Го знам отприлика советот што ќе ми го дадете но велат знаете љубовта е слепа.Многу го засакав дечкото со кој сум само во сексуална врска а тој ме искористува на секој можен начин.Има женска и тајно се гледаме.Знам дека ќе ми судите за ова.Често ми го проверува телефонот како да ми е дечко и му пиши на други чупиња за 3 ка.Свесна сум дека воопшто не ме сака.Не успеав да го заборавам по цели две и пол години.Имам многу други прилики но сите ги испуштив поради него.Како да преминам преку ова лудило и да се вратам во нормала?
Мораш да почнеш да се цениш самата себе повеќе, да си дадеш ветување дека ќе се почитуваш себе си и ќе бидеш на прво место. Едноставно веќе нема да одговараш на неговите повици,пораки,ќе го блокираш секаде. Со еден збор ќе свртиш нов лист. Ова треба сама да го прифатиш и промениш и цврсто да стоиш на тоа.
Jas ne znam dali sum od mars ili gi izmisluvate ovie raboti, kako gi dopustate ovie rabiti jas nz, atvarno se cudam. Odma da prekinis i da si ja cuknis malce glata da ti se razbistri.
Време е да се налутиш ама многу. Ако си во можност почни со некоја физичка активност како боксување, карате или нешто со што ќе се преокупираш. Мора да најдеш начин да имаш самоконтрола да не го бараш повеќе и да го блокираш одсекаде. Ќе дојде ден ќе се нервираш затоа што си му дозволувала да си игра со тебе и твоите чувства.
Вежбам в теретана ама сега ме болат колената и правам пауза.Сто пати го имам блокирано но повторно му се враќам.
Свесна си за се' ама нема промена. Наместо да му се враќаш, времето исполни го правејќи нешто за себе, да немаш потреба од него.
Љубовта е слепа, ама твоето не е љубов туку опсесија.. За почеток блокирај го на сите социјални мрежи, блокирај му го бројот, дури и твојот број смени го за да не те бара од друго место.. После почни да искачаш на места на кој што знаеш дека нема да го сретнеш, некое време биди далеку од него и после ќе ти се згади дури и од самата помисла на него верувај.. Се согласувам со членката погоре, најди си некоја занимација, не знам колку години имаш, каков тип на човек си, ако си интроверт малку потешко ќе искочиш од оваа ситуација, и уште нешто, бидеј упорна, ако дечкото е упорен да ти доаѓа дома, да ти доаѓа на работа и да ти досаѓа, закани му се дека се ќе кажеш на девојка му, а ако тоа не успее кажи му и дека во полиција дека ќе го пријавиш за вознемирување.. Прво и основно е да се тргнеш од таа дисфункционална врска која што сте ја создале, а после се останато.. И немој да се грижиш дека нема да најдеш после него дечко, ќе најдеш, ама ова нека ти биде за памет друг пат повеќе да внимаваш и да си имаш самата поставено граници до каде може да тера одредена врска. Многу често, такви токсични луѓе, прво ќе те уверат дека многу те сакаат, па после ќе те доведат до ниво да мислиш дека не вредиш ништо, дека никој нема да те сака освен него, и после манипулираат со тебе како сакаат.. Многу е важно да си свесна дека тие луле манипулираат со тебе, дека свесно те манипулира затоа што знае дека му веруваш.
Имам 20 години интроверт сум да,а инаку не одам на работа така да нема да има кај да ме следи.Само се плашам бидејќи има мој интимни слики.Незнам како да ја убедам братучеда ми дека јас не и пишев такви глупости од мојот телефон.
Еј луди млади години. Ваквитее типови точно ја знаат мамката и можам да се кладам дека не си повеќе од 23 години. Сум била во ист ваков случај само што немаше девојка а после мене имаше 100 и една плус. Јас решенито си го најдов ,што велат старите клин со клин е избива. Да пробаш со друг. На почетокот можеби неколку месеци опсесијата ке те трае и ке мислиш на дечково ама потоа кога ке видиш убав третман и однесување од друг ќе си речеш што будала сум била. Кај мене блокот не функционираше... наогав начини и пак гледав што прави или ке пишевме на сосема 5-та платформа. Ваквите типови психички малтертираат знаат како. Ке ти ѕвонат по сто пати ке направат да мислиш дека ти си крива за се. Со годините иде разумот и ваквите потоа нема да ти се интерени воопшто нема да ги погледнеш. Самодовербата нема врска со тоа дали ке заглавиш со ваков тип. Тие за мене се умоболни... едноставно во крвта им е. И кога ке бидеш во тесно и сакаш да вратиш. Отвори и фемина и препрочитај се што ти е пишано ....
Е тоа е веќе нов момент, интимни фотографии дека има, не можеш да го откачиш туку така.. Прво, кажи дали некогаш ти се заканувал со тие фотографии, дека ќе ги објави ако го оставиш? Бтв, има друга тема за ова со интомните фотографии, таму ќе видиш и прочиташ дека не си сама и дека има и други како тебе.
Сега читам.. 20 . Значи во прво сум била. И да има и да излезат сликиве. Ич не се замарај. 90% од пареви го прават тоа. А и секогаш некој може да те сними. Башка народов голотијата ја гледа ко во живото да не виделе гради и газ и вагина.А отвори порно 1000 видеа има да се изнгледаат. Не се замарај и да излезе нешто. Секое чудо за три дена. Глава горе. Незнам уште народов со сликиве шо се замара во кој век се.
Мораш да покажеш став и да се вреднуваш самата себеси. Ауу копиле еј. Ајде таму сиктеросај го. Не ти треба и онака свесна си самата дека не те сака уште и те бламира пред другарки што пишува во твое име за тројки. Болесник. Ајде вразуми се малку и тргни се од него и цени се самата себеси. За интимните слики не се плаши ако се закани кажи му дека и девојкаму ќе го дознае преку скриншотови. Не дозволувај да си игра со тебе.
Ако те уценува за сликите, веднаш да го пријавиш во МВР. Колку повеќе одолговлекуваш толку повеќе контрола ќе има над тебе. После сѐ ова што го пиша не знам како може да имаш чувства за ваков психопат и да викаш дека го сакаш. Ако се плашиш дека ќе ги објави сликите или стварно ги објави, тогаш тој сигурно ќе го јаде, и повеќе за него зборува како човек отколку за тебе, не се секирај. Иако не верувам дека ќе ги објави заради женска му, туку само ти се заканува напразно. Девојче, престани да му се плашиш и најди си дечко со кој стварно ќе ти биде убаво а не да му бидеш играчка и да те понижува вака. Најди некој близок твој што може да ти помогне без осуди и кажи им сѐ што ни пиша овде.
И пишеше да сме праеле тројка а таа ми пиша после то дека никогаш појќе не сака да пишува со мене.И на другата брачеда и пишеше исто.Сега таа нејќи да ме види.Со сите другарки ме испокара,па и брачедите.
Здраво на сите , вака долго време гледав од сенките што би се рекло и конечно ми дојде и мене редот да побарам совет. Ситуацијава е следна, на средина на летово се запознав преку другар со неговата девојка и нејзините 2 другарки, само една од нив била сингл и пробаа да не спојат. Неможам да кажам ништо негативно за девојчето ама не се погодивме на на љубовен план иако си имавме добар разговор. Дилемата сега, третата другарка која се запознав се погоди некоја хемија на прв поглед, ама бидејќи имаше дечко и несакав да се мешам во туѓа врска оставив на само разговор од култура. Еве сега после 5 месеци, се случи така рандом да си пишеме и се појави пак таа хемија. Ми кажа дека некој месец од кога сме се запознале дечко ја оставил, и после неколку дена на допишување ја поканив да излеземе. Излеговме бидејќи и двајцата сме без сертификат и беше ладно отидовме кај нејзе во стан. Правевме цела вечер разговор мислам до 2 сабајле. Се осеќа дека има голема хемија меѓу нас, а за себе можам да кажам дека од глава не ми излага. Проблемот: Она се чуствува лошо да пробаме нешто романтично поради другарката нејзина која е блиска од детство. Иако ништо се нема случено меѓу мене и другарка и, она мисли зборела со неа и мисли дека ако почнеме да имаме нешто ќе ја повреди. Нејзин предлог да продолжиме да се гледаме ама да иде поспоро? Помала конфузија: Дневно сеуште разговараме, зависно во текот на денот и јас и она започнуваме разговор(значи не е од моја страна само). Само што се договоривме вечер во град да излеземе како би требало поспоро да се однесувам? Да не иницирам бакнеж? Да избегнувам теми кој се “пожешки“ за разговор? Неможам да не Overthink-нам затоа што во кратки црти сум SMITTEN и не би сакал да ја уништам работава. Благодарам на сите совети <3 ПС. Постирано е на неколку теми поврзано со ова! Малце ми се брза во 19ч се чекаме
Сама си дозволила. Да ми пишува по роднини за тројки има да го избришам подот со неговото лице. Батали го,спаси се.