Да, сеуште ги пијам. И јас имав многу тешки симптоми и кога ги почнував и кога ги оставав. Секој симптом, ми беше х 10
Ми се чини појќе од анксиозноста ги мразам. Ама ќе продолжам засега, ни без нив, ни со нив ме бива. Барем паничните ми се намалени со нив. Некое подобро време ќе чекам за оставање..
Пароксетинот/ депрозел тежок е и за навикнување и за комплетно прекинување на терапија, ама за секоја промена мора консултација со психијатарот. Секоја промена знае многу да се одрази, сепак поразговарајте и консултирајте се и за venlafaxine. За се треба време и многу поддршка и соработка и со околината и со психијатарот, за се има лек. Само упорно, нема лабаво, ве гушкам @WildMk @kristina.k
Пробав неколку пати да ги откажам... најдолго кога забременив, додека бев бремена, и додека доев... и многу тешко го поминав тој период. После уште неколку пати се обидов, чекав и да помини и еден месец од целосно прекинување, ама ми беше лошо, па пак ме враќаа на нив. Поарно вака цел живот, отколку како што бев претходно.. Сега... не е 'совршено', еве, пак имам депресивна епизода, ама даааалеку е подобро отколку пред да почнам да ги пијам. Иначе, пробале 'да ме излечат' и со други генерики на антидепресиви, ама не било успешно воопшто, така да...
Јас не гледам потреба на мое инсистирање да сакам да прекинам да ги пијам. Ако лекарот одлучи да ја намали, зголеми дозата или целосно да ги прекине тогаш да, онака што се однесува до мене би ги пиела и цел живот само да ми биде вака добро.
Ти благодарам за мислењето драга. Потребни се секакви одговори и секаква подршка. Јас сум личност што буквално се си ставам на душа и секакви негативни чувства ме мачат секој ден и секоја вечер. Претерано анализирам се, во се наоѓам негативни страни и можна тажна верзија. Неможам да заспивам. Често и се гушам од мислење.Значи не за џабе сум пишала така. Знам како е на своја кожа и од искуство пишувам дека со постојано користење на било какви антидепресиви (во мојот случај за заспивање и смирување) се создава контра ефект. И физички нус ефекти. Барем кај мене. Другите или не ги примеќаат или глумат дека ги немат. Додека го пишав мислењето плачејки се сеќавав на сите кризи од негативни чувства и анксиозност што ги преживеав, а и сега во моментот ме мачи тежок проблем што само времето може да го реши. Но, поентата ми е да се трудиме со сите можни сили да ја разработиме подлабоко сопствената психа, да вежбаме без лекарства да ги контролираме чувствата што не мачат. Свесна сум дека не е лесно зошто и јас премногу сум паѓала психички... и од страв, параноја, анксиозност, невозвратени чувства, кавги и ред други проблеми.. и едвај со тек на време сум се враќала у нормала. И уште ми се случува истото. Не поминува тоа. За секоја борба треба време и упорност. Неможе нонстоп да се потпираме на лекарства затоа што така стануваме зависни и уште по ранливи и психички послаби. Ама мора да сфатиме дека премногу вредиме за да и потпаднеме на негативата. Еден природен лек што мене секогаш ми помага е дружењето со позитивни личности што екстра позитивно влијаат на мојата психа, како и на душата. Прифатете ги негативните чувства, но не им дозволувајте да ве обземат. Секогаш во секој проблем и секоја ситуација може да се најде барем една ситна позитива, а ние секогаш треба да се потпреме на неа.
Ама некогаш е толку лоша состојбата на личноста што мора да пие антидепресиви. Ете има примери на членки кои долго време пијат терапија и мораат така. Најдобро е со тек на време да се намалува дозата и тргне терапијата, ама тоа оди полека и со стручен надзор обавезно.
Порано мислев така ама сега мислам дека без антидепресиви не може да се надмине 100 посто депресијата, пошо ти колку и позитивно да мислеш од твојо свесен ум ама твојта потсвест беснее. Антидепресиви секако на прво место, разговор со психолог, и други физички активности
Во ред е за потешките форми на депресија да се лечат со лекарска и стручна помош. Јас прочитав мислења каде што за негативни чувства и мисли бараат антидепресиви. И само за тоа пишав. Се надевам сите да успеат да си помогнат и да не им се наврати никогаш во животот депресијата.
Па се зависи дали тие негативни мисли и чувства ти го нарушуваат нормалното, секојдневно функционирање. И мисла опсесивна, која е постојано присутна е индикација за антидепресив. Не може многу на форум да се прифаќа совет здраво за готово, ниту па да се дава самоуверено совет зошто сепак ние не знаеме доволно информации за личностите од другата страна на екранот. Плус немаш увид во изгледот на човекот , став, фацијални експресии и сл. Меѓутоа мора да се сфати едно, антидепресивите не создаваат зависност, не треба да се гледа на нив со мисла што ако ги пијам цел живот. Реалноста е дека некогаш се потребни, да. И препишани од стручно лице ќе се пијат колку што треба, не ти се губат проблемите, но ти помагаат да станеш на нозе, да добиеш волја, желба, енергија, тек тогаш можеш да почнеш до физички активности, хоби и сл. Човек на кој што не му е добро нема да му биде гајле дали е со позитивни луѓе . Плус, зошто кога некој е на инсулинска терапија не викаме леле цел живот ли ќе биде? Треба да бидеме среќни доколку ја погодиме дозата, лекот . Се заедно со психолошка поддршка и волја. Не е важно колку време се пие лекот, важно е да се чувствуваш добро. И да живееш нормален и мирен живот
До некаде е така, се е индивидуално и зависи од јачината на проблемот. Секоја физички здрава личност најпрво е способна да проба самата да се справи со мислите пред да посегне по лекарства. Ете мене лековите за заспивање не ми помогнаа ни после 3 години. Ни чаеви ни други чуда и сваштарии. Уште имам секакви мисли навечер и уште спијам по 4 5 саати едвај. Уште се мачам да заспивам и понекогаш посегнувам по Санвалот. Што значи овој "лек" што не смее да се пие повеќе од 7 дена, а и другите лекови за заспивање, 3 години не ми го решиле пеоблемот. Сепак со долго време трудење да си го сменам начинот на размислување, успеав да го намалам проблемот и што поретко да посегнувам по опасната хемиска состојка полоша од сите антидепресиви Z drug, или седатив(хипнотик) за успивање Zolpidem.
Да здрава почнува се да пробува, па ако не може знаеме како иде, се е во круг некако тука, борба со себе и за себе, се надевам секој ќе го најде својот лек каков и да е и своето решение и ќе биде се добро
Нема во ред е сега, во ред е тогаш. Кога што вели психијатар е во ред, и кога што вели психијатар не е во ред. Ние кои не сме психијатри, нема шо да кажваме кога е океј пиење лекој, а кога не е океј пиење лекој. Ама сакам да ве видам да остајте ап за хипертензија оти цел живот неќите да ги пиете. Или за дијабет. Или за холестерол. Ама штом не е за ментално здравје океј е да се пие терапија мм? Не знам за вас ама во последната декада јас радо би пиела терапија за ментално здравје него да имам трајни последици по физичкото здравје. Ради менталното инаку. Ме мрзи истото два пати да го пишам, а знам во СДК дека го пишав така да прицни тука, го најдов.
Ако е за мене пишаното, мене психологот и психијатарот ми ги намалија на 0.5 мг пред 4 месеци.Тоа е четвртинка, и бев на само оставање. Се случи короната и почнаа пак паничните, се зголемија палпитациите итн. Како што ми ја зголемија пак дозата, почнав од нив симптоми да чувствувам, а исто и немам подобрување овој пат. Значи имам лошење, тахикардија, дереализација и покрај тоа што ги пијам. Не пропуштам да се напијам намерно, туку сум во хаос секојдневен, 9 часа работа на компјутер од дома, сама со синчето 4 и пол години, плус паниката од ситуацијата и се случува по 2-3 дена да заборавам да се напијам. Тогаш почнуваат шоковите низ тело, по што сфаќам дека не сум зела терапија. Ќе разговарам за промена на ад нареден пат со психијатарот и психологот.
Немој да пропушташ да испиеш доза од антидепресивот. Поразговара ли со психијатарот дека имаш изразени негативни ефекти од лекот, а не осеќаш толку подобрување како порано?
Не. Туку општа слика шо добивам од темата кога и да влезам. Некој не сфаќа оти се пие, друг се помолил му поминало, трет неубо му било остајл, четврт убедва петти "хЕмИи" да не зема. Ова ме иритира прво зошто исти луѓе се океј со терапии за третирање физички болки, ама кога во прашање се ментални како егото да им го допри. Второ, ме иритира од такви факинг хипици другар ми ќе умреше јер го убедваа дека не им требаат хемии, дур исти луѓе екстаза маваат и шо не др. И за крај, мести си аларми. За твое добро. Затоа и имаш период за прилагодување и наеднаш преќин макар и да заборајш е лошо. Мести аларми, нека ти пиши текст за шо е.
@PureEnergy немам сега термин закажано со него, само онлајн неколку пати со психологот (заедно работат). Последно ми кажаа да зголемам на половинка, како што и пијам сега. Обично по доручек ги пиев и не заборавав, сега не ми се знае ништо. Ситуацијата ми влијае многу, плус хипохондрија имам, се ми е собрано. @theowndemon најпаметно да местам аларм, ќе почнам од денес. Фала.
Ситуацијава на сите ни влијае, но ако имаш можност за прошетка во природа и тоа многу би те опуштало. Ама најдобра е терапијата и релакс мисли, бар пола саат до саат во денот одвои сама за себе, ако имаш некоја личност да го почува малото, да си малку сама со себе и твоите мисли. Да се порадуваш или исплачеш ако ти е тешко на раат. Ќе бидеш и подобро, само малку да се потсреди се со ситуацијава и редовни, редовни консултации за се што те мачи со психологот и психијатарот Нема срам и незгодно за твое здравје, тоа ни е најважно.