Дечко ми сака да си замине во странство на студии, а јас сотанувам тука... Како да го натерам да не оди? Му понудија стипендија, која е многу примамлива ама и самиот вика дека не сака да оди, а сака. Не знае ни тој што сака. Не сака да ја пропушти шансата ама не сака ни да ме остави овде.... Што да правам?
Девојко дечко ти добил животна шанса, може сеа е дете не размислува па се мисли божем не му се одело, ама оваа понуда не се пропушта. Не размислувај детски. Ако вашата љубов е силна ќе ги издржите тие години. И само еден совет мој ... не му се мешај во оваа одлука и нималку немој да го разубедуваш. Само речи му дека ти си тука со него што и да одлучи.
^^Се согласувам...немој да го спречуваш. Колку и да ти е тешко, колку и да знаете дека ќе си недостигате еден на друг, немој да му бидеш пречка. Подржи го, кажи му дека стоиш зад неговата одлука, повеќе ќе те сака и цени. Му се јавува животна шанса да напредува. Плус и млади сте, не знаете што ќе биде понатака со вас во животот...сега лудо се сакате, утре веќе не се знае што може да биде... немој еден ден да рече - ете заради тебе не отидов, а ти вака.... Колку што тебе ти е тешко, толку и на него му е...немој да му отежнуваш. Биди силна и биди покрај него. Срцето те боли, те разбирам колку толку, ама ако вашата љубов е голема ќе останете заедно.... има врски што успеваат на далечина.
Ох..можам да замислам колку ти е неубо и тешко.И јас поминував низ овие периоди.Верувај ако вашата љубов е силна ни далечината нема да може да ја убие.Не грижи се толку.Ова е најубавата шанса за твојот дечко.Теши се со тоа.А и денешнава технологија е одлична.Скајп,мсн,фејзбук...Се ќе биде во ред...Ти посакувам среќа и трпение,зашо верувај ќе ти треба
Ако вашата љубов е силна ќе го преброди и тој период ќе ти се врати ако те сака... Но вака што? Што ако остане и после раскините, тој ја пропуштил својата животна шанса,а тебе ќе те гризе совеста дека си му го уништила животот. не биди себична ако го сакаш пушти го... Можеби не ви било судено, не знам... Но ако искрено и вистински се сакате ќе ти с еврати, освен ако не е и работата во странство.
Не знам колку ќе те утеши ова што ќе ти го кажам но ќе се обидам! Познавам пар кој минел низ истото и за среќа сеуште се заедно и после студиите, имаат стабилна и добра врска,се сакат и имат планови за брак! Големо двоумење имаше околу тоа дали дечкото да оди на студии надвор од земјата или не! На крај отиде да студира во странство и сите беа скептични дека ќе им додржи врската! Сепак издржаа, со многу напор успејаа да останат среќни и заљубени! Се надевам дека исто ќе биде и со вас! Ќе мора да бидете многу толерантни еден кон друг, повеќе попустливи и со поголема доверба! Немој да му се вмешаш во одлуката, подржиго без разлика дали ќе оди или не, покажи му дека си со него без разлика што ќе одлучи! Ако го спречиш да оди ќе те осудува дека му се вмешуваш во одлуките,затоа пушти го сам да си ја донесе одлуката! Со среќа!
Девојко пушти го нека оди, како и другите што кажаа ако вашата љубов е јака ќе го издржи тоа. Никако не обидувај се да го разубедиш, оти ако останете и понатаму заедно ќе дојде денот кога ќе ти префрли и ќе рече поради тебе ја пропуштив таа шанса. А ваква шанса не се повторува. Па од каде знаеш то носи животот може и ти ќе заминеш таму, па заедно ќе бидете.
Би било себично од тебе да му речиш да не оди да студира. Има многу примери каде што врската успеала (секако ако се сака). Девојко, стави се во негова позиција и размисли како би ти било тебе доколку имаш можност да одиш надвор од државава каде што имаш потенцијал за добра позиција а дечко ти да те спречи само заради што тој не сака да одиш или затоа што сака секоја вечер да се мазите? Баш повозбудливо би било доколку тој замине. Мислам дека ќе се роди поголема љубов и секој пат одвај ќе чекаш да си дојде дома за да го видиш. А од друга страна ќе сфатиш дали вистина сте биле еден за друг. Како и да е,не му се мешај во одлуката затоа што и да завршите и да не завршите заедно - тој не верувам дека ќе ти прости.
Како можеш да помислиш да му ја уништиш животната шанса? Не е мала работа што добил стипендија за во странство! Ако се вистински сакате далечината нема да ви представува проблем разгледај ја темата врска на далечина. А дали си се запрашала што би се деслио тој да остане во нашава чудесна Македонија и вие недај Боже рскинете?
Дечко ми отиде на докторат во странство,како еден од најдобрите студенти и нели сето тоа обезбедено од факултетот,имаме сериозна врска и прво нешто кога виде дека не може да ме земе,рече да не одам ни јас,не сакам да те оставам,ама јас му реков не,ќе одиш,без разлика на тоа што душава ми се кинеше кога го кажував тоа,не сакав да му го уништам тоа ни под разно.Ете утре може нема да сме заедно и што?си ја уништил кариерата заради мене?или пак гледај од друга страна,ако бидеш со него утре ден знаеш дека имаш сигурност покрај него,дека учи дека се труди...не знам ама јас не би го сопрела како што и впрочем направив и не се каам,ако треба и ако имаме памет во глава ќе останеме заедно,ако не и тука да е џабе
Зошто да му ја уништиш животната шанса...нека оди така можеби(сигурно,верувам во тоа,тоа е странство,не е како овде)мисам таму ќе успее,ти ако можеш да одиш со мего зошта да пропуштиш и ти?во ред неможеш,но тој ако те сака ќе ти остане верен додека е таму(па можеби кога ќе успее таму ќе те одведе и тебе),ако му веруваш пуши го да оди,мислам како и да е пушти го ,ако тој сака зошто да не.
Се согласувам дека не треба да го попречуваш да оди, тоа му е животната шанса и треба да ја искористи. Не биди себична, ако вашата љубов е доволно силна ќе издржите и покрај тоа што ќе бидете оддалечени еден од друг. Разбирам дека ти е тешко, но не е крај на светот, не мора да значи дека вашата врска ќе прекине. Биди силна и верувај дека тоа е најдобриот избор за него.
Неа кога го прочитав насловот, си помислив те напушта но кога прочитав што си напишала сфатив всушност што е. Знам дека ти тешко дека ќе ти биде и уште потешко, но прочитај ја темата Љубов на далечина и ќе сфатиш дека доколку се сака вистински се ќе успее. Сепак се работи за неговата иднина можеби и за твојата т.е вашата иднина , пушти го нека оди не го спречувај зборувај му дека тоа е најдобро за него. Плус во денешно време со оваа современа технологија ќе бидете поблиско ќе се слушате ќе се гледате преку скајп остави го во оваа држава нема надеж за младите.
не биди толку себична. знам дека го сакаш и дека че ти биде криво ако си замине, но сепак тоа е негова шанса за успех... ако навистина се сакате вашата врска ќе опстане и на далечина.
Nea -- не можиш да го натераш да остании..ако сака да оди ...сепак то си е негов живот..и тој си одлучва шо ќе биди со него..ако толку се сакате вашата врска ќе опстани и на далечина..Позз.
Нормално дека ти е тешко, но таква шанса да пропушти не иде, не биди себична и не му ја отежнувај одлуката....ако сте навистина еден за друг, вашата врска ќе стане уште посилна по тоа!
Ако се сакате и покрај далечината ќе остане љубовта и кога ќе се врати , секако и со многу труд од ваша страна . Ама себично е од твоја страна што сакаш да најдеш начин да го разубедиш , ако го сакаш ќе го сакаш и најдоброто за него . Не биди себична , не треба да мислиш на себе и како ќе ти фали , помисли на тоа дека ќе стекне искуство таму кај што ќе оди и ќе стане некој и нешто . Па ако е вашата љубов нели голема и силна ќе опстане дур не се врати .
И колку да ти е тешко,немој да застанис на неговиот пат и да бидиш препреката за неговата кариера.Врска како врска во далечина е многу тешка,ама мора да издржите!!!!! Немој да го спречуваш и да му ја уништуваш можноста,од кај знаесш можеби нема никогаш повеќе да има можност таква!Разговарајте,согласи се,и врската ќе ви стани уште поцврста кога веќе ќе бидите сигурни еден во друг!!