1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовта на твојот живот VS губење на другарка

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Berrywho, 25 јули 2015.

  1. Berrywho

    Berrywho Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Незнам како но морам да почнам од некаде.. Зад мене прекината врска од 3 години, почнавме да се гледаме со мој најдобар другар.. Потајно веќе 4 месеци friends with benifits no emotions, не сакавме јавна врска бидејки имаше куп пречки дека сме рода што нашите родители зжсе блиски што на крајот испадна дека и не е толку страшно и дека сме далечни роднини, се беше супер до пред некое време кога тој почна да се заљубува.. И еве сега сакаме да бидеме заедно онака за озбило, се трудиме да ги спремиме сите околу нас и да им соопштиме дека сме заедно, но има проблем тој претходно за да ме направи љубоморна се смува со моја другарка и оваа се заљуби до уши.. Се плашам како да и кажам и дали да бидам со него иако можам да ја изгубам другарка ми засекогаш, дали е правилно да бидеш себичен за своја среќа? Тој е прекрасен едноставно оној кого го бараш целиот живот.. Она кога тенџерето си го најде капакот.. Пробавме на секој можен начин да се одалечиме еден од друг но неуспешно секогаш завршуваме повторно заедно. Што да се прави во целава каша? Увв..
     
  2. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
  3. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Да, ама вака еве ќе си добие одговор одма, башка ќе привлече внимание и ќе внесе малце возбуда во форумов. :)

    @Berrywho, твоево мислење ми е жив доказ дека такво нешто како friends with benefits (no emotions) не постои.

    Лонче и капаче, а? - не се сомневам, генетика не е за потценување, не е случајно што сте слични. :)

    Општо е познато дека сите прекрасни момци за да им покажат на девојките колку ги сакаат прво се муваат со нивните најдобри другарки. И принцот на бел коњ прво ја смувал посестрата на Пепелашка за да и прати ишарет, а после дури и ја украл кондурата. :) Па, има ли подобар начин на искажување симпатии кон некој?

    На крај, да бидам и малце озбилен - ако ти е убаво со роднината/дечкото, само напред! Немој да чекаш на одобрување од нас тука на форумов. И не знам зошто мислиш дека ќе ја изгубиш најдобрата другарка, сепак, не е он женет со нејзе. Се заљубила, па ќе се „одљуби“, ништо страшно. Мислам дека кога ќе види дека кај вас се работи за вистинска љубов, ќе ви прости и на двајцата, па ќе ги имаш и „љубовта на твојот живот“ и најдобрата другарка.

    Поздрав! :hai:
     
    На Nausicaa, Gosh, shining_star и 13 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.597
    Допаѓања:
    155.810
    Пол:
    Женски
    А ако вие се сакате зошто он би одел со твоја другарка да се смува за да те направи љубоморна кога знај дека од чиста грижа на совест зошто ти е другарка ти можиш да се одлучиш ништо да не напрајш со него?
    (е само во ова неможам логика да најдам)
    Како и да е, колку години имате?
    Е сега гледај, ќе занемарам дека тој ти е роднина и нема да прашам во каква роднинска врска сте, ќе те прашам уште ова - ти рече дека тој почна да се заљубува во тебе, дали ти си заљубена во него или само користиш прилика што тој е добар и фин дечко?
    Следно, ако сакате да прекините, зошто нагласи дека се враќате еден за друг - можите, вервај ми многу добро можите да не прајте ништо само ти треба силна волја. Ти ќе одлучиш дали ќе бидиш со него или не, колку ти значи другарка ти? Како ќе ѝ објасниш дека сте биле пријатели од корист? Јас мислам дека таа лесно ќе прифати дека се сакате и се тоа ама нема да го прифати овој дел кој не го знај и се одвива зад нејзиниот грб.
    Крај краева, прво разговарај со другарка ти и пробај од околу да видиш како ќе одат работите, дали би прифатила или не - за да бидиш спремна на нејзините реакции да не бидиш шокирана зошто знам дека ќе одиш со него, решена си да одиш со него, џабе прашваш дали да одиш :3
    Ај со среќа :*
     
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Ало деца, јас кога бев мала друга прикаска учев за пепелашка, одкаде па сега оваа верзија со посестрата и ишаретот!! И освен за лонче и капаче, друго во темава ми е се непознато!?
     
  6. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    [QUOTE="baba Rada, post: 2476023, member: 102050"]Ало деца, јас кога бев мала друга прикаска учев за пепелашка, одкаде па сега оваа верзија со посестрата и ишаретот!! И освен за лонче и капаче, друго во темава ми е се непознато!?[/QUOTE]

    Баба Радо, изгледа кога си била мала си учела и друга дефиниција за "иронија", различна од денешнава. :D

    Побарај у тефтерот некоја рецепта за чај за разбирање сарказам. :lol:
     
    На Gosh, vitamina, shining_star и 12 други им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Зошто ти е толку важна реакцијата на околината?
    Колку таа најдобра другарка ти е најдобра другарка всушност?
    Сигурна си дека дечкото искрено те сака?
    Сигурна си дека и ти сакаш да имаш нешто повеќе со него, настрана од тоа што е добар со тебе?
    Јас би ти рекла да си размислиш искрено самата за оваа ситуација. Или пак ако не си сигурна посоветувај се со некого што ве познава сите тројца, така ќе одлучиш најдобро. Не вреди ниту дечко да изгубиш за другарка, ниту другарка за дечко, затоа што неможеш да знаеш ниту колку е искрена љубовта, ниту другарството.
     
    На Lady Phoenix и Lile_05 им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.307
    Пол:
    Женски
    И јас не знам од каде да почнам.

    1. Тоа friends with benefits изгледа произлезе од времето кога се појави истоимениот филм, па стана тренд или јас сум многу стара, па не го разбирам тоа. Како можеш да имаш (нај)добар другар, со кој ќе имаш односи? Зошто најдобриот другар да има таква улога во твојот живот? Факт е дека кога-тогаш кај едниот се појавуваат емоции и таа „врска“ најчесто оди по ѓаволите. После прекинување на врска, јас им се восхитувам на оние кои може да се вратат назад на другарување.

    2. Далечни роднини сте, а вашите родители се блиски, ако добро разбрав од конфузната реченица. Добро, не знам како не ви е шубе да имате нешто со кој сте во некаква роднинска врска? Се загинаа сите мажи на светов, па ајде со роднина? Разбирам да не знаеш и да не си свесна (ни ти, ни тој), па заедно сте, па кога ќе се запознаете со родителите го откривате тоа. Но и тогаш би размислила дали да ја продолжам врската.

    3. Како може да сакаш врска со некој кој се смувува со твоја другарка за да те направи љубоморна додека вие наводно се борите да ја „официјализирате“ врската со тоа што ќе им соопштите на вашите родители дека сте заедно? Како? Ти се трудиш, му ја мислиш, се плашиш како да кажеш, а тој во слободно време се мува со твоја другарка. Те молам објасни ми која беше причината што тој сакал да те направи љубоморна? Мене тоа многу ме интересира. А другарка ти што се заљубила до уши... Што е до мене, мислам дека тие двајца треба да си бидат заедно, искрено.

    4. Како може да е прекрасен и да е тој што го бараш цел живот? Појаснување зошто тоа не е така: врати се на точка 3.

    5. Сте пробале да се оддалечите, ама останувате заедно. Чаре? Да се оддалечите и да не сте заедно, затоа што целава ситуација меѓу вас е тотално контрадикторна и контраверзна.

    Тоа е моето мислење на темава.
     
    Последна измена: 26 јули 2015
    На Gosh, shining_star, baby-star и 14 други им се допаѓа ова.
  9. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    РОДНИНИ? Па и НАЈДОБАР ДРУГАР? И за само четири месеци тој е љубовта на твојот живот? Абе Марија да не се викам ако не си го кажала ова сто пати и со тој што си била 100 години бе дете. Но ако тој е љубовта на твојот живот ти во моментот треба да бидиш повреда или скршена што тој заминал со твојата другарка само за да те направи љубоморна. Утре може ќе оде да има секс со друга за само да те направи љубоморна. Не е така? |(

    Во која среќа?? Јас не гледам среќа. Ве врти и двете и ти овде гледаш среќа?

    @Bender Rodriguez човеков многу точно го потенцира ова, генетиката не е за потценување. :)



    А онака кога би била на твое место одма би го оставила, и не роднина што сака нека биде. И твојата другарка е најмалку крива затоа што се смувала со него, туку тој е крив, а и ти што не си и кажала дека си со него.
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix и Feather им се допаѓа ова.
  10. piglet1

    piglet1 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2015
    Пораки:
    935
    Допаѓања:
    18.607
    Пол:
    Женски
    Свашта.Многу заплети.Мислам дека добро те посоветувале форумџиите,а јас лично мислам дека се ова што ти се дешава не е океј и уште не ми е јасно како тоа некој за кој викаш дека се вљубил до уши во тебе,иде и се мува со твоја другарка,а и таа па што другарка е..Најбоље расчисти си со 2та,барем ке знаеш на што си. :)
     
    На Feather му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Berrywho

    Berrywho Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    Јас имам 21тој 23 години, ова со другарка ми излезе тотално од контрола имавме таков договор што никој не знаеше до скоро време дека позади нашето пријателство се крие љубов, колку и да сакав да и кажам едноставно неможев.. Секогаш кога се обидував да кажам не успевав. На прашањето дали сум заљубена, да сум и тоа многу. зошто излезе тој со неа? Бидејки неможеше да гледа други околу мене се опи изљубомори и ја смува таа се најде таму во тој момент и се случи што се случи
     
  12. <3 pleza4e <3

    <3 pleza4e <3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    3.442
    Пол:
    Женски
    Многу бρзо бе вие се заљубувате, таа еднаш смувана - заљубена, ти 4 месеци плесκана - заљубена... што е најтρагично си нагласила таму на почетоκот no emotions(facepalm) па и тој дуρи заљубен(facepalm)
    Да знаеше што е љубов- ќе знаеше деκа човеκ што саκа не оди κај дρуга жена ни пијан ни тρезен- алκохолот е само изговоρ!
    Тоа што сте ρоднини ич несаκам да го κоментиρам зошто неможе ниκаκо да се исκоментиρа без да бидеш навρедена.

    Што да пρавиш во целава κаша??
    Би ти пρепоρачала да го истуρиш тенџеρето доκ ти е вρеме зошто нешто почнало да смρди ρаботава, да не ти се загоρчи животот после κога ќе биде κасно:fubar:
     
    На blonde_supergirl, shining_star, vitamina и 3 други им се допаѓа ова.
  13. bernadett

    bernadett Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    43
    Пол:
    Женски
    Изгледа јас сум единствената будала што не се смувала со најдобриот другар и што нема френд вит бенефиц
     
    На anakonda88 и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  14. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    ете колку машките и женските можат да бидат другари
    во случај да раскинете....

    [​IMG]
     
    Последна измена: 28 јули 2015
    На angelche16, shining_star, Adi888 и 7 други им се допаѓа ова.
  15. marijaaxl

    marijaaxl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2015
    Пораки:
    244
    Допаѓања:
    741
    и колку роднините можат да бидат роднини:lol:
     
    На Gosh, joy1 и DeepBlue им се допаѓа ова.
  16. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Осеќам јас дека ти оваа врска ќе си ја памтиш доживотно.
    Ем по возбуда и страст,ем по лошо.
    Од старт ќе ти кажам,од таква релација врска не бива.
    Тој што сака да ја официјализира врската и ако некому тоа му стало,немало да се впушти во секс без обврски.
    А за другарка ти..башка муабет.

    преиспитај се и ти а него,дали сигурно тој сака "официјализирање" на врската како што велиш?!.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. angela19

    angela19 Активен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    Преиспитај си ги сите можни опции.
    Какво е дојдено времето, ретко постои вистинска љубов, а ретко и вистинско другарство.
    Од една страна не вреди да се скараш со другарка ради дечко, а од друга страна пак самата си знаеш колку ти е вистинска таа другарка.
     
  18. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Јас би ја одбрала љубовта на мојот живот :):)
     
  19. TutiFuti

    TutiFuti Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.494
    Допаѓања:
    33.415
    Пол:
    Женски
    Јас ја одбрав љубовта бидеќи сфатив дека пријателството ни било лажно со другарката која мислев дека ми е како сестра.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.806
    Допаѓања:
    25.082
    Пол:
    Женски
    Јас би ја разгледала ситуацијата од сите страни и аспекти . Ќе го изберам оној што вреди повеќе . Вистинската другарка ќе остане покрај вас ако е вистинска , дури и ако ја одберете љубовта . Љубовта ќе остане покрај вас ако е вистинска дури иако ја одберете другарката . Така да .. се е до карактерот на инволвираните и осетливоста на ситуацијата .
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.