Ти сеуште имаш време да се промениш. Таа е 3 години веќе во врска и касно е за неа да се промени. А ти сеуште имаш време и немој да дозволиш да станеш како неа. Ти пак биди со него, не велам не, но немој толку да се замараш. Освен да се потрудиш и да дадеш се од себе, друго решени не знам кое би ти помогнало.
Ке се потрудам ама заедно сум со нејзе во се, заедно седиме во школо, заедно пиеме кафе секој ден, заедно си одиме накај дома, заедно зборуваме за тоа што и како се случува во нашите врски, невелам нетреба ама кога и да спомнам учење зошто она веке е навикната на тоа да не се замара не дотолку, одма ја менува бојата на лицето па имало моменти некогаш да рече кје учам ама пак иста песна и ете јас мислам дека се откажа а покрај нејзе и јас го правам истото. Размислував да седнам на др место во школо ама па и тоа не е некое решение го сакам местото каде што седам а и плус кје се налути. потебна ми е поддршка од некој кој го прави тоа што јас сакам да го правам ама покрај нејзе неможам едноставо навиката си го прави своето. мене ми е мило кога сум со нејзе не ми смета нејзиното присуство ниту пак ми сметаат муабетите за нашите врски амма некогаш треба да посветиме внимание на други работи кои се значајни а не незначани. А знам дека ако и речам нешто ке се налути. такада во ниедно сум.
Ловели очигледно ова не е единствената работа во врската што не штима. Не можеш да ја измериш љубовта а па најмалце да броиш кој повише дал а кој не дал?! ова е жива глупост, ко 15 годишни деца се понашате ебате (извини на дрскоста ама стварно) Дали ти можеш воопшто да најдеш разлика? Факт е дека секој човек сака на свој начин.. во секоја врска различно се поставени емоциите.Ако ти сакаш да се фалиш со твојата љубов и со тоа колку МНОГУ си направила браво за тебе, ако си во состојба да напишеш на небото дека си заљубена и дека можеш да избориш што се си направила или не.. Ама, има и такви што емоциите ги чуваат само за себе...
Не реков дека сакам да се фалам со мојата љубов ниту пак со тоа колку многу сум направила(муабетот кој колку направил испадна спонтано нешто слично на караница). Само сакам да бидам старата јас ама незнам како. Прекупирана сум со врската додека сум со него, додека седам со другарките, додека сум дома, не мислам на себе и на обврските.
Ми се допаѓа една девојка, иста генерација како мене. Ќе бидеме заедно на роденден кај другар ми. Што да правам и како да се однесувам спрема неа? Благодарам, однапред !!!
Ќе флертуваш со неа погледи, ово оно. Потоа ќе отидеш до кај неа ќе и направиш два-три реда муабет. Па потоа ќе ја шмекаш пак и ете ти.
Прво и основно, скоцкај се, жените сакаат машко што знае да се среди... Второ ако можеш да ја насмееш, можеш се ама немој да бидеш нападен туку онака спонтано, без некој однапред смислен текст.. Види ја дали е заинтересирана, ако е пуцај.. и најдов една интересна тема на форумов nasmevka/kako-da-osvois-zena-t1972/10.html
Епа вака, со дечко ми сум веќе 7 месеци, и тој е поголем од мене 4 години. Проблемот е во тоа што веќе некое време настојува да имаме нешто повеќе за што мислам дека е многу рано...му објаснив дека не би сакала да направам таква работа но тој упорно се обидува.Како да го натерам да подзаборави малце на тоа?
Да подзаборави нема зошто машките се опседнати со тоа Седни го и направете сериозен муабет.Објасни му дека уште не си спремна на тој чекор и дека те нервира тоа негово настојување.Доколку навистина му значиш ќе може да се стрпи уште некој период.Се најдобро
Кој вистински те сака, ќе те чека а не да те присилува. Имаш 14 години, искрено незнам ни како го знаеш зборот "секс"...
ве молам за совет итно е!!! вака да си ја споделам маката со вас имам 19 год. и во врска сум 3 години се до сега било перфект многу се сакаме значи мнооогу, врската ни е сериозна морам да го кажам ова за да ме разберете како се чуствувам летово требаше двајцата да одиме во Америка со work & travel значи се беше испланирано не мене ми се деси да заглавам со испити значи морам да полагам во лето и така мене ми се расипаа плановите а он веќе имаше платено се пријави се што треба а ја останав ама сега кога ке помислам дека он ке оди 3-4 месеци нема да го видам полудувам не можам без него ние сме многу зависни еден од друг он не може да откаже зошо ке го замараат неговите бидејќи прво не го пуштаа и на крај едвај се деси и сега да последен момент да им каже не нејкам да идам плус парите не ги враќаат добро ништо од тоа..ама ја сакам да најдам некој начин да го спречам не знам било каков..стварно ќе полудам без него 4 месеци кога ке помислам таму ке се забавува ке запознава нови луѓе значи да се разбереме ја му верувам 100% знам дека никогаш нема да ме изневери и на крајот на светот да отиде но самата помисла дека ке има работи се женски со секакви таму ретардирани се не им е гајле за ништо ме тера да полудам цела ноќ плачам а замислете што ке правам кога ке оди..лелее боже чувај ме знам и на него ке му биде тешко. ке ви кажам една случка за да ме разберете подобро минатото лето беше во австрија кај чичко му речиси 2 месеца леле никогаш нема да ги заборавам тие денови воопшто не излагав се затворив дома се ми беше досадно без него леле само да не видевте денот кога се сретнавме кога се врати среде улица почнавме да се гушкаме да плачеме и двајцата од радост од љубов значи се сакаме лудо и сме многу зависни еден од друг затоа ве молам некој совет некоја идеја било каква спремна сум на се што може да го спречи
извини вака ама во случајов сите 4 отворени! прво овде ми мириса на непочитување, значи ако еднаш си кажала дека не си спремна А НЕ СИ спремна имаш цели14 години И он тоа треба да го знае и политува. Ако продолжи со притисоков откачи го.
Да подзаборави не можеш да го натераш. Тоа е потреба. Само навистина не разбирам што навистина ти бараш со дечко од 18 години. Можеби звучи грубо, а и сум само 3 години постара од тебе- но навистина замисли се колку време можеш да оддржуваш врска без секс со момче кое очигледно има потреба од тоа. Верувај не вреди на тие твои 14 години секој месец да се оптеретуваш дали ќе добиеш додека другите имаат безгрижно детство. Јас сфаќам и пубертер и вриење на хормони, знам како е.. Но мислам дека со твоите 14 години не треба да се оптеретуваш со дечко, а нели пак со секс. Сосем добронамерен совет ти давам. Размисли и се најдобро.
ве молам за совет итно е!!! Не знам дали добро те сватив, бараш идеја за он да не замине? Дечкото го исполнил својот дел од договорот. Положил испитите, ги убедил неговите за да добие одобрение за заминување и сеуште е со намера да оди. Прифати ја одлуката како возрасна особа и без трикови, нема потреба од тоа. Очигледно имате стабилна врска исполнета со љубов и разбирање не си прави со сила стресови и проблеми. Ваквите паузи се добри и вие како личност да созреете одделени еден од друг а со тоа и врската меѓу вас . Ќе му посакаш среќен пат и ќе намалиш од полудувањата кои биле при неговата последна посета во Австрија. Сега си повозрасна и веќе имаш искуство зад себе Со среќа
whitex6, ако имаш 100 процентна доверба во него, нема зошто да збеснуваш и да корнеш коси. Знам дека нема да ти биде лесно, ама сфати го ова како еден тест на вашата врска. Мораш да сфатиш дека нема да можеш секогаш толку опсесивно да го држиш покрај себе, ваквите работи се неизбежни. Никој во врската не треба да се чувствува како врзан за партнерот, па да не може никаде да бега. А и ова е многу погрешно. Едно е да има вистинска љубов меѓу вас, а сосема друго е да постои „зависност“. Нема потреба да му ги расипуваш плановите, тоа може да има контра ефект. Ќе го задушиш и ќе направиш да се почуствува врзан за тебе. Имате изградено цврста, долга врска, така што не би требало да се грижиш.
знам дека делувам како некоја 14-годишна лудачка но стварно не можам више да издржам мора да постои некој начин да се пречи значи немате идеја колку сме зависни еден од друг нон стоп сме заедно никаде не одиме сами само сонот не разделува ништо друго многу го сакам и он мене и ми го има докажано на секакви начини нашата врска е многу одлична се е перфект во неа ништо не ни фали убаво си поминуваме имаме многу планови за нашата иднина тоа за австрија тогаш беше првиот пат што бевме толку далеку еден од друг и од искуство кажувам дека тие денови беа пекол за двајцата стварно не знам што ке правам срам ми е и од себе дека размислувам вака а замислете како се чуствувам кога го споделувам ова со вас имам пробено некои начини разговарав со брат му сестрите да смислиме некој начин а нема да верувате барав и врски во амбасадата за секој случај но ништо од тоа
Добро е што го препознаваш постоењето на проблемот, се надевам и дека успеа да го лоцираш дека е во тебе Доколку сакаш да ја задржиш хармонијата и перфекцијата во врската немој со јавувања во амбасада и разговори со неговата фамилија. Најдобронамерно те советувам, сум имала 2 години врска на далечина и знам колку болат тие непроспани ноќи, но никој не сака зад грб да му одат и да го третираат како недораснат и неспособен за сам да донесува одлука. Ели со него зборувај ели ќе подгтнеш неколку месеци.
Одлична односно перфект врска е и кога двајцата можете слободно да дишите, така да ова не би рекла дека е тоа... ви треба слобода, и тоа многу. Ако толку многу се сакате ќе си дадете слобода и ќе го оставиш на раат да иде без да бидеш посесивна, вие не сте едно, вие сте две посебни суштества. Ако некој те сака вистински ќе биде твој и тука и во Австралија. Олабави се и пушти го да оди, а ти олабави се и размисли убаво додека тој не е тука, среди се и сфати дека не треба да се однесуваш така. И да направи нешто таму настрана и онака нема никогаш да дознаеш така да... нема причина за црни мисли.
Не чини што сте толку „зависни“ еден од друг. Не сте врзани со папочна врвка и мораш да сфатиш дека не можете секогаш постојано да сте заедно. Мора да се навикнете на вакви работи. Сега тој ќе отпатува, утре ти. Не може цел живот да се држите еден за друг врзани. Што мислиш, како издржуваат оние што имаат врска на далечина? И батали врски и јавувања во амбасади, само ќе си направиш проблеми. Кога некој ќе се почуствува како да е врзан со синџирче, веќе нема простор за разбирање. Само ме интересира - зар и тој вака реагира што ти тука ќе останеш сама? Ако гледаме од таа перспектива, и ти тука можеш да ја искористиш слободата, па да правиш што сакаш. Зар и него го фаќа паника?
верувајте и ја сакам да имаме малку простор меѓу себе но не знам како да го постигнеме тоа од почеток сме вакви тој не излегува ако ја не сум со него, ни јас без него, ја немам други машки на facebook а ни тој нема други женски значи во некоја смисла си живееме само за еден друг не ние гајле што се случува околу нас за никој само си глеаме нас да ни биде убаво знам дека ова е претерано но ја не сакам ништо друго кога сум со него не ми интересира буквално за ништо доволно ми е да сме заедно да се сакаме не можам да поднесам некоја друга да го допира да го гледа многу ме боли и ме убива кога ке помислам дека во 3 месеци нема да го видам ;/ @anakarenina : да и тој вака реагира и на него многу му е тешко што ке ме остави, а знае дека летно време искачање шетање ...си ветивме еден на друг дека нема искачање ја со други машки он со други женски....да се чуствував само јас вака ке се обидев да бидам посилна и да имам малку гордост ама проблемот е дека на двајцата ке ни биде тешко на двајцата исто