Jas pocnav sweps si pijam nekako me smirva I cokolado bilo crno ili obicno I ne misli.kako pomina na Rab?
Здраво феминки, овој пат пишувам не за себе, туку за личност која случајно ми пристапи на фејсбук, повозрасна женичка од друг град, не од Скопје. Женичката ме моли за помош да ѝ препорачам добар психијатар во Скопје, спремна е да доаѓа до Скопје, очигледно од психијатарот кој ја лечи во нејзиниот град не е задоволна. Ве молам за предлог, женичката е во многу лоша состојба.
До пауза никако едно време готово мислев ќе паднам,потоа се најадив,ми дојде и ми олесна ,ама вчера сите се жала дека не се добро можеби од времево
A kade rabotis? Sedis ili stois? Jas sum vo dvizenje I edinstveno mi smeta nestabilnost ama pocnav da ja ignoriram I maskata me nervira a TOA e ke se izdrzi
И јас работам во движење,не баш интезивно ама на нога ми е работата, подобро него ли со седење,од тоа седење си го запусти грбот и спондилоза си добив,а на маските се навикнав веќе една година ги носиме
Луѓе јас многу време се борам со ова непријатно чувство уште кај немав идено сите резултати одлични а мене не ми беше добро паники, трнење на нозе, раце, страв од висок притисок и уште што ти не... пиев Демитрин и Пароксетин година ипол и ги нагло откажав...ми стана полошо отидов во центар за биоинформатика на Водно таму испитувањата покажаа дека нервниот систем ми е крахира до крај а и мозокот не ми лачи хормон за среќа.. ми дадоа некој процесори и некој масла за 2 месеци осетив големо подобрување фала му на господ...моја препорака да си пробате таму нема хемија нема ништо. Поздрав
Колку чинат прегледите, и третманите. Мене ми имаат препорачано за друго, но ми имаат кажано дека е малце поскапо, па ме интересира отприлика како се движат цените. Може да ми пишеш лп.
4000 чини прегледот ти кажуваат од пети до глава кај имаш дизбаланс се што не функционира како што треба а третманот за цело тело и за сите системи е 26.000
Да ви кажам дека излез има од оваа ситуација, многу имаа прашувано нагоре дали некогаш се излегува од оваа проклетија и да ви кажам се излегува, ама треба време и мислата сама ќе си замине, многу пати имам доживувано вакви работи и многу пати сум се извлекла скроз, но ми се појавувале за различни работи одново, моментално сум пак во тешка ситуација, се надевам дека и овој пат ќе излезам како победник од оваа борба, а исто и вие, не се откажувајте, сите околу нас ни велат да мислиме позитивно ама не сфаќаат дека во вакви моменти тоа е многу тешко за нас, или диши длабоко и ќе ти помине, еј не поминува така, само треба време и само ќе си замине, на сето ова гледајте како на еден тест, тест кој ќе ве направи посилни, а дека некој што не доживеал вакво нешто ќе не сфати, тоа потешко, затоа сме овде, пишувајте сѐ, отворете се, тука сите сме со ист проблем само за различни работи, ќе се поддржуваме, бидете силни
Дечки имам еден проблем ова не е поврзано со анексиозност, имам синуси, затнат ми е носот со месеци секојдневно ставам Септоназал ама еве втор ден наутро станувам да го издувам носот и секретот ми е помешан со крв, што може да биде ме фаќа страв???
Сакам да ве прашам нешто. Дали може да се врати состојбава ако еднаш помине целосно? Мене ми кажаа дека мојава состојба е акутна и дека нема да се повтори. Но, некои викаат дека и понатака можат да ми се јават симптоми. Што мислите вие? Дали поминува еднаш и засекогаш или на некој му се повторила?Малце ме уплашија дека е можно после некое време откако ќе оздравам да ми се врати