето со нејзе, а и нејзе и го губите. Зошто во таков случај започнувате врска базирана само на страст, штом освен страст не можете да понудите љубов?
Јас не доживувам дека тој си губи време со нејзе. Тој таков несериозен кој женско гледа како предмет поред нејзе страст доживува и со многу други и на тој начин само ја зголемува бројката на поминати женски. И кога ќе стигнат до некоја возраст и најдат асална работа, добро платена гледаат да најдат некоја да и симнат ѕвезди и ја оженат. Бар во моја околина имам видено неколку такви примери.
Не си во право. Тие што лажат, добро лажат. Ако сакаш да впериш прст, впери во лажговците, не во излажаните.
@cresa-jagoda @Purplelilac Јас не гледам само како ние машките сакаме врски без обврски базирани на страст, бидејќи за таква врска треба двете страни да се сложат на истата. А доколку едната страна сака сериозна врска, а другата не сака или дава недефинирани одговори, првата страна треба да е доволно паметна за да ја прекине таквата врска. Ама не, она не сака да ја прекине поради тоа што добро е*ел. (да ми извините на израз) И потоа Цацко и е крив. И немојте да мислите дека сите машки се такви, а сите девојки се онакви. Пошто колку што има машки што манипулираат и симнуваат ѕвезди, толку има и девојки што го прават истото. Пишував и барав совет за една оваква ситуација баш овде на форумов пред пола година. Fast forward после договорот да си бидеме пријатели, почна да дава емоционални сигнали и да сака врска. Па симињање на ѕвезди како е заљубена во мене, како се би направила за мене, како секогаш била тука за мене и би успеале. Bullshit. Отидов во болница на факинг 1 недела за операција и се изгуби скроз, заборави дека постојам. Ниту еднаш не ми се ни јави да ме праша како сум, жив ли сум, како поминала операцијата, а не па да и текне да ми дојде на посета. За потоа јас кога се вратив и бев немоќен, се опоравував да ме откачи со една ладна причина: "абе се оладив во меѓувреме". Како бе се олади за 1 Недела кога рече дека си заљубена? Камо е подршката што ја обеќаше, камо е борбата? Се разбира ја баталив. За после два месеци, кога веќе се рехабилитирав, пак да ми се јави пошто во меѓувреме и се прие*ало па и треба к*р. (да ми извините на речникот, но само овака може да се долови). Така да, недозреани манипулатори кои си играат со вашите емоции има од двете страни. Но, има и од двата пола искрени и добри луѓе кои го бараат она што го барате вие, или бар не сакаат да си поигруваат со вас и да ве повредат. Не може од сите да очекувате да ви возвраќаат и третираат онака како што вие ги третирате нив. Ова не е утопија, ниту бајка и во овој свет не очекувајте праведност. Така да, бирајте внимателно и штитете се себе си и своите емоции, пошто никому не му е гајле како вие се чувствувате. Ќе речете дека не знаете кој е каков. Точно. Но можете да се изгорите еднаш, два пати. Но, ако упорно и упорно ја повторувате една иста грешка, тоа веќе не е грешка, туку глупавост.
@Billy Idol Чекај, чекај малку Били. Јас никаде погоре не споменав дека девојката што го пиша проблемот треба да остане со дечкото, сосем јасно е во нејзината ситуација дека треба да бега од него во што поскоро време. Но, ти таму се надоврза со коментар како ние девојките не можеме да одвоиме страст од емоции и како не знаеме да го следиме разумот. Ете тука ме тригерна да ти одговорам, затоа што испадна во ситуацијава дека дечкото нема апсолутно никаква вина туку проблемот е што девојкава не сфаќа дека не ја сака. Апсолутно се согласувам дека и од двете страни има манипулатори/ки и знам дека не треба да очекувам сите да се фер, но морав да кажам сопствен пример за да знаеш дека не може вината да се префрли на страната која е искрена.
Ми треба помош, не знам како да објаснам убаво во кратки црти.. Врскава со дечко ми од околу година дена почна случајно, неочекувано, се заљубивме или можеби само он.. Сите овие месеци имавме многу кавги, недоразбирања и јас последниов месец дена многу "оладив" и ми стана сеедно за се. Дури некако немам желба веќе да бидам со него, не знам дали го сакам, дали воопшто го сакав.. Он е малку "терсене" и никогаш не ме разбирал кога нешто пример ми сметало, кога за нешто сум се лутела, а сме разговарале по 1000 пати и не се менувало ништо.. Не знам дали сите тие ситуации ме доведоа во ваква ситуација.. Цело време ми е напнато, скоро секој ден се караме и верувајте тоа е поради негови потези во одредени ситуации. Не се сомневам во неговата љубов стварно, знам дека ме сака, ама ептен сме различни и во многу ситуации не се согласуваме и разбираме.. Размислувам да раскинам, но се плашам дека ке згрешам, а од друга страна па не би сакала животот да го поминам напнато и со караници...
Да и јас мислам така уствари кај нас од самиот почеток е повеќе карање него убаво ама се надевав ќе се смири ситуацијата ама згрешив. До ден денес се расправаме за исти работи од пред година дена, љубоморен е за глупости и јас секогаш се трудам да сменам што му смета, а воедно трпам другари негови што постојано ни се мешаат, немаме раат никогаш да бидеме сами, одиме на одмор они ни се ставаат зошто он не знае да им пререче и сл. И стварно има многу работи што ме вадат од такт, а он не се труди ништо да промени и не можам веќе стварно.