Се може да се подари. Зошто да не часовник, одличен подарок е. Јас му подарив на дечко ми часовник, цело време си го носи и баш ми е мило кога гледам дека му го погодив поклонот ептен.
Девојки дали некогаш сте биле во ситуација да ви се допаѓа некое девојче иако цел живот до сега сте свиѓале машки
Можно е, we like people for who they are. Може да ти се допаѓа некоја поради однесување, размислувања, став па и изглед... Барем според мене е сосема нормално и почесто од тоа што се признава.
Викаат дека часовникот ви го броел времето до крајот. Исто така сум слушнала дека не се давало парфем на женско (џо не ти мирисала убаво). Според мене нема врска, останале како кажувања. Подари му што мислиш дека ќе му се допадне. Јас му имам подарено часовник и му го погодив баш каков што сакаше подолго време и беше среќен ко мало дете. Уште си го носи, ние уште сме заедно. Ако бараш идеја, можеш и новчаник, некоја ташничка, доколку чита некоја книга, ако пие некој добар алкохолен пијалок (или повеќе различни од малите шишенца)... Не ми текнува друго во моментов, зависно од неговите интереси. И заклучок, нема лош подарок доколку е подарен со љубов.
За дечко не би отишла ни од село во центарот на градот. Да се планира заедничка иднина е друго, но за врска која не знам каде води, не би одела никаде, без разлика каде е.
Веќе подолг период размислувам дали ова е проблем или не, но сепак решив да пишам. Со дечко ми заедно сме 4 години, но еве последниве 2 години не славиме ништо заедно (годишнина, денот на вљубените). Одамна ми нема нешто поклонето, а да не било за роденден (и тогаш не го одбрал тој). Не сакам скапи поклони, да не ме разберете погрешно, само ми фали мало внимание. На пример да го поминиме денот заедно, а не да ае однесуваме како да е обичен ден. Последната годишнина ја одбележавме во 2 минути и толку. Потсвесно се надевам дека сепак му текнало нешто, но не. Ги знае датумите, не ги заборава, но не организира ништо. Имам зборувано со него дека сакам да поминуваме квалитетно време заедно, но џабе. И сега деновиве само ми излегуваат понуди за Валентајн, ресторани, поклони... А јас денот ќе го поминам сама, во кревет како да сум сингл. Не ми пречело до сега, но деновиве ужасно ме иритира помислата (бидејќи потсвесно се надевав дека ќе ме изненади некако).
Не е романтичен тип ваљда, ама дотолку да не те изнеси барем еден ручек.. Јас не сум во врска, ама знам другарка пто е 10 години во врска, и онака практично си ги користат овие моменти, не се романтични (ко мене xD ) и си шетнуваа итн..
По она шо гледам општо по извесен период така "затупува" врската... е сеа убо е да си разговарате меѓу вас што и како... убо би било кога би нашле заеднички јазик и би си поминале убо..
Не замислувај дека ќе му „текне“, кажи му дека сакаш, дека мислиш дека е убаво, дека ти недостасува тоа, дека би можеле да си подарувате работи, во такви моменти, дека сакаш да го одбележите тој ден, да одите некаде, да бидете заедно, не мора директно на почеток, избери соодветен момент кога ќе е расположен... Дури и да си му рекла, повтори му. И не мислам дека има врска со тоа колку време сте во врска, има врска со човекот, со луѓето, со карактерите и навиките... Во најмала рака, обиди се да му кажеш. Комуникацијата е битна. Или, уште подобро... Биди про-активна... Ти организирај нешто оваа година, на пример, покани го на вечера (дома или некаде) и речи му за време на тој „дејт само за вас“ дека сакаш ова да ви остане традиција и дека сакаш ЗАЕДНО да организирате „ваква вечера само за нас“ (сега карикирам) и следната година... Мојата поента е: не го тестирај, не замислувај каков сакаш ТОЈ да биде, не поминувај време во во очекување и посакувања... Изнајдете начин ЗАЕДНО да воведете „нова традиција“ што ќе „важи“ за слични моменти, и ова секако може да важи и за него, идејата може да биде и негова за други прилики...
Имаше цела една тема на оваа тема, мислам не заврши добро. Раскини му. Ако вакви работи ти се битни, а него не му се, од 4 години, пола ти се исполнети со незадоволство? Гледаш некоја позадоволителна иднина овде? Се случува, првичната заљубеност поминува и после што?
Далеку од тоа дека годините ми се исполнети со незадоволство. Напротив, имаме многу работи за паметење, но периодов размислував за ова и како да ми недостига. @Stark @Vikktorr @Biljarkata Ви благодарам на сите! Ќе разговарам и ќе се обидам да направам нешто.
Види, јас лично не сум човек на кого му значат такви работи, Валентајни, годишнини...Ама не се занимавам ни со социјални мрежи, па ми се може да бидам лабава. Сдк колку е вистинска потреба колку наметнат притисок- сите така, а јас- сама си знаеш. Ама ако реално ти недостига сега, навистина, како мислиш дека би изгледало после наредни 4 години? Што очекувања имате вие од љубов, врска, брак? Секоја возрасна девојка / па и дечко, би требало да си има одговор на овие прашања, ради себе, не ради никој друг. Секое добро
Здраво, пред неколку месеци се запознав со еден дечко и почнавме да пишуваме со саати дневно. После тоа забележав знаци дека можеби му се допаѓам, а исто и јас почнав да се затрескувам, но во последно време забележувам ситници дека можеби тоа е се лага што го покажува, една фарса, и низ муабет пример-"ако не ја затвориш темава ќе ти спуштам на телефон"(ми делуваше заканувачки, не на зафрканција), или на пример ми ѕвонел, а јас имав обврска и таман земав да му се јавам, ми пиша дека ќе спиел, во ред, реков, уморен, но после тоа забележав дека е уклучен уште подолго време, значи едноставно не сакал да зборува со мене бидејќи за тоа време можевме да се чуеме, мене би ми биле доволни и 5 минути разговор, но мислам дека ме бара да пополни време кога ќе ги нема другарите и другарките, за разлика од мене која би ги игнорирала сите за него и би ослободила време што и да правам, но почнав да гледам поинаку на работите кога успеал да се здружи со мојата најблиска другарка и нејзе и кажува се за мене, дека сум му се допаѓала и слично, ова го дознав после долго молење на мојата другарка да ми каже што и кажал бидејќи она не ми кажува затоа што ако ми кажела немало да испадне другарка за него со кого се знае само 2 месеци а мене ме знае 4 години. Дали е во ред ова? Предходниот период ми кажуваше комплименти, потоа одеднаш ми пиша дека повеќе никого не сакал ако сакањето не било возвратено, така би се изгубил себеси ако сакал само тој, но тој не ме ни праша ни кажа нешто отворено, повеќе и се отворил на другарка ми за мене. Сега повторно е на старо, откога јас се обидов да му дадам знак, но ме збунуваат неговите постапки како тие погоре што ги прави и се сомневам дека е нешто вистинско. Би правел ли вака заљубен човек? Знам дека јас не би му правела така.
Лол што читам Ако дечкото со кој сте биле години заедно не вложува труд како порано, не значи дека "не му текнало" па ајде ќе кажувам што сакам и како сакам и ќе се чудам зашо не праи ништо. Он перфектно знае, ама нема да ги постигне очекувањата затоа што мисли дека не мора, веќе ве има долго време, нели? Ко песна ве знае, ви ги знае интересите, порано поклонувал, комуницирал колку ве сака, и сега одеднаш "ама можеби не го бива за подароци, некои личности се такви". Во ред е да кажеш дека неќеш да правиш некои работи, ама вакви изговори не. Бич плиз. Истото и за женски важи секако