Анксиозност

Дискусија во 'Психологија' започната од dunja, 12 јануари 2010.

  1. Azzura

    Azzura Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    150
    Здраво другарчиња мили :) Како е? Јас сум ОК деновиве имам голема анксиозност, но бидејќи знам од што ми е , брзо се смирувам...минувам низ тешки мигови, знаете од оние кога треба да се донесе тешка одлука и се наоѓате на крстосница со само два пата: едниот се емоциите, другиот е разумот...Но, брзо ќе биде готово, се надевам.... :?:
    Како и да е, слатката СањаБуцка е одлично покритие за сите нас кои минуваме низ состојбава. Затоа, сега она нека не заменува малку. Впрочем, девојчето има сила да ги вади луѓето од калтта, па затоа слушајте ја 8)

    еве ви еден убав цитат за пријатен ден

    Силните личности
    знаат како да си го одржат животот во ред.
    Дури и со солзи во нивните очи тие успеваат да кажат
    ` Јас сум добро`, со насмевка.
    Господ Бог е добар.
    Промените доаѓаат.
    Господ Бог ја виде твојата тага и
    рече дека тешките времиња се минато.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    50
    Ауу што е ова млади луѓе, само да се кукало па ова темава наместо анксиозност треба да ја наречеме зид на плачот, бидејки колку што успеав јас да прочитам тука само се кука, како во пензионерски дом.
    Сајте луге каде ви е младоста позитивната енергија, љубовта навистина е жалосно да се слушне дека толку млади луге безнадежно кукат ли кукаат.
    Нормално е дека сите ние имаме и здравствени проблеми посебно од темава анксиозност, депресијата е длабоко навлезена во нас бидејки живееме во стресно време, плус со новиве комуникациски системи како што е интернетот мобилните итн се отугивме едни од други а тоа е и те како и овозможува на депресијата се подлабоко да навлегува, а најтрагично е тоа што за депресијата не постоил лек, туку треба сами да ја победиме, се разбира добро би ни дошла и помошта од пријателите соседите, саканиот итн.
    Затоа наместо да кукате тука за се и сешто и читате туѓи искуства кои никако нема да ви помогнат туку ке ви одмогнат и се подлабоко ке заглавувате и ке се чудите што вие затоа мој совет е да не лежите и чекате да умрете туку пробајте да го живеете животота не само да преживувате од денес за утре, затоа ако само преживувате тогаш штокевие животот за да живеете во страв што утре ке ве боли? Јас искрено читајки ги сите ваши постови стекнав таков впечаток дека со вас завладеала една тотална безнадежност, и летаргија и што е најтрагично сите вие сте млади луге дел од вас се и деца или тек го преминале тој праг помегу дете и возрасен. Ова ви го кажувам затоа што на темата ансиозност можам да напишам книга која ке се издава во томови, не затоа што сум докторка по професија туку затоа што сето тоа го имам почувствувано на своја кожа. затоа што сум паталец а не гаталец и многу добро знам дека од кукање нема фајде бидејки депресијата не е болест која, бара да лежиш и по неколку дена ке помине, депресијата се лечи со разговор со пријатели со излегување иако во почетокот ке ги чувствувате сите оние симпт вртоглавица, тресење на снагата несигурност чувство дека во секој момент ке паднете, но сето тоа ке помине кога ке успеете да го убедите мозокот дека е сето тоа нормално и дека тоа е нормална средина за вас и кога тојмислам на мозокот кога ке го перципира тоа како нормално сите симптоми ке исчезнат. Секако треба време и упорност бидејки без упорност нема резултати, знам дека е тешко психата да се натера да прифати некои работи но ако се предатете без борба значи дека сте кукавици и декане само ова тку и се во животот ке ве победува, и цел живот ке живеете како губитници.
     
    На kumanovcanka и eli25 им се допаѓа ова.
  3. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    *Браво за постот Сања-лазања вреди да се прочита и да се види дека некој доста напреднал во својата борба против анксот. Супер за тебе
    *Санјушке буцка мило мое и ти ми фалиш на мене ептен, тука е супер сеуште не можеме да се одлучиме дали ќе останеме или ќе се вратиме. Ако останам да живеам тука јас сепак ќе се вратам на некој период во Мкд за да се видам со најблиските и најсаканите мои и секако да запознаам некои од вас, ти си станала психолог на форумов браво која позитивна енергија ја носиш навистина секоја чест. Блазе си им на луѓето во твоја близина сигурно се насмеани 24-7. Те гушкам.
    *Нестленце мила моја изгледа изт вирус е во прашање а можно е и да е некое тровање од храна но не е опасно ништо. Мојава што вика Санја може и паметно праи сега еве ја ко дете од 7 години вози точак со старите другарки од тука (а на фах ќе иде од септември хехе)
    *Зоцеее не е нништо само слушај ги советиве на дрвојкиве и се ќе помине, знаеш и сама дека ен е така лесна состојбава за одма да помине треба време.
    *Дуња како сте ни вие, гледате Сањушов наш колку напреднал позитива на сите страни фрчи ехее. Позз до вас.
    И мене не ми е баш најдобро деновиве дали дека сум пред циклус добивање или од времево по цел ден лежам ми се врти ама некако се трудам да не му давам значење на тоа проклето вртење.
    Дечко ми дојде сабајлево ме изненади не можел без мене хехехе запалил колата и ајдее пут за хрватска хаха.
    Бидете ми добри и поздравени и бидете јаки.
    поздрав мили мои ми фалите да се средам малце и ќе бидам поактивна
     
    На SanjaBucka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. viks5

    viks5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2011
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Машки
    Нормално е да се жалиш се повеќе светот кој го креираме околу нас е се посуров во борбата за пари човекот заборави дека е социјално суштество! Имам пријатели ама вистински? Не такви велат во денешно време не ни барај сите се со тебе додека имат некаква корист! Љубов ама онаа здрава ко на мајка ми и татко ми ( 25 год во брак и уште повеќе) нема такво нешто сега постојат само луѓе кој во одреден момент се разбират и отакако ќе го снема тоа крај на приказната никому ништо и цело ова подложно на неверства и слично и ќе нема депресии и слични работи? На кого да си кажам маките ? На некој кој утре мајтап ќе си праи со тоа? Кого да сакаш кога не заслужуват ни една емоција?
     
    На oktavija му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    50
    Мила Викс се согласувам со дел од твоите констатации, дека светов е суров но набројваки ги сите тие факти де лугето се вакви лугето онакви се некако ги ставас во трето лице се некако другите се криви покварени итн никаде не се ставаш себеси. Секогаш кога ке помислиме дека нешто не е во ред треба прво да тргнеме од себе да се запрашаме дали ние некаде, всушност грешиме најлесно е да ја префрлиш вината на другите, дека другите се криви за нашата состојба и анксиозност, а всушност зад тоа се крие нашата немок да се соочиме со проблемите и да си признаеме себеси дека самите сме виновни за се што ни се случува.
    Што се однесува до твојата констатација дека љубовта некогаш била подобра отколку сега не се соглсувам иденес постојат срекни љубови како и тогаш што имало и несрекни н било се така идеално. Така ни се чини дека денес има повеке средства за комуникација па полесно се доага до информации кои ни даваат, лажна претстава дека денес е полошо од тогаш бидејки тогаш ако некој брак завршел трагично
    ке знаело само тоа село или евентуално и соседното, додекаденес за 1 час дознава цела македонија со посредство на фб твитер итн. Што се однесува до тоа што велиш па нормално дека тука, ке се жалиме ако кажеш на некој утре мајтап ке си правел. Но кое фајде што тука ке кажеш кога тоа не си ти тоест никој незнае ниту која си ниту кое е твоето име тоа значи дека доага отприлика исто како да си му кажала на домашниот миленик што те мачи, бидејки на човек навистина ке му олесни, но да застене лице или да каже да јас сум таа и таа и ова ме мачи и сакам, сите да го знаете тоа. А се друго се празни приказни и бегање од самата себе. И незнам зошто постои тој стереотип демек да се правиме пред комшиите дека ни е супер дека сме срекни итн мислејки дека, ако седнеме и поразговараме со некоја соседка, пријателка итн дека ете утре ке не трачари итн. Јас невикам дека и за најмала главоболка треба да ги смараме сите но доколку нешто, не мачи негледам причина зошто не би поразговарале со некого во 4 очи, подобро е тоа отколку овде кукавички да се криеме позади своите псевдоними. Затоа велам треба да расчистиме прво со себе и со своите предрасуди па тек потоа да ги обвинуваме другите. И не ми се допага твојот песимистички став дека каде покрај другото го наведуваш и неверството итн кое постоело и ке постои и нетреба да се генерализира дека сите машки или сите девојки, се неверни затоа што те изневерил некој кретен кој случајно се родил како машко. Толку засега од мене и дајде впуштете се во коментирање на поведри теми кои кевнесат во вас позитивна енергија, а не уште толку да се депресирате.
     
  6. oktavija

    oktavija Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    101
    Единствен начин да се ослободите од анксиозноста е воопшто да не мислите на неа. Од лично искуство зборувам, кога ќе ја почувствувате, насочете ги мислите на нешто што ви е вам убаво, и баталете ги другите, оние кои ви предизвикуваат нервоза, едноставно мислете само на своите желби и потреби и она што вас ве исполнува, а за глупави, користољубиви, лицемерни и љубоморни луѓе кои живеат за да си ја лечат психата така што ќе ги нервираат другите, иако денес се многу таквите, не вреди да се запаѓа во депресии. И јас знаев заради такви да се нервирам, за малку скроз ќе си го упропастев здравјето ама го надминав тоа самата. Научив дека јас сум си себеси поважна отколку мислењето на некој што изгледа не знае ни да мисли. Малкумина се оние кои денес вреди да ги сакаш, но и ако немаш такви во близина, пак ќе си се сакаш себеси, а другите ќе ги најдеш со тек на време, или тие тебе ќе те најдат... А за напастите едноставно игнор, и секој треба да се обидува да си го живее животот онака како што сака, тогаш нема ни да имаме време да се занимаваме со безвредни луѓе. :!: Исто така и спортот и поминувањето на слободното време правејќи го она што го сакаш се многу битен фактор.
     
  7. dunja

    dunja Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    870
    Пол:
    Женски
    Поздрав Сања лазања, :)
    добредојде на форумов за кој изгледа немаш баш високо мислење(или сум грешка)па се прашувам ...ако сакаш поведри теми зошто си тука кај нас...за да ни кажеш дека нетреба да го посетуваме????
    Во многу работи се сложувам со вас, на пр. дека премноу се жалиме...да, има вистина во тоа, но поголема вистинае дека многу од девојкиве токму по вклучување на форумов си кренаа на нозе..на пр.Сиело...таа буквално стана од кревет, па потоа Азура, па Адела.......еве врати се наназад и ке видиш дека е така....јас прва се пожалив, мене многу ми значеа првите постови на Ликси и Лејди :* јас буквално се празнев додека пишував,прашував за многу работи .....
    Втора работа ...форумов е место за размена на искуства...како кој ја победил анксиозноста, како се справил со неа...не велам дека форумов ке ни ја избрка анксиозноста, но барем за совет,информација повеќе...секако дека е вистинското место.
    Трета работа...ние станавме Ф Б пријателки баш од форумов и сезнаеме кој које ...не сме никој за другиот..таму си гледаме слики, си разговараме и си закажуваме дружба..еве на пр. Ферхунде и Сања Буцка веќе си имаат гости....и уште некој...незнам во моментов...Јас и Ферхи сме од ист град, ново пријателство,незнам зошто мислиш дека е кукавичко криење зад псевдонимите???ако етака зошто вие се крстивте Санја Лазања , зошто не си го напишавте целосно вашето име и слика не ставивте????Премногу контрадикторност сретнав во вашиот пост...но како и дае..ако решите да не дружите најпрвин би ве замолила да ни ја кажете вашата борба и победа....нас на форумов не интересира како да најдеме начин и да си помогнеме да ја надминеме многу тешкава состојба, првенствено тоа, аотом-потом која сте,дали сте Ферхунде или Нерџла...не еважно, важно е да најдеме пат, аго бараме токму тука...

    Значи,јас би сакала да слушнам кој беше начинот на вашата победа на анксот...да ја слушнам вашата приказна уште подобро од вас зашто ако разбрав сте лекар.Зошто тоа не го направивте???Тоа ке биде сигурно од корист за сите девојки дури и за упорната Зоце...може ке ,,купи,, некоја идеја од вас ке ја спроведе на дело..
    Поздрав до сите мои девојчиња и до Октавија..која на прва ни даде неколку совети за надминување на анксот. и не утеши велејќи дека има надеж и начин за излез од оваа состојба.
    Не лути ми се, те молам ...ама форумов постои мн.одамна , помогна на многу луѓе, разјасни многу нејасни работи.....и е наше место за празнење на негативната енергија.

    Зоце зошто не одиш на лекар ти се молам послушај не....лековите смируваат и помагаат дасе опуштиш и сите овие симптоми ке ги снема вака само се мачиш...ајде тргај утре!!! :!:
    Лека ноќ!!!
     
    На Azzura и SanjaBucka им се допаѓа ова.
  8. bllakce

    bllakce Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    28
    bravo za tebe dunja.site nie si imame problem ako nemam nema da pisuvam vo cetiri po polnok tuku ke spijam.so ovoj forum se osekame podobro kolku poveke iskustva tolku podobro za nas.a koj mu smeta ima drugi poveseli temi neka gi cita niv.pozdrav.
     
  9. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Значи Сања Лазања драга, вака ... Прво не можеш да им кажуваш на луѓето што да пишуваат на овој форум, самиот носи име кое е проследено со низа настани од тој тип. Секој еден од нас е индивидуа за себе и не можат сите да бида Ти, зашто јас така доживувам , како да треба да се прифати сето она што го зборуваш. Секој од нас има право на свое мислење и излагање, а ние кога сме веќе дел од ова, значи сме прифатиле да читаме и да возвраќаме соодветно. Твоево излагање не можеше да ме остави рамнодушна, сега ќе ти кажам и зашто ... Да бев јас уште во моите анкс денови, твојов пост ќе ме докрајчеше. Човек во анкс состојба не може толку трезвено да ги гледа работите. Земи ја на пример Зоце, она е толку млада и наивна, неискусна , и во неа влегол стравот кој не може така лесно да се искорени и единствена утеха наоѓа во нас . Што ќе биде ако сите почнеме да пишуваме така?! Кога дојдов на овој форум, јас очекував дека ќе наидам на жалење и кукање, не мислев дека рози цветаат. Искрено, можеби сум малку груба, но тоа е мое мислење, и верувам дека ти не се согласуваш со мене, но тоа веќе не е мој проблем. И навистина се чудам зашто вакви коментари од тебе ако си го "прележала" анксот?! Многу добро би знаела како им е на овие луѓе ... Јас скоро ја победив борбата со анксот кога прв пат оставив коментар, но бидејќи знам како се одвиваат работите додека си под нејзиното магично стапче, решив да поделам неколку искуства и совети. Можев и само да кликнам на Х-от и да заборавам дека некогаш и јас сум имала мака, но во тој случај би се изгубило моето ЈАС! Точно е дека ние самите треба да си помогнеме најмногу, но и секое искуство е добредојдено. Тоа што се криеме сите под псевдоними не не прави губитници, туку ни остава доза на резервност додека запознаеш една личност, нормално е дека не можеш веднаш да се претставиш, никогаш не знаеш на какви луѓе ќе наидеш. (како што кажа Дуња, ние се знаеме веќе скоро сите, пријатели сме на ФБ). Овде постанавме како едно мало семејство и те замолувам не го руши тоа. Не ме сфаќај погрешно, НАВИСТИНА ми е мило ако ти си успеала да го победиш анскот на таков начин, но како што реков, не се сите исти, различни сплет околности се во прашање овде кои довеле до една ваква ситуација, затоа и секој различно реагира. Зарем мислиш дека било кој од луѓево овде сака да се жали, да седи пред компјутер и да чита сваштарии, наместо да излезе да прошета и да ужива во се' што носи животот??! Не драга моја, верувај дека сите сакаат да можат слободно да си ги спроведуваат обврските, но нажалост се спречени од еден терор, затоа најфино те замолувам да не се обраќаш со таков тон, затоа што има луѓе што сеуште се со надразнети чувства и ова може да го сфатат многу погрешно ... Извини ако ги навредив твоите чувства, но само реплицирав на твојот пост, но не значи дека треба да го прифатиш Ти ова мое мислење ... Благодарам ...

    Поздрав драги мои, како сте ми вечерва? Сигурно пола од Вас ми се во најслаткиот сон ... :) Добра ноќ ... :)
     
    На danika му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Tотално се сложувам со Дуња, Сања БУЦКА и Блакце, ова си е наше катче и ние се разбираме, а тебе девојко ако не ти се свиѓа можиш да си одиш на повесели теми слободно, никоој не те држе со сила тука, а ако веќе сакаш да ни пишеш за твојата борба и да имаш по позитивен или по отворен пристап слободно, ако не, немој молим ти се не со таков став кон нас, ок?
    Ти ќе пишеш какви кукавици сме биле или сме се криеле, абе ајде, да прочиташ се убаво од почеток ќе ти стане јасно за што си пишеме ние и всушност која подршка си ја имаме,и колку си помагаме една на друга, но секако дека немаш прочитано, немој да билдаш постови за џабе ок ?
    Бев груба, но си заслужи.
     
    На danika и SanjaBucka им се допаѓа ова.
  11. malo-84

    malo-84 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    8
    Здраво . Малку вака пивната само да си ги поздравам моите најсакани другарки од форумот, кои навистина ми значат и се со мене секогаш, без разлика што ќе поделам, убаво или тажно ..ве сакам луѓе, знаете .. немој да ме карате што се изгубив малку, тука сум со вас, ве читам и не можев да останам рамнодушна. Ако треба нека ме банираат ама ќе си земам за право да бидам груба према дотичната Сања Лазања . Драга моја, секоја од овие девојки е посебна и храбра и бара свој начин да се избори. Кога ќе поминеш нешто многу е лесно да кажеш не кукај со тоа ништо не постигнуваш, сите овде сме го сфатиле тоа многу добро, сите ние сакаме да си го живееме животот со полна пареа ама во тие моменти на секоја од нас и треба мала помош за понатаму, а мене искрено ме полазија морници од твојот пристап

    П.С Ако вака со овој пристап ја напишеш книгата од 4 тома за анксот, сите умревме од него .. груба сум знам и не ми е гајле, ако имаш нешто да ми кажеш, пиши ми во лп, да дојдам да ме просветлиш ..
     
  12. ferhunde9

    ferhunde9 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 мај 2011
    Пораки:
    106
    Допаѓања:
    38
    Значи да не се повторуваме се што напишаа sanja dunja blakce i anuska го мислам и јас и се сложувам со нив само едно прашање имам за драгата ни sanja lazanja
    не приметив дека ти си потпишана со ЦЕЛО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ :?: :?: значи како и самат што велиш дека треба прво себе да се преиспитаме какви сме нормално би било и ти прво да се претставиш па потоа да даваш забелешки зашто сме со псевдоними
    ако и самата си била анксиозна како што велиш ова никако не би го напишала на луге кои сакаат да излезат од овој лавиринт и верувај дека овде на форумот нема никакви КУКАВИЦИ како што ти ги нарекуваш а уште помалку ГУБИТНИЦИ (инаку многу груб збор) сите се храбри девоји,жени,момци многу похрабри од колку што мислиш ....има уште многу da пишувам ама се е веке кажано па да не се повторувам

    Поздрав за сите мои ЛАВИЦИ гуш-муш :hug: :hug: :hug:
     
  13. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    98
    форумов е место за дружење и за кукање и за се односно за вистинско пријателство од луге што се разбираат и мегусебно си помагаат . маката е помала кога се дели како што и радоста е поголема кога се дели . мене ми беше многу тешко пред отприлика 2 месеци но ете се поминува кога има со кого да поделиш . многу е тешко кога мислиш дека само тебе ти се случува но кога ке видиш дека многумина поминуваат низ тоа и не е ништо страшно стануваш појак и знаеш дека баш ништо не ти е. тука не делиме само паничарски искуства тука делиме се ... здравје лјубов ...секојдневие . темата анксиозност премина во тема вистинско пријателство барем јас така ја доживувам. фала му на господ немам проблеми со паники и сл работи веке но тука сум како што напишав еднаш се до онај момент кога форумов ке остане празен а дотогаш ке ви кукам ако ми е нешто :D и ке ви се фалам кога ке има зошто :D битно ке ме трпите :rofl: .


    ова не е обичен форум овде се грижиме една за друга
    ве SAKAM бе мои најхрабри девојки навистина ве сакам :* :* :* :* :* :*
     
  14. nadez31

    nadez31 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    24
    i jas kako ostanatite da ne se povtoruvam mislam deka Sanjalazanja bas i ne e vo pravo so nejzinite postovi pa eve edna narodna pogovorka do nejze od mene"SIT GLADEN NEVERUVA"ako uspee da ja razbere,pozdrav najmili moi na forumov :* :* :*
     
  15. Cielo5

    Cielo5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    98
    *Јас изгледа навистина поинаку сваќам некои работи будалетинка сум си.
    Јас Сања Лазања ја сватив како да поминала низ ова нешто бидејќи вели прашј паталец, а не гаталец и дека вика ајде не кукајте и сватив како храбрење сега нз дали грешам, но навистина јас ја убедувам и Сања Лазања и сите останати кои ќе го отворат овој форум дека навистина е од помош.
    За многумина од нас секој збор напишан од останативе прекрасни девојки е подршка за да одиме напред, да не с епредаваме на анксозноста и да ни биде подобро.
    *Убаво кажа Дуњајас буквално мн се подобрив со помош на нејзините и советите на останатите членки, само ние кои поминуваме низ ова се разбираме меѓусебе како никој др што не ме може да не разбере.
    Мене ми е стварно од помош и секоја девојка ја чувствувам мн блиска бидејќи поминуваме низ истото, воедно сум и благодарна за секој совет и мислење кои ми помагаат да гои надминам опва.
    Поздрав мили мои ве сакам
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Прво, ќе ја замолам Sanja-lazanja да ги смали навредите и тонот, па потоа да продолжи да пишува на темава. Во спротивно ќе бидат превземени мерки.

    Второ, темава не е тема од затворен тип, секој може да се приклучи и да даде мислење, секако во границите на нормалата, без навреди и конфликти. Доколку нечие мислење не ви се допаѓа едноставно игнорирајте го, не сте должни на се да реплицирате.

    Трето, неколку пати бевте замолени да ги почитувате правилата на форумов за темава да биде прегледна, бидејќи, како што веќе имам кажано, верувам дека и други ја читаат и имаат корист од неа, но тоа не наиде на соработка од ваша страна, за жал.
    За темава да си ја добие својата прегледност и да личи на темата каква што е, мислењата напишани на латиница ќе бидат избришани, исто така и доколку има две мислења едно по друго, второто ќе биде избришано, па можеби потоа ќе го редактирате постот. Доколку некој има проблем со кирилицата може да прочита тука za-forumot/koristenje-na-kirilica-i-pravila-za-pisuvanje-na-mislenje-t747/, а доколку се уште имате било какви нејаснотии моето сандаче е отворено во секое време.
    Ви благодарам на вниманието :)

    Латиница, да, фала Сања на исправката :)
     
  17. SanjaBucka

    SanjaBucka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    460
    Реинбоу, мислите на латиница?! :) .. Секако Ве поддржувам за кириличното писмо и граматиката на Македонскиот јазик. Така се надоградува и нашето знаење.

    Сјело мила, јас знам што сакаше да каже СањаЛазања, но токму затоа напоменав дека не се сите исти и дека не сфаќаме сите исто, особено не оној дел каде што е повишен тонот. Во ред е да се изјасниш, но не и да наметнуваш мислења, притоа со мала доза на навредливост, затоа што никој на овој форум и веб сајт не сака да се здобие со епитетот губитник. И се извинувам ако јас некогаш несакајќи сум навредила некој со искажување на малку строгост во моите постови :).

    Инаку како си ми ти Сјело? Читам многу пријатно изненадување си имала пред некој ден, ха? :devil: Секоја чест за момчето, е тоа е навистина дечкич кој не треба да го испуштиш од раце :) . Се надевам дека си добро и дека ти прија Кроејшс-ката клима :)

    Како сте ми останатите?! :) Јас не сум спиена неколку дена и практично сум како под дејство на некое дрогиче, ама убаво ми е, само си се смеам ... Ве гушкам и бакнувам сите, имајте ми убав ден :) .....

    И СМЕЈТЕ СЕ И САКАЈТЕ СЕ, нек пукну душмани! :rofl: :inlove:
     
  18. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    ОД БУЦКА ПетраПанка, да, уште играм кошарка, но не професионално, само рекреативно и може да играме кога сакаш ... спремна си да изгубиш?! :P :D

    ЗА БУЦКА :D иако долго време немам играно , сепак предизвикот е прифатен а за поразот/победата ќе се зборува на големо :D :D ајде да направиме една партија? од каде си?

    пс- да не испадне дека се правдам (за поразот) ама немам играно 10 години сигурно 8)


    Поздрав до сите , кукање не кукање ние си најдовме тука пријатели , утеха, поткрепа
     
  19. sanja-lazanja

    sanja-lazanja Нов член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    50
    Епа вака дури сега ја сватив поентата на една лична порака што ја добив сега, и свакам дека рециси сите сте ме сватиле погрелно освен ciolo5 и еве јавно ви се извинувам и покрај тоа што на некого ветив дека повеке нема да пишувам на оваа тема ке направам исклучок, за да ви се извинам на сите што се најдовте навредене а намерата ми беше сосема спротивна но имаше право особата која ми укажа дека сепак понекогаш на таквите луге треба да им го кажеш она што сакаат да го слушнеш а не вистината, бидејки некако сме пречувствителни кога сме во таа фаза и тоа е сосема разбирливо.
    Што се однесува до прашањето зошто јас велам дека треба со име и со презиме да се престават пред да зборуваат за својот проблем? затоа сто така поубаво ке се цувствуваат ке знаат дека казуваат за себе зборат во свое име но нејсе, јас не се обидував да го раскажам мојот проблем туку се обидов да ви укажам каде грешите но не е проблем ако сакате можам да се претставам со име и презиме и ако треба матичен број. Второ cielo5 многу добро ме разбрала дека и јас сум поминала низ сето тоа, и ден денес поминувам само со понамален интензитет така да не зборувам напамет туку, од лично искуство.
    И уште само да одговорам на заканите на Rain bow,дека ке биле превземени мерки проств мене што ке ме исклучите од форумов? Само затоа што сум изнела личен став, слободно исклучете ме мене не ми зависи животот од форумов ниту пак ке престанам да функционирам без овој форум, но само претходно кажете ми кое правило сум го прекршила, кого лично сум го навредила. Ако не успеавте да препознаете бодрење кое ви го покажува патот по кој единствено ке можете да излезете од тунелот тоа е веке ваш проблем. Јас само се обидов да ви укажам дека без борма со депресијата и упорност неможете да ја победите бидејки не е како останатите болести за кои е доволно да мирувате,и земате терапија и се е ок со депресијата треба поинаку да се справуваме, но доколку вие мислите дека е тој начинот со читање на туги проблеми, и што на другите им се случило тогаш тоа е ваш проблеми мислам дека сте во погрешен правец. И уште на аида да и одговорам вели оваа тема станала као место за дружење, каде што колку што успеав да сватам се разговара со лични пораки од типот како си ми ти што правеше денес итн, и да ги запрашам администраторите како во другите теми не се дозволува ни милиметар да се мрдне од прашањето т.е темата а овде може во другите теми одма се укажува дека е тоа of topik и незнам зашто е полесно да се напише of topik отколку надвор од темата и ако може да ми одговорат зошто оваа тема е приватизирана малтене повеке од фб. Поздрав и ви посакувам што побргу да излезете од таа состојба, и не го барајте виновникот во мене или во некој друг кој што ке ви укаже на некои работи туку побарајте го во себе и запрашајте се дали секогаш се обидувате да одите по линија на помал отпор па виновникот наместо, во себе полесно е да го барате во другите.
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.260
    Допаѓања:
    67.820
    Пол:
    Женски
    Правилата на темата се поставени, секое мислење што ги прекршува ќе биде избришано.
    Ве молам продолжете со дискусијата :)