Значи ... разбери една работа тој нема да посегне по својот живот ак го оставиш а знаеш зошто? затоа што е себичен,се прави каконего му одговара и премногу се сака СЕБЕ СИ за да си наштети и....СЕГА ЈАСНО ТИ Е?! Млада си и не се замарај ,је си го троши животот на такви психо цицачи.
Сакам ова,сакам она и ти на се му угодуваш а тој тебе?И за тебе ова е љубов?И ти си превише заслепена од него штом толку по задникот му одиш.Тој ке ти кажува кога да легнеш кога да станеш..абе ајде. Маани го тој човек ке станува само полош.Утре не ке можеш ни на факс да се запишеш а камоли да работиш.Дај си шанса на себе си стварно да бидеш сакана,ова не е сакање верувај ми. И зошто би бил бесен на бившата ако тебе те сака,што има уште да мисли на неа и на тоа што го сторила она?било поминало,ако и со нејзи бил таков чудак онда и заслужил што си нашла она друг.
Ај да си олеснам душичката и јас. Во врска сме скоро 8 месеци. Најсреќен период од врската ни беше почетокот, не ми текнува да сме се спречкале тогаш за ништо, ама баш за ништо, значи беше совршено, се во најдобар ред. Ама како што си минеше времето, се поубаво и поубаво се запознаваме ова она и почнуваат караниците полека пополека. Пред неколку саати си правевме муабет и башка почнавме да збореме за што, како, зошто ќе оди војска и наеднаш како гром од небо, ме прекинува и ми рече дека ако го изневерам кога ќе отишол војска, ќе ме убие, буквално и ако сум планирала да правам нешто со некој да сум му раскинала пред да оди. Се смрзнав. Како прво, јас не сум ни помислила да направам таков чекор посебно не додека сум со него бидејќи сум била изневерувана многу пати и знам какво е чувството. И јас сум го направила тоа ама само ЕДНАШ и никогаш повеќе. Од грешките се учи. И да се навратам, јас се расплакав. Неможев ништо да кажам, бев во шок. Неможев да се соземам. И кога конечно се смирив му реков "Зошто уопше ми го спомна тоа? Мислиш дека можам да го сторам тоа? Нема да го сторам тоа никогаш. Но и да го направам и да не го направам, зошто би посегнал по мојот живот? И каква смелост воопшто да помислиш на такво нешто? Немам намера да направам ништо што би те повредило" и после следува ред спуштање слушалки и ред "Не ми се јавувај повеќе" како што се случува кога и да се скараме. Секогаш кога ќе се скараме, за глупост или не, тука некаде мора да се спомне раскинување, краеви, маеви, значи МОРА! Ме има навредувано многу пати. Секогаш кога и да излезам, следуваат серии расправии поради тоа што тој слушнал машки глас у позадина или незнам што, незнам како. Искрено, не излегувам многу и избегавам да го правам тоа бидејќи знам дека ќе се скараме. Вчера излегов за прв пат во 4 месеци, во кафиќ на журка. Запоставив и другарки и се, и сега и да сакам да излегувам почесто, нема со ко. Честопати знам да излезам сама и да седнам некаде каде што никој нема да ме најде и на него тоа му смета, знаејќи дека сум сама. Сваќам, посумливо е кога ќе излезеш сам но ипак не гледам причина за да го лажам и искрено не умеам да го правам тоа. Се има случувано да ми каже "Ако излезеш од дома тогаш и тогаш, ќе се убиам" и знам дека е способен да посегне по својот живот бидејќи веќе се има обидено неколку пати, па стигнало и до болници и е бил на работ. И јас додуша сум љубоморна, но сепак не до тој степен. Љубомората е како знак дека на некој му значиш но оваа љубомора... незнам што е веќе. Што да правам, како да постапувам? Не планирам никакво раскинување, барем не сега. Бидејќи само тој ми е останал. Него го сметам за најдобар другар и нему му ги кажувам сите проблеми бидејќи знае да ме ислуша, било кога, било каде и е спремен да ми помогне на секаков начин. Премногу го сакам и никогаш не би направила ништо што може да го повреди, НИКОГАШ. Ве молам за совет
Не планираш раскинување? А зашто бараш совет Трпи му ги испадите психопатски, бог да чува ќе те убиел, ќе се самоубиел свашта Што бараш со таков нестабилен? Сама си крива што го трпиш а и згора на се немаш намера да се отарасиш од таков
Да, не планирам раскинување бидејќи тоа не е решението на се. Јас мислам дека ако разговараме како што треба, ако се потрудиме и двајцата да смениме нешто дека ќе бидеме среќни. Барам совет бидејќи не сум била во ваква ситуација порано, бидејќи тука има постари девојки што можат да ме посоветуваат.
Никој нема право да ја ограничува слободата на некој друг. Љубомората не е доказ на љубов,туку болест,која за жал тешко или воопшто не се лечи. Што треба да очекуваш понатаму,да не те пушта да одиш на работа,бидејќи ќе имаш колеги,подобро да седиш дома до шпоретот и да чуваш деца. Ептен ми е ова без врска. Ако сакаш да направиш нешто,ќе направиш и без да примети тој. Бидејќи сеуште сте во не многу долга врска реши си го проблемот на време.Како ќе поодминува времето толку ќе биде потешко,ако не се вразуми тој твојот тиквар.
@skinnylove, љубомората која преминува граници и не е така ретка појава.. Порано, и јас мислев дека секој кој љубомори надвор од мерата е измрдан човек... Како растев, сфатив дека не е се толку едноставно. Не можеш некој да го класифицираш како нездрав туку така, а не ни сакаш кога го имаш до себе. Едноставно сфаќаш дека човекот е таков... Ако можеш да се носиш со тоа, океј, а ако не, не се ни труди. Нешто што го научив е дека таквите луѓе бараат многу прилагодување (ако планираш да бидеш со него), и ретко кој се нафаќа на такви промени.. Друга работа, ако има нешто што не може да се смени а многу пречи (јака карактерна црта, нешто во минатото), не одите напред оти не можете против тоа, нема начин да се промени. Треба нешто да знаеш, ако е љубоморен како што кажуваш не очекувај дека тоа ќе помине со тек на време. Едноставно не се менува. Мислам дека со типот можете да седнете и да направите здрав муабет. Нека ти објасни што очекува тој да се случува, што му пречи, што сака од тебе, како ги замислува работите. Нека биде сосема искрен, оти треба да знаеш што бара. После тоа размисли сама дали можеш да го направиш тоа, првично дали САКАШ, дали не би се срамела од тоа понатаму, дали вреди. Кај што ќе наидеш на проблем, разговарај со него. Изнајдете начин, барем потрудете се. Направете компромис кај што може, прилагодете се еден на друг. Ако го решите проблемот теоретски, преминувате на дело. И двајцата мора да се придржувате до реченото. На почеток е тешко, ама ако се сака, ќе успее. Ако профункционира, сте завршиле голема работа. Треба да знаеш дека не е лесно. Само ако стварно сакате, може да успее. Треба преголема желба, љубов, трпение. Размислу убаво.. Ако не ти фаќа умот, бегај на страна.. Знам дека ти е тешко да раскинеш, ама колку повеќе време поминува толку потешко ќе ти биде, и во еден момент ќе стане невозможно. Останативе феминки веќе ве осудија на пропаст.. Ти сепак види. Само ти знаеш што е и како е. Битно е човекот да вреди за жртвата што ќе ја дадеш... Мисли, оти не е мачкина кашлица... Верувам дека тоа ти е веќе јасно.
Не планираш раскинување? Навистина мислиш дека со разговор ќе се реши се ? Епа да ти кажам дека нема. Сум била во ваква ситуација трпев си велев ме сака, со сакам. Затоа сега душава ми гори.. ме обвини за нешто што не сум ни помислила да го направам и ме остави, исчезна од мојот живот како да не сме биле толку време заедно. Плачам ете сега..
Skinnylove а да не си со него повеќе од причина што само тој ти останал или навистина го сакаш.Разграничи си сама со себе. Нема цел живот да останеш сама ако му раскинеш.Можеби одреден период ќе немаш никого покрај тебе ( освен твоето семејство) ама пак ќе почнеш да се дружиш,да излегуваш и ете се ќе се реши. Тој тебе те држи до него со тоа убивање.Ќе се самоубил не му раскинував,потоа ќе ти вика дај ми пари ако не ќе се убијам,па направи го она,направи го она и тебе целиот живот ќе ти помине вп уценување,а тој ќе си добива се што сака. И зошто ти е на тебе таква лабилна личност,без карактер и без способност да ги согледа проблемите и фа се потруди да ги реши,без да бега од нив.При првата криза во бракот поради немање пари,дали да мислиш како да се снајдете или да си 24 сата до него да не се убие ( ова како пример) Твое е да размислиш,наше да ти дадеме совет.Не заглавуваш во нешто што не се знае дали ќе го издржиш во иднина. И да откако ќе му раскинеш,а слободно можеш да ја искористиш оваа ситуација кога тој ти се налутил и не ти се јавува,ако ти каже дека ќе се убие ако не се помирите,ти кажи му дека ќе се убиеш ако продолжите заедно.Тврди ти така и готово.
Извини,бараш совет,ама несакаш да го прифатиш. Гледам дека си свесна за оваа твоја ситуација,паметно девојче си,ама со погрешен човек. И болдираното....тоа е болест,за која нема лек.Таков се родил,таков ке си појде,колку сакаш ти зборувај,разговарај,нема лек девојко.Самата твоја совест ти мачи да не си направел нешто,а што ако тебе ти направи???Таквите можат да станат и насилни,ако веќе не си го искусила тоа,затоа како сестра те подучувам што подалеку од него.Јас искрено и се исплашив од ова што го пиша за него. Страшно!!!!
Почнав да чувствувам страв од сопствениот дечко. На почетокот на врската тие љубоморни сцени ми беа интересни,но подоцна станаја неподносливи. Тој е еден од ретките со турски и конзервативни сфаќања. Не ми верува кога сум дома,мисли дека со некого сум,па ме тера да сликам и да му пратам слика за да докажам. Не ми дозволува да имам другари,моите другарки ги смета за распуштеници. Често ме навредува дека сум била дебил,што ништо не прави во животот. Не ми дозволува да одам на одмор со другарки,не ми дозволува ни да работам на неколку месеци надвор од земјата. Кога сум со другарки,и кога ќе ми се јави се тресам да не случајно од негде се слушне машки глас. Па одма после објаснувања. Се пазам што зборувам да не кажам нешто погрешно.Па после одма ти си проста ти си ваква ти си таква. Ако не кренам на телефон,одма сум била со некого макар и да се прејавам по 5 минути. Добрата страна е тоа што тој никогаш не ми дал повод за јас да бидам љубоморна. А се плашам ако му раскинам да не почни да ми враќа,тоа нема да можам да го поднесам и издржам. Знам дека раскинувањето звучи како најдобро решение,но не е лесно,малку да го нема или да не го видам,ме фаќаат паники,техикардии,несоници...значи јас сум зависна од него.Затоа знам што ме чека ако останам без него.и не би преживеала лесно. Се трудам да разговарам за тоа со него,дека со такво однесување не води никаде. Но и на тоа има лесен и брз одговор,скарај ми се...зошто би ме трпела ? Јас не можам да се сменам,но ако ми се скараш ти ќе плачиш.
Смрт, не те чека сигурно. Што те чека девојче? Ти можеш да преживееш,ама не сакаш. Инаку ајде замисли се во иднина со таков во брак. Нема да ти даде ни кај мајкати да одиш. Ти си родена за ова да го преживуваш или да бидеш среќна?Обиди се да разговараш со него, јас незнам како заборавате колку вредите и се понижувате за вакви работи. Ќе му сликам јас на него, ќе му поднесува извештаи, а како да не. Да ми се фати. Јас би се тргнала одна би му раскинала. Тоа е више неиздржливо и неподносливо.
со ова тој сака да ти кажи сакаш биди со мене сакаш не како и да е јас нема дда паатам по тебе ти си таа што ке пати и плачи јас да сум ке му раскинам со тешко срце но ке му докажам дека сум живеела во минатото без него па можам да продолжам и без него но сепак ти си знаеш позз
- Ти во овој твој пост гледаш и добра страна? Па како ќе бидеш љубоморна кога немаш време да се издишеш. Не разбрав од што се плашиш да му раскинеш? Како да ти враќа? Спасувај се додека можеш, не си престрена. Не ве разбирам како можете да се гушите во такви врски. Зарем не ти е оптеретување постојаната контрола и тортура врз тебе, во брак да си со деца ќе кажеш налет, а не пак врска. Љубомотата е ужасно зло и од неа нема спас ако останеш во врска. Како што се изживува со тебе ќе му прдне ќе ти раскине и пак ќе плачеш. Затоа плачи сега за подоцна да не плачете повеќе луѓе.
Те молам не биди наивна, извини вака, но те мотка како што сака, те контролира како што сака. Шутни го, незнам што уште чекаш.
Па ако го сакаш, разговарај со него, кажи му да не се понаша така. Ако не разбере, знаеш што треба да направиш, затоа што никој не го заслужува тоа што ти го праве дечко ти.
Полесно ќе преживееш ако му се скараш.. Па добро, постои љубомора, ама ова?! Претерал.. и нема да се смени, да ти биде јасно. Тој те малтретира тебе, ти немаш ни минута мир! Ни кога си дома, ни кога си надвор! Не знам дали си му дала некогаш повод за вакво однесување, ама како и да е работата немаш среќна иднина со него. Не си ни свесна што се ти прави од што си затрескана по него.. Немој да си го уништиш животот, не вреди за некој таков! И плус, никогаш не знаеш дали тој мрда на страна.. особено не дури тој те држи олку строго.. Не е нормално, едноставно. Верувај дека не сакаш да останеш со некој таков.. Мислам дека ако му се скараш, еден ден ќе ги благословуваш феминкиве за советите. Одговорот на твојот случај е еден, и не верувам дека некој овде ќе понуди друго решение оти здраворазумски е тоа.. Прекини што е можно побрзо! Спаси се, понатаму се е лесно. И да те моли, да те преколнува да му се смириш, да ти ветува дека ќе се смени, направи си услуга и не му се смирувај, никогаш! Освен ако си мазохист, е само тогаш ќе го разберам твоето однесување.. Не се плаши, ќе видиш дека работите ќе ти се средат за брзо.. Ќе ти помине несоницата Ќе најдеш некој нормален што ќе биде нормално да си зависна од него, па ќе ни кажеш колку ти е убаво со него Собери храброст и реагирај.... под итно!
ОооО господе боже ако ти е убаво што така те малтретира и понижува остани со него ако е спротивното раскини му. Каков совет воопшто бараш од нас? Надевај се ти дека ќе се смени ама таквите луѓе не се менуваат, еднаш таков цел живот таков тоа е. Твојата ситуација е далеку од нормална тој нема доверба во тебе за се бара доказ а таквата врска одамна е осудена на пропаст. И да подобро сега тој да плаче отколку ти по некоја година.
100 проценти вистина, браво за ова. Посебно тоа за облекувањето, шминкањето и друштвото ми е некако неможам израз да најдам. Мислам кој нормален се занимава со тоа што ќе облече девојка му??? Или пак зошто се нашминкала? Глупости. Лани летото баш некаде ова време беше ми ѕвонеше еден (имам пишувано во други теми тој што ме замараше) и не бевме во врска, не бевме другари не бевме ништо, но тој кутриот бил заљубен во мене иако не му дадов никаков повод за тоа. Ќе ставев некоја слика на фб веднаш каде вака дотерана, за во школо ли се шминкаш, за во школо вака ли се облекуваш, во градот којзнае со кој си била па волку дотерана и 100000 такви глупи коментари за кои ниту не беше прашан, ниту ми беше дечко ама пуста љубомора дечкото по природа си беше љубоморен. И ништо не му одговарав не од причина дека се плашев или нешто слично туку од причина што кој е тој пак јас нему да му се правдам како сум се облекла/нашминкала? Јас дома на мама не и се правдам на него ќе му се правдам. Сум се дотерала голема работа. Некое сабајле ме мрзи да дишам одам бушава на школо како искубана кокошка ама некогаш знам и да се средам зависи како кога. Ама тој си беше таков слободен човек без обврски у живото и иако ми беше блокиран брат му ми кажа дека од неговиот профил константно ми зјапал во сликите, болен. И имам другарка ромка која живееше блиску до школото и јас уште 3/4 девојчиња за да не си одиме оти далеку живееме а жешко е ќе купевме сончоклед, нескафе, сладолед или нешто и седевме кај неа гледавме филм, се сликавме а таа имаше брат постар 19/20 години (верен е) и овој еднаш ко ми запна на телефонот сум го бендисала брат и и да ви кажам ми прекисна и го отерав у 10 пм и му исклучив. И го немаше некое време па ме бара па после па почна. Затоа верувајте вакво нешто не ви треба. Ако не сме биле ништо а волку се вознемирувал за една обична слика па во врска незнам што би се случувало. Болест е тоа.