Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморен дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од The.Pink.Angel, 4 март 2012.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе факт дека имало такви случки не велам дека , ни ја ни никој од овде неможат да и дадат гаранција. Ама потребно е да знае дека не е сама. Дека доколку нејзините се запознаени со оваа врска што е и каква е одвнатре, дека би спречиле многу повеќе да се деси нешто, отколку да би криела...

    За да би била позаштитена, потребно е да каже и дома, нели ?

    Aма најбитното е тука да, она да сака да се завржи ова, за понатаму си има санкции, односно мерки за нејзина заштита.
     
  2. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    девојки прво фала ви многу за тоа што одвоивте време за мене....
    моите дома не знаат а и не сакам да им кажам зашо не сакам да дојде до тој степен ,не сум драматична и гласна личност ,зашо секогаш се се трудам да решам на мирен и тивок начин...

    точно е дека имам надеж дека можеби ке се промени ,кутам од љубов и зашо не е толку лесно да се каже чао ,зашто не е секогаш така црно ,знае да ме дирне у срце ,,,

    а точно е и дека исто така од навика :)
    не се плашам од него ,ако цврсто се решам ја ке го напраам тоа,само што сеуште немам соберено храброст за тоа :)
     
  3. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.280
    Знаев дека не знаат твоите.
    Мислиш ли дека со тоа што не сакаш да ја правиш голема работата и си молчиш и страдаш во себе, дека навистина се ќе помине безболно?
    Или си спремна да се жртвуваш да поминеш цел живот со него за да не знаат другите како ти е???

    Знам дека се плашиш, не ќутиш од љубов, туку ете, сигурно има моменти кога е внимателен и тогаш се залажуваш и си велиш ех да е таков цело време, ќе биде супер и сл.
    А можам да замислам што се ти зборува па мислиш дека како него такво паметно/трудољубиво/ машко со способност да ги проценува луѓето нема да најдеш, па на крај може и навистина да веруваш во тоа.

    Велиш дека не ти дава да одиш никаде без дозвола, сега можеби се плашиш и да не останеш сама, ама тоа не е проблем, ќе најдеш другарки верувај.

    Тоа што се уште не си собрала храброст се го оставиш е најдобар доказ дека се плашиш.
    Упорно ги одбегнуваш прашањата колкав е и какви се неговите, знаат ли дека сте во врска?
    И што мислат твоите за него.

    Знам дека ти е тешко, знам дека не сакаш да зборуваш за тоа и ти е срам да кажеш што се се дешава па сакаш да ги прикажеш работите во некое порозово светло, ама знам дека ти е многу тешко како што знам дека ако не ставиш крај ќе страдаш цел живот (ако не направи уште поголема глупост, знаеш веќе каква).

    И можеш да ми пишеш и лп, ако ти е срам да се отвориш тука, верувај сакам да ти помогнам од срце оти знам колку ти е тешко а се правиш дека се е супер и се плашам за твојот живот во иднина ако продолжиш со него.
     
    На baguf4e и daddys.princess им се допаѓа ова.
  4. Alesii

    Alesii Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2012
    Пораки:
    1.125
    Допаѓања:
    841
    Најубаво е да раскинеш со тој ископлексиран кретен..Извини за навредите...а дали ти го сакаш толку многу за да трпиш..И како најбитно..Не те родила мајка ти за тој да те нервира и забрануваа ;)
     
  5. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Врска под притисок

    Здраво! :) имам 16 години скоро 17 а имам дечко со кој што одам пола година уште од самиот почеток беше љубоморен но не и како сега од ден да ден се повеќе и повеќе станува љубоморен не ми дава да се додетерувувам многу не ми дава нигаде да одам без него не ми дава да седам на фб ништо ама ништо не ми дава уште малце нема да ми дава да гледам тв неможам јас веќе така секој ден скоро се караме за оваа ми кажа ке се порменам ама неможам така сум "надарен од бог" незнам веќе што да правам како да го променам ме одели од сите , немам веке ниту 1 другарка незнам штп ќе правам јас.... ;( :fubar:
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Врска под притисок

    мене дечково ми личи на болно љубоморно човече.
    Ако тебе ти ги забранува сите тие работи сега,и ако подоцна пак остнеш со него,запрашај се дали вреди да се изолираш од некои работи кои тебе ти се потребни или кои ги прават сите.
    како тоа машко не и дозволува на девојката да се дотерува? па нели баш напротив тие уживаат кога таа е средена. Незнам колку би се променил со оглед на тоа дека веќе ти кажал ама ете нем резултати.
    Мој совет раскини му. Можеби ќе мислиш лесно е да се каже со муабет,ама јас мислам дека не вреди,тебе секако ти е тешко во ваква врска. Зошто би продолжила?
     
  7. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Врска под притисок

    Не те пушта да одиш никаде без него? Однеси го на шопинг, цел ден шетај го низ продавници.
    Забранувај му и ти на него да види како е. Промени се и ти, не му го давај она на што е навикнат.
    Можеби има проблеми со довербата, покажи му дека може да има доверба во тебе, ние не знаеме дали предизвикуваш контраефект со расправиите. Промени го пристапот.
    Ако ништо не успее излези од врската.
     
  8. Gosling

    Gosling Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 мај 2012
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Машки
    Врска под притисок

    ти немаш дечко, ти имаш диктатор :!:
     
    На fallenangel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. kikicat

    kikicat Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Врска под притисок

    Во ваква врска не би издржала ни еден ден. Колку и да го сакам ќе го откачам. Времето лечи се, ќе го преболам и ќе најдам многу подобар. Никој нема право да контролира туѓ живот.
     
  10. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    Врска под притисок

    Мој совет е да му раскинеш и воопшто да не се трудеш да го промениш оти таквите луѓе не се менуваат. Од искуство ти кажувам, имав таква врска и се ослободив по една година слушајќи ги неговите наредби. И јас бев сама, ме одвои од сите другарки, му сметаше што имам профил, ми бришеше пријатели и многу други глупости. Ќе си најдеш друг остави го овој оти убаво ти кажал дека е таков. Тој самиот не сака да се промени. Таквите како него се болно љубоморни и само сакаат да контролираат и наредуваат, а ако ги замолиш нешто да се смени ќе збеснат.
     
  11. Darya

    Darya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2012
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    51
    Врска под притисок

    чим веќе сте пола год заедно...очигледно не сакаш да го оставиш, ама од друга страна ти смета неговата БОЛНА љубомора...погоре прочитав нешто што се слагам...пробај да не се караш воопшто, смао прави го истото што и он тебе ти го прави и ти биди надарена од бог како што вели тој... нека биде и он предотеран, нека не може да излегува без тебе, носи го со тебе на места кај што знаеш дека не му е интересно па види што ќе се случи....чим со карање не си постигнала ништо пробај поинаку...во секој случај ништо не губиш 8)
     
  12. AlwaysSmile

    AlwaysSmile Активен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2012
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Врска под притисок

    Мислам дека чоеков претерал..... Не треба да дозволиш така да те гази. Се гледа дека ужива да ти диригира. Ти не смееш да правиш ништо а тој којзнае што прави. ха, мислам дека не е во право и секој има право на слобода и начин на живот. Тебе родителите не ти забрануваат да се уклучуваш на фб, па тој ќе ти забранува?! Немој да дозволуваш да ти го гази животот. Биди дрска и одлучна. Кажи му дека неможе веќе вака, дека ти си личност која има право да го прави сето тоа што тој ти го забранил. ;) Немој да се откажуваш и да му попушташ...А и тоа за другарките... Утре може да раскинете, и ти со кого ќе излегуваш?! Не дозволувај тој да биде главен во врската, воведи и ти нови правила ;) :) Кажи му отворено дека нема потреба да биде љубоморен, и дека ти ништо лошо не правиш. И почни да се укл на фб да имаш другарки...и.т.н ако повторно се противи, кажи му дека не ти се допаѓа ваквата врска и дека сакаш да паузирате...Ако те сака вистински, ќе го прифати ова и ќе ти даде малку слобода. ;)
     
  13. gingerchild

    gingerchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.495
    Допаѓања:
    4.994
    Пол:
    Женски
    Јас не знам како би издржала некој да ми пререче за една ситна работа, некој некомпетентен да одлучува за тоа што ќе правам јас - не иде у обзир! :^) Има се живо увис да кренам.
    Да ми рече не можеш да излезеш? Не можеш на фејсбук? :^)
    Не смеете да си го дозволите тоа. Ако веќе забележувате дека станува опсесивен дајте отпор бре женски, нека смее да се закани да крене рака на мене, па ќе го измозгам јас убаво. Тргајте се од такви болесници опсесивни шо со закани ве држат покрај нив.

    Не знам, јас мислам дека ако еднаш ми пререче дечко ми за нешто, ќе избувнам, ќе експлодирам, да ми забрани нешто. Никогаш до сега не се случило, еве скоро година дена помина, никогаш не се десило да ми рече не може ова или она.
    Тој си има свое друштво, јас свое, он си е студент, јас средно, и двајцата цимери мимери, различни опкружувања и покрај сите сплетки кои се случија, несакани ситуации, мојата тупавост и непромисленост у врска со икс персона, не би да навлагам сега то е друг муабет, помина година дена, и ние воопшто не сме се скарале. Не сме си забраниле нешто па сме среќни и весели.
    У прашање е доверба. Ако ја нема џабе ви е и љубав и се. :!:
     
  14. mackaa.t

    mackaa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2011
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    3
    исто е и со мене никаде несмеам да одам никаде сама ни кај другарки повекје од 1 2 саати да искочам со другарки не можам зошто заради негов кејф,ке ѕвони по 15 пати до кај до кај сум,на базен не смеам сама, во кафич,на сладолед со другарки,пред некој ден ми здосади и му реков кој си ти да ми браниш,имам родители они ке ми бранат ако треба ти не.он пак по исто тера што и да збопрам да го убедам не бе он па по негово тера
     
  15. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    И јас бев со еден таков до пред еден месец, но се тргнав оти веќе не се трпеа неговите наредби, па тоа е психичко малтретирање. Не се менуваат таквите луѓе. Може да викаат само дека ќе се смене нешто, ама не. Само тој да наредува, ова нема, тоа нема, ваму да не одеш опседнати се со телефонот кај си та кај си. Ајде, деф таму.
     
  16. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.788
    Допаѓања:
    4.835
    Пол:
    Женски
    Поздрав за сите со љубоморен дечко :) http://www.youtube.com/watch?v=aerDO4jFaYU :*
    Како и да е, колку и да го сакате, еден ден ќе пукнете. А тој нема да се смени :!: Песната кажува убави работи. Трошиме време и нерви на некој што ужива да не гази и да не контролира, нели? До кога мислите да продолжите со ваквите? И вака сте робинки, замислете си што ќе се случи ако се ожените со таков? Со фереџе ќе излегувате ваљда :^) Колку и да го сакате, немате појма какво олеснување настапува после крајот на ваквата врска, посебно за оние на мои години. Јас успеав да сум среќна за само една недела :)
    Good luck ;)
     
  17. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.273
    Еве еден мој совет во врска со ваквите дечковци кои има многу.
    Многу машки се опсесивно љубоморни и тоа е факт. Некои се такви поради тоа што вие сте им дале причина, а некои едноставно поради поранешни искуства во животот тешко им е да веруваат во луѓето. Која и да е причината, таа љубомората полека прераснува во параноја која е и на моменти смешна и никакви оправдувања нема да убедат параноичен човек дека е така како што велите вие.

    1. Доколку мислите дека сте заљубени во ваков дечко, а причината за неговата љубомора сте вие самите, со тоа што сте го изневериле, испровоцирале или сте направиле било каква работа која ја нарушила вашата меѓусебна доверба, проблемот не е во дечкото и можеби доколку малку се потрудите да ја вратите таа доверба и се да биде океј.

    2. Доколку дечково е ваков од почеток, треба директно да се соочите со тоа, да му објасните каков бил вашиот живот пред него и дека кога тој одлучил да биде со вас, всушност одлучил да ве прифати баш онаква каква што сте. Под ова се подразбира како социјализирана личност која покрај другарки има и другари, излегува, троши дел од слободното време на себе, има свои планови за иднина и цели во животот.
    Нај добронамерно ве советувам доколку сте со човек што на било кој начин ве попречува во тоа што вие сте го замислиле, да се тргнете на време, бидејќи може да си ги упропастите најубавите години од животот со тоа што ќе ги поминете во нервоза или пак ќе донесете запрепрастувачки одлуки на кои ќе гледате како на катастрофални грешки во блиска иднина. Кој ви гарантира дека тој човек ќе остане со вас, доколку еве да речеме вие сте испуштиле извонредна шанса за живот на страна или извонредна работна позиција?! Никој. Ништо не ве врзува затој човек освен ветувањата, кои за жал најчесто се само празни зборови.

    3. Доколку сте со љубоморен дечко кој има ваков проблем поради некои лоши искуства како дете кои ја нарушиле неговата самодоверба, а воедно и го затвориле како личност и направиле да стане скептик и да не верува во ништо, плашејќи се од болката која може да следи доколку целосно се предаде на личност, а вие висински го сакате - помогнете му! Направете да почувствува дека го разбирате, охрабрете го да зборува за своето минато, покажете му дека нема место за страв, дека вас може да ви верува и дека искрено го сакате. Ист случај ако имал повеќе бивши девојки кои го изневериле. Морате да го сфатите ваквиот човек. Неговата доверба и надеж за човештвото е разнишана. Неговото срце е многу пати повредено, а тие повреди предизвикале тој да изгради еден ѕид околу себе и да не пушта никој внатре.. На ваква личност може да и се помогне, но само доколку навистина го сакате. Ако и вие не сте сигурни во вашите чувства, подобро тргнете се на време, пред да бидете причина за уништување на една личност...

    Од секоја ситуација има излез. Убаво анализирајте ги работите и заклучете дали има простор за поправање. Дадете една, две па дури и три шанси. Ако човекот не се менува, напуштете го. Така ќе биде најдобро и за вас и за него. :)
     
    На maryJ му/ѝ се допаѓа ова.
  18. biona12

    biona12 Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Ве молам помогнете ми, дечко ми е премногу љубоморен , не ми дава никаде да излегувам со другарки , ниту да се слушам со моите другарки на телефон ниту пак да се укл.на фб ,...а ако излезам некаде по 100 пати ми се јавува да виде кај сум и што сум.... а јас од него несмеам да се одделам бидејќи со него имав односи а јас сум муслиманка а тоа кај нас не треба да е така пред време и секогаш кога ќе сакам некаде да излезам ме уценува дека ќе ме каже на моите дома за тоа а ако ме каже од дома ќе ме отепаат ВЕ МОЛАМ помогнете ми !!!
     
  19. Aschenputtel

    Aschenputtel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    7.972
    Пол:
    Женски
    И сега оти си имала односи со него мораш да го земеш за маж? Па не гледаш што се ти прави сега, а ако му бидеш жена мислеш ќе се смене нешто? Па ќе те заклуче девојко нема да мрднеш нигде. Тргни се од него и не дозволувај да те уценува. Не е тоа љубов ако сака така да те задржи. Таквите машки имаат болен мозок. Разговарај со мајка ти, ќе те разбере, нема родител што сака детето да му страда и да биде малтретирано од некој простак. Кај вас е построго за тие работи, ама ете си погрешила. Не е крај на светот сите правиме грешки. Пушти го, ќе си најдеш некој што стварно ќе те сака.
     
  20. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.783
    Допаѓања:
    100.177
    Пол:
    Женски
    Остави го.Имањето однос пред бракот не мора да ти ја запечати судбината.