1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов или само другарство??

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од nonaame, 30 мај 2014.

  1. nonaame

    nonaame Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Епа вака.. :D Ми се свиѓа еден дечко уште пред една година, ама онака само ми беше убав. Не се лично познававме, а и тој незнаеше дека ми е симпатија. Јас не покажував некој знаци дек го свиѓам се разбира..Тој се познава со сестра ми и едншка ми кажа здраво мислејќи дека е она.. и случајно на забава заедно се сретнуваме и тој кога ме виде таму веднаш дојде до мене и се поздрави. Ми се извини за тогашното поздравување и почна да ми поставува прашања колку години сум, каде учам итн. И потоа цела вечер играше со мене иако таа вечер се запознавме. Незнам сега како да го сватам :angel: поомагајте :)
     
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Ништо од бизнисот, чим свидетелствата не ти ги е побарал.
     
    На Lile_05 и mimiiiii им се допаѓа ова.
  3. anabela525

    anabela525 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    45
    Искрено да ти кажам, и јас сум имала слични проблеми. Очигледно е дека му се допаѓаш на момчето, и тоа многу :D
    Е сега што се однесува до тебе, можеш да му придадеш некое знаење дека ти всушност СИ достапна и дека си сериозна и спремна за да стапиш во врска. Се разбира, според античкиот стандард што го поставило нашето општество, машкото е она кое треба да го направи првиот чекор. Но тоа нема да се случи ако ти не му дадеш во знаење дека го гледаш повеќе од другар. Момчињата се цврсти од почеток- но никој не сака да остане со скршено и разочарано срце ;)
    Флертувај дискретно со него, биди и достапна- и недостапна; да не се доведеш до ситуација каде што си премногу блиску до него и премногу достапна. Момчињата повеќе ги сакаат оние кај кои требаат малку да се потрудат :lol: Но исто така не биди ни Ice Queen; воопшто да не го фермаш. Така тој ќе сфати дека нема шанси кај тебе и двајцата ќе останете разочарани...
    Толку од мене, следи ги советиве и остани прекрасна :*
     
  4. nonaame

    nonaame Нов член

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Фалa..многу ми значи ова :*
     
  5. anabela525

    anabela525 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    45
    Повели и другпат ;)
    Остани прекрасна :*
     
  6. Aneto10

    Aneto10 Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2014
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    49
    И јас мислам како анабела направи го тоа што ти рече и ќе го добиеш сигурно,значи да не бидеш ептен нападна ниту пак онака ептен да не го фермаш така така во средина :) зошто ако види дека трчаш по него одма ќе се праи фраер и ќе те одбегава,машка работа... :D и пиши ни ако бидне нешто :)
     
    На nonaame му/ѝ се допаѓа ова.
  7. latik

    latik Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Не знам можеби има и посоодветна тема ама ке пишам тука...Другарка моја е во врска околу 1,5 година (али не чита по форуми па затоа јас пишам), али типов нејзин има некоја другарка која на мојава и оди буквално на живци. Ја нервира што се слушаат, што се допишуваат и слично...Двете се знаат...Типот ја има неколку пати однесено мојава кај другаркава негова за помош (бидејќи таа е лекарка) и женскава си била баш кул, значи не љубомори...Јас на мојава и викам да не се нервира, бидејќи нема таква што ако има нешто со некој ќе му ја ланча типката како оваа нејзе...али џабе...мојава полудува ко ке и го чуе името...Ме интересира кое е вашето мислење по ова прашање???
     
  8. anabela525

    anabela525 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    45
    Се е тоа до карактер. За ова нема некое решение да се најде, само ако сфати твојава другарка да не биде толку љубоморна затоа што тоа не иде многу добро кај момчињата, веруј ми. :rofl:
    А иначе другарство постои помеѓу момче и девојче и тоа да не прерасне во нешто поголемо како врска, па и советувам на нејзе да се опушти малце. Можеби другарка ти и е малку љубоморна на другарката негова, можеби е љубоморна на фактот дека (МОЖЕБИ!) тој и обрнува повеќе внимание на другарка му отколку на нејзе. Ако е тоа проблемот, мојот совет е кажување на своите чувства кон него за неговото преголемо внимание кон неговата другарка. На тебе ти советувам да не се мешаш многу-многу, без оглед на тоа дека сте другарки. Некогаш е подобро да не се мешаш... ;)
     
  9. latik

    latik Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Јас не се мешам туку мислам дека типов ја сака мојава, а другата му само другарка.Башка фактот дека другарката му е некој 6,7 години постара од него исто така не е за занемарување...
     
  10. anabela525

    anabela525 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2013
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    45
    Можеби и заради тоа се нервира оваа твојава другарка. Кога ќе се заљубиш, и ќе сфатиш дека си се заљубила, сите ставаме еден ѕид за да не бидеме повредени. Откако ќе се увериме дека оној што го сакаме нема да не повреди, дури тогаш го спуштаме тој ѕид.
    Ако твојава другарка е вљубена во дечко и, тогаш оваа нејзина реакција е нормална, сосема нормална. Советувам, повторно, само да поразговараш со твојата другарка, да не се мешаш премногу во нивната врска, што значи сега да не ги повикаш и двајцата и да седнеш да “поразговараш“ со нив за нивната врска. Ќе излезеш дека премногу се интересираш за нивната врска и ќе се протолкува твојата помош како напад и преголемо мешање кое треба да го одбегнуваш.
    Остани прекрасна :*
     
  11. latik

    latik Нов член

    Се зачлени на:
    12 мај 2014
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Најпрво благодарам на твоите одговори кои се добронамерни како и мојата идеја што прашувам по форумов за мојата пријателка...Секако дека нема да им се мешам во врската...само на лудата тиква ке и кажам да кулира и да ужива...
     
  12. Водолија

    Водолија Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 мај 2015
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Здраво ве молам за совет .... Се гледав со еден дечко повеќе време бев многу затрескана во него си ја замислував иднината , но бидејќи ретко се гледавме поради неговите чести патувања имаше периоди кога за него губев интерес ..Потоа во мојот живот ми се појави еден другар на мојата другарка роднина и со него стално излегувавме на кафе секој ден се слушавме знаев се за него неговите бивши сегашни и тој за моите ми даваше совети и потпора сигурност со него ми беше животот поубав ми стана ного мил а и јас на него јас бев неговото Ангелче .. Една вечер излеговме сами на кафе и почнавме со некој секс муабети и сакавме да се смуваме ми беше убаво во неговото друштво па се смувавме и по кртка предигра имавме секс ... се договоривме тоа да биде наша тајна не кажав ни на мојата најверна другарка (неговата братучетка) а и не ми беше во план дека мислев дека се е готово ова беше авантура и тој ќе продолжи да ми биде другар а и нејкав повеке бидејки знаев дека не е човек кој се залубува и лесно може да се смири гледав дека има 6 женски кој му се на повик и може да ги има кога посака па ми беше став и јас да не сум една од тие а и не го замислував на почетокот да бидеме во врска .....Но не беше се за една вечер тој посака пак ми кажа дека му се допаѓало и сака да продолжаме и продолживме и ми беше убаво но кога еден ден бевме на кафе и отворивме тема сериозни врски тој се испушти и кажа дека сакал сериозна врска му фалила женска и во ни еден момент не ме спомна мене тој цело време нагласуваше дека сме другаре и на мене ме падна тешко и со тоа праваше да се чуствувам не убаво помалку вредно ;( но тука сватив дека имам развиено чувства кој него и сакав да ставам КРАЈ но тој тоа не го прифати ми рече дека требало да видаме како ке се одвиват работите мегу нас па после може да преминеме во врска и така продолживме се гледаме ми беше како дечко но не и дечко јас се повеке станував зависна од него а тој се одалечуваше кажуваше работи само на братучетка му не и на мене телефонските повици повеке не беа толку чести излегуваме заедно ама не ме вика повеке ангелче не ме гледа со исти очи , излегува со нови другари тој ме избегнува!! Се гледаме ама во месецот еден пат и тоа по моја иницјатива го прашав дали се гледа со други негираше ама не му верувам... Еве 8 месеци сум со него а незнам на што сум ни што ми е нз како да направам пак да е луд по мене а го сакам и нејкам да го изгубам ...Јас не го обвинувам само него за тоа можеби тоа беше моја кривица бидејки не му посветував доволно внимание не бев сигурна во тоа дали сакам да ми е дечко мислев дека тоа со него не е од љубов тука од потреба ама сега мислам само на него и тоа пак да е тука за мене тој мувачот го откачив и тоа ни на крај памет не му падна дека ке го откачам .. Ве молам помогнејте ми нз што да направам дали да го игнорирам а знам дека уште му значам кога и да ме виде тој не може да се воздржи а да не ми даде комплимент знам дека му значам ама тој се понаша ного ладно