Бев одбиена поради предлог за брак

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од herbst-girl, 13 февруари 2021.

  1. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.662
    Допаѓања:
    15.125
    Пол:
    Женски
    @herbst-girl не гледам апсолутно никаква компатибилност. Тој те условува на некој начин да завршиш факултет (во тој период), а ти дека сакаш дете (и како што сфатив си го потенцирала тоа најверојатно цело време). Првите знаци се како се однесува тој спрема тебе и како ТИ дозволуваш да се однесува спрема тебе. Малку си ја надминала границата за ставање крај. А башка што типот најверојатно увидел дека може да те манипулира (на темата за дете) и се правел глуп и тактично обработил (не давал коплименти итн. - ти си била свесна, не го наоѓам виновен?). 26 години си, секогаш имаш опции: замрзнување јајце клетки или посвојување дете. Тебе не ти се прифатени тие можни опции и тоа е целиот проблем. Типот апсолутно е небитен (од друга страна), пошто за да сакаш брак треба некој добро да го осознаеш во разни ситуации. Како тоа си се одлучила? Врз основа на што?

    Ова ни на врска не личи, барем според мене.

    Место да очајуваш, не ја планирај иднината пребрзо. Опции секогаш имаш, а во меѓувреме бори се за свое јас во било каква комуникација со луѓе. Како се поставуваш - така и те третираат.
     
    На baby-star, oblace1, Dr.Zzz и 6 други им се допаѓа ова.
  2. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.728
    Допаѓања:
    13.502
    Пол:
    Женски
    @herbst-girl Според мене многу си го притискала со тоа дека треба млада да бидеш мајка и да се омажиш дека сакаш.. Он најверојатно бидејќи те форсирал да завршиш факултет не му било приоритет имање деца и венчавање на млада возраст....
    Еве и мене некој да ми каже дека сака да се венчаме и имаме деца одма јас би прекинала секаков контакт со него, би се дистанцирала, не би би правела компромиси бидејќи компромис значи дека треба да најдете решение за двете страни да бидат среќни и задоволни.... Во однос на твојата ситуација, немој да се обвинуваш дека ти нешто си згрешила, многу имаш влијание од околината дека секоја жена мора да биде мајка некогаш, а типот сигурно не сака обврски и тоа е океј... Друг пат, со друг партнер, немој да форсираш брак и деца како сега што си правела бидејќи ако некој има спротивни ставови од тебе ќе се почувствува како да го гушиш и ќе се одалечи од тебе.
     
    На Ugly Duckling, *Amethyst*, Stressed Out и 2 други им се допаѓа ова.
  3. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Коса ми се крева кога читам 26 години сите се мажиле уште јас останав.
    Човече, секој со среќата.
    Ни на крај памет не ми било да се мажам зашто другите се мажиле ниту да родам зашто други родиле. Ќе го сторам тоа кога јас ќе сакам.
    Не постојат зрели години. Луѓе и на 50 се зелени во мозокот.

    Друго, услов било факс да завршиш! Услов од кого? За што?
    Од него? За брак?
    Кој е бе некој мочко да ти поставува услови “ако сакаш да се мажиш ќе завршиш факс”?
    Ќе завршам факс ако сакам и кога сакам, а ти ако ме сакаш ќе ме прифатиш таква, со 4 испити останати пошо таква си ме запознал. Ќе ме прифатиш и со тие 4 положени, пошо ме сакаш, нели?!

    Реално, може си “виновна” шо си инсистирала на брак со деген и не си препознала на време каков е. За брак никој никого не треба да притиска. Бракот треба да биде заедничка доброволна одлука на двајцата. Тој барем ти кажал, ти раскинал пред штетата да биде направена.

    Сега, прибери си ги мислите, почни да го забораваш и фокусирај се на себе. Брак и дете ќе се случат тогаш кога треба и ако треба да се случат. Не со форсирање, не со сила.
     
    На baby-star, MayDiamonds, KateKane и 26 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    За жал многу девојки имаат огромен притисок од родители и роднини и не се доволно цврсти да се справат со тоа.
    Не само на 26, муабетов до слушам за 22, 23, 24 годишни, а за повеќе веќе се пали аларм.
    И после свесно влагаат во врски и бракови со несериозни и насилници.
     
    На baby-star, Milobebence, thelittle17 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    42.385
    Мене едуцирани луге со факултет, докторки ќе речеш, ми збореа дека на 25,26 таман сум била, што стара чупа да не сум сакала да бидам.
    Абее, почитта кон постар колега не ми дозволи да им вратам како што си заслужиле.
    Единствено може да се меша само оној кој 100% ве издржува, ама и таква особа со усул. Другите: накриви капа и шибај. Ме боли Ристанка комшивката што мислела.
    А за друштвото сите мажени: фино, со среќа.
    Мајка и и сестра и не можам да ги сфатам.
     
    На Milobebence, thelittle17, VDT2906 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.194
    Пол:
    Женски
    Знам, но тоа е моето мислење. И на Јустиција мислам беше која има 30 и нешто и го пишав истото во друга тема кога бараше совет. Дури јас, ти, друга, трета, петта, не решиме дека треба да стапиме во брак и партнерот да е сложен со тоа, значи дека не е време. Не постојат универзални зрели години. Јас може созреав на 18, ти може и на 38 да си летајка. Не живееме во 12 век да нѐ мажат со притисоци.
     
    На VDT2906, *Amethyst*, ☆P!nselsp!tze☆ и 5 други им се допаѓа ова.
  7. deskarada

    deskarada Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 декември 2011
    Пораки:
    1.950
    Допаѓања:
    31.474
    За само 2 месеци си го напнала човекот за брак, шо е прекраток период. Јас лично не верувам во мн брзи работи одма врска/брак и форсирање се набрзина.
    Но тоа не го оправдува фактот шо те навредувал, можел со убаво да ти кажи дека сака да прекините.
    И на 26год мислиш дека си стара? И шо ако сите другарки биле мажени? Ме нервира кога се мисли дека најголем успех е да стапиш во брак.

    Млада си, ќе запознаеш некој шо ќе те цени кога најмалку очекуваш. Со форсирање не се постигнува ништо. Нормално е да ти е тешко, но вака е подобро отколку да стапевте во брак, па да беше полошо тогаш.
     
    На thelittle17, Ugly Duckling, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  8. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.248
    Допаѓања:
    148.733
    Пол:
    Женски
    На овој твој долг пост само едно.


    Никогаш, НИКОГАШ не паѓај у депресија поради личност која не вреди у твојов случај некој маж кој конкретно 2 месеци го имаш видено што е безвеза и недоволно за ти да имаш јасна слика за него.
    Луѓе идат по 5,10 години и дури кога ќе почнат заеднички живот сфаќаат дека не се еден за друг. (facepalm)
    Ти го сакаш идеалниот твој маж што ти у глава си го формирала, а у случајов ова не е он.
    Дај си шанса со сите твои предности и скромност да го најдеш вистинскиот.

    Додека се држиш за гадов нити ќе се оствариш како мајка , нити ќе си најдеш момче.


    И не им влагај на мажи од одма со муабет "мора да се мажам и да се остварам како мајка" .
    Тоа ти е еднакво на "мора да те врзам у ланци " и ќе бегаат од тебе.

    Најдобронамерен совет ти е ова.
     
    На Milobebence, Tanjamm, hermosa и 10 други им се допаѓа ова.
  9. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.203
    Допаѓања:
    57.046
    Пол:
    Женски
    @herbst-girl
    Мене ова едноставно ми изгледа дека приоритетите ви се различни и не си одговарате. Ти сакаш да се оствариш како мајка, него рано му е уште или воопшто не сака. Добро рече некој погоре, и мене партнерот сега да ме притиска за дете да имаме најверојатно нема да сакам да сум со него (а заедно сме скоро 4 години).

    Типот е кретен за тоа што те нарекувал со погрдни зборови, не за тоа што те одбил за брак и семејство.
    И немој да очајуваш и да сакаш да се оствариш како мајка со било кој само за да родиш. Спомнаа погоре за замрзнување јајце клетки, ете тоа ти е добра опција. Што ако биле другарките сите мажени? Секој има различен животен пат и апсолутно нема потреба да се споредуваш со другите. Знам сингл луѓе на 30+ што се среќни и не му ја мислат толку многу за брак и деца. Бидејќи реално секогаш можиш да најдиш некој само за семејство да основаш, поентата е да си со некој со кој ќе си одговарате и ќе сте на иста бранова должина.

    Млада си многу уште, верувам дека ќе најдиш некој кој ќе биди со истите желби и ќе те сака колку и ти него. :)
     
    На KateKane, Ugly Duckling, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  10. T.e.d.d.y

    T.e.d.d.y Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.552
    Допаѓања:
    8.265
    Пол:
    Женски
    Мое мислење е дека уште кога си почувствувала дека се однесува ладно, немало потреба да нудиш брак.
    Бракот се основа на стабилна врска, можело да поработите на подобрување на врската, предлогот за брак можел да почека.

    Се согласувам со @LadyC , не ги притискај мажите со таков муабет за брак уште на први средби.
    Искрено и јас да сум во пресна врска и партнерот само за брак да ми збори, ќе имам чувство дека е со мене колку да си најде жена, да не остане неженет.

    Ти си го занемарувала неговото лошо однесување, само за да не останеш немажена.
    Фокусирај се на градење на стабилни врски во иднина, и со стабилни партнери. :)
     
    На Milobebence, LadyC, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Осе

    Осе Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2020
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    7.586
    Пол:
    Женски
    Прво не си виновна за ништо.
    Си се заљубила ,си мислела тоа е тоа,па не си гледала објективно. Сосем нормално.
    Е сега грешка ти е што си форсирала..се разбирам ама вака со никој ништо нема да направиш , зошто факт е дека мажите се плашат кога ќе им дојде вака наеднаш се. Требало само да му ја објасниш твојата ситуација во однос на здравствениот проблем па да видиш реакција и дали ќе има некоја акција ако не продужи дајље. Не е ништо страшно ако на 26 не си мажена макар и само ти од цело друштво. Еве мојата генерација (28) во моментот сме мажени само 3 ,од друштвото последна се омажив и воопшто не ми беше проблем. Е сега ми е проблем бидејќи далеку сум мажена и пак си останав без друштво.
    Карактерно дечкото е катастрофа. Фала богу што го снемало , сѐ тоа што ти кажувал и правел било со една цел -да те оддалечи. Е сега дека тоа е толку детско однесување е. Можел да ти каже знам за се ама не сум јас спремен за ова и готово ама тоа го прават цврсти мажи а не маженца...
    Како и да е гледај на ова како на нешто од кое си се спасила. А во иднина пробај да не форсираш ,ако знаеш дека е за сериозно кажи си ја ситуацијата само а не да форсираш :) :hug::hug:
     
    На Dentina и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  12. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.623
    Допаѓања:
    40.110
    Пол:
    Женски
    Така е.
    Јас ова го имам осетено на своја кожа.
    Јас бев 10 години во врска пред да стапам во брак, па голем дел од роднини и пријатели од двете страни ни правеа притисоци.
    Не сфаќаа дека имавме приоритети пред брак и едноставно не бевме спремни за брак.
    Почнаа дури со муабети ааа овој нема ни да ја земе, само ја завлекува (зошто нели, само до мажот е одлуката).
    Кога решивме да стапиме во брак (значи финансиски и станбено овезбедени и секако посериозни и постабилни), кога едноставно осетивме потреба за брак, сите ме прашаа дали сум трудна и дали трудна се мажам. (facepalm)
    Само моите и неговите апсолутно не не замараа за тоа, дури они одговараа кога ќе почнеа да не замараат од што беа досадни.
    Сега кога сум трудна со првото почнаа да ме прашуваат колку планирам разлика да бидат со второто.
    Народот не треба да се слуша и гледа ама ете, на некого му влијаат.
     
    На KateKane, thelittle17, oblace1 и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.897
    Пол:
    Женски
    Кога читам вакво омаловажување на една девојка , од еден таков вид на "маж" и користење на такви недолични и омаловажувачки зборови ми е катастрофа !

    Девојко ништо не си пропуштила верувај, мажи има колку сакаш , но верувај многу е тешко да најдеш татко на твоето дете кои го посакуваш како и секоја друга мајка.
    Овој профил на човек, воопшто не добар партнер за било која девојка најмалку сопруг . Ако тој во врска ти вели , глупачка , каква ти е облеката , ме притискаш и сл.
    Што очекуваш повеќе ?
    Утре животот ќе ти стане пекол , ќе те понижува и омаловажува секојдневно , за ситници за големи работи во друштво или сама , верувај ништо нема полошо од психичкото малтретирање , но не ја исклучувај можноста и за физичко насилство од ваквиот партнер.

    Треба да си среќна ШТО НЕ САКА НИШТО ОД ТЕБЕ И СО ТЕБЕ .
    Твоите години воопшто не се премногу ,има мајки и на 40 години .
    Излегувај дружи се , остави кој што мисли , кој што ќе кажал , кој ме поддржуа кој не !
    Утре истата таа сестра и мајка ќе си го тераат својот живот и ти ќе страдаш во четири ѕида и ќе бидеш принудена да се смешкаш пред нив за да не си виновна.
     
    На thelittle17, Плавуша123, LadyC и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Wahnsinn

    Wahnsinn Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2015
    Пораки:
    376
    Допаѓања:
    2.459
    Пол:
    Женски
    Во животот факт е дека се се случува со причина.
    Немаш потреба да тажиш и дополнително да трошиш време! Времето е дефинитивно скапоцено.
    Биди среќна и задоволна за тоа што немаш повеќе работа со таков човек.
    Сега можеби е тешко да го видиш тоа, ама ќе сфатиш дека правилно е што не си повеќе со таков.
    Не можеш поради тој проблем да размислуваш дека мораш сега и со тој човек да се земеш. Многу погрешно би било тоа. Има решение и за тој проблем, како што кажаа погоре.
    Опушти се малку, се ќе биде во ред и се ќе си додје во свое време.
    Нека не те става во заблуда тоа што само ти си останала не мажена од друштвото. Можеби баш ти, ќе имаш најсреќен брак од сите нив заедно. Којзнае?

    Ќе сфатиш сигурно и зошто баш вака морало да биде. Се е лекција, буквално се.
    Можеш да гледаш на таа врска дека е нешто од кое што си научила што дефинитивно не сакаш кај следниот дечко.

    Се е до тоа, како гледаме на работите. :)
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  15. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87
    Сакам да кажам, бидејќи дошло до недоразбирање некое.

    Одлуката за брак не беше моја идеја. Туку заедничка. Предвреме одлучивме кога да го сториме тоа, но тој го прекрши зборот.

    Ми даде збор, па го поништи и тоа во последен момент. Па јас планирав живот во еден правец, а завршив да живеам во сосема друг правец.

    А да е лесно, не е...
    Поздрав до сите што се трудите сите ве читам и бескрајно сум би благодарна
     
    На Milobebence, thelittle17, Wahnsinn и 2 други им се допаѓа ова.
  16. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.563
    Пол:
    Женски
    Ти му понуди брак, така?
    После 2 месеци врска?

    Иако велиш дека тој се согласил за брак, заедничка ви била одлуката. Од оваа гледна точка мене ми изгледа дека за да има женска, да си има со кого да го троши времето, иако не бил подготвен на брак се согласил. Ама затоа па поставил услов, за да купи на време. Е после кога видел дека ти си гледала во најскоро време да ги положиш преостанатите испити и да дипломираш, тогаш одлучил да се повлече и да стави крај. Претходно сигурно мислел дека повеќе време ќе потрошиш дур да дипломираш.
     
    На MayDiamonds, deskarada, *Amethyst* и 8 други им се допаѓа ова.
  17. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    Oд проблемов научив дека 26 биле сериозни години за семејство.
    Оh boy, I couldn't dissagree more. :wasntme:

    Нејсе, не знам каков гинеколошки проблем имаш што мора да се оствариш како млада мајка, ама од постот се добива впечаток како ти потсвесно да си сакала да го искористиш дечково само за да се вклопиш во општествениот калап.

    Си била од старт со него искрена околу бременоста и мајчинството..
    Па, добро, боже мој, луѓе се менуваат.
    Не е дека дал завет дека ќе биде татко на твоето дете и бидете заедно за век и векова...
    Плус, има право на избор, па макар тој избор подразбирал незрелост и откажување од плановите за родителство.

    Не можеш да размислуваш така, а и пола од советиве тука што ти се дадени, без навреда, ама не ти помагаат. Ти доделуваат ептитет жртва, кога во суштина не си...

    Чувства на вина не се потребни, но факт е дека си требала да излегуваш и имаш друштвен живот во младоста наместо сите планови поради страв од менталитет и отфрленост да ги насочиш кон една цел.

    Зошто животот никогаш, ама никогаш не можеш да го испланираш до најситен детаљ.
    Колку год се трудела.
    Секогаш ќе се најде нешто што ќе искрсне и фрли од колосек. :)

    Затоа, тебе моментално ти фали здрава амбиција, и да го промениш mindset-от дека формула за среќа е брак.

    И секако, работа која би можела да ги покрие твоите трошоци за излегувања и прошетки низ светот, за да не ти биде после на 40 години криво што сето тоа си го пропуштила.

    Со среќа.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На baby-star, Bella •••, FVP и 17 други им се допаѓа ова.
  18. herbst-girl

    herbst-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2013
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    87


    Да за мене се сериозни 26 години. Јас немам 15 или 16 години па да мислам дека имам време да се опуштам и да правам лудории, извини но сметам дека не ми личи тоа воопшто.
    Друго многу битно, секогаш сум гледала покрај себе да имам некој за озбилно, па уште на 16 и 17 години не сакав заробеници и луди проводи, таква ми е природата, премногу сум озбилна, ама сметам дека тоа ми е доблест а не мана.

    Идејата за брак тој ја предложи? Јас се согласувам, одредивме временски период? А кога дојде тој ден е тогаш бегај од мене, не се важи.. ете тоа ме боли. Најверојатно не си разбрала ко што треба пд мојот долг пост. Не те обвинувам за тебе може и 35 и 40 се ок да бидеш без партнер но ете друг не ги перципира работите на сличен начин
     
  19. Sejfullai

    Sejfullai Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2019
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    14.789
    Пол:
    Женски
    Da
     
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    @herbst-girl

    Девојче, тука сме со возраст.

    Сето ова што ти го напишав не е од субјективна точка, туку генерациска.
    По пат на опсервација колку бракови функционираат нестабилно или се срушија што започнаа во тој аge gap 18-28.

    Искрено, не постојат "сериозни" и "несериозни" години за ,,лудории".
    А, и секако, под тоа лудории зависи што подразбираш.
    За некого на овие години е hype да направи пари, прошета, живее со полна плуќа до максимум.
    За друг да се оствари во кариера, итн.

    Поентата е, не значи дека од тебе се бара да се опиваш секоја ноќ и збеснуваш, туку едноставно да забавиш со темпото дека нешто ,,мора" да се случи, бидејќи не мора.
    И, најбитно од сѐ да сфатиш дека животот не е права линија, туку брановидна.
    Во која не учиш да планираш, туку да се адаптираш на околностите и од нив да ја извлечеш најдобрата поука.

    Во ред де, сфатив и првиот пат - тој предложил, па откажал.
    И, што сега? Паѓање во несвест.
    Ти направил услуга, како што веќе ти пишале погоре...
    Подобро сега што го покажа вистинското лице отколку кога хипотетички би стапиле во брак со дете, па тогаш да се однесува незрело и неодговорно.
    Е, тек тогаш дупло повеќе би болело...

    И за крај, јас одлично го разбрав твојот пост, ама изгледа ти не го разбра мојот.
    А, и нема да го разбереш додека не излезеш од таа црно - бела кутија полна осудување и децидни ставови за тоа како животот треба да изгледа на 15 а како на 26.
    И што значи да се биде сериозен, а што значи да се биде весел.
    И што е доблест, а што маана. :)

    Значи, накратко - треба да промениш некои ставови и да поработиш на откоренување на некои менталитетски вредности.

    Во спротивно цело време ќе добиваш вакви удари од животот и никогаш нема да сфатиш зошто.

    Се надевам се разбравме, поздрав и секое добро.
     
    Последна измена: 14 февруари 2021
    На Splendor., strangewoman, baby-star и 22 други им се допаѓа ова.