Во ред левица со среќа... Од 5000/6000 гласови повеќе НЕМА да добие. Повеќето сакаме да се промени власта и најреална опција е сдсм, а левица има 0, 001 % шанса да постигне нешто. Џабе се глупираат. Мислите дека ќе се убедат некои стари сдсмовци за левица да гласаат. Секако...
Сашко не пишувај релно ќе те боли глава од напади хаххаха целта е да се разцепат гласачите ама оние на СДСМ што поради политката што ја има СДСМ не би гласале за нив па, да одат ваму и после да се пазари и спојува по избори. Нема друга цел или барем јас не ја гледам.
Јас тоа го зборам цело време, тие што се против ВМРО-ДПМНЕ имаат две опции, ако се левичари тогаш треба да гледаат која левичарска партија има најголеми шанси за победа, а моментално тоа е СДСМ, ако некој е десничар ама не му се допаѓа како владее ВМРО-ДПМНЕ тогаш најреална опција му е коалицијата ВМРО за Македонија, а овие партии како Левица и ЛП не вредат да се спомнат, а камоли пак да се гласа за нив.
Конечно во нешто да се согласиме... Токму тоа и јас го зборувам ама очигледно тие што сакаат да се промени власта, НЕ го сакаат доволно тоа нешто. Сеедно им е на сите... Поарно искини го ливчето отколку за мала небитна партија да гласаш.
Абе гледаш дека никој од поголемите партии не ги сфаќа сериозно овие од Левица, рејтингот им е 0.01 %, ако им скокне на 0.05 % тогаш може ќе почнат да ги гледаат поинаку .
Не сакам промена што ќе прави исти криминали. Не е работата само да дојде до промена на власт, туку да има промена во владеење. Левица нема да победи сигурно, не се доволно моќни. Но едно или неколку пратенички места ќе се доволни за да го искажат гласот на оние кои се сложуваат со нив. Еве и сама гледаш дека има такви. И во иднина ќе растат.
Оди не зезај, пишал даоѓаме да реметиме хахахха кој да да го сфати сериозно, он сака да галами во парламент и плата да зема друже. Нече мочи ове ночи Пристапот прво не е сериозен, прашања поставувал, ОК и јас прашувам на форумов ај, партја да оформиме хахахха мислам дај. Можеби е спремен човек, не значи дека не е ама не може така да се поставиш и да очекуваш да имаш рејтинг или да те гледаат како сериозен кандидат, прво СДСМ ќе го изеде, не ВМРО ама тоа изгледа малку од нас го разбираат.
Ако беа во коалиција со сдсм, повеќе од 1 пратеничко место ќе добиеа и повеќе ќе се изрекламираа. А па демек левица не се криминалци сите исти се... Штом се занимава со политика, не може да биде поштен... И сдсм и вмро и левица и брат Љубе, ист курац. Туку се знае кој е најоштетен.. НИЕ, обичниот народ си го јадеме на крај.
Од обичниот народ се крена овој глас. Не, не се исти. И мора да престанеме да очекуваме да не' водат криминалци. Тука е цел проблем, што очекуваме да не' крадат.
Го замислувам Димитар Апасиев како премиер , или Здравко Савевски министер за одбрана, а човекот изврши напад врз канцеларијата на претседателот .
Кој не се исти? Политичарите не се исти? Хаха виц на годината... Ти Од кај тврдиш толку сигурно дека левица не се криминалци? Тоа во крвта им е на политичарите. Да те натераат да поверуваш во нив. Ги знаеме сите какви се туку не вреди да се расправам за обични гниди. Што сакаат нека прават. Секој човек има право да гласа за кого сака, па слободно кој што сака нека му прави на ливчето.
Па кој им е криминалот ајде презентирај. Не ги гледам ко политичари во негативна смисла на зборот. Ко борци за човекови права ги гледам. Дали ќе издржат така, ќе видиме. И зошто воопшто гласаш за некој од кого очекуваш да те краде?
Само националистичко манипулативните играчи криејки се зад маската на патриотизмот може да ги чуете како викаат дека напуштањето на оваа држава е кукавички потег, во обид да ја угнетат во нас идејата за космополитство, која е всушност единствената доследна и вредна за борба! Точно е дека во друга држава македонецот бива гледан како странец, и нема толку можност за пласман да парира високо, но поголемата шанса за постабилна иднина на долгорочен план е нешто што тера на ризик. Нешто по што впрочем сите и тежнееме, но ако продолжиме вака тоа нешто тешко дека ќе го постигнеме овде, бар следниве десет години. Околу изборите кои следат, имам само да кажам дека ако некој има моќ да ти се закани дека ќе те исфрли од работно место ако не се појавиш на митинг, истата таа моќ ја губи во моментот кога ќе застанеш зад гласачката картонската кутија. Тука доаѓаат до израз твоето вистинското мислење и избор. Народот веќе со години избира идентична политичка гарнитура, иако потоа се жали на истата. Така да дефинитивно стои тоа дека сами сме одговорни за сегашната ситуација во која моментално се наоѓаме.
@LivingGlam Затоа што така е посигурно Ќе ме краде и одма знам на што сум. А вака, мразам кога чекорам по непознато, како тло од желе, ќе ме држи во неизвесност дали ќе ме украде или не , а после само ако не ме краде, ќе се чувствувам изневерено
И што, полошо ти изгледа отколку сегашниот премиер и министер за одбрана? Каков напад изврши бтв? Ај потсети ме, пошто за мене тоа не беше напад.
Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА реално има големи шанси. Павле Трајанов се докажал како чесен политичар. http://forum.femina.mk/threads/Коалиција-за-Промени-и-Правда-трет-блок-трета-опција.26739/
За кого и да гласаш ќе те краде и не бидете смешни...сите знаеме кај живееме. Борец бе абе Гоце Делчев не им е рамен на левицата Политичари се тие алоо т. е. волци, а ние сме овци. Абе во ред милички, гласајте си за кого сакате. Да не ја тупиме.