Ако првиот си го оставила за вториот остани си со вториот зошто тој ти значел повеќе кога по две годишна врска си се фатила со него и сте имале односи. Ова е мое мислење Сакам да ве прашам нешто... јас со мојот бивши се скарав пред скоро месец и тој ми рече дека сака да останеме пријатели, дека јас му значам како личност и јас му реков добро ако си заслужиш ќе бидеме пријатели... по некое време ме праша дали сум сакала да се муваме јас му реков да не се труди залудно зошто не сакам ништо со него и тој ме избриша од фб и ми стави блок, ама гледам сношти ме одблокирал и ме додал за пријателка, не го прифатив се уште ама не знам што му е финтата, тешка будала ли е или што
PUPI GIRL ти немаш никаков проблем бившиот твој има но САМ СО СЕБЕ. Од тоа што го кажа дека си му била женска,после сакал да бидете пријатели,па да се мува со тебе,па после несака воопшто да бидете пријатели и сега пак сака неможам да го разберам како може толку брзо да ги менува чуствата ТИ ЧОРАПИ ТАКА НЕ МЕНУВАШ (малце да те расположем,не се лути). Девојко откачи го веднаш,сигурна сум дека ќе пронајдеш особа што ќе знае што чувствува за тебе, а тој може на основа пријател да ти прави проблеми. Затоа немој да се враќаш на старите патеки зошто крајот ти е познат едноставно дечкото треба да порасне.
^^^ Мислам дека ниедно машко не е фустан, па да бираш дали да го купиш во црвена или сина боја. Мислам дека воопшто не го заслужуваш ни едниот ни друиот. Не ги терај да патат само затоа што си ти неодлучлива. Подобро остани со сегашниот ако навистина го сакаш. Научи да ја цениш љубовта. Се најдобро !!
Хахахахахах нема шанси да му се смирам, зошто тој не си заслужува и не го сакам, а да знаеш ме насмеа
Лош ти е животот викаш? Прво не си многу дебела, имам видено и мнооогу подебели од тебе. Второ и јас не сум слаба воопшто, па не викам дека животот ми е лош поради тоа! Уствари никогаш нема ни да кажам дека сум дебела ваква, таква или онаква. Ти ако имаш тако мислење за себе што очекуваш какво мислење да имаат другите?! Неможе на сите да си им најубава, најзгодна и најпрекрасна ама ако имаш самодоверба на 90% ќе им бидеш таква... Нема што да плачеш и да бидеш препуна со комплекси гледај ги убавите работи кај тебе, ако сакаш држи диета па ослаби. А тој што го сакаш не те заслужуваа воопшто срцка. Веќе немој да му се јавуваш немој да му пишуваш немој да му покжуваш дека ти значи и крај, не те заслужува очигледно!
воопшто не си дебела и не се замарај со тоа,убавината доага од внатре а не однадвор доколку ти се гледаш убава и другите ке те гледаат како убава,не се сожалувај со плачење туку излези и забавувај се,сигурно надвори има некој што те чека тебе ,а типот не те заебава дека си ти дебела или слаба,туку тој има проблем со самиот себе,очигледно он е полн со комлекси па сака некако да се докаже да даде лажен впечаток,да не се покаже она што е. излези и уживај
Леле се пронајдов себеси во Ана1235. Точно знам како ти е. И јас сум баш така, можда и некое килце повеќе. Цел живот искомплексирана. Веќе преку глава ми е. Јас за разлика од тебе имам дечко, идеме 2 години. Проблемот е што кога се фативме јас имав 60 кила после 6 месечна диета. Моментално еве веќе 11 месеци живеам во странство и после 2 години во рок од тие 11 месеци си ги вратив сите килограми. Сега за некои 7 недели си идам дома и немате поим колку ми е срам. Не од дечко ми. Едноставно ми е срам од неговите, од луѓето, кога ке ме видат... За уште потрагично да биде тој пак е малку некој цм понизок од мене и плус послаб и како хипо и чипо. Се сакаме се он вика не ми е битно имај и 200 кила ама едноставно јас не се осеќам убаво. Колку и да вика така сигурно сака да види малку женственост, сексипил.. Па уште ми вика коа ке дојдеш ке ти купам незнам секси долна облека и јас онаква А? Боље не! Уште поглупо ми паѓа, баш порано имаме зборено за многу девојчиња што го свиѓале и го прашувам зашто не си сакал и он па таа беше дебела, таа другата исто, а баш сум сега јас подебела од нив. Незнам мој совет ти е да престанеш да кукаш, да фатиш да си ослабнеш, и ке видиш колку ке ти биде поубаво. Велам да ослабнеш за себе нормално, не за да фатиш некој тип. Сепак да внатрешноста на луѓето е многу побитна но секој маж па и жена прво треба физички да му се допадне некому па после внатрешно. Во мојов 21 годишен живот досега имам запознаено само еден дечко кој стварно се топеше на дебели девојки( полнички! дебели многу грдо ми звучи ). Е штета имаше девојка .
^Ако толку ти смета и мислиш дека би ти било срам имаш уште 7 недели . Не знам колку може ама пробај да симнеш некое кило . Има тема со совети , примени некои . Зашто пред се треба убаво во своја кожа да се осеќаш нели
имам една другарка кога се фати со дечкото беше 70 кила заедно се 3 год она сега има 100,он слабичок а она 100 кила,ако некој те сака ке те сака онаква кава што си
Немам услови за жал тука да бидам на режим. Али едвај чекам да стигнам дома. Знам како и одма се ставам на диета поздрав
Ve molam za golema pomos !! Vaka prvo da se preststavam.. Jas sum nova na forumov i imam golema molba do vas feminki. imam golem problem sto iskreno i mene ne mi e jasen. veke 4 meseci se muvam so eden. iskreno premnogu go sakami mi znaci isto taka mnogu. razlikata e vo toa sto jas toa sto jas toa ne go gledam i cuvstvuvam kaj nego. toj so mene se ponasa ko so nekoj covek od ulica. mn cesto znae da me navrede a jas toa za mig go zaboravam. znaci ziveeme vo ist grad a ucime vo sk. e sega koga sme ovde toj ne kreva na mob dodeka go baram ne izleva .. se nesto go nema koga e so drugarite se ponasa isto taka mn ladno a koga sme vo sk sami toj e nemozam da opisam ednostavno covek so sekoja devojka bi go posakala. me povreduva toa sto se ponasa razlicno a najmnogu togas koga sme ovde vo gradot kade ziveeme bidejki togas mn cesto se osekam navredeno od negova strana a toa mn me boli. ne znam sto da pravam ponatamu. neznam kako da mu dadam do znaenje deka mene toa me povreduva i kako da mu kazam da pocne da go smenuva toa a ako ne prodolzi deka nemoze da prodolzi seto ova vaka.. no sepak ne sakam da go izgubam .. ve molam pomognete mi sto da pravam. fala odnapred )
Ve molam za golema pomos !! Па зборувај со него, отворено, кажи му дека го сакаш и дека сакаш да успеете, но нека си го смени однесувањето. Не може во Скопје да е добар(кога никој не го гледа) а во вашиот град(кога сите го гледат) да се понаша така со тебе. Мислам сигурно не се однесува така без причина. Или не сака никој да знае дека вие сте заедно или не му значиш ништо, или му значиш, но срам го е да го покажува тоа(што и не ми се верува многу да е така). Зборувај со него, ако не сака да се смени мислам дека нема што да си со него повеќе. Поздрав.
Ve molam za golema pomos !! Нема или те сака или не те сака! помири се со фактот дека он тебе воопшто не те сака и НИШТО не чуствува за тебе.. а за неговото понашање само ти си крива.. колку му дозволиш толку ке те мота како што сака.. Мушки глупи.. Типов е со тебе од чиста досада.. нема друга па сеа ај чим те има тебе нека те има додека не најде некоја друга што ке му биде занимација..тоа е тоа! ТИ девојко самата не се почитуваш и не се цениш чим дозволуваш некој друг да те навредува.. Тогаш кога ке почнеш да се цениш самата себеси и кога ке казеш ЕПА ДОСТА Е! тогаш и другите ке те сваќаат и гледаат на друг начин.. Немој да дозволуваш некој да се понаша како ѓубре према тебе.. никој не го заслузил тоа.. кази му дека не си уличарка и дека ако малце барем те сака нека ти казе кај си да не си игра топло ладно со тебе.. Тоа е тоа..
Помооош ! Повторно јас со мојот стар љубовен проблем ...vrski/ljubovni-problemi-i-soveti-t243/4930.html#p705872 ... Се работи за истото дете ... моите чувства кон него почнаа да стануваат се поголеми и поголеми... Дури сега сватив дека тој ми е мојот прв другар во новото училиште .... но јас го гледам со поинакви очи...а чуствувам дека и тој ме гледа мене како некој кој го сака .... Пред една недела имавме тест по анатомија...за коски и слично....тој побегна..не присуствуваше на часот ... денот кога ни ги даваа тестовите тој се јави да го решава тестот...професорката го седна на прва клупа блиску до мене... не делеше само едно девојче кое уште на старт од годинава го проценив како скржаво....тој ја прашуваше да му поткаже но таа не му кажуваше. Па затоа му го свртев вниманието кон мене .... му го решив тестот речиси цел од тогаш па натаму кога ке ме погледене ми намигнува и некогаш кога ке помине до мене ке ми се насмее и прозбори...на тоа другарка ми ми вели дека сум требала да се напијам инсектицид...поради стомачните пеперутки ) Таа сето ова го сваќа како игра но не е така Секогаш во училиште се поздравуваме само со едно здраво или добро утро и чао ее сега проблемот е што вечер ке одам на журка каде што ке биде и тој...незнам како да го поздравам само со едно здраво и да му пружам рака или како што се поздравувам со моите пријателки ? Кога ке го видам секогаш ме фаќа трема....тој секогаш е во моите соништа.... ии морам уште ова да ви го кажам....неможам да истрпам се во мене да чувам и самата со себе да се радувам бидејки ако кажам на брат ми ке каже одма на моите родители а несакам се да знаат за мојот љубовен живот :/ Во Петок...овој последниов на 11.11.'11 имавме физичко....бевме 2 класа споени бидејки не беа дојдени некои професори....паднавме да држиме час со соседниот клас...,,Класот на мојата БФФ '' професорката не подели на 2 колони една машка и една женска....тој беше во другата колона...бидејки беа повеке машки некои се префрлија од страната на женската колона и повторно се измешавме но тој остана во другата колона....додека ги правевме вежбите за кошарка одеше се во најдобар ред...по некое време тој се префрли во колоната каде што бев јас застаната позади мене стоеше мојата бфф а јас пред неа.....тој беше на крај од колоната...по некое време се префрли позади мојата другарка.. детето кое беше на тоа место го избрка и тој дојде позади мене .... по некое време другарка ми почна да се кара...јас го бранев и таа како што беше изнервирана го гурна во мене и тој ме бакна несакајки во образ....јас незнаев како да реагирам ... се завртив и застанав зад него Тој се изнасмеа...после часот моите пријателки ме зафкаваа но јас се обидував да не ги слушам.... ( морав некому да кажам.. трпим трпим али мора некаде да излезе ) Плисс никому не кажувајте за тоа
Овде се работи за некоја љубов или заљубеност,штом чувствата ти станале толку интензивни.Тие икс ситуации кога се среќавате искорити ги за да се зближиш со него,а не да си тумачиш со тоа дека застанал зад тебе,случајно те бакнал во образ и сл,тоа до ништо нема да те доведе.Биди природна,опушти се,пробај да се доближуваш полека до него,најди заеднички теми за разговор ,ако тој реагира позитивно можеби ќе те покани и да излезете којзнае.Ти посакувам многу среќа и успех со момчето,па пиши ни што се случило
bona91 кога те читам тебе, се препознавам себеси. Имам и јас проблем сличен на твојот. Веќе година и пол одам со дечко ми, се однесува супер со мене, но сепак како да ми фали нешто во врската. Никогаш не ми кажал дека ме сака, дека чувствува нешто за мене.. знам дека ме сака, и се тоа... ама имам потреба и да го слушнам тоа. Меѓутоа во последниов месец се појави еден друг во мојот живот со кој се смував еднаш... и од тогаш не престанувам да мислам на него, нонстоп ми се јавува и ми кажува дека сака нешто посериозно со мене... но не знам што да правам.
Проблем со девојка ми, помош Здраво на сите, јас сум машко ама добро би ми дошла женско мислење. Како прво со девојками идам 3 години и многу си ја сакам, неможам без неа. Во последно време многу се караме најчесто за фејсбук, како ме аднувале девојки што не ги знам, како не ме сака, како и е досадно со мене и слично... За фејсбук тоа ми се роднини од хрватска и што се вика и јас не ги знам а камо ли она, па сега не ми верува дека се роднини. Вика дека многу и е досадно затоа што не излегуваме често на забави и седиме кај мене или неа дома. Сега сме скарани и незнам што да правам, вика дека несака да се смириме, а знам дека и е многу тешко. Помагајте што да направам?
Проблем со девојка ми, помош Банална ствар бе,се испокарале за фејсбук. Дечко,стварно имаш 23 години? Јави и' се бе,разговарајте,отворете ги картите.
Проблем со девојка ми, помош Аман што ви е на сите машки со тој ваш фејсбук!!!!!!! и јас сум лута со дечко ми да ти кажам затоа што баш и он како тебе го аднуваат девојки баш од Хрватска и Словенија Не е банална ствар ама ич!Мене еве ми смета.Па зашто прифаќаш покани од секој некој?Може и таа да прави така и тебе како би ти било?И ако не ги знаеш тогаш исто како да не ти се роднини.И мислам дека не е само до тоа сигурно има и друг проблем.А ова е плус со фејсбукот.Вие машките стварноо не го разбирате женскиот јазик.Неможам да ти дадам совет гневна сум на дечко ми и ова кога го прочитав уште повеќе се изнервирав.Сега женска ти ќе сака да ја молиш и да и се јавуваш а таа ќе тера инает тоа ќе следи ете јас ти кажувам.