Борци ај мала помош.Пред 6 години имав немил настан самоубиство на блиска личност,добив анксиозност и јако панични напади бев на терапија 1 годона со есцителопрам и хелекс(хелексот по потреба ) и после една година бев супер се до Ноември месец кога повторно добив од нигде никаде јак паничен напад но причината е следна во Април месец се преселив во Германија и до Ноември бев за моите деца и сопруг добив емаил за нивната виза прејака среќа и се случува ова... се мачев добри 6 месеци да не почнувам терапија но безуспешно се повеќе запаѓав дојдов во Македонија зашто тука неможеш да добиеш термин за психијатар отидов кај мојата докторка Соња Невестиќ ми препиша парохетине 10мг и хелекс 1 месец 2х1 потоа 1 месец 1х1 и потоа по потреба. Веќе 4 недели ја пијам терапијата но за жал не чуствувам подобрување туку како да ми е полошо со позачестени панични напади некој од вас што го користел парохетинот колку време му треба да почне да дејствува и да бидам ок или треба да барам друга терапија? Исто така би ве замолила за добар приватен психијатар во Скопје би сакала да идам на 2 мислење
Дечки дали на некого му се случило да има дефокус на очите, на момент почувствував како превртување на очи, не знам како да го опишам. Ме фати паника, а работата ми е пред компјутер, дали од замор или е нешто друго. Некогаш сум почувствувала како да не можам да ги држам очите отворени и притисок на челото.
Здраво на сите! После многу поминати стресни ситоации ептен се дружам со анксиозноста. Посебно од кога се породив пред две години почна да ме мачат мисли дека нешто ќе ми се случи мене (болест,имам секакви сценарија од тешки болести, незгоди) и ќе го оставам детето без мајка, или на него нешто да не му биде или на таткото и така живеам во грижи и страв . Не е нон стоп меѓутоа кога ќе дојде буквално сум пред паничен напад, а имам и плачено кога ќе ме совладаат мисли. Претходно не сум имала такви стравови. Сум била анксиозна и хипохондрик да, по прегледи нон стоп ама ов ми е некој нов вид на страв што кога ќе го спомнам само ми се заледува телото.
Не си сама во ова.Јас сеуште немам деца,не сум мажена,ама имам црни мисли за се и сешто.Се трудам да ги шутнам.Понекогаш ми успева,понекогаш не.Само гуглам по интернетов,и сто пати ми е речено: не гуглај,не читај се и сешто,пола интернет се глупости.Е сега се обидувам да не гуглам симптоми на болести,туку си барам решенија.Најдов,поточно налетав на телевизија за Second brain.Се консултирав со специјалист по фрмација и ми рече дека е полн погодок составот.Тоа се кесички кои се пијат директно.Создаваат позитивна микрофлора која го покачува серотонинот и функционира многу брзо.А не е да те зашемети или да создаде зависност.
Да да тоа гуглањето прави многу проблем знам и повторно гуглам. Многу е лошо кај мене што одам по прегледи за се и сешто некогаш и на второ и трето мислење и не сум повторно сигурна што ако нешто испуштиле или не виделе и таа моја состојба крај нема. А се е то последица на промаршената дијагноза кај мајками, мислам дека од тамо иде не довербата во докторите. За second brain не сум слушнала до сега ама може да се проба. Фала ти на информацијата и советот.
Знам дека на многу луѓе паничните напади им се јавуваат ненадејно, но не и кај мене. Кај мене се јавува откако ќе осетам некоја болка. Претходниов викенд сама си го уништив иако реков дека ќе гледам серии, ќе се опуштам конечно после толку работа, и вечерта со дечко ми ќе одиме на коктели. Што се случи? Излегувам од бања, и наеднаш осетив пецкање во градниот кош од лева страна. И од тој момент се отиде надолу. Пулсот ми се качи, почна да ми се врти, осеќав ко да се гушам и готово си реков јас отидов. Се прибрав некако, вода со мраз, вежби за дишење и пецкањето ми попушти. Сите планови ги откажав пошто не можев да престанам да мислам зошто ме пецкаше. И така, сеа сум ок, но секојпат кога и да ме здоболи нешто, а особено гради и глава, толку од расположението.
Деновиве пробувам да се движам повеќе по препораката, ама мислите ми се пооптеретени. Претоплово време ми додава и на нервоза.
Јас мислам дека паниката дошла од самото очекување што ќе биди и малку страв ајде барем 7 дена нека поминат и пиши како се чуствуваш...
Zdravo na site. Dolgo vreme ne sum se custvuvala vaka. Porodena sum pred tri meseci. Se bese super, ama eve denes ne se custvuvam dobro. Osekam trpneenje na jazikot, ne mozam da zboruvam i celo telo mi se tresi. Vo tekot na bremenosta imav stres I momenti i koga se porodiv. Osekam kako grutka da imam vo grloto i kako da ne ja osekam glavata. Mislam ke si go goltnam jazikot. Mnogu loso sum. Dali nekoj se custvuva vaka? Dali da odam na Brza Pomos?
Дали е нормално да се осеќаме тага...? Се поврзав си еден човек и лом ме напраи емотивно. Јас верував во нас. Плачев 2 дена, ни дијазепам не ми помага..... И осеќам ко тежина на градиве, тага... Болка. Плачам ко ќе ми го спомни некој него.... Веќе 4 дена сме одделени
Полека и смирено колку можеш, да јас денес бев катастрофа, пробувај да е фатиш за било која друга работа каде што ќе ти се одвлече вниманито и полека ќе поминат сензациите. Пробувај во тие ситоации само да се држиш окупирана со нешто.
Мене ми се случувало, да. Неколку пати. Како на миг да изгубам вид, не знам као да го објаснам. Нешто како краток блиц-ЦАК!-и после е океј. Не знам до што е... Дали е до анксот, дали до терапијата... Ама не се секирај, ништо страшно не е. Башка, сега е и жешко. Инаку, јас сум МНОГУ заникаде веќе извесен период. Денес, на пример, цел ден спиев, со тоа што синоќа цела ноќ не спиев. Не сакам да се вратам на стариот начин на живот ама, од друга страна, не можам против психата. Аман веќе!
Ако осеќаш дека ти е полошо инсистирај да ти ја смени терапијата и баш треба да ти биде погодена за да ти е подобро. Мораш самата да си даваш сила, со децата, со мажот. Вака ништо не правиш, немој да се тревожиш. Давај си причини за радост. Не си виновна за нечии постапки без разлика што личноста ти била блиска.
И јас имам анксиозност , поточно мојата е социјална повеќе.Едноставно не можам со зборови да го опишам тоа чувство кога треба да излезам со некое друштво , наместо да уживам јас цело време се грижам за х причини , си мислам дека тие во друштвото ме озборуваат,дека сите ме осудуваат итн...Па затоа и не излегувам многу , си ја сакам мојата комфорт зона ,а сега и кога треба да излезам се чувствувам уште поглупо затоа што сум ги одбегнувала повеќе време.И никој околу мене не ме разбира и уште повеќе притисок ми вршат да излегувам , и веднаш почнуваат да се јавуваат симптоми на вртоглавица,гадење,болка во градите , ладни нозе и стапала.Навистина не знам веќе што да правам , а со години се мачам да ја надминам оваа социјална анксиозност.
Понекогаш е многу тешко да се носиш со ваков товар навистина, помина 1 година откако орв пат отидов на психијатар и почнав терапија, после долго мачење и посетени 200 доктори. Бев избезумена, исплашена, немав воља за живот, имав ужасни симптоми, само читав и отварав гугл, кај и да видев доктор одма одев и закажував, не јадев, ослабев премногу, повраќав, имав страшно главоболки и вртоглавици, ме мрзеше се да правам, сакав само да лежам и спијам, плачев постојано, мислев дека ќе умрам, дека нешто ќе им се случи на моите деца, на мм..... Ама ете решив и сама да променам многу навики кај себеси, сменив живот, се сменив себеси и почнав повеќе да се сакам, са вежбам, да јадам здрава храна, да готвам, да имам активности со децата, да шетаме секој ден, итн итн.... животот ми се промени да, подобро се справувам со се ова, ама секогаш постои тоа мало ѓаволче да ме потсети дека имам анксиозност, ама јас се научив да го бркам, и така заборавам.... не дека ми е лесно, ми смета и времево, знаат доста физкчки симптоми да ми се вратат, ама пробувам да се справам, тоа е. Само борба, борба со самите себеси, прифаќање на сета оваа состојба, посета на стручно лице секако, и секако решителност дека сакате да успеете, трпение спасение.
I denes mi e loso tesko zboruvam kako grutka da imam i jazikot mi trpnee. Pomagajte ne mozam poveke. Ke odam na Brza Pomos. Se neubavi misli mi idat kako da e nekoj tumur vo grloto ili teroidnata. Samo si placam koga ke si gi pogled am kerkickite. Mislam deka ke umram i nema da gi gledam kako rastat. Ednata e dve ipol godini, a drugata e 3 meseci. Pomognete mi ve molam. Ako imate i vie vakvi simtomi.
Бидејќи си скоро породена, можно е да станува збор за пост породилна депресија. Те молам закажи термин кај терапевт час поскоро, и само разговор може многу да смени. Не си сама, дури има и тема на форумов за тоа
Овој проблем не се лечи со лекови. Од искуство ти кажувам. Да, ќе те смири на час два, ќе ти помогне да заспиеш и после пак исто. Разговарај со свештеник. Колку и да не сум верник колку и да не почитувам црква и се тоа можам да кажам дека лично мене многу ми има помогнато. До мислите тие, ти останала таа случка во глава и едноставно тоа те стопира. Пробај, не те чини ништо.
Zdravo na site. Ovie dena sum mnogu loso, ne mozam da funkcioniram normalno, ne mozam da jadam kako nekoja grutka da imam vo grlo, me boli glavata i osekam treperenje po celo telo. Se mislam da odam na Brza Pomos. Pomagajte ne mozam poveke. Se si mislam deka ke umram i decata ke ostanat bez mene, a premnogu se mali. Dali nekoj se custvuva vaka? Ne mozam da izdrzam poveke.
Полека, смири се, диши длабоко. Мораш да ги насочиш мислите кон друго, во тие моменти наоѓај занимација, обврски за да не мислиш на тоа. Знам дека е тешко ама мора да бидеме упорни за да се отргнеме од оваа чума. Јас си се прашувам зар цел живот ќе живеам вака, со вакви мисли и стравови за се и сешто. Ми се смачи веќе одењето по лекари.