А овие денес беа неопределени загрижени граѓани? Патриоти? Затоа ли не ги напаѓаа ВМРО-вските пратеници? Дека се транспарентни? Или дека овие се чисти како солза? Ако треба да се прави чистка, јас сум за тоа сите до еден да се исчистат, заедно со останати ликови кои недостасуваа денес во собрание. Ама тука тоа не е случај. Јасно е зошто е целава фама. Плус, те читам цело време огорчена си кон албанциве и не ги согледуваш објективно работите. Не можеш да ги исклучиш од државава? Тука се.
Не де јас не ги исклучувам од МОЈАТА држава, туку тие сакаат да ме исклучат од МОЈАТА. И да огорчена сум. 31 год живеам со нив
http://kanal77.mk/приврзаниците-на-за-заедничка-макед/ Што убаво вака кога секогаш си носиш шаторче со тебе. Не знаеш во каква ситуација ќе ти се најде... Не, не е договорено.
Васил Пишев, голем ,,патриот'' кој во Собрание постојано го обвинува Зоран Заев и останатите пратеници од СДСМ дека се предавници, која иронија. Тој е само еден мал доказ дека на најголем дел од политичарите им е битна само власта и ништо повеќе, затоа беше и денешната борба, за власт, за моќ, за пари, а не за тоа што Талат Џафери стана претседател на Собранието, ги заболе нив и за народот и за државата, личниот интерес им е најбитен. Ама за жал секогаш постоеле, постојат и ќе постојат не доволно информирани луѓе кои мислат дека тоа што им го кажува лидерот на нивната партија, е вистина, или пак тоа што се кажува на телевизија, тоа што се пишува по весниците, е вистина. Кога би знаеле дека тие само се користат за интересите на партиите, би било сосема поинаку, ама... Исто така да не ги заборавиме и платениците, односно луѓето кои земаат пари од одредена партија само за да зборуваат во корист на неа, да протестираат, тепаат, и да прават уште многу други работи во корист на таа партија.
Ќе си легнам. Утре ќе продолжиме наспани. Побарајте помош и нека напишат на ливче ако не памтите се што ќе ви се каже да пренесете како контра удар. Се зезам де. Вмровска шала.
Ке биде кога и македонците во албанија ке се чувствувааат како во заедничка и кога овие шпунови овде ке ги гледаат интересите на оваа држава, а не на матичната
Кое ново мислење, не те разбирам навистина. Ова е моето прво мислење на тема нападот на Шеќеринска, Бонева, Митра, Станка Актуелни политички настани ти ме цитираше и велиш покасно сум допишала дека не оправдувам насилство. Не битно. Се гледа. Ниту сум насилен тип, ниту имам намера понатака да се објаснувам.
Ти кога се обраќаш вака мислиш на сите милиони албанци на балканов или само на тие 1000 што мислат лошо за Македонија? Сите во ист кош или само одредени ставаш , бидејќи тука според твоите постови ми личи дека сите не ги сакаш оти неколку ти згрешиле ?
А ти човек си со вакво "нема да ти прости." Веруј дека Бог не се замара со вакви глупости, а тебе ти фала, барем нешто паметно да излезеше од тебе наместо да буцкаш.