Ова ако е вистина...ја стварно не знам што да кажам. На 14 години секс? Девојче ја на 14год играв жмурка надвор. Спремни сте за секс на 14,а плачете кога ви зимаат крв од прст На 14 год прво ми е ненормално да имаш дечко,а да не праиме муабет за секс. Зарем мислиш дека си доволно информирана за се околу темата секс? И после ќе прашуваш дали си бремена! Не знам како совет да ти дадам...страшна работа !
мислам дека најдобар совет би било да се посветиш на учењето и на својот живот на тоа да постанеш стабилна личност и да престанеш да се замараш со машки (незгодно ми е дури и да ти зборувам на темата секс имаш 14 тоа мораш да си го избришеш од главата зошто на твои години може само на кур да те ставаат и кога ке им се здосади од тебе да тиго свртат грбот и да те понижат) наместо да бидеш бесна можеш да си излагаш со другарки и да си го трошиш времето запознавајки различни типови на луге и места не си прави тешко на душата сеуште си малечка да мислиш на тоа уживај во годините во животот ке имаш мноогу други побитни работи за кои треба да се замараш се најдобро
Ти сама си крива,знаеш дека те искористуват,свесна си за тоа и за годините и сепак пак се мислиш и нервираш шо да правиш.Ако уше сеа даваш и почнат да те искористуват замисли шо ќе стане со тебе после 5-6 години,кој ќе те сака ако уше на 14 си почнала да даваш,никој нема да те гледа со убави очи,ќе си го извалкаш името,гордоста и тоа е нешто шо не се враќа. Не за другите,како ти самата како ќе се гледаш после некое време.. Немој така. За секс ги има еден куп,за секс има време.Не се замарај со машки толку уше сеа и немој да дозволуваш уше сеа да те искористуват. Сеа сите наеднаш ќе почнаат да те сакаат кога ќе дознаат дека иако си толку мала имат зелено светло за секс. И еден и друг другар ќе почнат да викат дека демек те сакаат. Не оди по тој пат,мисли на школо,на другарки,на некое хоби,немој уше сеа да правиш такви работи.
За ова најмногу си во право.И знам јас сум крива,ама од што незнам како да ги решавам проблемите ги правам поголеми.Инаку тоа дека сум курва така изгледам кај некои поради некои работи што се случија.Всушност досега мн работи се случија за кои ете се каам и би го вратила времето назад за да не сум направила некои работи,ама немозе.И сега се обидувам како да го решам ова и на крај пак беља правам.Дури и кога сум во право јас не сум во право.Значи знам дека јас сум крива за се,се каам,научив некоја поука ама немозам да заборавам на ништо,само се секавам на тие моменти кога бев понизена,кога сакав да се одбранам па бетер полошо.Инаку јас имам нешто во главава наумено,ама да видиме колку ке мозе да се оствари..........
Здраво девојки, имам еден голем проблем и се надевам ќе можете макар малку да ми помогнете. Одам со дечко ми веќе 3 месеци, а претходно во март месец бевме заедно 2 месеци а прекинавме по моја вина, пошто јас тогаш не го сакав, ми годеше само неговото внимание. Овие 3 месеци беа повеќе од прекрасни, повеќе пати му имав згрешено и го имав повредено но тој и овој пат ми попушти. Проблемот е во тоа што во последниве 2 недели почнав да го чувствувам поладен... не пишуваше како порано, излегуваше само со другарите со мене никогаш, почна да ми вели дека го гушам и му поставувам многу прашања..може и да има малку вистина во ова но му поставував прашања бидејќи не го разбирав во последно време. Една вечер дојде да разговараме и ми рече дека имал силни чувства за мене ама нешто не било во ред, не му доаѓало спонтано да ми напише порака, дека таа атракција што ја чувствувал на почетокот или ја немало или била многу намалена(пошто тој ми бараше да сменам некои работи кај мене што го повредуваа, и јас многу се сменив во текот на тие 3 месеци, можеби таа е причината) и не знаел што сака ама не сакал да ја заврши врската овде токму поради чувствата. Ми бараше време и му го дадов. Наредниот ден, пишал на другарка ми дека убавите работи што ги чувствувал на почетокот сега веќе не ги чувствувал, дека речиси и не ме поднесувал повеќе. Јас за него сум чувствувала 100, а тој за мене 10, а и рекол да не ми каже ништо. Кога го дознав тоа, пробав да му се јавам и да му кажам дека стварно е ѓубре и дека тие работи треба мене да ми ги каже. Не ми одговори, и после десетина минути ми пишува како ништо да не било, како се да е во нормала. Дури ми кажува каде е со кој е.. Наредниот ден пак ми пиша извинувајќи се, дека се чувствувал како гомно, дека требал да разбере што сака, ама сигурно не сакал да си игра со мене о да ја прекине врската овде толку рано, дека паузите не му се допаѓале, пошто јас не му пишав повеќе од кога го слушнав тоа.. Вчера пак истото, ми пиша најнормално, пак се извинува, жал му било.. а не ми дава никаков одговор. Јас во пораките сум многу поладна спрема него и тој тоа го осеќа. Прво можеше да се случи покасно да ми одговори на порака пошто работи преку ден а учи ноќе, а овие денови одговара секундарно кога му враќам на пораките, како да седи на телефонот чекајќи да му вратам. Девојки не знам што да правам, не знам колку ќе успеете да ја разберете ситуацијава ама мене ми е многу тешко, и не знам што да мислам и што да правам. Од една страна вели дека има силни чувства за мене и дека затоа не сака да ја прекине врската, од друга страна ги зборува оние работи на другарка ми.. не знам. Помагајте!
^Јас мислам најдобро ќе биде да седнете и да разговарате, во четири очи. Така преку пораки ништо не правите. Со отворени карти да си кажете кој што мисли, каде води вашата врска, ќе го прашаш зошто така правел еднаш едно вели друг пат друго, па и тоа со другарка ти, побарај му објаснување. Друго решение не гледам. Па ќе видите до каде сте и што сте.
Да, ама пред некој ден ми пиша, не ми се допаѓаат паузите ама да те видам сега и да правиме се(сите нормални работи што ги прават двојките) би било како да си играм со тебе. А и не сакам да бидам јас таа што ќе бара да разговараме едно затоа што рече дека му треба време, пошто се гледа дека е стварно збунет, а друго што без разлика на се јас не сакам да заврши оваа врска.
Ако се видите не значи дека ќе правите се што прават двојките. Ти пишав да разговарате Не може да те држи во неизвесност. Од една страна велиш дека не сакал паузи, имал чувства, од друга страна не сака да игра со тебе и е збунет. Ти не сакаш да го изгубиш. Штом е збунет ќе му кажеш да размисли што планира, не си ти таа што ќе го чека тој да си ги средува мислите, се знае од одма што е и како е. Што толку размислување ќе му треба, па сигурно не решава тешки математички задачи. Ти ако сакаш да си со него ќе му кажеш така, па тој од негова страна да одлучи дали сака да биде со тебе или не. Ако ти каже дека сака тогаш ете дај му малку време нека се стабилизира па после ќе си продолжите. Ако не сака, тогаш ставете крај. Ова мое мислење. Па ти направи како мислиш дека е најдобро.
Да и ја мислам дека е најдобро да разговарате,кажете си што мислите и да бидете на чисто.Од муабетите преку интернет нема ништо да решите,само ќе изгубите многу време.Во 4 очи без глумење и криење. Барем ќе знаеш на што си,дали сака да продолжи со тебе и дали уште те сака.Ако веќе не те сака тогаш и немаш потреба толку да се замараш со него или да го натераш нешто да смени. Вака ние и не можеме многу да ти помогнеме,затоа што вие најубаво си ја знаете ситуацијата,али од искуство ти кажувам дека нема ништо подобро од разговор во живо.
Го изгубив пред да го добијам.Ние бевме другари,ама една вечер ми каза дека ме сака и дека сака да биде со мене,ај јас толку го понизив и навредив бидејки бев со др.Се смуваме,односно ме смува со сила,тогаш некевв,ама сега се би дала да бидам со него.Го изгубив контактот со него.Бројот од моб ми е изгубин,а неговиот бр не го знам,ми беше запишан во именик.А за зивеење знам кај зивее ама неам храброст да отидам,а и моментално се пресели во др град таму ке зивее 3 месеци,за некоја работа и ке се врати.Он ми казуваше дека ке го барам ама нема да го најдам.Полудев веке,запнав тој и само тој,а не го сакам.Всушност сакам да бидам со него иако не го сакам и несакам да го изгубам.Тој толку се гризеше за мене,толку му значев,ама готово е се.Знам дека сеуште ме сака,немозе преку нок да ме заборави,а дали си нашол др незнам.Ве молам за некој совет,како да го најдам полудев веке.
Никогаш не е доцна за вистинска љубов...Сите правиме грешки и ако навистина се покаеме за нив заслужуваме да ни простат и да ни дадат друга шанса...Сигорно го имаш на фб, оди кај неговите слики види со кого е сликан сигорно има слика со другари адд некој од неговите другари и прашај за неговиот број сигорно го знаат...Пиши ми порака извини му се за некогаш и кажи му дека навистина ти се допаѓа и дека сакаш да се видете....Среќно
вака девојки јас со дечкото одам 1 година сега сме закарани...тој е малку појќе лјубоморен ...одев на работа побара да дадам отказ дадов...ми зборуваше како газдата и местото кај што работам не чини...колешката со која излегував и која ја знаев 2 години како доволно не сум ја познавала и не сум знаела мн работи за неа....се отказав и од неа...поминаа 2 месеци одкако дадов отказ тој кисни кај што работев јас...се задева со мојата бивша колешка....седии на иста маса со газдата кој не чинеше...ми вика одам на терен денес него го гледаат по кафијна значи ме лажел...3 дена го немаше да се јави сега звони...не му кревам мн нормално...еве веќе 3 дена пијам лексилиуми незнам шо да прам...секогаш 2 дена го има 5 го нема.....секогаш кога ќе појдам да правиме муабет одбегнува ми вика дојди да те гушнам...а јас сум при крај со живците немозжи вејке вака тој само прави грешки а потоа се јавува како ништо да не било...и да му кренам на тел шо ке прам муабет пак ке кути пак ке се извади ке речи ке прајме муабет и ко ке појдам пак истото ке биди како ништо да не било .ве молам за совет и ваше мислејне оти вака вејке не ја бива....иначе тој има 30 год а јас 21год ве молам за совет .................
се мував со едно дете 8 месеци, но тој никогаш не ме праша за врска се понашаше многу неозбилно ,а јас нон стоп му префрлував со кој иде кај иде он има женски другарки што е нормално но понекогаш со нив зборува како да не им е другар таков начин си има и јас полудував оно ово а он секогаш ми викаше дека само си фантазирам дека нема ништоо и јас му прекинав еден ден бидејки незнаев на што сум со него и му реков другари да останеме тој ми викаше дека несака другар да е со мене не контактиравме 2 месеца тој си најде друга со неа само 1 месец идеше и и прекинал и ми пиша мене..ми рече дека сака да се видиме дека расчистил со таа се видовме се мувавме пак сеа тој е од друг град и иде во мојот град на фах но никад не сме се виделе тука и незнам што му е проблемот се скаравме вчера бидејки јас мислев дека има искочено со таа со бил 1 месец но сум погрешила а лом го напраиф и он мисли сеа дека барам причина да прекинам ВЕ МОЛАм дајте ми совет што да праам
Си дала отказ од работа? Па треба ли да си дозволиш еден дечко овој да ти го направи? Треба ли да му се јавиш, да продолжиш со него и да те гази уште повеќе? Крај краева смени го бројот. Цени се, ти ако не се цениш кој ќе те цени? Превише љубоморен па + и лаги, до каде мислиш да стигнеш со него? Малку појќе љубоморен велиш, а си ја напуштила работата? Имај си свое јас. Ајде таму откачи го и живеј си го животот, знам, ќе ти биде тешко, и јас излегов од таква врска и не си свесна колку почна да ми годи слободата. Не си родена ти за некој психички да ме малтретира. Он ќе ми каже да дадам отказ? Ако ти била добра работата зошто си го послушала? Не дај боже за другарки да ми пререче! Млада си, ехее цел живот е пред тебе, ќе запознаваш луѓе и луѓе. ljubovni-problemi/ljubomoren-decko-t11069/ vrski/ljubomora-vo-vrskata-t61/
Зарем ти мислиш дека тој со негови 30години се однесува зрело? Јас искрено не знам што бараш уште со овој човек.Сама прочитај си го уште еднаш тоа што си го напишала и мислам дека треба да ти стане јасно и без да ти даваме совети. Јас кога би била на твое место не би чекала толку долго,да ми се случат милион работи па после да мислам што ќе правам, т.е. не треба ни да мислам после ова! Многу си му дозволила и сега не те разбира сериозно,затоа што знае дека ќе биде по негово. Нормално дека ти си имаш свој живот,во кој не треба да се меша он. Ако уште го сакаш-разговарај со него,но јас не би разговарала. Да се потресуваш за некој што пробува да ти го упропасти животот. Нема смисла!
Зарем ти мислиш дека тој со негови 30години се однесува зрело? Јас искрено не знам што бараш уште со овој човек.Сама прочитај си го уште еднаш тоа што си го напишала и мислам дека треба да ти стане јасно и без да ти даваме совети. Јас кога би била на твое место не би чекала толку долго,да ми се случат милион работи па после да мислам што ќе правам, т.е. не треба ни да мислам после ова! Многу си му дозволила и сега не те разбира сериозно,затоа што знае дека ќе биде по негово. Нормално дека ти си имаш свој живот,во кој не треба да се меша он. Ако уште го сакаш-разговарај со него,но јас не би разговарала. Да се потресуваш за некој што пробува да ти го упропасти животот. Нема смисла![/quot да го сакам но не верувам дека ќе се промени а премногу го сакам,незнам како да ставам крај...му пишам готово е преку порака...а тој ми вика сакам муабет да прајме сакам тоа во очи да ми го кажиш а кога ќе појдам се прави како да немало никаков проблем меѓу нас и почнува да ме гушка....значи кажете мии ајде вие како да му кажам дека е стварно крај неможам секој ден да го поминувам со нервози се уморив веќе....