Какви заробеници? Ок е што за тебе 26 е рок за мажење, но во свет трендот е се' подоцна. Од една страна велиш немаш 16 за да мислиш дека имаш време да лудуваш, од друга ти ни тогаш не си се забавувала. Од многу доблести си патиме....
Не сакам да зборувам од име на членката, ама не го сфатив нејзиниот пост како да треба да правиш лудории. Не сите нешта значат правење лудории и глупости, а многу полесни се да ги направиш дури си млад. Не сум многу постара од тебе, а за некои нешта веќе сфаќам дека не се веќе толку едноставни. Едноставно, можеш да патуваш, да запознаваш нови култури и интереси, да преземаш кариерни ризици кои се неизбежни за да градиш кариера. Не дека подоцна не можеш да го правиш тоа, ама конкретно за одредени постапки кои носат ризици по плата и слично, од кои можеш многу да добиеш, а полесно ги правиш дури немаш некој кој зависи од тебе. Исто, остај мотивациски говори дека можеш кариера да градиш кога ќе ти текне. Кариерно најмногу се напредува дури си млад, зошто едноставно и телото и мозокот се справуваат подобро со предизвиците и стресот тогаш. Сосема е во ред тоа да не го сакаш и да сакаш фамилијарен живот, ама тоа се прави со стабилна личност, а не некој како твојот бивш. Не треба да се осеќаш ни како оштетена, ни како жртва, зошто така си правиш контра услуга. Ако не се опуштиш и не се отвориш малку кон животот надвор од желбата за семејство, или ќе најдеш некој кој единствена цел ќе му е да се жени, или ќе ти прерасне во опсесија. Нели сакаш некој кој ќе сака да е со тебе заради тебе, не заради идејата за брак?
Ок сватив , ти ја открил слабата точка "брак" и со тоа те држел т.е замајувал додека си му била потребна, поедноставно здравје џабе пишуваме. Сурово ама најточно.
Жал ми е што ти се случило ова, ама искрено ајде прво вака. Дечково што е идиот е идиот и тоа толку нема потреба да се дискутира, самите навреди што ти ги упатувал многу говорат за него и поради тоа биди среќна што си се спасила бидејќи цел живот после ќе си го заробела. Ама искрено јас и него во оваа ситуација не го гледам толку виновен да речам. После само 2 месеци врска што е премалце ти си сакала да стапиш во брак со него, и добивам впечаток дека од таа твоја преголема желба да се оствариш како мајка си го гушела постојано со тој муабет. И се согласувам со Цреша што ти има пишано, он само механички има прифатено да стапи во брак со тебе, а верувам дека уште од старт не го сакал тоа, ама за да има забава и со кого да го троши времето ти го возел филмот. Најсериозно вашава врска среќа што завршила, бидејќи како има црвени знаменца во неговиот однос спрема тебе, така има и од твоја страна. Бидејќи реално со некој само 2 месеци да се гледаш и да почне да ти зборува како премногу сака брак и деца со тебе и што побрзо сака да го направи тоа за мене е подеднакво црвено знаменце.
@herbst-girl Сепак е подобро вака отколку брак па развод или брак и деца па развод. Времето лечи се. Дај му време на времето. И тоа е тоа.
Мизерија од човек, овај е се само маж не... Батали го таму и не се вознимирувај. Се уште имаш време, се уште си млада, ќе запознаеш некого кој ќе биде искрен со тебе. Имам една роднина, беше во врска 10-12 години и повеќе можеби и кога дојде времето т.е годинките за брак/семејство, типот ја остави и си замина.. Среќа на време си најде искрен кој уште првата година стапија во брак и формираа семејство..
Сериозност е да планираш брак после 2 месеци врска, и да сакаш до 26 години да се омажиш? Лол, мојата дефиниција е сосем поразлична, а јас уште не познавам некој кој е посериозен од мене во опкружување. Па и да се лутиш за ваква дисфункционална врска... Дваесетите се осознавање на светот и поединецот во него, па ако некој не сака брак повеќе, не знам што е толку чудно. Проблемот тука е, твојот став спрема бракот @herbst-girl . Делува како да бараш само некој за да се омажиш, па другото е скроз не битно. А треба да е обратно.
Научи се да го живееш животот во моментот, а не да трчаш и да брзаш а ни ти самата не знаеш каде.Јас пораснав исто со гинеколошки но и ортопедски проблеми но не брзав никаде.Напротив цврсто Стоев на ставот дека ако не најдам некој што мене ми одговара фино лепо немажена ке си седам.На 29 години запознав личност која толку многу ме сака што вели ако не родиме ке си посвоиме детенце. Веќе 5 години сме во брак и се уште немаме деца, ама ете не очајуваме, се имаме еден со друг, се друго ке си биде. Медицината иде напред, не биди толку убедена дека ако сега не родиш, подоцна нема шанси.
Зошто го напаѓате девојчето ? Погрешила што го притискала за брак ама и тој не е цвеќе за мирисање. Не и честитал дипломирање, ја навредил за нејзиниот начин на облекување, ја понижил и слично. Уште од старт можел да и каже дека не сакал или не е подготвен, не требало да прекине врска на тој начин.
Тој со неговото понашање покажал дека е кретен и, искрено, никој не и е крив за тоа - самата си е. Крива е што ги толерирала навредите од негова страна и што воопшто го трпела. Не можеме да кривиме некој што е дегутант и е лош, ама можеме и ТРЕБАме да се тргнеме од таква личност. п.с кај мене во друштво не само што сме немажени туку сме и сингл, те примаме и тебе
Имам забележано дека многу трпат такво психичко малтретирање ама од љубов простуваат што не го оправдувам. Ама ете гледам дека многу застанаа на страна на типот. И двајцата имаат вина, ама нека биде среќна што на време се завршило.
За врска се потребни двајца со исти идеи, за брак исто така, за раскинување на едниот ако не му чини - толку е приказната.
Мене ова ми штрчи во постот ...девојче очигледно не сте еден за друг и помирисе со тоа , ама 26 години сериозни години btf? јас имам 31 година и не сум остварена како мајка , мислиш дека по секоја цена мораш да станеш мајка со човек што не те шиша , а знаеш дека за децата е најдобро да растат во хармонично семејство ? Ти си млада и животот е пред тебе ,како тоа по секоја цена на 26 години мајка да станеш ?? Живеј го животот па ќе сретнеш вистински човек што нема да те нервира ,ќе се оформиш ко мајка , не брзај се ,животот на никого не му е под конец све скоцкан , и не е секогаш како што сакаме да биде ...ехееее колку сме имале врски сме мислеле дека тој е за нас вистинскиот и завршило ,животот иде напред не назад
Не знам како си сфатила дека тој предложил. Девојката во најпрвото мислење имаше напишано: За после да каже нешто сосема спротивно.
Како сакате да стапите во брак со некој што е токсичен? Било и време. My ass. Ако треба не се мажам па и со некој шо ме понижува-не, фала. Зошто бе не се ценете сами прво?
Извини драга дамо, но читај те молам во целина а не меѓу редови. Овие кратки сегменти само се губи контекст и смислата што сакав да кажам. Немаш ли совест да представуваш се контрадикторно.
Не се пецкај одма, сепак не може толку луѓе грешно да сфатиле, поарно кажи грешно си се изразила ако веќе он предложил. Инаку подготвеност за брак не е само "ми дошло време". Ти треба и финансиска и психичка подготвеност.
Девојкава добро манипулира со контрадикторност на зборови, мора да признаам. Добро прочитав првиот пат и со тој став истапив да реплицирам, за подоцна да ме убеди дека погрешно сум разбрала. Нема врска, како и да е. Сега веќе се сомневам и во веродостојноста на приказната. Spoiler Патологија.
Штом тој имал услов да завршиш прво факултет, јасно е дека е твоја идејата и ти си му понудила брак. Инаку како би изгледало тој да ти понуди брак, а притоа има услов? Во тој случај немало ни да ти понуди, ќе чекал да завршиш факултет, па да ти понуди. Не нè прави во очи будали, дека не знаеме да читаме и да сфатиме. Ти си напишала факт е дека ти си му понудила брак.