1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Барнум ефект

Дискусија во 'Психологија' започната од Briar Rose, 7 јуни 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Како мошне познат психолошки феномен, Барнум ефектот го претставува залажувањето кај некои луѓе кога одредени поединци даваат високи описи на прецизност за нивниот карактер, кои наводно се прилагодени специфично за нив, меѓутоа во реалноста се нејасни и многу општи бидејќи се однесуваат за широк опсег од луѓе.

    Сметам дека Барнум ефектот игра одредена улога поради кои некои луѓе детерминирано веруваат во астрологија, односно хороскоп, гатачки, магија, одредени personality тестови и останати паранормални убедувања што се навистина абсурдни.

    Овој ефект се појавува во моментот кога одреден поединец верува во она што му е кажано дека се однесува конкретно за него, но во реалноста тоа може да важи за секого.

    И целта на ваковото залажување е практичарите да ги убедат своите клиенти дека тие поседуваат некакви паранормални способности (што е истовремено смешно и невозможно) како и да ги прелажат за да им ги земат парите...

    • Дали сте свесни дека овие практичари применуваат психолошка манипулација или пак верувате во нивните паранормални способности?
    [​IMG]
     
    На CaraMia, PaLaVa, Bender Rodriguez и 11 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.299
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Не само тоа, Барнум ефектот е толку силен што може да те натера да се пронајдеш во исказ и кој не одговара на сите луѓе.
    Едноставно, менталниот склоп во моментот на читање (или слушање) е склон да бара поклопувања, дури и во најситните работи, и мозокот повторно ќе се убеди сам себе кажаното е точно.

    На ваков начин функционираат ситe ,,јасновнидни" работи, од огромната индустрија на астрологијата, па сè до базфид квизови од типот ,,pick your favourite actor and we'll tell you how many kids you'll have".
     
    На SV1911, Justicija, Bozica1980 и 14 други им се допаѓа ова.
  3. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Lella потполно се согласувам со твоето мислење.

    Да бидам искрена, Барнум ефектот веќе ми е одамна познат и е еден од сегментите од човечката психологија кој го проучувам.

    Иако никогаш во мојот живот не сум верувала во гатачки, магии, хороскоп и сличен bullshit, сепак сум опколена со луѓе кои навистина веруваат во тоа, што е мошне тажно и патетично.

    Доказ за ова е темата Дали верувате во магии во која има куп молби за броеви од гатачи и бајачи... |(

    Кога луѓето би застанале и би подразмислиле логички и рационално, односно кога би го употребиле и оној мал број мозочни клетки кои ги имаат, би сфатиле дека станува збор за вистински абсурд и дека практично не е возможно некој да ја предвидува иднината.
    Мислам, настаните и околностите на планетава, како и во универзумот едноставно не функционираат на тој начин.

    Едноставно не гледам никаква поврзаност за тоа твојот датум и времето на раѓање, универзалните особини кои те идентификуваат како суштество со свест и когнации, или положбата на сонцето поврзана со арбитрарно поставени соѕвездија ќе влијаат врз твојот целокупен карактер.

    Карактерот, оригинално, се развива со текот на годините, когнациите на мозокот, како внатрешни фактори, и околината, личностите кои ги познаваме, туѓото однесување кон нас, искуства, настани, траума, стравови, како надворешни фактори.
     
    На SV1911, sandrav, CaraMia и 12 други им се допаѓа ова.
  4. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Толку е распространет што дури и јавните личности и политичарите си имаат сопствени гатачи:)

    Тоа се луѓе кои не си веруваат себе си и, на каузалностите и на причинско-последичната поврзаност на настаните.

    И самиот назив на ,,ефектот,, - Барнум е доволен приказ за што всушност се работи.
    Барнум (Phineas Barnum) бил сопственик на циркус и самиот бил циркузант и за да привлече што е можно повеќе публика во своите циркуски претстави практикувал да опфати разновидни точки за да има за секого по нешто.

    Тврдам дека овој ефект повеќе кажува за корисниците отколку за ,,предаторите,, бидејќи за нив имам само една логика - дека се манипулатори.
     
    На SV1911, CaraMia, PaLaVa и 9 други им се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @referentka во право си за се што си напишала. Всушност, карактерот на Phineas Barnum може јасно да се види од неговите цитати:

    Како и неговата лична цел која била "to put money in his own coffers." ( да стави пари во неговата сопствена каса)

    Многу луѓе како него ова го прават со намерата да земат пари од луѓе кои се лековерни, наивни, лесно манипулативни, несигурни, или параноични (а според мене и глупави).

    Во врска со она кое го наведе поврзано со причинско-последичната поврзаност на настаните, би рекла дека оваа дефиниција повеќе го објаснува сознанието зошто луѓето веруваат во магии.

    Според мое мислење, верувањето во магија го означува погрешното припишување на причинско-последична врска помеѓу дејствијата и настаните.
    Од психолошки аспект, на лицата меѓу кои причински однос мора да биде утврден се строги исцртани.
    А ова верување предизвикува личноста да доживее страв, навидум не рационално оправдано на набљудувач надвор од системот на верување, на извршување определени дејствија или имање определни мисли, бидејќи на претпоставена корелација помеѓу тоа , се заканува несреќа.
     
    На CaraMia, PaLaVa, Someonespecial и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Се сложувам со кажаното погоре.


    Ако на докторот му треба доктор, дали на гаталецот му треба гаталец :?:



    RUN
     
    На Lolo5, Someonespecial, Briar Rose и 2 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.180
    Ова го практицираат и психолозите и ПР агенциите и полицијата при интервјуирање. Ќе си постои дури има потреба од 'заведување' на луѓето да издадат приватни работи за нив и потреба од изнаоѓање начин да им се 'продаде' нешто што не им треба.
     
    На Bender Rodriguez, CaraMia, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    3.878
    Допаѓања:
    19.047
    Пол:
    Женски
    Гледачот: 'Ти направила магија некоја црна жена, затоа имате несреќа дома и се карате многу '.
    Рандом особа: 'Леле, стварно, се ми погоди, ние дома се караме често, а комшивката е црна жена. Од сега ќе ја мразам жената, и нема да преземам ништо околу средување на несогласувањата и кавгите дома, оти ете магија е, тоа е посилно од нас. '

    Гледачот: 'Син ти ќе има две машки деца'.
    Особа: 'Не носиш ти женско, машко носиш, гледачот рече така, па што ако ти кажал докторот дека е женско, многу знае тој. '
    (и цела бременост бебето го викаше ТОЈ, и после породување, првото прашање беше дали е машко!)

    Некои луѓе обожаваат да веруваат во судбина, магии и слично, затоа што така им е полесно. Сиромашни се оти така им е пишано, нема што да се потрудат повеќе за да заработат, од пишаното не се бега. Секоја несреќа, болест, тешка ситуација си ја препишуваат на магија, затоа што полесно е да мислиш дека детето ти е крадец и наркоман оти стрина му му фрлила магија, а не оти си го испуштил од раце.
    Можам на оваа тема многу да пишувам, многу примери имам :D
     
    На Mishela, theowndemon, CaraMia и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    11.206
    Пол:
    Машки
    Има ли корелација помеѓу луѓето подложни на Барнум ефектот и луѓето кои наседнуваат на феноменот на пареидолија? Свесен бев за ефектот, не знаев дека има име, немам до толку проучено психологија.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @Scott Weiland

    Додека и Барнум ефектот и Пареидолијата се класифицираат како психолошки феномени, сепак сметам дека едната претставува последица од психолошка манипулација која доаѓа од надворешен фактор (лица кои тврдат дека се гатачи, бајачи) додека другата претставува реакција на мозокот на одреден стимулација, која иако предметот или звукот се наоѓа во надворешниот свет, сепак ефектот е предизвикан од внатрешен фактор (функционирањето на нашиот мозок).
     
    На WildMk, Читател и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  11. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    11.206
    Пол:
    Машки
    Незнам дали заслужува нова тема, кое е вашето мислење за хипноза/хипнотизирање? Дали Барнум ефектот доаѓа во игра од место на подложност на хипноза, то ест дали е хипнозата е последица на психолошка манипулација од надворешен фактор, верување на личноста која хипнотизира?

    До скоро немав став, па се уверив дека има нешто како хипноза реално, и дека има луѓе кај кои не работи, и кај кои работи, па понатаму истражувам до кој степен е, но лаички, површно би рекол.
     
    На Briar Rose и referentka им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    За хипноза има тема
    Повели:
    https://forum.femina.mk/threads/Хипноза.4746/page-2
     
    На Briar Rose и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  13. Scott Weiland

    Scott Weiland Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2018
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    11.206
    Пол:
    Машки
    Да ја видов но немаше конкретно нешто морав тука да прашам. Можеби има некој што посветил време научно гледано.
     
    На Briar Rose и referentka им се допаѓа ова.
  14. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Мислам дека за да се примени Барнум ефектот потребни се луѓе со послаб интелект.Или лабилни.
    Незнам, можеби грешам, ама и тоа што велиш дека хипнозата не делува на сите, е до состојбата на човековиот ум.
     
    На theowndemon, Briar Rose и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  15. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    @Briar Rose

    Тебе те излажала како мала гарант некоја гатачка дека постои криптонит и дека ако јадеш криптонит ќе имаш супермоќи. Затоа се замараш со ова. :P ;)
    Одговорот на темава е: не, не верувам.
    Но, има такви и кои веруваат:

     
    На CaraMia, daylight и Scott Weiland им се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    @+++ напротив јас за гатачите и за слепите верувачи во нив сум била a real pain in the ass, плеснувајќи им ја вистината во лице за нивните "out-of-this-world skills". (wtf)

    Но поради ваквите (*cough* потпресечно интелигентни *cough*) лица, науката и медицината најчесто се гледаат како нешто сосема бескорисно.

    Plus it's fun to tease the superstitious... :P

    @Scott Weiland за хипнозата би рекла дека, како што претставува одредена ментална состојба, ако мислиш дека таа се манифестира при појавата на Барнум ефектот, тогаш истата би било логички да се применува за време на теоријата на свесна состојба (иако од лична перспектива, малку сум скептична кога станува збор за поврзаноста на хипнозата со овој ефект).

    Меѓутоа, цврсто сум убедена дека лицата кои се под влијание на Барнум ефект се под голема изложеност на т.н. Cognitive Dissonance - или накратко кажано, причината поради која луѓето се вознемируваат кога нивните верувања се предизвикувани.

    Имено, одреден ментален конфликт се појавува кога верувањата се контрадиктирани од страна на нова информација. Овој конфликт активира области од мозокот вклучени во личен идентитет и емоционален одговор на закани. Алармот на мозокот се активира кога личноста се чувствува загрозена на длабоко лично и емоционално ниво, предизвикувајќи да се затворат и да отфрлат било каков рационален доказ кој се спротиставува со она што тие претходно го сметале за "вистина".
     
    На Someonespecial, +++, CaraMia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. CaraMia

    CaraMia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    18.658
    Пол:
    Женски
    Има особи кои се почувствителни во добивање и раководење со информации од колективното несвесно,народски речено имаат попречистена душа па до нив допираат сознанија/информации кои ние другите не ги перцепираме. На пример Нострадамус,Баба Ванѓа,ете тие како да се објаснат како измамници?
    А за другиве кои лажно си придаваат некои паранормални способности пример Иван исцелител и компанија но комент,додека има поведливи луѓе т.е. овци за стрижење ќе ги има и ваквите вражалци,гатачи и баачи.
    Инаку сите имаме вродени'' комплекси'' т.е. зони на карактеристики кои од раѓање ни се дадени а дали ќе имаат експресија или супресија во животот на индивидуата зависи од фенотипот.
    Поентата е дека сите припаѓаме на некој модел на постоење/прибегнуваме кон модели на однесување кои се лесно предвидливи и некои од психолошки подобро поткованите видовити особи лесно ги провалуваат и на тој основ можат да баат,заведуваат итн. Ретки се меѓу нив тие кои сакаат да помогнат и можат да помогнат. Пред се овие способности треба да ги има секој психотерапевт кој со своето знаење и длабока интуиција,способности може да се внурне далбоко во свеста и несвесното(делумно и преку хипноза @Scott Weiland )на пациентот и на тој начин да сака да потпомогне во успешна психотерапија. Инаку како што спомна @referentka за причинско-последичната т.е каузална теорија во психологијата главно таа е Фројдова школа и е погодна за работа врз екстровертни особи,а има и енергетска финалистичка теорија која е Јунгова школа и е попогодна за работа врз психата на интровертни особи. И во двете теории психата се стреми кон рамнотежа. Во каузална теорија индивидуата верува дека причинско-последични настани се случуваат таа да стигне до состојба на психичка рамнотежа т.е. мир со сама себе. А во енергетската теорија индивидуата верува дека енергијата се движи од понапнати кон помирни ситуации независно од причини и последици таа само се движи до момент на пониска енергија т.е. мир/спокој.
    Високо едуцираните психолози и видовити особи лесно проценуваат интро/екстроверт и на која теорија како индивидуи се поклонуваме и можат лесно да не обработат,научно да ни помогнат или измамнички да не ограбат.
    Инаку мое лично мислење е дека не може точно некој да ми ја претскаже иднината врз дата на раѓање,но може да претпостави по многу параметри кон што сум наклонета/тежнеам во животот и врз основа на тие негови сознанија може да работи врз развој на мојата психичка состојба. Може да работи во научни цели ако е образовано лице или во измамнички цели ако е измамник-гатач,баач,астролог....
     
    Последна измена: 9 јуни 2018
    На Scott Weiland и Briar Rose им се допаѓа ова.
  18. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Денес дневниот хороскоп за сите знаци предвидува дека денот бил совршен за одмор и релаксација, за полнење на батериите и taking things slowly. Со оглед на тоа дека е недела, денешниот хороскоп "погодил" на многу добар процент од луѓето.
     
    На theowndemon, Lianna Anna, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Сметам дека широката распространетост на Барнумовиот ефект е последица на биологијата на нашиот мозок, т.е. тенденцијата да наоѓа поврзаност на нештата и онаму каде што ги нема.

    Во минатото, кога прачовекот ќе слушнел шум во тревата, имал две опции – или да претпостави дека е ветерот (т.е. случајност) или дека е лав кој се прикрадува за да го изеде (т.е. нешто што се случува со намера, со некаква цел). Погодете чии потомци сме сите ние? :D

    Затоа гледаме форми во облаците, затоа го гледаме ликот на Исус на парче тост, затоа веруваме и во поврзаноста на произволни астролошки прогнози со нашиот хороскопски знак и со нашиот личен живот.

    И колку што тенденцијата за наоѓање поврзаност помеѓу рандом нешта во минатото била предност, толку во денешно време е недостаток на човечкиот ум. Баш затоа и е важно да сме свесни за овој недостаток кој, во поголема или помала мера, го има кај секој човек и да не ѝ веруваме на интуицијата и на инстинктот за нешто, туку да го употребиме разумот за да го оцениме истото.

    И без разлика колку работи ќе ни „погоди“ за нас и нашиот живот астролог или гатач, разумот ни вели дека тоа е невозможно, т.е. дека се работи за Барнумовиот ефект.

    Едит: @CaraMia, Џејмс Ренди, познатиот магионичар и скептик за паранормалното има напишано цела книга за "пророштвата" на Нострадамус. Ти ја препорачувам. :)
     
    На theowndemon, Lianna Anna и Briar Rose им се допаѓа ова.