Познавам луѓе што живеат во зградите ама можам дури утре да дознаам, доцна е сега. По социјалниве мрежи нема ништо, можеби ќе објават во меѓувреме.
Најверојатно црна хроника требаше да пишам, ама сега е касно и баш поради тоа најверојатно нема да го има никаде. А и искрено, многу комбиња имаше и акцијава не ми изгледаше баш за семејна драма, ама океј, whatever.
Да, ама зборуваме за влада која пред неполн месец ја дигна војската на нозе за стан со усмрдени пелени..
Еве мала снимка: https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2266396913628831&id=380755121983118&_rdr
Последниот пат кога на јавен простор снимив инцидент, МВР кога пристигнаа, одма ми ја избришаа снимката и ме избркаа. И нормално, согласно со последиците од настанатата ситуација, побегнав право во Државна. Врз база на претходното искуство, јас сега сум подобар човек.
Ајдее Шо стори лажење... од кај ја изваде сумава, жити се'? 20.000 лубриканти 3-5мл, цена на големо е околу 15 денари.. тоа ти се 300.000 денари. Какви милиони какви црни камења! Не купуваат лубрикант за 2 милиони народ, за цел живот залиха Што се бунат за градењето во Аеродром. Прво, се согласувам со @An-na , дека Златко Марин потфрли скроз. Не требаше да ветува работи кои не е способен да ги исполни. Иначе, тоа земјиште е денационализирано и е во приватна сопственост. Платено му е се' на тој што гради и практично се протестира пред приватен објект. Ако сака некој да смени нешто, треба да протестира пред град Скопје. Таму се одредува ДУП-от и се издаваат маркици и дозволи за градба. А ДУП-от е направен од минатата влада, да може на секое делче од Скопје да се гради.. Ќе ни испопаѓаат на глава некои згради. Не следат правила ни за сеизмологија, ни за урбанизам, ни за градбата на самите објекти..
За ДУП-от е одговорна Општина Аеродром, не Град Скопје. Затоа и ме нервира ова. Не можеле да сменат! А во предизборна кампања се и сешто ветуваа, меѓу другото и за оваа парцела (ако не се лажам) Аеродром стана крш. Не дека претходно беше поарен, ама и овие за ништо не ги бива.
Ете не знаев дека е во надлежност на Аеродром. Уште полошо за Марин, ко така... Срамота. Ова е како да не функционира ни општина, ни инспекции, ни мвр, ни ништо..
Град Скопје донесува ГУП и според тој ГУП општините донесуваат ДУП-ови. Убаво кажа градоначалникот на Центар, со нов ДУП се поништува стариот. Ама кај овие не е така... не можеле. Хм. Од авион се гледа дека фино ги подмачкале, друго објаснување нема. За оваа парцела уште во времето на залижаниот имаше протести, па ко божем го менуваа ДУП-от и на крај пак истиот го протнаа. Абре банана држава сме, тоа е!
@WildMk Поради плинската боца... Ама,траговите на крвта и криминалот не можат да се сокријат.CSI. Некој слушнал,друг видел,третиот бил соучесник па го фатиле за тестиси и пропеал ко славејче... Ова покажува каква криминална крчма сме, и дека оние управители во приватните фирми се кримоси како и корумпираните државни службеници кои се љуљаат во удобните фотељи.
Десните опции победија во Чешка. Одлично. Пополека паѓа целиот неолиберален и неолевичарски шљам низ Европа. https://lider.com.mk/svet/desnata-o...riot-krug-od-izborite-za-senatori-vo-cheshka/
Ете. Толкав ни беше економскиот раст и претходно.. Рековме, Грујо си праеше статистика по негово, а не како што е.
Aбе не ни требаат на нас европски закони за градба, можеме ние и со наши закони као на диви запад, после ќе се жалиме море убаво ни прават... И бетер ќе биде.