1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубов преку интернет

Дискусија во 'Врски' започната од gabice, 3 јануари 2010.

  1. anonimen1

    anonimen1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    14
    Зашто зборуваш за љубов,и даваш пример за љубов во ситуација во која баш и немало љубов,бар не од твоја страна.самата кажуваш дека си го игнорирала,иако тој постојано ти се јавувал.тоа покажува дека он бил заинтересиран,ти воопшто не...значи еднострана љубов.и додека не почуствуваш љубов кој некој од интернет нема ни да веруваш..тие што почуствувале знаат како е,а ги има многу у последно време.
    што се однесува до карањето,ако некој е склон кон кавги и спремен да се кара за било што,ке се кара и во живо и на мсн и било каде,не е факт дека на мсн може да се кара а во живо ќе ќути.ипак тоа зависи од карактер до карактер.на мсн може да му биде полесно доколку е срамлив/а и додека во живо би црвенеел/а ,пред монитор нема да црвенее и ќе збори најслободно...со што коа веќе би дошол оној момент на видување би било полесно.
    кога некој би ти пришол у кафич имаш 1 секунда да размислиш дали ќе се запознаеш или ќе му речеш дека не шириш познанства(најчесто поради самиот физички изглед)п.с зборам општо не за тоа што ти би направила.
    додека на интернет овој прв момент на запознавање е многу полесен(побезболен) :D затоа и често се практикува у денешно време
     
  2. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.051
    90% од луѓето на запад се запознаваат на овој начин...а бе тоа е ново доба на современа комуникација...нема правила каде и на кој начин ќе си ја најдеш сродната душа...ова запознавање постоело и пред децении наназад, само биле ракописи на обични бели хартии во пликови...а ризици постојат секогаш, среќата е таа која помага или одмага да се избегнат...така да луѓе не е важно каде и како ќе се пронајдете со некого важно е да ви се случи искрена и вистинска љубов!
     
  3. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    На денешно време не е воопшто тешко да се започне врска преку скајп или фб.Немам ништо против тоа,имам колешка од факултет која се запозна преку скајп со нејзиниот дечко,и заедно се веќе неколку години.Но сепак треба многу да се внимава и да не се зема здраво за готово се што ти кажува лицето од другата страна на екранот,затоа што и неможете да бидете 100% сигурни дека тие му се годините,дека тоа што го зборува е токму така и сл.Како и да е,во такво време живееме па не е ништо ново ниту невообичаено.Јас лично немам такво искуство за љубовна врска,но имам создадено неколку пријателства со помош на фб.
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Додека не го запознаеш во живо, не можеш да се заљубиш.
    Можеш привидно да мислиш дека го сакаш бидејќи имате премногу теми за разговор, никогаш не ти е досадно кога разговараш со него, знае да те насмее, но дека истото ќе се случи откако ќе го запознаеш никој апсолутно не ти гарантира.
    Сум запознала и другари кои би можела да ги наречам интернет-фраери,да ти плеснат све што можат, ама кога ќе ги сретнеш во живо.. просто не ги препознавам кои се, па дали се тие истите со кои сум се карала, во превод.. подобри и поотворени за разговор, отколку изигравање фраер.
    Затоа се тешки врските на далечина.

    За тоа со приоѓањето во кафич.
    Во денешно време изумира. Сите прво ќе прашаат по мене-по тебе за фејсбук профил и пре би те аднале, отколку во живо да ти речат здраво.
    Имам пишано на темава singl/frazi-za-smuvuvanje-od-maskite-t2633/70.html за тоа и некој кој можеш уште со првата реченица да препознаеш дали е само да те смува таа вечер или сака навистина да те запознае. Јас секогаш одам на втората варијанта и подобро би го одбила културно, него да продолжам каков било разговор со него.
    Надворешниот изглед не ми менува многу, освен ако не носи бели пантолони со црна VERSACE(со циркони) рамбовка и ми се понаша надуено или па да не е воопшто среден на него.
    јебига имам критериум :D
    И таквите женски со тоа "не шириме познанства", нема ни некогаш да ги прошират, површни се.
    Можеш културно да го одбиеш со самото запознавање и да му дадеш до знаење дека не си заинтересиран, отколку да му се смееш во лице или па да употребиш некој навредлив збор, а си заборавил за твоите маани.

    Малку офтопик,ама барем ти кажав лично мислење.
    Кога не го гледаш секој ден, нема да забележиш ни пола од неговите маани.
    Кога најмногу ти е потребна неговата прегратка, тој нема да е тука, па ќе ја гушкаме перницата.

    Исклучоци постојат,ете можеби и ти си еден од нив, јас не бев.
     
  5. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ...Кога заоѓа сонцето денот што го позлатувааааа
    едно дете сонува во светот на бајките патуваааа,
    таму е толку волшебно, лета сонот на крилест ат,
    сите можни чудеса во светот на бајките живеат.....



    И така ви викам.

    Дај бре луѓе направете разлика меѓу љубов и заслепеност од коментарите во стилот како ја пронашол својата сродна душа, како се искажал на некој што не го знае и сега му е полесно... |(

    Не сакам да помислам што ќе се случи со љубовта ако на првиот сусрет се појави чиче во цутот на младоста, проќелавено и со насмевка која содржи 7 заба се на се. Ќе ја однесе виорот? :^) :^)
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    За жал живееме во време кога секоја втора љубов или почнала благодарение на интернетот, или се развила на интернет - директно или индиректно.

    За споредба. 1930. Тој на печалба. Таа дома. Стројниците ја наредиле работата.
    Тој и пишува писмо. Трајче Тутунарот. Драга, едвај чекам да си дојдам дома. И да те запознаам. Убав абер ми стигна од моите. Ми раскажаа за твоите долги, руси коси кои едвај чекам да ги погалам и допрам.
    Таа му одговара на писмото. Донка Ткајачката. Драги Трајче. Ме израдува твоето писмо. Ми рекоа дека си имал густа, црна виткана коса. Едвај чекам да ги заплеткам моите прсти во неа. Да те видам. Дојди си.
    Се гледа дека Донка била растреперена додека го пишувала бидејќи мастилото нерамномерно се простира низ тоа скромно парче хартија кое патувало илјадници километри за да стигне до кај Трајче.

    Па доцнеле писмата. Каде се по ѓаволите? Каде е Трајче? Да не си нашол друга?
    Каде е Донка? Се надевам не ја дале за друг?

    Крај краева, да не дробам многу со романтични хипотетични ситуации, а верувам дека ваквите ги имало многу. Убави се и писмата, и поукот, и лајкот, и намирисаното писмо. Се додека не се сретнат дотичните, љубовта, ако веќе инсистирате вака да ја нарекувам сепак останува само во писмата, и поукот, и лајкот и намирисаното писмо. Порака. Мејл. Смс. Ммс....
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Офф,а од кај знаете дека со тој што се допишувате не е некој 50 годишен педофил и манијак?Тој може да става слики од младичи,да пишува ова,она,тој го слушал,оној го гледал, и ко ќе го видите да останете со уста отворена?Добро има некои случаи каде то луѓето се озбилни ама повеќето не се.Еве еден жив пример:На мојот кумашин брат му си се допишувал со некоја од Албанија,се виделе,се земале, и кога што ќе види,таа трудна?И сеа што да праиш.И после кој е крив?Петко од трет спрат.Епа сеа па допишувајте се вие љубовта цвета на интернет,љубов од прво куцнување на тастатура.
     
  8. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Зависи... Доколку двајца се допишуваат, и само допишуваат а никогаш не се виделе, тоа е љубов колку што сум јас Мадона... Уствари може да е љубов ако се деца од по 12 години... Јас се имам изјаснато дека многу ме нервира овој модерен начин на додворување, или на развивање на врски! Љубовта не се постигнува со убави зборови доколку некој ти каже (кој патем не знаеш ни дали е тој што се представува, а и дали исто така е толку отворен колку што е на фејсбук), љубовта се постигнува по одреден временски период, кога си согледал се што сакаш и се што не сакаш кај партнерот, кои особини ги обожаваш, кои не ги сакаш, но го сакаш него/ја сакаш неа заедно со тие маани. Љубов се достигнува кога се знаете кога треба да зборувате, а кога треба да молчите... Убаво вели Дино Мерлин, ali je nabolje kad u zivotu imas nekog s kim mozes ovako da sutis...

    Kaко ќе го постигнеш тоа преку интернет? Неможе! Неможе ти некој што не си почувствувал какви вибрации ти предизвикува неговата близина, да речиш дека го сакаш.

    Друго е доколку интернетот е единствена опција за комуникација, партнерите биле во врска, но ете, од некои причини не се на исто место, па љубовта мора да ја одржуваат преку интернет. Таквите врски се зависни само од партнерите. На некои им успеала, на некои не. Всушност тоа е како секоја нормална врска која има пречки(идеална врска нема сега да се разбереме), и дали ќе можат партнерите да ја совладаат таа пречка. Иако се многу тешки, сепак верувам дека вака љубов може да има.

    Ама да ми кажува некој, се немаме видено ама го/ја сакам, тоа ти е мижи Асан да ти баам!
     
    На crazylady и beached им се допаѓа ова.
  9. LaRissA

    LaRissA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    Пишувам на "Facebook" со еден.Го неам запознаено лично али имам мн. негови другари/ки.Дечкото е фин/убав/добар си пее рап.Пишавме шо пишавме го засвиѓав а и тој мене.Ме праша дали сум заљубена а ја и не сум башка затрескана у него и кажав НЕ :$ и велам ти и вика ДА,а ја у кој и вели у тебе :$ :$ .Нз дали да му верувам..?Може со секоја пишува така,така и вели...ај дате некој совет,секакви совети се прифатени. :)
     
  10. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Стварно имаш 20 години како што ти пишува на профилот?????Зошто за тие години мислам дека не би требала да поставуваш вака плитки прашања.Се разбира дека немаш основа да му веруваш,барем јас така мислам.Еве сега можам да му пишам на било кого дека го сакам, ама тоа незначи дека го мислам.Затоа не се замарај за секој муабет што ќе ти го пишат на ф.б.
     
  11. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Баш и јас се прашувам кога го прочитав??? :?: :?:
     
  12. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    i mojata ljubov e preku net se zapoznavme preku fb i toa po greska pa pocna muabet pa dojde vo Mk se zapoznavme licno i na kraj eve ne ziveeme zaedno i ni e preubavo...
    a nekoj napisa demek moze da stava sliki od pomladi od drugi osobi ok toa moze ama nemoze da si promeni faca preku kamera jas licno posle 2 nedeli pisanje mu pustiv kamera ali i on mene posle sleduvase vo zivo sretnuvanje pa zaednicko ziveenje...moeto srcence sekogas kazuva vaka. ljubezen neznan granice
     
  13. LaRissA

    LaRissA Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    1
    не сум 20 :$ ,не верум дека е "fake" профил...али нека е. :)
     
  14. bella01

    bella01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    18
    ехххх нет љубов...... :$ доживеав....знам....... :)
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Јас се запознав преку фејсбук пишевме една година...бевме како брат и сестра..после замина австралија и така малце се оддалечивме..го избриша фејсбукот...па после пак го активира..и надругарка ми му кажа дека ме бендисва а и дека почнува да ме сака :$ ..бев толку возбудена затоа што го бендисвав од денот ко почнавме да пишиме..и сеа сме во врска веке 1 месец и 4 дена..супер е :) ..не вервав во врски на далечина...ама ете ова едноставно се случи :) :$
     
  16. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Леле темава ми наврати спомени. Пишував едно време со еден дечко, беше 4 или 5 год. постар од мене.
    Ептен многу се збилиживме, почна да ми се допаѓа. Сакав некако да му кажам, ама не ми одеше. Немав храброст. Дечково беше синг и преубав. Еден ден низ муабет сфати дека не ми е само фб пријател и почна да ме испрашува. Не сакав да му признаам дека го сакам, па го избришав. Но не го заборавив. Уште го паметам. И понекогаш тие што знаеја дека ми се допаѓа ме зезаат...нонстоп дечкото ми е во глава. Понекогаш сакам пак да зазборувам со него, ама знам дека нема да оди, па не сакам да се разочарам. Нека ми остане само на тоа... :)
     
  17. Lady-PinkHeart

    Lady-PinkHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    135
    Искрено, баш и не верувам во ваква љубов и врски преку интернет.... Ако воопшто можат да се наречат врски... На skype и на facebook секој може да пише што сака, да симнува ѕвезди, да кажува слатки зборови што секоја девојка би сакала да ги слушне (односно да ги прочита)... И постои голема веројатност да се претставува лажно, да стави слики од убав млад згоден дечко од 25 години а да е некој преверзен тип од 50 години.... Така некако јас си го замислувам сето тоа...
    Не сум имала вакво искуство, можеби затоа вака размислувам... Но сепак, не верувам во љубов преку интернет.
     
  18. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    Никогаш не ми се случило и мислам дека и нема...нити можам да го сфатам тоа.. :?:
    у секој случај не ми се допаѓа :worried:
    каде се времињата кога ни се пуштаа дечките,па цела вечер се чудеа како да ни речат-ќе излезеш ли со мене? :rofl: ,па не испраќаа до дома,...се правеше разговор очи во очи,а не денес-читам по фб-ако и стисне на некоја лајк симпатијата е пресреќна :^) OMG :D ,или-чувството кога ќе го видиш онлине :rofl:
    Кое чувство е жити се?
    Ај чувството кога ќе го видиш ама онлајн |(
    Значи -не благодарам :!:
    Преферирам лице во лице,а овие скајпови,мсн,фб ми се само за основна комуникација-а не и за заљубување :lol: се знае како можеш да се заљубиш... на интернет можеш да симпатизираш некој,а љубов-сооем друга работа :inlove:
     
  19. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.691
    :o :o :o :tmi: :tmi: :tmi:
    Е не ми се верува?Ти мало дете си?Плус омажена :x И слики за плејбој ?Те молам :tmi:
     
  20. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    722
    Допаѓања:
    932
    Од сите можни начини на љубов, она заљубување едноставно не можам да го разберам. јас мразам муабет да правам преку интернет, а не па да се заљубам. Во кого побогу, во мониторот?

    Друго е да си излезеш, кафенце-мафенце, разговор во четири очи. Не ме разбирајте погрешно кога велам во четири очи, не мислам дека јас се фокусирам само на физичкиот изглед, туку и за да дознаеш за неговиот карактер милион пати е подобро во живо. Зашто познавам многумина кои на нет се ептен јаки на збор, а во живо две реченици не можат да скрстат. Така да јас повеќе си го сакам тоа „старомодно“ заљубување. :inlove:
     
    На Lady-PinkHeart му/ѝ се допаѓа ова.