Тоа што го доживуваш ти е од анксиозните напади. Мора да сватиш самиот дека во тој момент не можеш да се онесвестиш затоа што срцето ти чука забрзано и имаш поголема количина на крв и од таа причина не можеш да се онесвестиш. Јас го имам истиот проблем само што не пијам апчиња и некако успеав да ги намалам нападите. Мене искрено ми помага во тој момент кога ќе си кажам СТОП- а во превод ми значи Со Тоа Одма Прекини. И фала му на Бога се враќам во нормала. Како и да е мораш сам да си помогнеш сам да се смириш во моментот. Се надевам дека барем малку ти помогнав и дека уште денеска ќе ти престанат нападите,. За зепирата знам дека додека се прима кај женско не смее да остане бремена а доколку е прекината дозата не остава последици, е сеа за машко не знам сепак докторот најстручно ќе ти каже. Со лесно
Ги пиев зепира 6 месеци и потоа престанав. Тоа беше пред 2.5 години и сега функционирам нормално со многу запознавање на анксиозноста и со начин на прифаќање на истата и фала му на Бога сум добро. Моментално сум 8 месец бремена и едвај чекам да си се гушкам со бебушката
јас сум слушала дека не се пијат на своја рака и дека не можат да се купат на рецепт. Имам јас многу на памет и тешко заспивам. не сакам да земам тешки лекарства а имам слушнато дека вамекс бил на природна база и може без рецепт да се земе. Помагало за заспивање. има некој искуство со вамекс?
od site preparati na prirodna baza mene vamexot najdobro mi deluva... 2 tableti skoro isto dejstvo kako diazepam mi deluvaat
Зепирата само на рецепта се земаат ама не помагаат за заспивање. Гледај ако можиш да не користиш лекарства воопште/ Мене докторот ми препиша и дека можам по 2 хелекса на ден ама ниту едно до сеа во сите овие години не сум се напила. До пред една година само ги носев у ташна да знам дека ми се таму и самата психа ми беше помирна бидејќи знаев дека ако има потреба одма ќе изреагирам. Ама успеав да не се напијам ниту едно апче. Иначе сум многу против апчињата ниту аналгин не пијам фала му на Бога имам јак имунитет. Само што и да правиш не земај ништо на своја рака. Поздравче и убав ден
Здраво на сите. Нова сум на форумот и сакав да прашам нешто. Од пред еден месец почнав да добива панични напади, пропратени со силно чувство на гушење. Значи и кога ќе престанев да се потам и кога ќе ми се смиреше срцето гушењето не престануваше. Направив крвна слика, тироидна жлезда, ЕКГ, рентген на бели дробови и плуча и се беше во ред. На крај ми кажаа дека се работи за панични напади и посетив психијатар. Ми препиша Цитрам и веќе втор ден денес го пијам и многу се плашам, бидејќи досега немам пиено апчиња, релативно сум здрава и никогаш не сум била по болници. И се уште ме мачи мислата дали требаше да проверам уште нешто, да не е некој здравствен проблем. Иако овие два дена откако ги пијам симптомите се тука, но малку почесто успевам слободно да дишам. Дали кај некој друг паничните напади се манифестирале на ваков начин, со претерано гушење. Ви благодарам
@Shy&Glam дефинитивно е паничен напад. И не си единствена. Еве цела тема имаш тука https://forum.femina.mk/threads/Анксиозност.580/page-1293 .
Многу се плашам од антидепресиви, ама ова ми трае по цели денови и не можам да функционирам, а уште една недела ќе морам да се вратам на работа. Психијатарката ми рече дека воопшто не предизвикуваат зависност апчињата, дека диазепамот и некои други лекови се всушност полоши. Па ќе видиме како ќе биде после една недела. Инаку, изненадена сум од бројот на луѓе кои страдаат од ова и кои пијат антидепресиви.
Нема од што да се плашиш. До подобрување може и месец да помине. Му треба време на организмот да се навикне на лекот. Паничниот напад луѓето го опишуваат како најстрашно доживување што им се случило. Што и да ти каже некој друг, знам дека нема да ти биде од корист. Земај редовно терапија и со тек на време ќе научиш да ги контролираш.
Благодарам на разбирањето. Се надевам дека ќе успеам конечно да дишам подобро и веднаш после тоа тргнувам во позитивен правец и се надевам дека апчињата нема да ми требаат долго. Поздрав
Respiradonot e eden od najlosite lekovi koj ve pravi da bidete robot.Odlicna zamena e ariprizol .A so nego ne mora da piete mendileks.Od licno iskustvo vi kazuvam.Pobarajte da vi go zamenat.
mene mi se slucuva gusenje i osekam otok vo vratot i se plasam da ne e tiroidna a pred edna godina ispituvav ok mi bese
Може да си направиш испитувања, сепак за една година може многу работи да се променат. Ако немаш ништо значи тоа ти е на психичка база.
И јас сметам дека апсолутно немаш простор за плашење. Ама, те разбирам. Многу добро те разбирам, едноставно така ти вели мозокот и тоа е тоа. Сепак, прашувај искусни за да си помогнеш, колку - толку. Јас имам пиено одредена антидепресивна терапија. Исто мислев дека ќе станам зависен. Но, не! Тотално спротивно од тоа, сам сакав да ги оставам зашто не ми делуваа никако, немав фајде од нив =) Можеби малку ме имаа опуштено, ама не се постигна саканиот ефект. Така што... Длабок здив и не се плаши!
Фала ти за разбирањето. Проблемот е во тоа што досега фала богу сум немала здравствени проблеми и имам некаква аверзија кон било какво апче, а бидејќи тие се за психа уште повеќе. Но еве еден месец сум на терапија, уште чувствувам дека понекогаш ми треба повеќе време за да почувствувам како градите ми се полнат со воздух, но дефинитивно е многу подобро отколку пред тоа. Се надевам дека во иднина целосно ќе ги снема сите симптоми на панично нарушување.
Сакам да споделам едно искуство. Јас бев многу психички не стабилна личност, и како што прочитав во еден од коментарите се потекува уште од нашето најрано детство. Тоа е многу точно. Бев на психијатар којшто ми препиша лекови и сакаше да ме испрати на психијатриска клиника. Но, се се случува со причина па така и тој мој период. Јас ве молам, обидете се самите да се вратите себеси во здрава психичка состојба. Немојте да ги пиете тие лекови ако и најмало чувство ви вели дека можете без нив. Имаме огромен извор на едукација. Мене многу ми помогна јутјуб каналот на Ана Бучевич кој што е разбирлив и за тие што незнаат англиски (на хрватски јазик). Имате видео на секоја тема, и за панични напади и за лоши мисли... апсолутно за се. И поверував на Ана, кога не верував во себе а сега верувам во вас и знам дека можете и ве молам послушајте ја. Бидејќи мене, она ми го спаси животот. Се надевам ви помогнав, ви испраќам многу љубов. Не се откажувајте од себеси. Никогаш.
Се согласувам, но, многу често (ако не и најчесто), проблемот кај анксиозните и психички нестабилните личности е ТОКМУ во тоа дека не можат да ја најдат таа линија, таа граница која ги изместува од нормалната позиција. И во тоа што , ете, не можат да си помогнат. И јас, како дел од групата ТЕШКО анксиозно пореметени лица, потпишувам дека ДА, знам дека треба да го пуштам мозокот на пасење и дека ќе биде што ќе биде, знам дека можеби (и еве, велам МОЖЕБИ, а не сум сигурен ))) ) не сум болен... Ама НЕ можам да си помогнам за да се променам. Токму затоа тука на сцена настапуваат лекарствата. Мора... Инаку, не дај Боже... Од страв ќе се шокирам и ќе умрам на спиење. А ако веќе некој успее, како што во случајот си ти - секоја чест! Тоа е за поздрав.