И ти си во право. Ама мене зборот ми беше ко да е човекот со основно или ко да бил тежок единичар во средно и си нема поим од животот. Па некако знаеш завршил со едвај двојки. Таман работа да ги потценувам тие што се со средно. Искрено познавам многу што се попаметни и поснаодливи, а се со средно, за разлика од некои што некако протуркале и факултет, ама се ограничени. Не знам ама толку некој да не знае муабет да направи, само да ќути, да одговара кратко, да вели не знам, не знам стварно како. Јас со таков ни врска не би можела да започнам, а не па да бидам 3 години со таков. Еј 3 години стварно се чудам како функционираат, што прават...
Нема шанси рече, многу тешко стигнал до таму плус дал заклетва дека нема да се откаже, одма кога му го реков тоа се виде дека не би се откажал, затоа и мене ми рече да размислам дали ми одговара тоа, не сум била во ваква ситуација до сега, не знам не е мала раб да идам па да ми текне утре да се вратам
Колку долго сте заедно? Јас би ти рекла пробај. Се е ризик во животот, ама за некои работи ризикот и вреди. Секако убаво размисли си, само ти можеш да решиш најправилно за себе, ама да не се каеш за неколку години?
Околу месец два мислам, ама се гледа дека не е некој како од предходно што сум ги запознала, имам чуство дека го знам цел живот.
Јас нема да ти солам памет, туку ќе ти кажам две искуства од две другарки што се во врски со војници. Едната е заедно со војник што работи тука, значи не оди во странство (не знам во која единица). На почетокот врската им беше тешка зашто имаше периоди каде што тој беше со месеци во касарна и немаа контакт. Ама помина и тоа и го издржаа тој период и сега се верија и се многу среќни. Секако он уште си работи и има денови кога не се гледаат, а другаркава е свесна за ризиците што ги носи професијата, ама љубовта сепак ги преовлада тие стравови. Од друга страна, имам друга другарка што е во врска со дечко што отиде неколку пати во Авганистан. Таму одат по 6-8 месеци, се враќаше тука неколку недели и пак назад. Секој пат кога он одеше, ја прашував другаркава како издржува да се толку разделени. Рече дека е тешко, дека комуницираат на Скајп ама дека има и денови кога воопшто не се слушаат. Е сега, јас на нејзино место не би се согласила да бидам во врска со човек што оди во Авганистан и на слични воени полиња, каде во секој момент може да се отвори оган или да распали мина и човекот да го нема во една секунда. Значи има разлика за која единица во војската зборуваме, каков ангажман ќе му биде даден и до кој степен влегува во ризици. Ова го зборувам уште сега, додека сте во врска, ако не дај боже нешто му се случи, ќе ти биде многу тешко, а можеш да замислиш што ќе биде ако сте во брак и имате деца, а тој загине. Не ти кажувам прекини одма, туку разговарај за овие работи што ги спомнав горе и размисли убаво и донеси одлука.
Многу малку се знаете т.е не се ни познавате, вие тек се запознавате, за ти да се преселиш кај него и уште помалку да знаеш дали е озбилен, да тој изгледа така, можи и е стварно, можи не. Јас мислам дека треба да си размислиш убаво, ама не за неговата професија, туку прво за другото, колку го познаваш, па после за професијата. Оти да на почеток сите летаме и се е мед и млеко. Размисли си убаво, џабе ние ќе кажуваме овде на форум, сепак ти си таа која ќе одлучи.
Тоа е прекратко време барем според мене. Размисли си убаво, дајте си време да се запознаете.Толку е итно одењето?
Да не мисли дека му се дојдени деновите за женидба па да свит-талка со првата што ќе му излезе? Ко што ги знаеме маживе што се плашат од бракови и чуда, овој некако ептен брза со селењево. Јас би ти рекла да не брзаш, се во свое време. Треба да го видиш човекот во секое светло, па да одлучиш дали си спремна да ги прифатиш сите негови страни, дали станувало збор за професијата, карактерот или нешто сосема трето.
Тука најмал проблем треба да ти биде неговата професија. Вие сте 2 странца а сакаш да превземеш толкав чекор. Тоа летање у облаци на почетокот пропратено со чувството 'те знам отсекогаш' е чисто моментална еуфорија и поминува, и сфаќаш дека таа фраза нема смисла. Јас мислам дека не е мала работа да заминеш на страна со некој кој го знаеш месец дена, еве и Бугарија нека е. Треба да се биде претпазлив и тоа многу, поготово женските. Сепак,твоја одлука.
@Tea678 и јас мислам дека премногу кратко се познавате за да носиш вакви сериозни одлуки за преселување и за заеднички живот. Сѐ зависи од тебе, ако ти мислиш дека можеш да си во таква врска и ако сметаш дека можеш да го издржиш тоа, тогаш продолжи да се гледаш со него. Јас не би можела да се замислам во таква врска бидејќи ми треба да знам дека некој постојано е до мене кога и да ми затреба, а не да чекам со денови па и години за да се врати. Сепак твоја одлука е, а гледај добро размисли и за преселувањето кај него, бидејќи 2 месеци е прееекраток период за такво нешто.
Премногу кратко се познавате за толку голем чекор. Полекај, а и имај на памет дека сите на почеток глумат.
Не знам колку ме држи памтењето ама речиси сигурна сум дека истата членка пишуваше како била во Србија и сакала да се види со некој полицаец што си пишувала. Пред тоа со некое дете што плачело. Сега има 24 години, а пред две години имала 20 - нејзина тема Филмови Едит: Србија, Грција, Бугарија...што е следно?
После месец дена познанство да се преселиш у нова средина и тоа сама? Никако,многу е рано за таков ОГРОМЕН чекор. Запознај го убаво,биди сигурна дека све ова не е глума. Секакви дешавки има низ светов,мора да бидеш свесна за ризиците.
@Tea678 Многу краток период се знаете за да преземиш толку сериозни чекори.Дајте си време да се запознаете па ке видиш како ке се одвиваат работите.
Жално е што некои луѓе постојано пробуваат да даваат совети, одделуваат голем дел од нивното време да помогнат на некој, да размислуваат што е најправедно и на крај испаѓа дека некој има премногу време во своите раце и си измислува приказни. Нот кул. А ти @flawless_ мислам дека треба да си ја промениш професијата, овие твои скилс мора да бидат ценети во некоја тајна служба Што е следно? - Редно време е нешто и од Македонија да најде, па најверојатно, би било тоа некој затвореник од Идризово. Пошто нели, сите ги помина, и војник и полицаец, па сега редно време е затвореник.. Или пак, пожарникар? Stay tuned for more..