Некој ако сака да е со тебе веднаш ќе те претстави т.е. ќе те праша дали сакаш да му бидеш девојка. Сигурно нема да чека години да поминат.
Плус и се надеваат дека нешто ќе се промени. И со таа надеж поминуваат години, нерви се тенчат, ама луѓето ретко се менуваат. Не да те сака, нека умира по тебе, човек ретко се менува. Затоа ако не се прифатиш од старт онаков каков што си со сите маани и доблести, џабе тераш врска надевајќи се дека ќе се смени партнерот. Јас ја направив таа грешка, повеќе од 2 години терав врска иако имаше многу работи шо ми сметаа. Ајде да не речам дека беше нешто ултра лошо, повеќе би рекла различен начин на живот и различни гледишта. Ама многу се сакавме, поминавме низ сито и решето, бевме еден до друг и во лошо и во арно. Заедно плачиш и се радуваш со некој, заедно се расправаш, заедно славиш успех со некоја личност и то долго време и едноставно не можевме да се оттргниме. Одбравме долго време да мижиме пред недостатоците и разликите во карактерите. Некогаш тоа ќе ескалираше во големи кавги, ама на крај на ден тој беше оној на кој шо сакав да му споделам убава или лоша вест и да му го слушнам гласот пред спиење, и обратно. После долго време размислување, плачки, несоници и нервози, решив да ставам крај. Не прашав никој за совет, сама се јадев одвнатре. Сметав дека заслужувам подобро, дека ќе најдам некој со кој горе долу ќе имаме слични размислувања и ќе се поштедам од кавги за банални работи. И после повеќе од три месеци, сеуште не знам дали ја направив правилната одлука. А има простор да се смириме, јас да му речам дека сакам ќе се вратиме назад. Ама одбив да го напрам тоа, не се осеќам доволно силна да поминувам низ истото пак. А ми фали толку многу, ми се случија некои промени во животот откако се разделивме, изгорена сум да му кажам, да се видиме и да зборуваме. Во меѓувреме одбив неколку добри деца пошто ниту ми се почнува нешто со некој, ниту имам живци допрва да се запознавам со некој. Не знам шо ќе правам, мислам дека ова чувство на празнина ќе ме држи уште долго. Толку ми е криво шо во толку време заедно не успеавме да ги надминиме разликите, ќе се изедам жива. Нема да речам изгубив време со погрешна личност оти не беше тоа губење време, ама сакав да успееме. Градиш нешто години и години и на крај се' тоа се руши и не е сеедно, ич. Затоа, јас би рекла да не ги осудуваме толку многу оние кои пишуваат тука за совет а не го применуваат во реалноста. Лесно е од страна да се зборува, 1000 стапови не болат на туѓ грб. На никој не му си во кожа за да судиш, секој си е приказна сама за себе. Никој не не тера со сила да даваме совети тука и после да им триеме сол на глава оти не не послушале. Ако те мрзи, одмини го постот и не коментирај ништо ако мислиш дека е залудно. Едноставно е. Секој сам ќе си увуди до каде се неговите граници на трпение, до каде може да оди. Ама тоа сам ќе го направи, никој од страна не можи да му поможи па на глава да се намести.
Зависно, тоа треба двајцата да одлучат. Кај нас беше некаде 3-4 недели по запознавање откако веќе си признавме чувства онака отворено и дека сакаме да сме си во врска. Не беше со тие зборови баш баш, ама во тој контекст беше муабетот. Некои па со месеци излегуваат и врска немаат на што се зашто им е шубе да ја отворат таа тема.
Не мислам дека бараш совет, само си се искажуваше, ама јас би се надоврзала и би ти искоментирала, онака чисто другарски . Не е ни конкретно за тебе, туку како споделување на размислувањата низ кои врви човек во долгогодишна врска. Се наоѓав во слична ситуација, и тоа бев во многу подолга врска. Не дека ти треба одобрување од мене, но верувам дека си го направила вистинскиот избор, а и мислам дека зад сите тие чувства и ти знаеш дека тоа е вистинската одлука, дека тоа е најреалното и најрационалното нешто што си можела да го направиш. Те држи чувството на празнина затоа што ти дошло како нагол шок дека си имала некој покрај себе, а повеќе немаш. Плус, како што напиша и ти, жалењето поради трудот кој „отишол напразно“, иако објективно гледано си свесна дека подобро е така, отколку да поминуваш низ нешто друго цел живот. Можеби и иако си свесна дека нема виновник, се обвинуваш потајно себеси дека можело уште да направиш, уште да почекаш, исто како што веројатно си го велела тоа себеси уште пред да се скараш. Читајќи ги тука другите луѓе, слушајќи ги во живо, можеби си помислувала/си помислуваш дека сепак има далеку потешки проблеми и си се обидувала/се обидуваш да ги минимизираш вашите. Меѓутоа, исто како што чувствуваш празнина сега, сигурно си ја чувствувала и претходно, кога сте биле заедно, што допринело до тоа да се скарате. Кога си пред карање, а и во периодот отпосле, некако го забораваме тоа чувство. Не ги забораваш спомените, не е дека „ослепуваш“, ги знаеш фактите, ама како да си отупена на нив, не можеш да се поистоветуваш. И сега, кога се соочуваш со неуспехот од вложениот труд, едноставно сè ти губи смисла. И машки и врски, и почнување на цел процес одново, ризикот да градиш, да се вложуваш во нешто што можеби нема да ти се исплати на крај, исто како и со претходната врска. Тук-таму може и некој ќе ти каже дека си раскинала заради ситници, нема да те сфати, ќе ти направи да се чувствуваш како да си направила непоправлива грешка, си ги „фрлила“ годините. Мене моите родители ми рекоа дека нема да најдам подобар и дека сама ќе си ги сносам последиците (да не им плачам после) кога по години ќе останам сама или со лош партнер. Мило ми е што не гледаш и ти самата така, како да си изгубила дел од животот. И немој да дозволиш некој да те преубеди да мислиш така, ако ти знаеш во себе дека имаш добра причина. Ова ти било лекција; ем си била помлада, си немала можеби толку искуство, особено не со сериозна врска, ама и има убава изрека: си го направила најдоброто што си можела со информациите со кои си располагала. Толку си знаела во тие моменти. Тоа те подготви како да се поставиш во иднина и на што да обрниш внимание. Како што е и твоето искуство, не секоја неуспешна врска е поради нешто драматично, некогаш едноставно малите делчиња ја прават лоша целата слика. И тоа не може да го разбере секој што ве гледа однадвор, затоа што кога кажуваш изолирано што ти сметало, звучи небитно, дури и како пребирање. Ќе помине тоа чувство на празнина, нормално е да ти треба време сама и да се пронајдеш себе како индивидуа, а не како дел од тим. Кога си во врска, мислите често ти се окупирани „за нас“. Честопати и тоа „нас“ нè води и како индивидуи, да се прилагодиме и смениме во насока што одговара најмногу за „нас“, а не за „мене“. Што е океј, и тоа си има свое време и место. Сакам само да кажам дека цел фокус сега е на тебе и треба да пронајдеш начин како да се носиш со цело тоа „внимание“ од себе кон себе . Кога ќе ти е пријатно сама со себе, односно кога ќе ја пронајдеш смислата во твојата „слобода“, ќе ти се отвори хоризонтот и кон другите. Инаку, се согласувам дека отстрана одговорите и решенијата се многу јасни, но забораваме дека многу потешко е да расудуваш кога врската ти е само зона на конфор и прибежиште, а кога имаш преголеми и нереални очекувања кои треба да ги намалиш. За луѓето однадвор твојот партнер е човек како и секој друг, не се емоционално врзани и затоа можат лесно да ги „вагаат“ предностите и недостатоците. Меѓутоа, во недостаток на големи проблеми, многу тешко е да извагаш што е deal breaker. Секој човек е засебен и секој ќе ти каже различно, во зависност од своето искуство и своите преференци. Додај го и тоа што знаеш дека секоја врска поминува низ периоди на конфликти, секоја врска има некаков развој и секој човек има свој личен развој, односно се менува со тек на време, тешко е да утврдиш дали треба да пресечеш, особено ако немаш слично искуство. Некогаш ги знаеш, ги чувствуваш одговорите, но не можеш да собереш храброст да прекинеш, не толку заради стравот да не останеш сам, колку заради одговорноста што ја чувствуваш спрема личноста: Кога навистина си дал максимум? Да не се откажуваш баш пред да ја постигнеш целта? Да не носам прерани заклучоци? Да не избрзувам (иако претходно 100 пати си дошол до истиот заклучок, далеку од тоа да избрзуваш)? Да не биде овој пресвртот кој го очекувам? Смешно звучи, ама нема нешто поголемо од надежта и стравот, затоа што тие се и двигатели на животот и можат да те направат најтврдоглавиот човек на светот, макар фактите очи ти ископале колку се очигледни... Ама кога ќе згрешиш еднаш, ќе знаеш подобро за натаму .
Јас некогаш не ве разбирам имате океј човек покрај себе да речам ве исполнува, и пак си велите со умот чекај можеби че најдам подобар, втф? Овде индиректно можеби и вие не сакате, не сте свесно или не сакате да си признаете, ама не го цените човекот како што треба!
Дали би кажале на другарка дека дечко и има обиди да ја вара? Имам и докази и се' само стварно не знам како се соопштува фактот дека у врска била со ненормално ѓубре толку години.
Да ама во исто време биди спремна и дека постои можност да ја изгубиш. Посебно ако дечкото испадне некој манипулатор па на крајот да ја изврти приказната па и ти да испаднеш крива..
Дефинитивно не планирам да молчам, девојчето е стварно префино и културно и не заслужува вакво ѓубре. Ама не знам како да и соопштам бидејќи не ми е блиска и немаме зборено одамна.
Тоа е зезнато, јас не сум била во таква прилика и не знам баш како би постапила... Ама мислам, ако ми е блиска, би кажала, ако не ми е, не би да се мешам...
Да биде уште потажно, мислам дека као со пола Скопје го извара, али ете, ја бев крив. Нивен избор, кур да јадат
Ќе си кажеш све што се дешавало и кога. Ќе и кажеш дека не и мислиш ништо лошо туку само сакаш да кажеш со каков идиот иде. Ако праша зошто не си кажала одма одма, ќе кажеш дека си била у шок и не си знаела што да праиш дали да кажуваш или ќутиш.