Авантуриста бре хаха ее сега оба со годините како и успеало незнам богами, ама може да каже ако се враќаат наназад како тоа јас би повеќе за две назад
Бг е кратенка за Бугарија, а за Белград - Бгд. Во темата има напишано дека дечкото е од Бугарија. Без разлика што значи во нејзиниот речник, дали е Белград или Бугарија во овој случај ништо не менува, не е само една лага.
Јас мислам дека да. После прочитаните приказни и од погоре, не се ни сомневам Не знам дали постои опција да се бришат постари мислења? Едит: го најдов мислењето со детето кое плачело, ама другото е избришано.
Што ќе налевам кога нема цвеќе... Замисли си колку романтично ќе е заљубување во епидемија со полициски час. Бони и Клајд бегаат од полицијата после 7 саат. Ма да, тој беше прво полицаец, сега војник, утре командир и така.
хаха, но мене не ми е јасно нам ни прави филмови или самата себе паа сака да ги сподели јавно заа да може поубаво да се увери и сама Инаку цвекиња во градина има колку сакаш и внимавај најмиризлибите се трнливи
Буквално као, 70% од тука не ви вредат врските. Не вреди толку внимание и труд и време да трошите само пошо сте под ебана комбинација на адреналин, тестостерон, естроген, допамин, серотонин, окситоцин и вазопресин. Раскинете си со време, од искуство ова.
Со другари ме има запознаено ама многу ретко сме излегувале заедно во пар. Со мои луѓе исто така многу ретко. Дури и ми е чудно како да се однесувам со друг пар кога би биле излезени. Исто така јас го имам запознаено со моите и неколку пати е дојден дома. Не дека тој е замрзнат скроз ама воглавно сум јас таа која нешто не е чини и се бунам. Точно е дека типот не е некој со високо образование, но јас никогаш не гледав така на работите и никогаш не ги потценував луѓето со пониско образование од мене. Точно е дека ми станува досадно... почнав да го игнорирам кога сме излезени и почна да забележува. Следно што ќе направам е кога ќе излезиме ќе си ставам слушалки на уво па нека си молчи.
Здраво. Значи веќе со месеци во сексот со дечко ми не осеќам љубов. Нема нежности, нема ништо, секогаш е само секс, и му имам кажано дека ми пречи, и еднаш два пати после тоа ќе биде нешто како што сакам и после пак по старо. Се осеќам како да ме гледа само како тело, како да ме гледа само како објект кој го возбудува сексуално и му ги исполнува фетишите и стандардите. Не велам дека не ми се допаѓа тоа, сексуално сме многу компатабилни НО не сакам секогаш да биде само сексуално празнење туку сакам барем понекогаш да биде водење љубов. И на пример јас ќе пробам да го бакнам или нешто и тоа ќе трае две три секунди и толку, се трга. Контакт со очи имаме ама погледот не му изгледа љубовен. Ми посветува внимание и секогаш гледа да сум задоволена, ама овој делов со љубов и емоции слабо. Не знам што да мислам, не знам дали ова веќе е црвено знаменце дека нема љубов од негова страна. А и општо во врската почнува ретко да изјавува љубов... и скоро сите комплименти кои ги добивам од него се за мојот изглед, никогаш не е за колку убаво сум зготвила, избрала, направила, кажала, смислила... а и не е некоја кратка врска па да мислам дека е само за секс, година ипол сме заедно ама ова веќе трае со месеци. И ми е глупо, не сакам да молам да ми биде покажано дека сум сакана.
И сметаш ќе се увериш дека те сака ако имате контакт со очи сред секс? Може таков му е стилот, може и да се срами, све може. Ти си го знаеш. Напомена дека се друго е во ред, некои жени се молат партнерот да им даде комплимент за физички изглед. Разговарај, превземи контрола нареден пат кога ќе имате однос ти води. Според мене не е црвено знаменце. Едит: Си пишала погледот не му изгледа љубовен, а каков е тој љубовен поглед? Насолзени очи од среќа ли да има додека имате секс
Не не и не за постот погоре. Ако ти чувствуваш дека нема љубов тоа значи дека нема. Можеби почнал да те гледа како нешто што веќе го има и неѓа потреба да те освојува. Можеби и тој не е свесен. Но во секој случај ако ти не чувствуваш дека те сака тогаш чувствуваш добро. Разговарај повторно па ако не гледаш никаква промена размисли дали ќе сакаш да останеш или да продолжиш. Изборот е твој.
Ама, таа рече дека се друго било во ред се грижел за неа. Може таков секс сака не знам. Она си знае најдобро
Браво еј остави го и решен проблем , па девојката ако сакала да го остави немала да бара совети на форумов туку едноставно ќе го оставила. Доколку тебе те оставила девојката така лесно не значи дека сите треба да се оставаат при прв проблем место да бараат решение и компромис.
Пробајте нови нешта во сексот,изненади го со секси долна облека,предиграта нека ви биде масажа,пробајте нова поза. Шетајте заедно гледајте филм. Дај му шанса. Дали имаш сомнеж дека можеби има друга?(ова мие само идеа што би можело да биде причина за да д малку ладен )
Интересно ми е што секогаш кога некоја девојка ќе се пожали дека има некаков проблем со партнерот поврзан со секс, прв совет што и се дава е да му се облече во секси долна облека, како да тоа магично ќе реши се.
Не дека е магично сепак ќе му ги разбуди фантазиите можеби ќе ја врати страста. За сексот да биде како што треба,потребно е и двајцата да се трудат