Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморен дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од The.Pink.Angel, 4 март 2012.

  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Цени се, девојко!
    Ако ти не се цениш, како очекуваш другите да те ценат?

    Што си ти?
    Човек? Животно? Вонземјанин? Што?
    Зарем мислиш дека заслужуваш таков однос, такво непочитување? Освести се и откачи го додека е време!
    Си размислувала ли за иднината? Што сакаш да бидеш?
    Слободна жена или нечиј роб?
    Кажи некому, бори се за да ставиш крај! Малтретирањето, психичко и физичко, НИКАКО не ми е составен дел од една врска.
    И НИКОЈ не го заслужува истото. Зошто се ставаш во позиција да патиш?

    Хеј.. не можам да поверувам.
    Зошто и како се случуваат вакви работи, до кое ниво се спремни момциве да одат и колку се спремни девојкиве да трпат!
    Страв? Нема страв, треба само храброст! И јас сум сигурна дека ќе успееш да се заштитиш, само ако дејствуваш на време.

    За себе напрај го тоа. Зошто никој не е поважен од самата ТИ.
    Разбери..
     
    На Divinebutterfly, mari-mari, baguf4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ни една девојка не сака да биде потчинета,а уште помалку да и е возбудливо или пример од дома :^)
    во мојот случај ја пробав со се,прекинав потоа он иде и моли коли ја ке се сменам мене ми е страв да не те изгубам затоа и тн ,ја зашто го сакам опет попуштам,мн е лесно сите ние да кажеме прекини али сите знаеме дека за тоа треба храброст и сила,а во случајов ја ја немам зашо мн време сум со него и он колку ида згреши знае да ме дирне у срце ,ја излагам али само со него ,али излегувањето ни е мн ретко више сме дома ,не го оправдувам знам дека тоа е болна работа и тоа и му го каќувам на него у лице,свесна сум дека он никад нема да се прмени ,се додека не соберам храброст да го оставам и коа ке ми се лигави да не го примам назад ,некад ке попуштам а некад не,и ја сум виновна зашо доволив да дојде до овој степен и ке се потрудам да го променам тоа ,со него или без :)
     
  3. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.620
    Допаѓања:
    8.479
    Пол:
    Женски
    Девојче раскини веднаш.Пред 9 месеци ја доживував скрос истата тортура,како да го читам моето алтер-его во твојот пост.
    Немав фејсбук,немав другарки,немав никого во животот.Само него.Не ми даваше ни со моите да излегувам, ниту да се поздравувам, ниту да правам муабет со школски,ниту на прозор да стојам за да не ме виде некој...
    Болест е,верувај.Тешка болест што и 54543 пати да ти вети дека ќе се смени нема шанса да го постигне тоа.Тргај се настрана дур можиш затоа што тоа преминува во психопатсто.
    Јас бев премногу заљубена, мислев дека нема да преживеам без него, дека ми е потребен како воздух,а всушност бев толку многу оладена спрема него што успеав да бидам среќна веднаш,не ми требаше ни цела недела да се вратам во нормала.Не викам дека нема моменти кога помислувам на него затоа што сепак почетокот ни беше добар,а имаше добри моменти кога се покажа дека е личност која некогаш ме сакала...Понекогаш се потсетувам на него,но во никој случај не сум помислила да му се вратам.
    Ќе најдиш некој кој ќе те цени и почитува многу повеќе од него, верувај ми.Подобро квалитетно сама отколку во неквалитетна врска.Само помисли како ќе ти биде натаму во животот, како ќе живееш покрај него? Ќе умираш длабоко психички секој ден?!
    И мојот бивши имаше кревано рака на мене,тоа се случуваше речиси секој трет ден,а јас бев будала и го трпев сето тоа ради "љубовта" што ја имав спрема него...Не дозволувај те молам, мене ми беше страв да му раскинам поради што ми се закануваше но конечно собрав храброст и му раскинав,па заминав на пат далеку од него и од сите негови испади.
    Раскини за твое добро...

    И морав да редактирам...И мојата врска беше долга,2 години и кусур некој месец...Цел град знаеше за нас,излегувавме секаде ама заедно и ако погледнам недај боже негде настрана се случуваше трета светска кај мене пред зграда додека ме испраќаше.Верувај дека и покрај сето тоа, слободата и нормалниот живот ќе ти се допаднат многу повеќе од заблудата во која живееш моментално.И мене истиов совет ми го даваа овде на фемина,да го оставам и да го заборавам.И јас како тебе мислев дека нема шанси да го преболам и затоа продолжував да се лажам и да живеам во една голема фарса се додека не сфатив дека сите се во право,а јас грешам.
     
    На JuLleE, Divinebutterfly, mari-mari и 5 други им се допаѓа ова.
  4. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Мојот не е љубоморен многу. Беше, не до степен да ми забранува да излегувам ама додека имавме фејсбук да речам, беше. Ни беа проблем лајковите, коментари понуди за пријателство од некои си X особи и се согласивме да ги деактивираме. Но, претпоставувам и времето поминато заедно, и довербата си го прават сепак своето. :)
     
  5. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    Добро чим викаш дека си свесна, наредно е да прифатиш дека со него тоа нема да го смениш, а без него секако дека можеш да пазиш како ќе се поставиш со некој друг дечко. Не може да сакаш некој кој те малтретира, опиши ми од каде можност тука за љубов? За се има реална причина и одговор, баш ме интересира за ова која е бидејќи и јас имам другарка која има дечко, не е до овој степен, ама е многу љубоморен без него и се лути ако реши да излезе во диско, а и се лути понекогаш и кога оди на кафе. После факултет мора да е дома точно на време, ако не, кај била со кого итн итн. Ништо не и брани, ама ја малтретира со таа љубомора. И она истото го вика го сакам, а кога ќе прашам како тоа сакаш некој кој те малтретира, ќути. А друга работа е дали си се запрашала дали он тебе те сака или убаво му е што има власт над тебе? Ако толку многу те сака, зошто те малтретира со забрани и уцени?
     
  6. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Ти ги исчитав сите постови (не ме мрзеше, затоа што се загрижив кога го видов твојот прв пост во оваа тема) и морам да ти кажам и јас како што ти кажа Багуфче- да бегаш додека е се уште рано.
    Немој да мислиш дека ако сега можеш да раскинуваш дека тој тоа ќе го прифати така лесно и ќе се тргне.
    Ќе доаѓа да те моли како и до сега, ти еве, нема да попушташ и мислиш ли дека тој ќе се откаже?
    Не, за жал ќе почнува да станува се поагресивен па дури и насилен, ќе почне да те следи и да ти се заканува, ќе станува уште потешко. Да не те плашам, ама така ќе биде.
    Затоа додека се уште не сте толку навлезени во врската, и се уште не планира да те земе за жена- бегај, оти после се сомневам дека и полиција би те спасила, има доста лудаци кои шетаат по овој свет.
    И неговото однесување не е љубов, туку една болна посесивност која произлегува од неговата несигурност и тешки фрустрации.
    Бидејќи не може да се изживува над другите се изживува над тебе, ти става чувство дека со тебе нешто не е во ред, дека ти не вредиш, а не тој.
    Немој да веруваш во тоа, те читав и се ежев, како може тој да ти носи јадење, а ти да не смееш да одиш да си купиш ни обичен сендвич :worried: ?

    Ме интересира што велат твоите за ова- гледам живееш со нив, зарем не им смета ќерка им да биде модерна заробеничка :worried:?

    Не си играј играчки девојко, со тек на време оддалечи се од лудакот, најдобро е да направиш ситуација да го нанервираш и тој да ти раскине, да му се одмилиш на некој начин, оти ти да му раскинеш не верувам, никогаш нема да го прифати тоа.
     
    На Doozy, maca99 и baguf4e им се допаѓа ова.
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    дадис принцез немој да ми се налутиш, ама ти си за котек
    имам искусено љубоморен тип, ама не до волку-иако ми е позната оваа тортура(на другарка братучедка и вакво нешто доживуваше) нејзиниот беше мафијаш пореметен во мозокот, опседнат со неа
    да не се силам многу, ама да сум на твое место како што сум бунтовна по карактер ке си го земам пасошот во рака, визата и странство(кај роднини, пријатели не е битно)-а него има да му поднесам една тужба и да го пријавам во некоја од инстицуцииве за заштита на правата на жената
    дома твоите знаат што ти се случува?
     
  8. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Mислам дека скоро сите во животот сме имале љубоморен покрај себе.Љубоморен во вистинската смисла на зборот,до претерување.
    Почетокот секогаш убав,се заљубуваш,тој во тебе,и полека почнуваат ограничувањата.Не ова,не она и веќе станува крајност.Додека се свестиш,тој се претворил во таков и назад нема.
    Јас имав таков,кој премногу го сакав.Џабе беа ветувањата дека ќе се смени,верувај таков не се менува никогаш.Јас вљубена,искрено се надевав дека ќе биде стариот.Верував слепо,навивав да се смени,друг не сакав во мојот живот.
    Но иако претешко,ставив крај.Ме молеше не попуштав.
    Полсе само една недела,мене ми стана полесно.
    Тој ми стана одбивен,дури се чудев како сум можела да одам со него :puke:
    Имаше и закани и се,ама среќа помина добро.
    Така да немој да трпиш,никако.Свесна си сама во што се впушташ.Вртлог од кој нема излез,тортура за цел живот.
    Ти посакувам што побрзо да излезеш од таа врска,за твое добро :!:
     
    На MSkorpionka и Doozy им се допаѓа ова.
  9. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Девојки, не се плашете да ги оставите дечковците само затоа што мислите дека не можете без нив и многу ги сакате.
    Верувајте дека една недела откако ќе ставите крај толку ќе бидете среќни и благодарни што е завршено, ќе се чудите што сте барале толку време со некој таков :fubar:
    Слободата е лично право, никој, ама никој не смее да ви ја ограничува, а не пак да ја одзема, не знаете каква леснина ќе почувствувате кога ќе бидете слободни да излезете каде сакате, со кого сакате и кога сакате.
    Нема потреба на најубавите години да се затварате дома и нервирате зашто некој така сака, ќе изгубите и контакти со другарките и воопшто социјален живот, ако тоа веќе и не се случило. Не живејте во илузија дека тој ве сака или дека нешто ќе се промени, зашто нема.
    Реагирајте навреме зашто изгубеното време никој нема да ви го врати, а вие само може цел живот да се каете што сте дозволиле при здрав памет некој да ве третира како да сте животно.
     
    На mari-mari, Doozy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  10. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Сите поминале низ процесот наречен љубоморен дечко.
    Најлошо е што на почетокот се добри и фини, воспитани, наоѓаат начин да се упикаат околу родителите, во најголем дел од случаите дури и ги бендисуваат ваквите дечковци, зашто се невидени манипулатори.
    Почнува полека, коментари како твоите другарки биле банда без команда, па не доликувало така да се понашаат во јавност, па да се пијанчат толку... по некоја недела почнуваат да фрчат и други коментари - таа била таква, оваа онаква... по некој месец на едната и дошло роденден и тука веќе почнува да се демаскира типчето - ако одиш на роденден кај неа, сметај дека не сме повеќе заедно. Јас или она!
    Нормално, не станува збор да одите заедно на роденден, човекот е просто уплашен дека другарката ќе ве отруе со нејзината отровна и неморална појава.
    Па така вие заслепени од љубов, оти љубов без љубомора не е љубов, има уште надвор девојчиња кои веруваат дека ваквите испади потекнуваат од "вистинска љубов и грижа", се прилепувате до него, како да е последен, се изолирате од сите, деактивирате фб или му ја давате лозинката, му се пријавувате каде сте, барате дозвола да одите на слава кај првиот братучед, а тој инспекторски ве контролира колку шминка ќе си ставите, кое фустанче ќе го носите, колку е кусо, итн.
    Инсистира да се појавува секаде со вас под рака, вам ви ласка зашто имате така внимателен и фин дечко, кој не се пијанчи со другарите (ко другите невоспитанковци на вашите другарки), не му паѓа на ум да излезе некаде сам, без вас, се дувате ко крофна со квасец, се топите од среќа, а не можете да ја видите неговата параноја, болна патолошка посесивност и љубомора.

    За другари и не станува збор, која девојка има потреба од другари, само нимфоманките, оти постојано мислат на секс. |(
    Недај Боже да си имаш свои планови и амбиции за иднината, некое замислено патување или одмор со другарките. Не!
    Тој е твојот Бог, ако не помислуваш на мажачка, домаќинство и дечиња, ти си невоспитана, некултурна, неморална, курва.
    Последен стадиум е - кога ќе крене така на тебе, нормално, од љубов.
    За твое добро, зашто премногу се грижи и премногу те сака.
    Додека се свестиш, немаш никого околу себе, ниту другарка, ниту другар, а ти треба посебна, специјална дозвола за до кај роднините.

    А вие - не им раскинувајте на ваквите дечковци, од страв - што ќе речат другите, кога толку долго сте заедно, како ќе реагираат петко, Трајко или домашните,
    од страв - дека нема да најдете друг, оти сте престареле, цели 20 години имате на контото,
    од страв - да не ви направи нешто лудакот.

    Да ми направи?
    :@

    Ќе кажам прво на татко ми, јасно и отворено, па он нека му пресуди.
    Не знам зошто криете од родителите, знаете ли кога родител ќе дознае за вакво малтретирање како реагира, посебно таткото?
    Ако е немоќен да се соочи со него, ќе најде некој друг кадарен.
    Ако не може да најде, си има полиција.
    Одам и го пријавувам.
    Ако не го решат и они, ќе отидам дома и ќе им кажам на неговите каков лудак одгледуваат.

    И нема срам, и нема трте-мрте кога се работи за ваш живот, и ваша психа и среќа.
    Девојки, ви се чудам на паметот како ги трпите.
    Сериозно.
     
    На DjinTonik, Espadrila, dan4eto и 11 други им се допаѓа ова.
  11. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.492
    Допаѓања:
    3.965
    Пол:
    Женски
    Стави крај додека е време имав и јас еден таков што ми забрануваше се и сешто дури и ми се налути ептен зошто искочив во град со другарки и зошто наместо три пораки да му пишам вечерта сум му пишала една на фејсбук сам ми бришеше машки кои не му се свиѓале на него а ми беа само другари на мсн ми викаше да се ставам апеер офлајн за да не се допишувам со други и после ваквите имале памет . И на крај видов дека не иде со ненорални да си имаш работа и раскинав така да и ти раскини му додека е време зошто памет на такви не им доаѓа колку ти да го сакаш не вреди тоа .
     
  12. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    А што всушност би ти недостигало откако ќе оставиш болно љубоморен дечко?Ете конкретно во примерот на daddys.princess,имам прочитано дека има претрпувано и физичко малтретирање(мислам дека во нејзини постови имам прочитано,се извинувам ако грешам).Како воопшто може да ми недостига некој кој ме малтретира.
    Би ми недостигало малтретирањето?Или што нема да морам веќе мобилниот во тоалет да го носам со мене за да не следи психичка и физичка тортура откако нема да се јавам веднаш штом господинот ќе ми зазвони?Тоа што ќе излегувам каде сакам и колку сакам без да му полагам некому сметки се до минутка каде бев,каде застанав,на кој семафор имаше најмногу гужва па таму се задржав три минути повеќе?
    Не можам да сфатам што е тоа што би ми недостигало откако би оставила ваков умоболен и исфрустриран човек.Нека ме просветли некоја ќе ве молам,од тие што трпите вакви тортури.
    Да ми каже нема денес да одиш во трговски,ќе одиш друг ден со мене.Или нема да го носиш тој фустан и нема да ставаш шминка на лицето?По ѓаволите,што треба ако се омажите за овие вакви ваши дечковци?Дали размислувате што тогаш.Нема да ви дозволи да одите на работа,а ако одите секој ден ќе трпите психичко малтретирање зошто имате колеги и зошто ви прават муабет...Мене ова не ми делува воопшто на нормално,каде во ваква врска има место за љубов?!?
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Здраво јас сум нова на форумов и сакам да ја споделам со мене мојата приказна. Имав дечко со кој бев цели 4 год. растев со него, додека одев во средно училиште светот беше мој мислев дека се е совршено дека како него нема друг. Не ме оставаше да излегувам со другарките, морав да му титкам на телефон на секои 10мин. одев на роденден само ако и тој беше поканет , не сакаше да одиме во дискотеки итн итн. и мене сето тоа ми беше нормално си викав сигурно многу ме сака ,по цели денови бев со него и никој не ми требаше барем така мислев. Но , кога почнаа уписите на факултет не ме пушти да се запишам и тогаш веќе ги помина сите граници. Почнав поинаку да размислувам , кој е тој мене да ми забранува се од дома не ми забраниле па тој и така си почнав по мое да си го живеам животот сватив колку сум пропуштила за тие години и почнаа проблемите почна и физички и психички да ме малтретира. Да не должам многу ставив крај на таа врска за среќа си фатив совршен дечко кој сега е мој сопруг и прекрасен татко , излегувам со другарки , се дотерувам среќна сум . Сакам само еден совет да ви дадам подалеку од љубоморни дечковци додека имате време за бирање - бирајте не оставајте некој да ви го контролира животот и да ве малтретира било физички било психички
     
    На LittleDevil, Divinebutterfly, mari-mari и 3 други им се допаѓа ова.
  14. 1-Lady-in-red

    1-Lady-in-red Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    44
    Така е не треба да си дозволиме да бидеме присвојност на некој ,бидејќи ние припаѓаме само себе и на никој друг,бидејќи нашиот живот го живееме само ние :) мило ми е што ти се променил животот затоа што животот дава шанса да го промениш него но човек да промениш...не верувам дека ќе успееш ;) зЗ :)
     
  15. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    колку и да го нервирамм и да не прифакам шо ке каже он не ми раскинува,има дојдено до момент коа сварно не можел да ме трпи за време на кавга и ја му викам па раскини ми коа толку ме критикуваш ,по тоа што критикуваш ја глеам дека не ти е добро со мене,раскини ми ајде сега ,и он на тоа ке ме погледне онака налудничаво и ке се повлече нема да каже ни збор,он веке си закажува дати за да се зимеме ми збори каде ке праиме свадба ова она и ,ке живееме со неговите и такви работи,а ја на тоа нормално дека кутам
     
  16. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    И како планираш да го решиш ова?
    Проблемите не се решаваат со нивно ставање под тепих, туку со соочување со нив :!:

    Не ми кажа што велат твоите на целава ситуација?
     
  17. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Шо ке и кажат нејзините ??

    не гледаш, она сама го брани , и очигледно сама несака да се тргне од таа врска..

    Принцессс да не се лажеме , мислам, незнам како можеш да потпаѓаш под негови погледи, заќуткувања после твои предлози за раскинување, после датуми за свадба со него ???

    Мислам, ако сакаш да ја прекинеш врската ке ја прекинеш.

    Ама ти мила, не сакаш.

    Си зависна од него.
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    ВајлдЧери, не можам да се согласам со тебе, освен за тоа дека ако сака да ја прекине врската ќе ја прекине, ама верувам дека тоа нема да е воошто лесно, а дека сака да ја прекине врската сигурно сака, само не се чувствува доволно силна тоа да го направи...
    (реченицата изгуби смисла, се надевам ме разбра што сакав да кажам :tmi: )

    Девојкава очигледно е многу исплашена, затоа и така се однесува- се залажува дека нешто ќе се смени, а и сама не знае што, и не знае како да го реши проблемот трајно.

    Затоа ме интересира дали нејзините се запознаени целосно во каков пекол се наоѓа, или ги лаже дека се е супер и дека тој многу се грижи за неа, а таа сама не сака да излегува со други.

    Деди принцес, сакам да знаеш дека можеш да прекинеш, само треба да си цврсто решена и да издржиш неколку месечен притисок од негова страна, кој може да биде со тешки закани, па молења, па пак закани и навредливи пораки, ама ти на сето тоа не смееш во никој случај да попуштиш, па ако треба и ќе му се заканиш со полиција, дури и ќе одиш во полиција ако е нужно, важно треба да се свестиш дека колку повеќе одложуваш се повеќе ќе пропаѓаш и ќе биде се потешко да се извлечеш, ништо светло не те очекува со овој човек, а знам дека и ти тоа го знаеш, само се уште се залажуваш.
    Немој, имаш уште шанси да избегаш од овој пекол.

    И не знам дали пиша некаде, ама еве пак ќе прашам- колку години е пореметениот?
     
    На baguf4e и daddys.princess им се допаѓа ова.
  19. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Чоек, јас сепак мислам дека станува збор за навика во врскава. Да, ко што велиш мисли дека ке се смени. Ама од кога и е оваа ситуација па не се менува Дотичниот ??

    Битно е таа да сака да се прекине таа врска, понатаму што ке следи, се што треба да знае е дека не е сама пред се и дека може да помине без него.

    Ама се некако ми мириса дека несака уште да се извлече од оваа врска, дали поради надеж, љубов, или навика, она си знае. Само се надевам дека не е поради страв. Зашто нема од што да се плаши он ништо не и може, освен ко што наведе ти закани и толку. Ама па ке кажам не е сама за да се плаши. :!:
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  20. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Не треба да и кажеш дека не и може ништо освен закани, кога не можеш да гарантираш за тоа.
    Тој уште сега ја има ударано, а не пак тогаш, кога ќе прекине секаков контакт со него.

    Знаеме многу примери за претепување, па и за убиства- колку и да е страшно таква е реалноста и таа мора да ја знае, но тоа не значи дека треба цел живот да го помине како затвореник, тоа е умирање на рати.

    Затоа прашувам каква е ситуацијата, колку знаат нејзините, колку знаат неговите, колкав е тој, за да направиме каква-таква стратегија како најсигурно да се оддели од него...