Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.719
    Допаѓања:
    24.037
    Пол:
    Машки

    Се согласувам, но членкава нон стоп пишува и на некој начин се жали, затоа и ја прашав при толку нервози, болки и самоповредување зошто е со него, што гледа во него..
     
    На Konfetka, theowndemon, GirlLove и 2 други им се допаѓа ова.
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.570
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека членкава е со него само за да не биде сама, а колку што сум ја читала и од дома блиските и ја полнат главата каков таков да си го држи и таа седи несреќна во врската...
     
    На honey.11, Traveler91, raww и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Stressed Out

    Stressed Out Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2018
    Пораки:
    2.769
    Допаѓања:
    14.891
    Пол:
    Женски
    Ама таа не само што се допишувала со него туку и се гледале само не во официјална врска,убаво е да дочитувате мислења пред да напаѓате бидејќи овој факт ја менува целата ситуација.
     
  4. Ramones

    Ramones Активен член

    Се зачлени на:
    11 март 2022
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Машки
    Девојчето за жал веројатно и нема некој избор и трпи свашта од некој неквалитетен лик.

    Оние згодните девојки не заслужуваат толку машко внимание, пустата добра генетика им дала за право да се понашаат многу полошо, а да имаат многу подобар третман од машки.

    И посакувам на ГирлЛове човек што ќе ја усреќи. По она што досега го прочитав од неа кармички многу повеќе заслужува од многуте нафурани згодни типки.
     
    На honey.11 и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Сами себе сте најголем непријател.
    Овој и во вардар да те фрли ти нас ќе не прашаш дали преовеличуваш.
    Не се цените, не се сакате...тажно е..
     
    На Ena05, СуперДевојка и GirlLove им се допаѓа ова.
  6. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.374
    Допаѓања:
    1.650
    Е тука си прав.
    Или злонамерно и прави така или едноставно немуе гајле занеа шо ќе мисли. Но ако само ова е проблемо, негледам некоја посебна проблематика. Можда дечкото не го смета то за проблем. Да излегува и да им пиши на други а веќе е во врска е то е веќе проблем.
    @honey.11
    Еве и јас ставам лајкови на андријана кеш па никому ништо. Ако излегува со други е тое проблем ама само лајковање низ фб или инста не се смета за проблем. Ова е една детска игра која ја игравме ко имавме по 16 години. Леле ми лајкна и готово, замина во облаци.
    Не им ставајте толку значење на еден обичен лајк пошо често лајковаме то шо чини и то шо нечини, онака ради реда кликање.
     
    На honey.11, GirlLove и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    13.703
    Пол:
    Женски
    Големо црвено знаменце.
    И не, не преовеличуваш.
     
    На GirlLove му/ѝ се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Што е големо црвено знаме? Сваќа му е,што треба да се дистанцира од сите.
     
  9. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.755
    Допаѓања:
    17.772
    Ја нараече разведена ку***, која партиски се вработила.
    Јас не реков да не оди на семејни собири
    Ама упорно да ставаш лајкови...
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.165
    Допаѓања:
    177.128
    Пол:
    Женски
    Тоа е негово мислење,каква е таква е.
    Ти имаш проблеми со самодовербата,ништо не правиш ако продолжиш вака и тапкаш во место.
    Што ако ја нарекол така,ти дава силина нешто? Не.
    Којзнае што кажува на други за тебе. Тој не е за тебе,ти треба да најдеш некој кој ќе ти отворите портите на љубовните убавини па и покрај твојата борба со анксиозноста да ти покаже колку излезот од тоа е преубаво чувство. Некој кој ќе ти биде поттик, убавина и поради кој ќе ти летаат мислите. Верувај кога ќе најдеш некој таков ќе заборавиш на анксиозноста.
     
    На honey.11, AAKG, christinnn и 2 други им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.859
    Допаѓања:
    183.093
    Пол:
    Женски
    Вака ако не си спремна, неќиш и не осеќаш потреба - не се форсирај само оти дечко ти вели. Дека ќе го убедиш да нема секс кога во еден месец само за то ти збора - тешко. За жал. Ти во секој случај можиш да му кажиш како ти се осеќаш и дека ако имаш секс сега ќе е против твоја желба и форсирано. Ако пак не сфати, gurl, u deserve better.

    Морам да се согласам со ова, во врска со флерт со поќе луѓе кога не си во врска:
    За то е и флертот. Можи ќе бидни, можи не. Ако игнорираме сите дур рандом флертоваме, а со никој не е посериозно - кузнај колку убај, вистински шанси ќе пропуштиш. Да закажиш дејт ете, да зборните за потенцијално посериозно нешто, па тој тогаш да пробва в гаќички и на други да оди - океј. Сфаќам. Ама онака да си се дружите, мајндлес флртинг, и то нигде да не оди во меѓувреме - зошто да не смеј со други? И шо ти менва ако знај информацијата? Idk. Maybe that's just me.

    Вака. Према мене секој смеј да лајка шо сака и не треба да ги сфаќаме социјалните мрежи толку сериозно. Ама 1) мора да си диференцира дали лајка слика на некоја препичка од кузнај каде во рандом група со која нема шанса или 2) достижен и реален е лајкот. Во секој случај, ако е активен во група можи не скока објави. Ама големото ама тука е, тебе ти смета. И ти му го кажа тоа. И тука веќе влегваме во територија на почитување на партнер и колку би сменале работи за да му угориме на партнерот. Дали поважно ни е да ставиме лајк во рандом група на сметка на дреќата на партнерот? Или можеме да се воздржиме од тој 1 лајк. Ако не можите да најдете заеднички јазик и компромис, тебе се ти смета, а тој си тера по свое без почит, ќе те прашам то шо те прашаа сите до сега - шо прајш уште со него?
     
    На honey.11, АничеБананиче, sweet-cherry и 4 други им се допаѓа ова.
  12. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.089
    Допаѓања:
    41.746
    Пол:
    Женски
    Јас убаво кажав, кога не ти одговара нешто или некој, бегај, значи бегај, окончи ја врската, стави крај и толку.
    Не е лошо да си сам, лошо е кога трпиш се и сешто само за да не си сам.
    Членката за брзо ќе ја читаме у темите за развод ако дојде до тоа да стапи во брак со него.
    Ама она учена да трпи пиздарии ќе си ќути и трпи оти ќути, има и полошо.

    @GirlLove како на сестра шо ја немам ќе ти кажам - те молам, не се измачувај.
    Замини си со време, цени се себе, поработи на себе.
    Ако сакаш да се решиш од анксиозноста треба да знаеш од каде да почнеш.
    Види, лајкот можеби не е толку проблем колку што се прави на три ипол, и продолжува да прави нешто што тебе ти пречи и тој го знае тоа?
    Плус ја навредува сваќата со разведена курва, браво, кој речник.:fubar::puke:

    Нит си глупа, ниту тупа, ниту неспособнa да не најдеш некој подобар, што ќе те почитува и сака но пред да започнеш врска запознај го подобро, не на прва покана за кафе да трчаш да прифатиш, значи запознај го.
    Чудо големо ако си во 30тите години.
    Нема да останеш сама.
     
    На Kjara15, cresa-jagoda, Mikha4 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.046
    Допаѓања:
    5.925
    @GirlLove може ли да ни кажеш што ти се допаѓа кај твојот партнер? Кои особини ги има што те привлекле?

    Спомена дека зборува за брак и деца, па зар со ваква личност сакаш да стапиш во брак и да имаш деца? Делата зборуваат повеќе од акциите. Нема ништо погрешно во тоа, може и да, стварно сака, ама тоа не го менува фактот дека тој се однесува лошо и без почит спрема тебе.
     
    На cresa-jagoda и bicycle им се допаѓа ова.
  14. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.463
    Допаѓања:
    5.958
    @GirlLove, да не се повторувам со другите, јас малку на друго ќе осврнам внимание.

    Сè тоа океј да внимаваш да не те прави некој будала, ама дали не мислиш дека треба малку да обрнеш внимание и на вредностите што ги има партнерот со кого планираш да развиваш сериозна врска, особено кога се споменува брак и деца?

    Не ти ги знам ставовите, можеби си поконзервативна и се согласуваш со такви размислувања, но мене пред сè, огромен red flag би ми било категоризирањето на жени - курви и некурви. Ако некој ги вреднува жените по нивниот брачен статус или сексуална активност, значи не гледа други квалитети кај жена освен овие, или тие се во спореден план, што е премизерно и кажува многу за неговиот карактер и неговиот став кон жените.

    Дали утре ако се разведеш ти и сакаш секс без обврски или едноставно не можеш на прво да најдеш соодветен партнер (исто како и сингл, неразведени девојки), треба да те гледаат како (разведена) курва? И дали сметаш дека и ти треба да ги исполнуваш таквите „услови“ или очекувања и како вредности утре да им ги пренесеш на твоите деца?

    Ако се согласуваш со таквиот светоглед, тогаш океј, игнорирај (макар што подобро е да го смениш тоа гледиште) и замарај се со другото. Јас лично, не би ни стигнала до замарање за друго, би го отпишала уште кога ќе увидам преку коментарите за други жени каков став има кон женскиот род, затоа што не се совпаѓа со моите вредности и не сакам утре моите деца да создаваат такви ставови.

    И не се работи конкретно само за овој дечко и конкретно само за оваа тематика: покрај аспектот за лојалност кон една личност, исто важни се и гледиштата за животот што тебе ти се важни, особено кога размислуваш за деца. И мислам дека треба повеќе внимание да обрнеш на тоа, а не да си само дежурен полицаец за лајкови :).
     
    На bicycle, СуперДевојка, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.755
    Допаѓања:
    17.772
    Женски, ќе ви пишам во порака, заедничка, ако може.
    Морам да се спрема за работа.
    Ви благодарам :)
     
    На Cecko85 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.570
    Пол:
    Женски
    Сега читав, па мислам дека текстов мора да го причита @GirlLove и сите што се во токсични, несреќни врски

    Деновиве (не знам кој ѓаол ме натера) отворив неколку статии и видеа за судскиот процес меѓу Џони Деп и онаа негована-веќе бивша жена, Амбер. Да се разбереме од старт, иако го обожувам како актер, а богами и лик (еден од ретките мажи-холивудски ѕвезди кои ми се допаѓаат, со напомена дека Кеану Ривс ми е се’ уште број 1, за да не биде дека го изневерувам де) се трудев да бидам објективна дур се спремав да гледам и читам. Прво да ви кажам оти ми се згади од целата приказна, а по изгледани 2-3 видеа на судскиот процес кренав раце и се откажав, толку ми трпеше желудникот. И покрај сеирџиството со кое го гоштеваат светот, мене ми беше тажно како двајца возрасни луѓе дошле до степен да си ги стават сите интимни детали пред очите на секој кој што има интернет. Да се изнесуваат сите валканици надвор е во најмала рака незрелост и потполно отсуство на почит и љубов која/ако ја имале еден за друг. И да, мислам дека госпожата е психопат кој едноставно ужива во тоа да е центар на внимание и која мошне умешно глуми жртва со телешкиот поглед и со “измачениот” лик. Да излеземе малку од рамките на тоа дека жената е таа која секогаш трпи насилство, тоа не е точно ни најмалку. Факт е дека жените се почесто жртви на насилство, што автоматски не исклучува дека и мажите трпат семејно насилство. Она што не ми е јасно е како дозволиле да стасаат до тоа дереџе, за да се малтретираат еден со друг со години, додека не решиле да стават точка на бракот. Ќе ми беше појасно да беше Џони 20-тина години помлад, ќе си речев “налет, толку знаел”, ама на 50+ ме остави без збор мазохизмот да се тера еден болен однос, полн драма и психофизичко насилство.

    [​IMG]
    И сега за да не излезе дека многу паметувам, памтам дека и јас сум била во еден таков психички садо-мазо однос, од кој излегов пола чоек полн стравови, нарушена самодоверба и болка. За оние кои уживаат да претпоставуваат дека се работи за мојот екс сопруг, веднаш да ви ги разбијам илузиите. Се работи за некој кој го сретнав години после разводот и кој успеа за неколку години да ме преполови до степен да станам сама на себе непрепознатлива. Е сега, за да не создадете слика дека јас сум жртвата а тој џелатот, да знаете дека сама си го барав, оти немав ниту сила ниту храброст да пресечам и да кажам “аман, доста беше...симни ми се од врат и фаќај џаде”. Мојата самодоверба како човек и жена беше доволно ниска за да дозволам да страдам, што во умот што физички (не џабе се вели оти она што ни се случува во умот, се гледа и на суратот и телото). Мојата одговорност кон сама себе беше сведена на една огромна нула и од денешен аспект велам дека си го заслужив она што го добив како сервирана порција гњавење. Да држев до себе, да се сакав себе и да имав почит кон Ана која секогаш била со идејата дека ако нема разбирачка-нема љубов, уште на првата сериозна сопка ќе ставев крај со точка (болдирана), а не со запирки.

    [​IMG]
    Што е она што не’ држи во односи и врски во кои ништо не функционира, во кои немаме спокој и радост, ама немаме ниту три чисти да кажеме СТОП!? Што е она што ни се случува во умовите за да трпиме туѓи фрустрации, наместо да се обидеме да се издигнеме и да работиме на сопствените? Што ли е побогу она што не’ убедува дека болката е ок, оти е љубов во прашање?

    Сега ако ме прашате, да се вратам назад би си врзала една таква сочна шлаканица, да ми зуе во ушите три дена без сопирачка. Да можам со овој ум да се вратам назад низ времето, ќе знам да си ги соберам парталите и да си заминам пред штетата да биде направена. Но, бидејќи времето не се враќа назад сега точно знам која е границата и линијата која не ја поминувам, па и да сум убедена дека се работи за мојата идеална втора половина. Заблудата е во главата и во себе-убедувањето дека оној карши вас е ТОЈ/ТАА, иако сите факти го зборуваат токму спротивното. Да си зацртате во главата дека не заслужувате подобро и поубаво е најголемиот грев кој можете да си го сторите сами на себе. Глумењето среќа пред светот додека дома сте потиштени и во константен грч и исчекување дека ќе има хаос, е не само исцрпувачки, туку и навлекува болести.

    [​IMG]
    Љубовта не е болка! Љубовта е таа која лечи, не е дека јас го измислив ова оти постојат научни докази како љубовта делува позитивно на мислите и телото. Смирената љубов, без епизоди на трауми, гнев и омраза помага за лечење на анксиозноста, го подобрува имунолошкиот систем и лачи хормон на среќа од кој буквално се разубавуваме. Да, караници не може да нема, но да се во рамките на здрава дискусија и конструктивност, а не колку да се испоганите во устите. Само замислете што се случува кога сте цело време под стрес и кога живеете во хорор филм кој нема “the end”. Замислете само дека ако една карпа која е во море напукнува и се рони под налет на бранови, што значи нељубов за вашите органи и психа. Депресија, несоница, болки во стомак и глава (кога телото се бори со отсуството на разум), па се’ до навлекување на сериозна болест е цената која сите ја плаќаме кога им правиме шокови на срцето и душата. Во една постара колумна во Женски Магазин имам кажано дека најмалку е важно колку сте сакани, оти поважно е како сте сакани. Ако сте сакани на начин на кој вам ви е убаво и се чувствувате сигурни и заштитени, тогаш може да зборуваме за љубов. Се’ друго е само желба да се гледа реалноста поинаку од она што е навистина. Она што е најстрашно е дека сите сме експерти кога сакаме да се убедиме себе во нешто што не постои и буквално сме спремни да ја измислиме сегашноста, да ја извртиме и да ја ублажиме, само колку да не останеме сами или кога сме емотивно изгладнети.

    [​IMG]
    Има една многу болна вистина во реченицата “ако не се сакаш себе, не можаш никого да сакаш”. Ако сами на себе си дозволуваме болка наместо љубов, што ќе понудиме на човекот кој е наспроти нас? Ако сме научиле дека мора да боли за да биде љубов, како ќе успееме да дадеме спокој некому?

    Она што ме теши е дека сепак учиме (иако на потешкиот начин) од сопствено искуство и од хаваријата која сами на себе си ја приредуваме. Имам чест да познавам и мажи и жени кои после болка-љубов, застанале и се вратиле неколку чекори наназад за да се преслушаат каде грешеле. Да, да се најде сопствената вина и удел во таквата љубов-нељубов е голем напредок, оти илузијата дека ни е сторена неправда а ние сме без вина е сосем извесно дека повторно ќе си ја приредиме, со друг човек.

    Муабетот ми е...нема трпење ако е болка, не смее да има самозалажување дека ќе мине и ќе биде поарно. Некогаш е поумно да се стави крај и да се продолжи сам, отколку да се остане некаде каде што и двајцата ќе се поболувате. Она што мора да се знае е дека се’ минува, без оглед дали е арно или лошо. Колку поскоро ќе излезете надвор од нешто што не е здраво, толку поскоро ќе имате шанси да се залечите и да си ја најдете среќата онаму каде што треба, а не онаму каде што сте убедени дека ќе ја создадете од едно големо НИШТО! Сакајте се за да можете да сакате и да ве сакаат. И памтете...не е љубов ако боли, преценета е теоријата дека мора да бидат нештата експлозивни за да имаат тежина. Некогаш најголемата тежина (како вреднување) е во леснотијата на љубењето и на нејзиното манифестирање.

    Да сте ми живи и здрави!
    До следниот понеделнички муабет,
    За Женски Магазин, Ана Бунтеска

    https://zenskimagazin.mk/ljubovta-ne-e-bolka
     
    На GirlLove, Izaabella, Priroden и 14 други им се допаѓа ова.
  17. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.719
    Допаѓања:
    24.037
    Пол:
    Машки
    Treba eden clen da napishi kako treba da izgleda edna zdrava vrska. Jas sum laik krstok i koncizen i nema da bidam "interesen" ako napisham deka zdrava vrska treba da se pocituvaat, poddrzhuvaat megju sebe, da se iskreni, otvoreni, direktni i lojalni.


    Samo taka nekoj mozi nesh da nauci primer ko ce dojdi vo vakva tema i po moznost zaklucema da e, vaka samo repetetivno pisuvame bla bla i se fokusirame na daden moment sho se slucil, a zad seto toa se krie mnogu povekje od toa.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.131
    Допаѓања:
    82.902
    Пол:
    Женски
    Има таква тема Stark. Еве ја

    https://forum.femina.mk/threads/Здрава-врска.31921/

    Ама знаеш што? Јас мислам знаат, можда не сите, ама некои знаат дека врската не им чини, не им е здрава, не им е каква што треба, ама прифаќаат тоа што им се понудило оти не сакаат да се сами, сакаат да имаат некој покрај нив, па дури и ако нивниот однос е "нездрав".
     
    На Indiegurl, Traveler91, Lavender4 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.089
    Допаѓања:
    41.746
    Пол:
    Женски
    @Bitter-Sweet добро го кажа истово, само што и дел од тие што ги наброја бараат совети по друштво, форуми, социјални мрежи и не ги применуват истите.
    Зошто? Која е поентата да бараш совет а да не го примениш истиот?
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    14.131
    Допаѓања:
    82.902
    Пол:
    Женски
    Можеби затоа што очекуваат совет што ќе биде на нивна страна, пример ете некој лајкувал, додавал други девојки постојано, се допишувал и сега бара совет за тоа и добива два типа одговори: едни ќе и' кажат "Не те почитува, не го цени тоа што го има", "Тебе те чува за резерва да има а во меѓувреме бара друга прилика", "Не те гледа за сериозно" а некој друг ќе пише "Што е важно што прави, не се битни социјалните мрежи, тој е со тебе и значи со тебе сака да биде, инаку со друга ќе бил". И така, таа некоја ќе си го прифати вториов совет и ќе тера иако со незадоволство и немир, ќе бара утеха во тоа што и' го кажале вториве кое се поклопува со самиот нејзин став дека е подобро нешто отколку ништо.
     
    На Anne Boleyn и bicycle им се допаѓа ова.