Мене веќе 10 дена ме боли речиси секој ден главата. Најчесто од прво апче не ми поминува, туку комбинација на Нимекс со лексилиум. Знам дека е од времето, беше сончево со 23/24 степени, па одеднаш снег, дожд, 15/16... Ама па барем дома сум, лежам претежно цело време и тоа со исклучок на утрото, цел ден со спуштени ролетни во темница. Во секое негативно нешто се наоѓа позитивно, само треба да се поработиш на тоа. Дома сум бидејќи ме откачија од работа. Ги разбирам, но се надевам дека кога ќе пројде ситуацијава дека ќе ми се јават да се вратам. Дали ме депримира тој факт? Не. Надвор од моја контрола е, не можам ништо да направам околу тоа. Но затоа ќе го искористам времето кое следи целосно да одморам, физички, психички, емоционално... Во секое негативно нешто се наоѓа позитивно, само треба да се поработиш на тоа. Дали ситуацијава ми ствара анкциозност? Да. Но не претерано многу, бидејќи кристално јасно ми е што е во моја контрола, а што не. Претпазлива сум колку можам повеќе, па што биде - биде. Ако бидам целосно реална, муабетите на работа околу короната ми создаваа најмногу стрес. Сега барем не ги слушам. Во секое негативно нешто се наоѓа позитивно, само треба да се поработиш на тоа. Исто така муабетите тука на форумот, отров се. Поради нив се решив ретко да го посетувам форумов и тогаш кога ќе се вклучам, да не читам корона муабети. Го пратам Венко на Фб и тоа ми е сосема доволно, чисто да бидам во тек со нештата. Во меѓувреме, разговарам на steam и discord со луѓенца низ балканов, со кои и играм разни игри. Играме, се зезаме, се смееме... всушност тоа и го правевме пред коронова, но сега е утешително на многу начини. Редовно разговарам со дечко ми и повремено се гледаме. Кога сум сама, што е поголемот дел од денот, читам книга (при крај сум со "Rendevous with Rama"), гледам филмови (вчера изгледав 3 анимирани и топ ми дојдоа), гледам серии (моментално омилена ми е "Devs"), готвам (ништо ново, само сега многу почесто), слушам музика (во последно време се опседнав со "Grateful Dead"), слушам подкастови (претежно "Stuff You Should Know"). Сега барем можам да не работам и да си правам што сакам по дома, а притоа да не чуствувам вина и грижа на совест. Во секое негативно нешто се наоѓа позитивно, само треба да се поработиш на тоа. Се' ќе биде океј, само мора да бидеме трпеливи, а во меѓувреме претпазливи. Не очајувајте како ова да е засекогаш, на тој начин само ја потхранувате анкциозноста, а навистина нема потреба да си одите сами против себе и да си создавате непотребни негативни чувства кои лесно може да се одбегнат. Како лесно? Така што: 1.) Ќе сфатите дека врз некои нешта едноставно немате контрола, јебига, тоа е дел од животот; 2.) Минливо е, имајте трпение. Знам дека сум досадна, но: во секое негативно нешто се наоѓа позитивно, само треба да се поработиш на тоа.
Мене ми се суши устата и омалаксаност осекам.... И одма филмови дека нешето не е во ред со мене... Половинка лексилиум се напив ама како без ефект.. паники ме факаат моментално
Сите се осеќаме така, но како во горенаведениот пост од @MissChievous , се ќе помине и само со позитивни мисли. Откачи се што те прави да се осеќаш лошо. Ќе биде многу подобро, верувај! )
Колку време може да ме болат мускулите, да осеќам како да ми играат и трнење..? Не можам да издржам веќе Ве молам да ми каже некој..
Napij se i analgin.. da pomine bolkata.. I ne sedi na net.. pravi nwsto.. kolky sto ja sakam ovaa grypa tolky isto i ne mi prie bidwjki site simptomi na sebe si ti prepisyvam.. citam prasyvam i ustvari celo vrewme mislam na anskot
Сега на своја рака, за да се опуштам.. Матичната ми кажа уште порано дека ако некогаш осетам потреба да се напијам да земам, само во навика да не ми пријде... Веќе подолго време го практикувам тоа, но има периот кога по недела две, месец да не се напијам.. но има и кога цела недела секоја ден си пијам по пола. Сега анксиозноста ми е на најјако пуштена така да морам... Ако знаете нешто друг начин, кажете
Здраво дечки Можеби ова не е за тука но прочитав доста симптоми на анксиозност и доста ги препознав кај мене, затоа решив да споделам. Ако може некој совет. Одсекогаш сум била плашлива личност се повлекував во себе. Бегав од проблемите и не сакав да верувам дека е вистина. Последниот период, всушност подолг период сум многу напната, нервозна се ми смета. Дури и звук од предмет ми претставува проблем како да се плашам. Се осеќам празно, неможам да сфатам веќе што сакам што не, дали постапувам правилно или не. Поминав низ доста проблеми уште од мала. Дојдов до ситуација кога сите работи кои биле и не се случиле порано да ме мачат. Мислите ми се цело време преокупирани со тие работи. Работи за кои се кајам што не сум ги направила иако сум свесна дека не сум имала ни шанса да ги направам а се работит за возможни работи. Осеќам дека никој веќе неможи да ме трпи ваква т.е ни сама не се поднесувам а неможам да се контролирам. Доплнително ме напнува и моменталнава ситуација.
Како сте ? Дневен извештај барем времево да беше поубаво да видевме ведро небо се надевам ќе се поправи деновиве ми фали синото ми влева надеж
Хелексот не ми прија По лошо се чувствувам од нив, имам пробано.. А лексилиумот ме смируваше, но вчера незнам што ми беше паники целата Инаку дечки вие како сте??? Јас денеска работно и ми летна дента