Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморен дечко

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од The.Pink.Angel, 4 март 2012.

  1. macimaci93

    macimaci93 Активен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    зошто му дозволуваш да те контролира?
    он ако може да искача искачај и ти се што може он можеш и ти ;)
     
  2. kettygirl

    kettygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2012
    Пораки:
    202
    Допаѓања:
    244
    не му дозволувај да владее со тебе ако може тој да прави што сака можеш и ти. Не си негова кукла па да си игра со тебе. :)
     
  3. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    113
    Си се пронајдов во темава, па се надевам не е проблем да си пишам тука што ме мачи.
    Имам врска од 8 месеци со страшно љубоморен човек на моја возраст. На почетокот не ја сфакав љубомората како толку опасен проблем што може да уништи се, но, сега .. :worried:
    Всушност ние имаме проблеми уште од вториот месец во нашата врска, секогаш имавме некои расправии за глупости и главна причина беше неговата љубомора. Пред мене немал ниту една сериоазна врска, т.е воопшто немал врска, нити пак сакал некоја, ова му е прва врска, прв пат во животот осетил љубов кон девојче но тоа не го оправдува неговото однесување. Несмеам да искочам без него нити со другарки, освен на кафе по можност сабајле или најкасно до ручек, а и тогаш ако искочам после тоа ќе има милион префрлања и провокации на моја сметка. Несмеам да прифаќам на фб ниту едно машко ми има и пасворд, едно време ми префрлаше и за облакањето наводно сум носела многу тесни фармерки, зошто сум носела танга итн. некако тој проблем го решивме. Истово што го бара од мене и тој го прави т.е нејќе да шета без мене, не оди со другари по кафиња, но за него е оправдано да отиде кај другар дома на слава и да дреме до ниедно време а јас недај боже да спомнам такво нешто одма почнуваат полициските испрашувања кој ќе биде? како? зошто? ...сакав да одам во теретана и тој ми вика ТОЈ ЌЕ МИ НАЈДЕЛ ТЕРЕТАНА КАДЕ ШТО НЕМА НИТУ ЕДНО МАШКО НИТУ ИНСТРУКТОРОТ. Многу го сакам, ама ова веќе не се издржува, плус секоја недела сме кај него дома ние не сме искочиле 4 месеци скоро нигде, навечер. :$ Се карав, милион пати до сега сме имале караници но последен пат претера, дојде до тој степен да ме фати за врат и насилнички да ми збори :worried: , никогаш не очекував нешто такво. Еве ја причината за тоа : Седиме кај него и ми звони мојата најдобра другарка и си правиме некој обичен муабет и ми спомнува уз смеење дека едни машки што сме се дружеле со нив пред 3 години и се јавиле и не викале за нова година да славиме таму па и со дечковците, и ми збори као демек " глупаци " нешто у тој стил се исмевавме на нивна сметка и завршувам со разговорот со другарка ми и го гледам тој лут, ифрит! Го прашувам што ти е? Ми вика ништо, ете те викаат таму тие типците нејќам да те замарам јас многу си зафатена, гледам многу си барана, кој знае зошто и се јавиле на другарка ти вие може и сте се виделе со нив :o Јас, значи со крстот на чело, калугерка 8 месеци и тој мене тоа ми го кажува?? Си отидов од кај него, трчаше по мене ме застана на средд улица и почна да се однесува насилнички, ме фати за врат ми викаше дека ќе ме фрлел под кола, дека ке ме убиел ако си отидам, ги врегаше моите другарки дека биле курви и незнам што се не направи. Таа вечер сум живеела на апчиња, ах, да е само таа, јас на овие години пијам апчиња за смирување, па не ми се верува! ;( И најново, вчера што се случи.. пред извесен период еден дечко ми се пушташе а тој дечко се знае со моја другарка и мојот дечко му се закани од тогаш дечково се тргна, а другаркава му кажа на мојот дечко дека наводно дечкото што ми се пушташе е нејзин дечко за да не испаднат поголеми проблеми, и јас мислев навистина дека девојчево е во врска со тој, тој иначе е кај мене на факултет и го видов со една женска и вчера ја прашав другаркава ( не ми е нешто блиска ) дали се во врска, а пред да ја прашам се испокарав со дечко ми, ја прашав, затоа што сакав да и кажам што видов, но девојчево ми кажа дека тие никогаш не ни биле во врска и дечко ми го видел муабетот и од вчера до денес, тој збесна! 1000000 ПОРАКИ ми прати каде што ме пцуе, сакал да умрам, ја сум била никаква, и уште 1000 други филмови направи. ЗНАМ дека одамна требаше да го оставам, незнам никогаш не сум се осекала вака сум имала долга врска пред оваа но никогаш не ми било волку тешко да раскинам со некој, т.е додека сум бесна раскинувам и после неколку дена неможам без него, се лутам и сама на себе се чувствувам како да се борам самата со себе, незнам што да правам веќе. Кажете ми некој совет, доволно ќе ми биде, се осеќам многу осамено :(
     
  4. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2012
    Пораки:
    484
    Допаѓања:
    2.939
    Девојко дали стварно имаш 22?
    :^)
    Прво љубомората е симбол на незрелост.
    Второ си требала одма да го откачиш.
    Не знам како издржуваш, ама сеа имаш 22 години и имаш една обврска - да го живееш животот турбо.
    Да ислезуваш, да се дружиш.
    А не да седиш дома и да плачеш.
    Фаќање за врат и такви работи :o , па он може само доле да ме фати ако сака (извините на вулгарност)
    Да се собереш веднаш. Седни вдиши длабоко.
    Наислството и љубомората не е ни од далеку љубов.
    Љубов е разбирање, доверба.
    Не си ни прва ни последна што мора да помине низ раздебла. Еден ден ќе се каеш, која „гуска“ си била што си дозволила да те малтретира.
    Он е деструктивен и невоспитан, а ти си млада и не се ставај само во кафез.
    Ако навистина те сака, ќе сака да шеташ сама со пријателки и пријатели и да си насмеана, а не да забранува. Што ќе постигнеш и ако продолжиш? Ќе седиш дома? БАр да ти нарачам чорапи сплети ми. И така нема да имаш што да правиш. И ако продолжиш и те види некаде, ќе живееш со страв дека ќе те мавне или недај Боже нешто полошо??
    Јас имав таков дечко те разбирам и среќна сум што го напуштив. Едноставно сакам да се дружам. Никој не може да ми го скрати тоа. Дури ни моите. :!:
    Секое добро.
    :hai:
     
  5. simoncelicius

    simoncelicius Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    3.639
    Допаѓања:
    8.494
    Пол:
    Женски
    suGarBaby биди сигурна дека можеш да пресечеш.
    Овде ја гледаме само едната страна, она што ти го кажуваш, но ако навистина вака стојат работите тогаш тешко тебе ако останеш со овој.

    Жими се ми личи на психопат, добро бе до толку ли е неигурен во себе а?
    За ваквите само некоја тешка ороспија што ке ги тресне квалитетно неколку пати од земја и ајт у к**ац.

    Раскини со време 8 месеци не се кој знае што ако чекаш уште тебе ке ти стане полошо, ке се отгрнеш од сите и ке се осеќаш како да го имаш само него па ке немаш храброст да раскинеш.

    Стави крај на врскава и сочувај си ги пријателствата, излагај дружи се и ке видиш што си пропуштила поради него, и биди сигурна дека ке најдеш некој што ке те цени, ваков не ти треба.

    Знај си ја вредноста и не прифакај ништо помалку од тоа што вредиш. Нема право така да ти го уништува животот, ниту тој ниту никој
     
  6. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    113
    Леле сеуште не ми се верува дека стигнав до овој степен, значи да ме знаете никогаш не би помислиле дека девојка како мене ќе трпи вакво нешто, јас сум ептен весел човек, многу добро знам како треба со машките и сето ова што ми го зборите, се ми е јасно, многу ми е полесно вака кога гледам дека ме разбирате, само незнам зошто до сега повторно се враќав кај него, после секое раскинување. Другарките мои уште од почетокот ми го збореа ова дури и неговите најблиски ми го збореа, дека тој никогаш нема да се смени, сеекогаш ќе остане ист. Ништо, ќе морам овој пат сериозно да си ја сфатам работата и да се тргнам од него засекогаш. Само незнам што да правам во моментите кога ќе ми биде претешко, не сум патела до сега, затоа ми е вака ова ми е прв пат, незнам што да правам во такви моменти, ни јас сама не се разбирам.. дали се плашам да останам без него затоа што го сакам или затоа што 8 месеци бевме неразделни секој ден. НЕзнам, сепак ..Фала ви многу! :*
     
    На Micheleljubov му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Нормално дека ќе ти биде тешко бидејќи го сакаш,раскини колку е можно побрзо,подобро за тебе. Во тешките моменти излегувај со другарките,забавувај се,гледај комедии,секогаш биди насмеана. :) Не дозволувај еден идиот да ти ја скрати среќата,уживај си во годините сигурно постои некој мн подобар за тебе што те заслужува,сам ќе си дојде не се грижи. Ти посакувам се најубаво,се надевам нема да се вратиш повторно кај него и дека тој нема да ти досадува откако ќе прекинете и дај боже да не ти се заканува. :| Па кажи како помина. :*
     
  8. marta.99

    marta.99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2012
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    131
    Пол:
    Женски
    убаво ти кажале феминките тргни се од него тешко ќе ти биде да но направи го тоа ќе бидеш посреќна сигурно.вака се измачуваш цело време си се уништуваш себе си.не ти треба таков дечко кој нема доверба во тебе кој те контролира цело време љубовта се гради со доверба а не вака како него и + уште ти се заканува и ќе ти кажува што смееш да носиш а што не ! не не тоа несмееш да си го дозволиш никако.пресечи на време млада си животот е пред тебе ти следат уште многу убави работи биди позитивна и се ќе биде во ред , не дозволувај ова да потрае. среќно :*
     
  9. suGarBaby

    suGarBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    113
    Се решив девојки и вчера му раскинав а денес бев да си земам една блуза од кај него што ми беше останата. Накај 10 часот отидов кај него пред куќа му се јавив да искочи, ми ја даде блузата и јас веднаш си свртев грб и си продолжив напред а тој со зачудувачки тон ми вели : " ТОЛКУ "? И јас се вртам и цинички му викам МОЛАМ? , си продолжив напред и тој почна да вика од таму, ОДИИИ ОДИИИ СО ДРУГИ МАШКИ СЕГА, ТИ ТОА САКАШ СИТЕ ДА ТЕ ГЛЕДААТ КАКВА СИ УБАВА СИТЕ ДА ТИ СЕ ПУШТААТ И УШТЕ ЕДЕН КУП МУАБЕТИ, во тој момент незнам како да ви опишам се чувствувам пресреќна, мислев дека ќе ми биде многу потешко, ни една солза не ми дојде, ниту малку болка не осетив, се осеќав многу помоќна од него и попаметна во секој случај. Си продолжив да си одам тој ми звонеше неколку пати, му спуштав. А потоа почна преку пораки да ме вреѓа и свашта да збори. И МИЛИОН ПАТИ МИ РЕЧЕ ДЕКА САКАЛ ДА УМРАМ. Јас на тоа му вратив дека НЕМА ДА УМРАМ, ТУКУ ЦВРСТО ЌЕ СТОЈАМ НА НОЗЕ И ЌЕ УЖИВАМ ВО ЖИВОТОТ, ЌЕ СЕ ДРУЖАМ, ЌЕ СИ ГО ГЛЕДАМ ФАКУЛТЕТОТ И НЕ МИ ЛИЧИ ЗНАМ АМА И ЈАС ВО ТАКОВ МОМЕНТ СИ ДОЗВОЛИВ ДА МУ КАЖАМ : ма оди е*и си матер, ич пи*ка веќе не ме боли дали ме сакаш, мразиш, каква сум за тебе и што ќе збориш :$
    Сега ќе се потрудам да останам силна до крај. Фала ви сепак многу! ;)
     
    На Mia.MGK, DjinTonik, gothchick и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Christina.A

    Christina.A Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2012
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    354
    Ќе останеш силна до крај,верувам во тебе. ;) :*
     
  11. Stylesh

    Stylesh Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    45
    Пол:
    Женски
    Тој не може да те контролира, кажи му дека
    И ТИ ИМАШ СВОООЈ ЖИВОТ И СВОООИ ПРАВИЛА...:)
     
  12. yonce

    yonce Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    61
    Допаѓања:
    13
  13. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Девојки бегајте од таквите. |( ..Со таквите може само да си наметнете проблеми...
     
  14. BlackMarket

    BlackMarket Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2012
    Пораки:
    248
    Допаѓања:
    266
    Како да ми ја раскажа мојата врска од година ипол со идентичен психопат ко твојот, ако не и бетер. Којзнае, може е и истиот :lol: Најдобронамерен совет- бегај и не глеј назад, верувај ми, кога ќе ти помине љубовта, ќе ти дојде паметот и ќе видиш колку драгоцено време си губиш со некој со кој што не можеш да изградиш ништо убаво и здраво, ниту да го смениш или излечиш, нешто што јас упорно пробував, и го извлеков дебелиот крај на крај, за малце до полиции, тепачки и слично. И мене ме фати за врат да ме дави, ме има удрено, заканувано, контролирано, следено, и јас пиев хелекси, дијазепами, асентри и 300 срања поради таа кретенчина. Знам дека не е лесно да го баталиш, колку и да им изгледа така на тие од страна, ама верувај ми, тоа е најдобрата работа што можеш да ја направиш за себе. Јас му раскинував секоја недела, и секој понеделник се смирував зашто мислев дека ОВОЈ ПАТ стварно ете ќе се среди. Не постои тој пат, само полошо ќе ти станува со тек на време. Таквите ко него се закачуваат за таквите како нас - заљубени и наивни и го цицаат животот од тебе, додека не те изолира од цел свет и ја има целосната контрола. Знам дека пробуваш да го оправдаш, да го сфатиш, бидејќи го сакаш и веруваш дека он те сака...за жал ќе видиш дека он не е заљубен во тебе, туку во помислата да те поседува, како предмет. Човек што искрено сака, нема да те расплакува и да те бутка во депресии. Остави го и не потклекнувај на неговите солзи и убави зборови, зашто ќе каже буквално СЕ за уште една шанса да ти го загорчи животот. Ти посакувам многу среќа и храброст.
     
    На Mia.MGK му/ѝ се допаѓа ова.
  15. viki-dete

    viki-dete Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2013
    Пораки:
    686
    Допаѓања:
    765
    Пол:
    Женски
    И јас сум дел од ваква приказна како и вие и истото ќе го кажам остави го веднаш, немој да подклекнеш на зборовите дека ќе се смени па дури и на неговите солзи оти верувам дека ќе ги има, таквите не се менуваат, само може да станат полоши. Колку и да ти се чини сега тешко верувај кога ќе помине некое време ќе бидеш среќна што повеќе не си со него. Ти кажувам од искуство, бидејќи и јас 4 години поминав во ненормална љубоморна врска, останував бидејќи мислев дека никој повеќе нема да сака да биде со мене, дека тешко ќе фатам друг, бидејќи му успеваше да ме прави безвредна. Но сега кога сум во среќна љубовна врска, кога погледнувам во минатото пресреќна сум што е крај, не можеш да замислеш колку многу, кога гледам како некои жени не смеат да излезат од дома, како се робови на сопствените мажи, жртви на насилство и помислата дека и јас сум можела да бидам дел од тоа доколку не сум собрала доволно храброст за крај, ме лазат морници. Мораш да бидеш силна и пред се карактерна, само мисли на иднината, а неа нема да ја имаш со таков човек.
     
  16. Ichliebedich

    Ichliebedich Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    10
    Мојот вечен дечко

    Здраво девојки.. сакам да ми помогнете нешто
    Значи во врска сум скоро една година.. убаво ни е, се сложуваме, се сакаме.. но има еден проблем тој е многу љубоморен. Добро реков ќе поднесам, велат кај што има љубов, има и љубомора така? Но ова ја прели чашата. Еве вака:
    Пред некој ден се шетавме , разговараме се убаво се смееме и се разминуваме со едни деца и јас едниот го знаев, заедно чекаме автобус за школо и нормално здраво ќе речиш така? И сега овој мојов се налути зошто да сум му речела здраво, па кај сме се запознале и сето тоа..ама стварно претера.. па за едно здраво се налути. И така кога не е во неговите се однесува како јас да сум добиток, а не девојка..со погрдни зборови, со наредби.. едноставно како да му сум роб.. И веќе преку глава ми дојде.. и му реков да раскиниме..дека неможам да поднесам повеќе.. и тој почна да ми зборува дека аку му раскинам тој ќе си направи нешто со други зборови ќе си посегне по животот.....и убеден беше во тоа.. па морав јас да му речам дека му простувам и сето тоа,а стварно го сакам.. само многу ми смета тоа што е љубоморен.. значи ова е претерано .. имаме доста разговарано за ова... колку пати ме расплакал .. колку пати сум заспивала со солзи на очите.. и сега да ми се пружи шанса одма би му раскинала.. не дека не го сакам, баш напротив .. неможиме да сме заедно.. премногу ме повредува.. јас знам дека ме сака... ми има докажано на милион начини... но ме плаши тоа што аку му раскинам, тој ќе си посегне по неговиот живот. И заклучок за сето ова дека јас ќе останам негов вечен роб.. тој да ми наредува, а јас да изигравам послушно кученце.. Сега сакам секс, добро.. Сега сакам да ги избришиш сите машки од на фб, добро... сега сакам да си легниш, добро............... таква е нашата врска за жал.. ве молам помогнете ми.. незнам како да се однесувам со него за тој да се промени...
     
  17. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.878
    Допаѓања:
    33.335
    Пол:
    Женски
    Ichliebedich

    Јас неможам да ги разберам овие машки. Добро, што ако се поздравиле? Како тој да не се поздравува со женски. Јас не би поднесила ваков дечко ни еден ден.
    Седни, убаво разговарај со него. Прашај го зошто е толку љубоморен. Кажи му дека нема причина за тоа и дека навистина го сакаш.
    Знам дека ти е тешко, но прашај го ова што ти го кажав. Почекај некое време. Види дали ќе има промени. Ако нема, немаш потреба да остенеш со таков дечко и да му ја даваш твојата љубов на некој што не заслужува.
     
  18. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Ichliebedich
    Ај баш откачи го,па ќе видиш колку ќе си посегнел по сопствениот живот. За два дена друга ќе фати.
    Тоа е фрик контрол,те турка во изолација целосна и сака целосно да те контролира! Па ако како тинејџери не сакате родителите да ве контролираат што ви мислат се најдобро,зошт тогаш дозволувате некои "мангупи" да ве возат како сакаат.Тој кога сакал секс,тој што ќе речел и како ќе речел,па бриши ги фб пријателите....Бог да чува...па и навреди и закани.Откачи го и око да не ти трепни.
     
    На Gea му/ѝ се допаѓа ова.
  19. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.896
    Барем во последно време на телевизија имаше неколку жалосни стории на врски со премногу љубоморен маж, гледајте сите вакви ситуации на време да ги прекинете. И не, не значи дека има љубов ако се покажува љубомора.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ichliebedich

    Ichliebedich Активен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    10
    Fighter..
    Јас стварно го сакам, знам дека и тој мене.. но проблемот е што е таков и што ќе науми, тоа го прави значи нема ич да се двоуми а да не посегне по својот живот кога јас би му раскинала.. на секое разговараме за тоа.. што не мачи на двајцата и зошто сето тоа.. па кај е грешката, да ја решиме... но тој пред мене имал некоја си девојка од друг град и таа го изневерила неколку пати.. па тој уште е бесен на неа.. и мисли дека и јас ќе го изневерам а јас тоа никогаш не би го направила.. поради тоа што јас имав сличен случај на неверство во семејството кога бев малечка.. па тоа е врежано во мене за секогаш, знам, ја гледав мајка ми како патеше во тој период, а јас не би сакала да го изневерам некој и да го гледам дека пати... а знам дека ќе пати дека е многу емотивен и чувствителен...и тоа е тоа.. а за сексот: тој неможе ни ден без секс!! одма почнува да ме допира знаеш веќе каде, не ни бара дозвола па ја пика раката и под облека...добро, трпам ..убаво е некогаш.. но некогаш кога стварно неможам на пр пред месечен циклус неможам да имам односи, се ме болии ако му кажам дека неможам веднаш се лути.. и неможам да го смирам со денови...и стварно сум во заблуда неможам веќе да поднесам тој така да се однесува со мене :/